Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 08 Ное 2008, 00:01

    Ево ви китап за тие што сакаат да напишат нешто појке што ви лежит на јазик, а не на срце

    за заинтересираните - бујрум, за другите - бујрум читајте!


    Последната промена е направена од Page на Саб 08 Ное 2008, 01:54. Мислењето е променето 1 пати


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 08 Ное 2008, 00:25

    Рудари, студенти....сите ние!!!


    ... И како во сите книги и филмови, во сите весници без дел што се отвара сам кај средината, во сите романи, освен тој во Челзи, во сите приказни и гатанки каде што се рекло и прераскажало без да се преувеличи големата тајна како онаа со ирвасите кои патем носат стар човек во црвено со брада и е наметнато да им кажуваме на децата дека е вечен и ги сака само оние паметните и умните и оние што имаат пари да си стават елка било пластична, било природна искорната на денот на дрвото, и за двајцата браќа и за трите невести но и за дедото Ное кој немаше внук но имаше антилопи во визбата, се говори дека послабиот ке дојде појак и ке им наплати за се на тие што порано беа надвор од сенката и беа со поголема дарба во светот каде што сите треба да се еднакви пред оној што го рекол тоа, но не и пред онај што треба да го спроведе кажаното.

    Кој ги виде кој ги чу работниците денеска кај протестираат? Некој ги виде некој не, некој не ни можеше.
    Тие што ги видеа беа многу, дел се насмеаа, а зашто не? Го зедоа далјинското, сменија канал и си пуштија некоја порелаксирачка програма, не дека немаат проблеми, како не, имаат и тие, не како работниците што штрајкуваат за џабе, туку тие се нервираат оти колекцијата есен - зима од Милано не била подобра од ланската. Како да не се нервираат. Други пак, ги обвинија работниците оти им блокираат патишта, улици и шахти, кутри тие не стигнаа на време до рамстор, имаше намаление на кондури од 11000 денари на 10700. Штета!
    Имаше и трети! Да, да, имаше! Ама тие беа малку, рудари, студенти, деца на тие надвор или пак тие што не беа таму оти не смееа, а ако појдеа, не ке имаше потреба да се таму, туку во биро. Тешка судбина знаат тие што е и како е и за нив и за сите таму, некои уште имаат дупка на вратата од изминатата војна. Но кој ги прашува нив, на кого му се битни тие, зарем значат нешто? А кој треба да ги праша? Зарем има некој? Да! Има! Знаеме кој, ама мора, мора да се помириме, да бидиме свесни и разумни, нашите лидери се сега смртно зафатени, преокупирани до коскена срж, за сите нас, за работниците, за рударите, за студентите, за пензионерите, за лихварите, за сите!!! Оти е најважно, одсекогаш, прво а знаеш каде си, како се вика местото, како другите ти го викаат местото, дали сакаш некаде на кафе да појдиш непоканет, без да се побуни некој комшија, па потоа битен е лебот, здравјето, мирот. Се е во втор план, се додека појакиот е вон сенка, се додека....


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 28 Ное 2008, 12:09

    Don't shoot, please!



    Дваесет дена покасно откако излупав се што имам во главата како капетан на брод што тоне кога ке ги искрши сите шишиња вињак што му се испод палубата, пак не најдов некоја светла точка на која ке се прикачам ко пес уличен на лева патика од бирократ кога слегува од такси. Но точки, квадрати, дамки од кафе и масло имаш колку ти душа сака и тело поднесува, само покажи со прст кон нешто и одма некој ке ти рече:Трај си пријателе, трај си! Траевме ние и во 2001 година, некој беше постар, некој помлад, некој трета смена во Лихнида, некој нероден, некој штотуку не поздрави, ама сите си имаа надеж за утре, а денеска ке поминиме без олово во џебот безпаричен.
    Абе се сеќавате што се дешваше тогаш? Овци не пасеа ни на Враца, ни на Рудока, а бело беше. Камиони што збираа татковци во пет сабајле секој слушаше..а војна немаше, само две сили, една државна друга дивјачка што се бореа за права ама и за крива, а и за меандра. Народе македонски, што се случуваше тогаш те прашувам додека гледаш операција триумф на А1 во 20 часот, а прашувам и не очекувам одговор оти од магаре одговор не се чека, само на мосто однеси го и друго се ке биде.

