Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Омилени извадоци од книжевноста

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Пет 07 Дек 2012, 00:22

    "Во денешно време сињор Кихот, прво е прашањето што имаш, а второ што знаеш. Магарето под златка покривка изгледа поубаво од парипот под самар."

    Мигел Сервантес - Дон Кихот



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    глупсон
    пичлеме
    пичлеме

    Male Мислења : 2039
    Местолокација : Ареа 51
    Зачленет на : 2009-04-12

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by глупсон on Пет 07 Дек 2012, 22:45

    „But I being poor,
    have only my dreams.
    I have spread my dreams under your feet,
    tread softly because you tread on my dreams.“

    Искористено во Equilibrium, извлечено од „He Wishes for the Cloths of Heaven“ - William Butler Yeats

    П.С. Инаку, за тој шо не знај да појаснам, Еквилибриум е симпатичен склоп на „1984“ од Џорџ Орвел и „Фаренхајт 451“ на Реј Бредбери.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Нед 20 Јан 2013, 15:22

    “I was gifted, am gifted. Sometimes I looked at my hands and realized that I could have been a great pianist or something. But what have my hands done? Scratched my balls, written checks, tied shoes, pushed toilet levers, etc. I have wasted my hands. And my mind.”

    Pulp - Буковски


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Саб 21 Сеп 2013, 12:14

    ИНКАСАТОРОТ: Oстанаа зајаци пред фарови. Гледај. Нема крај. Немаше ни почеток. Ништо не се случи. Пројде некое време. Со голема брзина на стоење. Напред. Или назад. Или кога? Вчера. После. Лани. Сега. Утре. Пред извесно време. По многу години. Векови наназад. Една младост. Една длабока старост. Една кобна есен. Еден обичен ден. Еден обичен живот. Еден од овие моменти. Некаде у пизду материну, на патот за у курац.

    (пауза)


    Едно старо дрво. Клупа во парк. Железничка станица. Шарен чадор. Топло чоколадо. Широка улица. Карирана кошула. Сабајлешки бурек. Мерак на душата. Ќеиф на курот. Ситно предавство. Мирис на кујна. Неплатени сметки. Скапи мириси. Редици. Убави места. Малку радост. Слатко смеење. Циркус. Еден мајмун. Една свиња ја имитира смртта. Експлозија. Делови од некои други делови. Мртви делови. Земји. Европи. Пички мајчини. Мој дел. Твој дел. Си ебав мајката. Види. Ќе експлодирам деновиве. Како прашина ќе затрупам се` наоколу.

    (пауза)


    Некој прди. Некој цело време прди.



    Дејан Дуковски - "Маме ебам кој прв почна или Голема брзина на стоење" (Прв круг - "Смисла") 


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Kelso on Саб 21 Сеп 2013, 15:54

    На пример, Министерството за изобилие предвиде дека во четвртото тримесечје од 1983 година ќе произведат сто четириесет и пет милиони пара чевли.Последната вест гласеше дека се произведени шеесет и два милиони.Винстон во изменетата верзија внесе цифра од пеедесет и седум милиони за подоцна да може да се оправда вообичаеното тврдење дека нормата е надмината.Но, како и да е, цифрата од шеесет и два милиони не беше ништо поблиска до вистината од цифрата од педесет и седум или четириесет и пет милиони.Многу е возможно дека не е произведен ниту еден пар.Уште поверојатно беше дека никој не ни знаеше колку е произведено, а камоли дека му е грижа за тоа.Секој знаеше само дека астрономските количини на произведени чевли за секое тримесечје постоеја само на хартија и дека речиси половината од населението на Океанија е босо.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Нед 22 Сеп 2013, 11:26

    ИНКАСАТОРОТ: Се вратив. По пат видов ангел. Со шест крилја. Две, да си го скрие лицето. Од страв. Две, да си ги скрие нозете. Од срам. Две да лета. Да носи добри вести. Да рече, доста е. Да рече, ќе биде подобро... Се вратив. Ништо не видов по пат. Излези да видиш. Нема ништо. Светот е коцкаст. Сите бои се бели. Има еден пол. Дупка. Има еден мирис. Измет. Има еден вкус. Крв. Нема сеќавање. Секое добро треба да се поебе. Секоја идеја треба да се уништи. Спомените да се силуваат. Различните да се осакатат. Тој што не мисли како тебе. Убиј го. Тој што мисли. Убиј го...
    (паѓаат сенки)
    Да рече, не требаше вака да биде. Да рече, врати се. Ме боли колку те нема. 