    Пред некој ден слушнав дека не го одобриле барањето на бранителите, уствари владата наша што остварува се го одби ко Тио Ретлиф што му маваше блокади на Ален Ајверсон во далечната 2002 година. Па нели нашата влада се грижеше за нив? Нели името нивно неоспорено претпочиташе патриотизам? И што сега. Ги остадоја луѓето на цедило ко млеко кравјо ко ке цедам насабајле. Дали беше паметен потег ме е поентата мене во овај исказ пред сите вас овдека ако имате пречки да ме разберете, оти се погоре е напишано во полу транс предизвикан од отокот на мојата фаца, а до лек тешко се стигнува оти сега и за да уплатиш во кладилница ти треба рецепт од матичен лекар, а кај ке најдит матичен лекар студент во ниедно време кога е 200 километри далеку од дома? Ама сепак, забегав во нова тема која треба подетално да се анализира во некој друг црн петок, оти во овај се насочив кон едни војници кои осеа македонско знаме и спиеја по ровови кај Групчин а и погоре оти немаа попаметна работа, а и имаа вишок слободно време, па си рекоја ај да го искористиме при што ке ги ризикуваме нашите животи?! Добра идеја нели? Ето, така замислува дека било нашето а и владино гласачко тело, кое од ден во ноќ расте како зумбул в градина и рејтингот на едни што работат во еден објект блиску до Соборниот Храм вртоглаво се зголемува како сунгер фрлен в базен, да не речам. Битно е дека народот се стреми кон Европа, без визи да има слобода да оди во Холандија, Англија, Шпанија кога сака, а и плус да го нарекуваат Македонче таму...абе мерак. Е, да, и тоа, цел народ се пали ан без визен режим, а пола од нив не се бидени до Битола а да немале некоја ептен битна работа, а сега ке оделе во Глазгов! Абе ајде, одете продавајте компити на некој Перуанец! Некој што без рака остана додека се бореше за Шар планина не е веќе фактор во 100 - те чекори на Владата, битен е компјутерот за секој ученик. Многуте фамилии што се расплакаа во Битола и Прилеп пак ич, битни се субвенциите што им ги делеа на тие што имаа по десет трактори, за секоја пригода по еден. Тоа е битно пријатели!! Има нешто побитно од тоа? Не? А и џабе пишувам право да ви кажам кога законот е одбиен, а рејтингот на владата најголем, мислењата на народот обединети: така требаше, тие не заслужија помош, оти војна немаше, па зашто?? Се надевам дека ова ке биде добро школо и за војниците што беа во тој конфликт, а и тие што можеби ке бидат - што и да се случи не борете се за Македонија, аман!!!

    А, само едно ќе ви кажам, доста е! не бидете слепи, и размислите, што има надвор? Ако ви е тешко да размислите - само отворете го прозорецот, ништо повеќе!!!


    Животот е во Нас и околу Нас
    одговор за Никола, премиерот.


    Последната промена е направена од Page на Саб 06 Дек 2008, 14:36. Мислењето е променето 1 пати


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 06 Дек 2008, 12:28

    Спортски Чудесии


    Право да ви кажам вчера ако не бев на факултет не ке знаев кој ден и датум е. Не знам, а право да ви кажам ако немате обврски датумот не врши некоја голема улога. Ама ако сакам да дознаам, ке станам од креветот каде најчесто сум испружен ко кит, ке појдев кај некој календар во кој имам доверба и ке си зирнев што ден сме. Ито два пати за потврда ке видев. Ама имам од кај да видам, а што прајме ако немам? Што тогаш? А?

    А дека без потсетник не се живејт се уверивме и сеуште се уверуваме и разубедуваме додека во нашата ценета република се одржува еден настан кој би требало да биде ценет како чаша вода во пустината Намиб. Имаме ни појќе ни помалку Европско првенство во ракомет за жени. Да, да, сениорки, а не средношколски турнир. И што требит да се преземит околу тоа? Ма ништо, одлучи Владата и некои органи кои се под ингеренции нивни. Првенство ко првенство - треба да се организира, да ги налупаме репрезентациите во некој хотел со 1 звезда и три месечини кај што ке им нудат баклава пред натпревар или ке им бараат 5 дИнари, да не ги бие малер. Ама добро тоа, ке се снајдат некако. Ама што прајме со рајава македонска што не знајт што се дешават. Не дека сме некоја ракометна нација, ретко некој фан да се пронајдит (ако бараш со боринче), но сепак има некои цивилизирани луѓе што би сакале да појдат, да видат, да чујат и да разберат. Е сега, за разбирањето.... Од кај да знаат, им кажа некој дека има натпревари? КАде и кога? Кој и за што? Ма јок, сето тоа би било непотребно трошење на средства. Битно билбордите за натпреварот Работнички:Болтон од август 2007 сеуште стојат и Ве канат на Градски. Некои постери и плакати за настап за сите најголеми екс-Ју во заграда најбољи звезди сеуште се валидни и се на секој чекор. А дека има Европско првенство? Да си провериме на некој литвански блог кога игра Македонија со Србија? Па да....
    Пари за реклами нема, а рекламите не се потребни -тие не носат странски анвивачи и потенцијални туристи, кои би го направиле Декември одличен за туризмот сезона 2008, не носат домашни навивачи, едноставно нема потреба. Потреба имаше да слушаме некоја реклама дека просветните работници во 2006 земале помалку кеш од сега. Е сега, долга и скапа беше рекламата, ама вредеше, битно е да се знае дека професорите идат напред. Комична ситуација. Можеби. Барем пари се фрлија, а плус се насмеавме.
    А и немам инспирација да излупам уште нешто, а од кај ке најдам инспирација, кога не можам да видам што се дешава, а сето ова што го прочкрапав ми беше некако бледо, сенка, од две знамиња на некои такси возила низ Скопје кои најавуваат првенство како кокиче - зима. Страв ми е дан помислит некој дека се партиски знамиња, па да почне со пукање во воздух за да одбележит победа на идните избори. И пак не ке се дознајт за првенствово. Ау, лоша работа.
    Ама што се замарате не можам да ве сфатам - пуштете си некоја спортска рубрика на некој спортски канал, јали е то Еуроспорт не знам, и ке си видите каде има Европско првенство во ракомет, настан што можеби требеше сам по себе да донесе слава, туристи, еуфорија......


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Чет 11 Дек 2008, 13:30

    Од дикелов да ми направиш мотика!!



    Бев долу и го најдов еден весник од лани. Запрашинет. И си читам спортски новости. Се вратив неколку месеци уназад. Ама не можев убо да се сконцентрирам на тоа што го читам. Оти имаше вести и на радио и на ТВ. А вестите беа стандардни, ама различни. Зависи на која телевизија гледаш, различна центрифуга ќе ти напрат на мозокот. И си слушам. Владата, Владата, Владата, а од позадина радиото убацува - опозицијата, опозицијата. А1 ја прескокнувам нормално, не ми се гледаат успешните зделки на нивниот сопственик, кој чесно стана она што е, нормално. Ама право да кажам и напоменам, многу Владата е за фалење. Ова до сега, олку успеси и реформи за кратко време не е можно да се напраат. Чудотворци. Месијата на врвот. Инвестициите го пробиваат плафонот, а фабриките се затвараат, би рекол, ако го парафразирам Бранимир Штулиќ. А точно ли е?
    Економска криза, рецесија, црн понеделник, вторник, среда, па дури и четврток. Толкава криза, што дури и снег не паѓа. А Владата инвестира. Музеи се отвориени, се отвараат, и ќе бидат допрва отворени. Само за да привлечат туристи, кои патем секаде низ светот почнуваат баш сега да штедат. А и паметна работа е да донесиш турист да види смоларски водопад, а туристот да живее близу Нијагара. Чукш..
    Пред некој ден исто на вести малку заумив и чув, отворен е во Охрид, во заливот на коски - музеј! Возобновен град на езеро, од пред кизнај колкуа години, со многу нули изгледа. Ќе донесе туристи ваљда. И си велам јас, арно, убо, уба работа напрајле. Е тек покасно дознав колкава инвестиција било то. Е било, неколку милиони, да не речам 2! И уште толку ќе бидат вложени за да се доврши. Браво! Алал ви вера. Не дека е многу финансирањето, ама баш бројкава ме удри в чело, ко на хармоникаш на свадба ко ќе му залепите 100 денари на чело. Два милиони? Чекај...не побара железара толкуа пари за да не ги отпушта вработените? а? Побара....е побара, ама и рекоја нема...па нормално дека ќе нема, тие пари се за отворање на музеи, сендвичари, флиперници..Рудниците ќе бидат затворени од јуни 2009. Голема работа. Што ќе ни се рудници. Подобро ќе биде, на местото каде што многу рудари го вадеја лебот да ги наранат децата да отвориме - што? Ај погодете?! Му..Муз...Музеееј. Лесно беше, нели? А без музеј, нема напред, вели поглаварот на Владата. Ама ако, трпи си.
    Друго нешто што ме чепкат со конче од веленце на нос дур спијам. Изјавата на нашиот Претседател дека, во време кога сите држави штедат, нашата самостојна и суверена држава подготвила најголем буџет за трошење до сега. Му верувам од проста причина што е во право. А, е!
    Работава е проста и јасна - од дикелов да ми направиш мотика. А народов не може да сфати ( сеуште) дека имаат мотика, а не дикел. Ама на кого ќе му објасниш. Дикел синдром....


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Пет 12 Дек 2008, 14:26

    Гордеј се мајко Македонијо

    ама со вакви не!