    Дејан Дуковски - "Маме ебам кој прв почна или Голема брзина на стоење" (Седми круг - "Грев") 


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Сре 02 Окт 2013, 18:01

    15. Мај 1905 

    Aко фрлите поглед на преполните продавници во Шпиталгасе, се' ќе ви стане јасно. Купувачите неодлучно одат од тезга на тезга, откривајќи го она што секоја од продавниците го продава. Еве тутун, а каде е сенфот? Еве шеќерна репка, а каде е бакаларот? Еве козјо млеко, каде ли е сасафрасот? Ова не се туристи кои прв пат се во Берн. Тоа се граѓани на Берн. Никој од нив не може да се присети дека купил завчера чоколадо во продавницата "Kај Фердинанд" во број 17, или дека купил говедско во деликатесната продавница "Хоф", во број 36. Секоја продавница, со своите специјални продукти, мра одново да се истражува. Многумина со себе носат мапи, што ги упатуваат нивните сопственици од една до друга аркада во градот во којшто го минале целиот свој живот, во улицата низ која минуваат со години.Многумина, пак, носат бележници, за да го забележат она што го научиле додека се' уште им е во главата. 

    Бидејќи во овој свет луѓето немаат сеќавања.

    На крајот од денот, кога ближи времето за враќање дома, секој човек мора да провери во адресоарот каде живее. Касапот, кој во своето еднодневно месарење направил доста непривлечни касапење, дознава дека куќата му се наоѓа во Негилгасе број 29. Посредникот на берзата чиешто кратко пазарно паметење доведе до некои одлични инвестиции, гледа дека живее на Бундегасе 29. Пристигајќи дома, секој човек затекнува жена и деца што го чекаат на врата, им се претставува, помага околу приготвувањето на вечерата, им чита приказни на децата. Исто така, секоја жена што се врати од работа, ги запознава мажот, децата, покуќнината, ламбите, тапетите, шарите на порцеланските садови. 

    Доцна во ноќта мажот и жената не се задржуваат покрај масата да разговараат за тоа како им минал денот, што работеле, за школото на нивните деца, за банковната сметка. Наместо тоа, се насмевнуваат еден на друг, чувствуваат како им зоврива крвта, а меѓу нозете ги жега исто како кога се запознале пред петнаесет години. Одат во спалната соба, се струполуваат покрај семејните фотографии што не ги препознаваат и ја минуваат ноќта во страст. Зошто само навиката и сеќавањата ја затапуваат телесната страст. Без сеќавања секоја ноќ е како прва, секое утро е како прво, секој бакнеж и секој допир се како први.

    Светот без сеќавање е свет на сегашноста. Минатото постои само во книгите, во документите. Секој човек има своја Книга на животот, што ја содржи историјата на неговиот живот. Читајќи ги нејзините страници катадневно, може одново да сознае кои му биле родители, дали е од висок или низок род, дали бил добар или лош ученик, дали нешто постигнал во животот. Без Книгата на животот, секој е само фотографија, дводимензионална слика, дух.

    Во сенливите кафеани на Брунгасхалде се слуша болен крик на човек кој штотуку прочитал во весник дека некогаш убил некој друг човек, воздишки на една жена која штотуку открила дека и се додворувал принц, ненадеен налет на фалбаџиство на друга жена која дознала дека пред 10 години дипломирала со најголеми почести. Некои прелистувајќи ја својата Книга на животот, ја дочекуваат зората: други збудалено ги исполнуваат преостанатите страници со случувањата од тој ден.