    Земам денес новина на чколија и си читам се со ред, лека полека. И забележав наслов „Партиите се крстат во дијаспората“, прво нешто шо ми падна на ум е демек ојме по урнек на Хрватска да гласат и дијаспората кај нас, и почвам да читам то статијата и така ми изгледат на почетокот само ми падна троа чудно. Зш да се тројца пратеници од дијаспората избрани делми во Хрватска не е така, ама арно не е убо да ги имат многу овде од дијаспората. Тие не знајат нас како ни е иако немам против да се три пратеници од Дијаспората избрани. И нормално читам кои партии очеквет пратеник, демек претставник или избраник од дијаспората и читам комуњариве очеквеле, а бога ми и „револуционериве“ и читам некои слаткари. Добро бе шо е ова од тројца пратеници еден нивни да бидел, о земјо безбожна... не ја биват вака, ами една Франција к*рва стара се имат сем французи таму па немат арапски претставници во собрание да не зборвиме за јазикот нивни и бретењски и ред други. Ај еба го да напрајме и од соседната ни држава нека се рачунаат како дијаспора па нека гласет и тие, не се многу саде 4 милијони се. Арно ама изгледа слепи сме, сме запанале Европа Европа синкир Бучко го слушам, кога ќе ни станит јасно дека таму не течит мед и мелко и дека не не сакет таму зш им сме убај, него м требит нив работна сила. Не гледаме дека уште малку ќе не напрает малцинство во државава наша, по се’ изгледа за 5 до 6 години обратно ќе се претсавниците на дијаспората по националност. Ах шо трпиме се и пак чутиме си тераме, ова ќе да е некој апла македонски синдром од 18/19 в. Муабетов е следен, го јават бегов на на македончево и пу паѓат на македончето кубурот, бегов - абре ќаур зашто ти тој кубурот, ќерата. А нашиов - за црни дни ефенди за црни дни.
    Добро едно не ми е јасно нас некој на секое требит да не мават по гла и да ни велит еј разбуди се ептен плевел ти фатила бавчата, да се разбериме иако ретко успеват ко ќе ни кажват а да не прам муабет сами ко ќе сме, то катастрофа сме и за резил. Добро бе зш ги оставал некој коските овде за денес вака да ни е, се превртвит чукундедоми Рафаел сега во гробот, на моменти криво ми е за кого се борел. За некој галучи сега да се главни овде да прает мир со „борци за човекои права“, освестете се народе од вакви дебелокожци ни пропаѓат и то парче земја шо го имаме а се позинат дека го губиме културно под диктат на некоја к*рва така наречена Европа во корис на „човековите права“ на некој суб ерменски пелмиња.
    Ќе удри утринска зора за нас ?


    Последната промена е направена од Karan на Саб 10 Јан 2009, 05:11. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 16 Дек 2008, 16:01

    си забегал малце од првичната замисла, ама алал да ти е за последнио муабет
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Сре 24 Дек 2008, 12:55

    Man in the Box


    ...Не знам од кај да почнам – рече овчарот кога требаше да си ги изброи овците, ама почна. А не знам и јас, оти имам многу за проповед и агитирање. Ама дали е вредно или не ќе видиме. Зашто кога Јура Штублиќ пееше дека го фрлил радиото низ прозор, и дека на програмата има само реклами и дилеми, цела Југо омладина, да ја на речам, си купи и радио, а богами и телевизор. Беа по 1000 марки, како што пренесуваат сигурните извори од нашите постари генерации.
    А денес без телевизор не се може, ќе ти речат сите и нема да згрешат, верувајте. Не се може од многу разбирливи и едноставни причини. ИАко е тоа само мала ѓаволска кутија, таа кутија од незнам колкуа инчи ти кажува што и кога да јадеш, кога да спиеш, а богами и кога да станиш, на што да спиеш, што да работиш и да студираш, кога да ги спружиш алиштата да се сушат,.....абе све, крај. А не е така саде овде и само тука. Не бре, цел свет гледа во тој телевизор по цел ден, очите им се четвртасти ко екран, ќе кажам и го парафразирам Џони. А пак кај нас, остај, бегај, ќути си, не кажувај. Еден прост пример, за простава ситуација ќе пробам да извадам, убав не постоечки, ама можен, а кај да барам ако не кај прост народ и проста единка? Ето вакаааа:
    Македонче, пусто, глупо и неразбрано ќе посака малку надвор да прошета. А надвор кочан зима, - 10 што би се рекло. Без капут и шалче не се излегува. Ама на пустиот телевизор рекоа дека е топло, и сега пази ситуација, иако студот в коски му влезе, и поверува на телевизијата и си излезе надвор ко лето да е. Интересно, до немај каде. А јас немам дарба, забрането ми е да се одговара. Епа иако сум таков и ваков и никаков си јадам бурек и по дома и по пат. Еднаш исклучете радио и ТВ, не знајте ништо што се дешава. Не гледај вести поготово. Не дозволувај некој друг да мисли за тебе. Јади и облекувај се сам, читај што ќе посакаш, .... Ама не велам дека ништо не чини, ето еден компромис, редуцирај, пази што ќе гледаш, вгради две брави на телевизорот и уживај, одбери! Имаш право на тоа. Дур не е касно. Оти и јас со вас, и вие со мене, и сите ние само глупости гледаме, не интересираат работи што воопшто не би не интересирале, не знаеме за работи што треба да знаеме, се заради едно..Едно те исто кога ќе слушаш по цел ден, тоа е. Лагат станува вистина, а вистината е добредојдена, иако знаеме од кај дошла и како.
    Полека стануваме робови на телевизијата, на радиото, весникот, кукли од крв без трошка идеа.....

    ..........Секој своја глупост носи, јас тука нема што да дадам......


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Сре 24 Дек 2008, 23:16

    Учи, учи и само учи
    за да незнајш

    Одам денеска на школа така разположен, чинам немаше некоја посебна причина да сум весел арно ама бев. И се беше во ред, иако сум настинат и кашлам ама пусто на одмор тутун ми се палит и пак кашлам,и дојде час по математика а професорката пишуваше оцени за полугодие, и гледам оцените исти само по еден предмет оцена тазе и оп македонски јазик единица ито прва оцена, ај мајката си велам на тромесечие немав оцена иако и то е срамотилаци синкир не сум бил на 70 % од часојте тој преиод, и си велам добро како единица а четврката од писмената ненапишана. Во ред чоекот можда си заборајл дека сум праел писмена работа па „стегнал кец“. И‘ кажвам на кластана и за проблемот, сакав да бидам европски настороен демек со дијалог да решаваме арно ама ми рече дека „не можела да сторит ништо“ освен да му речит зш детево имат едница а од писмената оцената не е пишана. Е арно ама изгледа не им е звучно презимево мое, бидејќи нормало имат некои со такви презимиња и тие се одличните, секаде, а мене поради тој муабет ме нејќат многу многу...
    И судниот час, македонски мислам, му кажвам на порфесорот што е работата,а господинот ми велит - ете праша... Ај мајката добро бе чоек имам право да ми објасниш зошто јас имам таква оцена а не да добијам таков иронизиран одговор. Да заслужвам ако реформите се добро спроведени, ако добивет суспезнии тие шо заслужиле, ако се бркани од на робта тие шо се пијани, и ако се друго се одвиват како шо требит. Време е да некои работи профункционираат, да би профункционирале ако прекинат некои работи, море шо некои без малку 90% од случувањата се игнорирани кај нас, е сега требит да прекинит да се игнорирет некои работи требит да се превземат мерки да се докажит дека и ние постоиме, и дека иако татко ми не е Доктор јали на науки јали в болница, имам право да добијам „наградата“ за мојот труд или просто речено заслужена оцена и не само јас туку и сите други. Да секако време е малку да го ставиме прстот на слепоочницата и да се подумаме, добро бе нормални се овие требит до кога мислат дека можат само синојте и керќите од пријатели, од роднини, од луѓе од кои можат да имаат корист, само да се „паметни“. Тонела државата на секој ќош се слушат, ќе се слушат ам не ко секакви, недовсени се на функции дали биле писмени или не не е битно, господинот носел риби после тестови или испити или „разменвел мислење“ за то колку вредит некоја слика. Да ти пукнит душата од вакви.
    И на крај незнам шо преостанвит да се напрајт, не вредит некои лигуши да предавет по образовни институции, ама и не вредит да се лежит зандана за пијаници.
    А ти префесоре на ќерками ќе и пишиш македоски петка зш на момичето и купив нов учебник и зш редовно пишит шо диктирате, абе редовна е си носит домашни е сега тро не учит ама мојме ние да се поднапиеме а бога ми и да касниме во „Белведере“ ева јас частам.
    Фали ме усто ќе те раскинам.
    post scriptum
    Ако не син ти немат да најдит работа... Работава е: че го пукам еј! само со дуги зборој кажано.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Сре 31 Дек 2008, 21:55

    Моќта на календарот


    Нова година! Еуфорија! Спектакл! Празници!

    А се потпрашал некој - Зашто?

    Се мислам и размислувам. Зошто е толку посебен денот, онај последниот на месец декември? Што арно се случило тогаш, па некој да го слави? Нели слави се слават, народот на убави нешта се весели. Некоја мода е во прашање, најверојатно.