    Со текот на времето, Книгата на животот станува толку дебела што никако не може да се прочита во целост. Е тогаш доаѓа вистинското време на избор. Постарите мажи и жени можеби ги читаат првите страници, за да ја запознаат својата младост: или го читаат крајот, за да се запознаат себеси во доцните години.

    Некои не читаат воопшто. Тие го напуштаат минатото. Одлучиле дека не е важно дали вчера биле богати или сиромаси, образовани или неуки, горделиво надуени или скромни, вљубени или со празно срце - сето тоа не е поважно од благото ветре што им се плетка низ косите. Таквите луѓе ве гледаат право во очи и цврсто ви ја стегаат раката. Таквите луѓе се движат со младешка леснотија. Таквите луѓе знаат како да живеат во свет во кој помнењето не постои. 



    Ален Лајтман - "Ajнштајновите сништа"


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by prozaque on Вто 08 Окт 2013, 18:02

    КЛОВНОТ: Добро. Ми требаш. Ми требаш како добра вест. Како отсабајле цигара. Како ти отсабајле... Како на куче коска. Како на џанки дилер. Како на гробар смрт. Како на свиња леш. Како на војник оружје. Како на дилер со оружје војна.
    БАЛЕРИНАТА: Лажеш, многу е.
    КЛОВНОТ: Лажам. Малку е.
    БАЛЕРИНАТА: Готово е.
    КЛОВНОТ: Знам. *пауза* Друго сакав да кажам. *пауза* Сакав да кажам...
    БАЛЕРИНАТА: Нешто за љубов?
    КЛОВНОТ: Да.
    БАЛЕРИНАТА: Ти ќе зборуваш за љубов?
    КЛОВНОТ: Да.
    БАЛЕРИНАТА: Па, ти поеба се живо.
    КЛОВНОТ: Да.
    БАЛЕРИНАТА: Толку.
    КЛОВНОТ: Има уште нешто. Ти си нешто друго.
    БАЛЕРИНАТА: Нема да ме убедиш.
    КЛОВНОТ: Знам. Види. Еден дел во мене умира.
    БАЛЕРИНАТА: Не е смешно.
    КЛОВНОТ: Не е смешно. Некогаш не оди.
    БАЛЕРИНАТА: Збогум.
    КЛОВНОТ: Чекај. Немој. Ти си... мојот ангел чувар.
    БАЛЕРИНАТА: Така ли? ДА не имаш некоја желба?
    КЛОВНОТ: Имам.
    БАЛЕРИНАТА: Мене?
    КЛОВНОТ: Тебе.
    БАЛЕРИНАТА: Како ти текна?
    КЛОВНОТ: Ме знаеш.
    БАЛЕРИНАТА: Те знам. Тоа ли се бара од ангели? Како еднаш не кажа нешто убаво? Како еднаш не кажа нешто друго.
    КЛОВНОТ: Не се разбравме.
    БАЛЕРИНАТА: Не. Одлетав јас.
    КЛОВНОТ: Летај. Летај ако можеш. *пауза* Сега ќе кажам нешто. *пауза* Сега ќе кажам нешто друго. *** Те сакам. И... Сега малку ќе умрам за тебе.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Лин

    Male Мислења : 3
    Зачленет на : 2014-01-13

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Лин on Пон 13 Јан 2014, 17:35

    „Јас штом не те гледам пред себе, веднаш чувствувам омраза кон тебе, Лаве Николаевич. Сите овие три месеци кои не те имам видено, секој миг ти се лутев, жими Бога. Просто би те зел и би те отрул со нешто! Ете како. Сега, ти не седиш со мене ни петнаесет минути, а веќе сета моја омраза минува и ти си одново како и порано драг. Поседи со мене.“

    Sponsored content

    Re: Омилени извадоци од книжевноста

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:43