    Тон прашина се крева за еден збор кој го многу убаво го опишува процесот на смената на собниот ( Ѕиден) календар. Тоа е новата година и ништо друго. Ама ај што е нова, нека е, ама зашто баш на 31 декември? Зашто на тој ден. Од кај да видиш, пак тој ден не е ден кој треба да го означува почетокот на една нова, годишна ера. Ни од астрономски, ни Хидролошки, ни религиозен не е почетокот. Ама ај, нека му биде.

    Мене ме мачи, што толку паника? Зошто секоја единка во големата човечка маса троши голем дел од животот само за оваа намена. Планови, ти реков - ми рече, ова она. А за финансиската исцрпеност, да не зборувам. Леб не јадам - Нова година славам! Ама пусто едноумие, никој не сака да биде дискриминиран. Славиш Нова година - седи пет! Не славиш - идиот.

    Значи, доаѓаме до некоја поента на новогодишната еуфорија. Да се потрошат куп пари, за да не си назад. Од сиромашен до богат, од ученик до професор, од рудар до директор. Сите слават, сите имаат, барем на тој ден, ко да е последен.

    Зини да те лажам муабет. Календарот ми го контролира умот. Моќта на Декември и стотици други поглавја што можат да се искористат ако некој некогаш направи истражување: Зошто луѓето ја слават смената на годината?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Нед 04 Јан 2009, 00:21

    респекат за напишаното, алал да ти е на способноста да останиш имун :adminpower:

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Вто 06 Јан 2009, 06:31

    Варвари, скопјани со претензии кон „нашата“ Македонија


    Сите знаеме дека дека во 19 и 20 век. дека македонскиот народ е изложен на разно разни пропаганди од нашите соседи. Имало бугарска, српска и грчка пропаганда за среќа немало и албанска изгледа немале доволно описменет кадар за кај нив, а камо ли пропаганда да вршат. Е сега иако тогаш народот Македонски бил неписмен, мал број биле или образовани или по нашки речено префригани, како и да е сепак наоѓале начин да се одбранат од таа пропаганда. Во секој случај имало и такви што потпаѓале под тоа влијание ама зборуваме за неуко население во 19 век.

    И денес не дека е нешто поарно од пропагандољубието на нашите „мили“ соседи, и денес преку различни медиуми се манифестираат преку веп портали, блогови, телевизии медиуми и друго. Најстрашниот дел од целава работа е што и ние ги имаме истите оружја да го возвратиме ударот ама гледам дека тоа поретко го правиме. И ние имаме (право да живиме) медиуми од секаков калибар, од интернет па се до весниците кои завршуваат за потпалување оган. Имаме како сме немале арно ама проблемот е во нас македонците, во ниеден аспект и од која сакаш призма гледај не сме сложни за да сториме нешто. Не тужеле фанариотиве и сега ние одма - па во право се шо не тужат за знамето. Добро бе, го праша некој народот дали да се сменит знамето, одговорот е не. Го праша некој народот за да се сменит името, одговорот кој сите го знаеме е не. Луѓе, пријатели, браќа и сестри, Македонци да заборавиме на грешките на нашите политичари и продадени души. Да се потрудиме да сториме нешто во врска со таа гнасна и подла пропаганда.
    Еве некни ја начекав картава...

    за оваа карта не мојт никој да речит дека не е со територијални претензии. Се’ убо си испланирале, срамотилаци.
    Исто пред некоја недела во Скопје безобразна фанариотска пропаганда, еве го палакатот


    Да направевме ние македонците вакво нешто одма ќе се расправаше во собранието за фашистичките македонски идеи, а кај нас владава не трепна и се кладам по три пива дека „ништо не виделе“. Муабетот ми е државата не ја правит само владата, без разлика како е избрана, ние сите што газиме на ова тло сме Македонија. Гледаме дека владата не превзема никакви мерки па да сториме нешто ние како Македонци, не заболе „таквото“ за владата. А ако сториме нешто белким ќе отвоат очите потребните институции, сето тоа ако го направиме во масовен број, сето тоа само ако сме сложни, сето тоа само ако не мислиме за нас туку и за нашите внуци и правнуци, сето тоа ако знаеме дека ние сме генерациите што треба да доаѓаат за да управуваат, сето тоа ако се чуствуваме само и никако поинаку, туку како Македонци.
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Саб 10 Јан 2009, 05:46

    СО ЦРВЕНО-СИНИТЕ, КОН ПРОСПЕРИТЕТ ИЛИ ПРОПАСТ?

    Се мислам до каде ќе тераме вака...? Самостојна држава од 1991 година, можеме слободно да се споредиме со Уганда, Руанда, Зимбаве и ред други назадни држави! Зошто?? Зошто како држава која постои веќе 18 години не сме успеале да се издигнеме во една културна и пософистицирана држава која стварно може да се гордее со својата култура и народ! Е тоа не бива, не бива зошто овие „комуњарите“ не сакам ни името да им го спомнам, ако сме биле 500 години под турско ропство тие не вратија уште 200 назад. Не вратија народе и тоа многу убаво ни шлакнаа по неколку шамари од кои до ден денес ни се познава црврнилото и трагите од прсти на лицето! Водени од Титовата идеологија, за која ни самите не се свесни дека за да се одржи една држава во живот после излегување од сојуз потребни ти се паметни луѓе кои ќе ја раководат таа држава водени од љубовта кон татковината и луѓе кои требат да ја разбудат македноштината во нив, а не луѓе кои ќе го разбудат она алчното и самобендисано его кое не доведе до ова заедно со нив! Драги членови на „комуњарскиот“ сојуз не сакам да бидам погрешно сватен и да дојде до недоразбирање, но морате да сватете дека држава се води со пропишана програма закони и пропишан устав и луѓе доследни на својата функција кои ке ги спроведуваат и ке ги почитуваат истите, а не луѓе кои имаат добри ораторски способности и луѓе кои се натпреваруваат кој колку ке украде и кој колку повеќе виски ке испие и кој бил во поубава кафана!!! Е сега мислам дека на тоа му дојде крајот и со вас НАУЧНО е докажано дека ваква малечка држава на толку малечка територија не може да собере толку многу лопови, измамници и дволични упикувачи!!! Затоа ви благодарам на времето кое го оделивте да го прочитате ова парче текст кое иако е кратко но сепак е доволно вредно да ви го покаже вистинскиот пат на развитокот на оваа држава, која иако на секои 100 деца 60 се Албанци, 30 се Македонци а другите се деца од другите етнички класи во државава МАКЕДНОШТИНАТА НИКОГАШ НЕМА ДА ЗГАСНЕ ВО СРЦАТА НА ЛУЃЕТО КОИ СЕ БОРАТ ДА ЈА ВОЗДИГНАТ ОВАА ДРЖАВА НА ЗАВИДНО НИВО!!!

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Саб 10 Јан 2009, 05:50

    salute
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Саб 10 Јан 2009, 05:56

    благодарам
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Саб 10 Јан 2009, 06:03

    сево ова плус потписот, ме бендиса новото дете
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Чет 15 Јан 2009, 05:03

    СО ИЗБОРИВЕ ПАК ПРОБЛЕМИ................. ЖИТИ ДЕМОКРАРТИЈАТА И ФЕР ГЛАСАЊЕТО!!!!

    Значи дали еднаш ќе успееме да имаме избори ко шо требит или ќе се понашаме како племе некое.... уствари и тие се покултурни од нас...... не знам до кога ќе тераме вака?? Не знам шо да речам..... Како прво за која демократија се расправат во парламент? За кој фер избори се носат одлуки?? Или секој гледат да донесит закон од личен интерес за другиве да речет леле колку е паметен, и да стекнит поголема репутација??? То ќе да е.... Истиот тој шо ги носит тие закони, утре на избори ќе ојт кај џупцине ќе им дајт по 1000 денари или брашно и масло, ќе им дајт полно ливче и тие требит да му го вратет празно...... Жити фер изборите! Се стремиме кон културно општество?? Да де се стремиме ама со шо?? Со кој изгнасен образ ние се стремиме кон култура и демократија?? Со ништо единствена работа во државава шо ни вредит е само АЈВАРОТ шо го прајме по дома и не прајт еднинствени меѓу другиве! Сега на 22 март ко ќе излезит Али Ахмети и ко ќе речит „Ја че го пукам на избори“ и се некој шо праел и го градел долго време за да напрајт нешто паѓат во вода! Ќе паднит и пак ќе почниме од нула, и пак ќе имаме штрајкови...... Континуирана работа во државава не знам и јас шо се чудам?? И сето то поради кој? Поради лични интереси и пари.... Жити демократијата!! Жити политичарите... ПАРИ ДА ВЕ ПОПАРЕТ!!!! И уште една работа! Политика си е политика ама не ми е јасно, само нас ни требет пари во Македонија и превласт??? ............. Дами и Господа ви ги претставувам- Локални и председателски избори 2009-- ИЗБОРИ ЗА „ПОМОШ“ НА НАРОДОТ!!! фала
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Чет 15 Јан 2009, 14:13

    angelofpain напиша:СО ИЗБОРИВЕ ПАК ПРОБЛЕМИ................. ЖИТИ ДЕМОКРАРТИЈАТА И ФЕР ГЛАСАЊЕТО!!!!

    Значи дали еднаш ќе успееме да имаме избори ко шо требит или ќе се понашаме како племе некое.... уствари и тие се покултурни од нас...... Жити фер изборите! Се стремиме кон културно општество?? Да де се стремиме ама со шо?? Со кој изгнасен образ ние се стремиме кон култура и демократија?? Со ништо единствена работа во државава шо ни вредит е само АЈВАРОТ шо го прајме по дома и не прајт еднинствени меѓу другиве!

    кој сарказам човеку!
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Чет 15 Јан 2009, 14:32

    саркастична паралела
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пон 19 Јан 2009, 13:12

    Јувентус, Милан, МПЦ,........



    Работава ќе испадне вака: Читам неделен коментар кој јасно кажува - кој не мисли вака тој клевети и лаже. Јас ќе сум човек без калибар и без идеја, и Ви уфуравам невистини црно бели. Ама не сум прв. За последен дали сум, тоа не знам. Времето, кое ваљда не постои, нека покаже!

    И кажано е! Пред околу два милениума Јован крштаваше во реката Јордан, ги измиваше грешниците од гревовите нивни. Еден ден дојде поголемиот од него. И беше Христос. И тогаш Бог се појавил во форма на гулаб...... Ваквите прикаски сме ги чуле и ќе ги слушаме уште долго време. А добро е тоа, да се знае во кого веруваме, ние обичните смртници. Да се знаат многуте работи.
    На денешен ден, Богојавление - Водици, традиционално се осветуваат водите во повеќето православни земји во светот. Колку се - толку се! Само за арно нека е. Крстот се фрла во вода, и најсреќниот што ќе го фати, здрафје, среќа и берикет за цела година си граби. Епа муабетот е точен ако го читате, а не сте Охриѓани........
    Што се дешава кај нас, во Балканскиот Ерусалим. За оваа споредбава имам да кажам некоја реченица, а оваа прилика не ја испуштам. Бреј беее..не споредуваат со градот каде што гревот, непочитта и неморалот се главни одлики. Па....добра споредба, да не се лажиме. Ама сега за ова. За Водициве, да не трошам скапоцено време......
    Кој си зема за право да си игра со една од најсветите манифестации во цело Христијанство. Кој е антихристот меѓу антихристите? Кој е безкомпромисниот идиот меѓу имбецилите? А? Епа ќе испадне работава - „Не е Петко шут туку ние сме“. Епа да. Ние, селаните кои дојдовме во Охрид од различните рурални населби во средината на минатиот век, го нарушивме мирот, спокојот, и начинот на живеење на староседелците, оние правите Охриѓани! Кутрите, ко Индијанци се осеќаале, и се осеќаат. А кога се во таква тешка положба, со мислата - „турско било ова не било“, ајде браќа бугарофилски да покажиме колку сме големи верници, патриоти и јаки пливачи. Ами како, в езеро пораснати сме! Ајдеееее, оти уште тоа ни остана!!
    И бидвит таа работа. Водиците и крстофрлањето си се одржуваат толкуа години, а најсреќни се токму тие. Брзи, среќни...алал да им е. Некои се толку јаки и спремни, па го фаќаат крстот 5 - 6 пати по ред. Леле бееее, шо запнале Американциве со Фелпс? Чуле тие за варошаниве наши??
    Друга работа шо ме нервират. Попот. Ај што прајт намешталки. Ај секоја година. Ама што му требаше оваа година да се извинуват што пак го фатил ланскиот „среќник“?!?! Пак велам, не е тој идиот. Ние сме.

    Апел до сите верници во град Охрид. Да најме некој свештеник, кој мирно спие, да се одделиме од неверниците, исто како што Израел избега од Арапскиот свет. Оти до гуша е дојдено веќе....


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Пон 19 Јан 2009, 14:51

    За муабетов ептен си во право, сите се свесни ама ај...
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 19 Јан 2009, 15:41

    Јас викам за следната година тие што не се варошани да си организираат посебно фрлање онаму кај новиот мост кај Палас. Па да видиме кое ќе е поорганизирано.
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Вто 20 Јан 2009, 12:37

    zaptija stojkovski напиша:Јас викам за следната година тие што не се варошани да си организираат посебно фрлање онаму кај новиот мост кај Палас. Па да видиме кое ќе е поорганизирано.

    Мака ви еsto Не знам зш толку се буните шо варошани го фаќет крстот!!! ТАКА НИ Е СУДЕНО!!!

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Вто 20 Јан 2009, 15:36

    aбе дај не заебавај
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Сре 21 Јан 2009, 00:33

    никогаш!!!!! варош rock and roll rock and roll rock and roll

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:49