Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Саб 05 Сеп 2009, 03:14

    Каране, секоја чест човеку.
    Еве...уште едно потсетување колку се одвратни луѓето...
    Додека некој ќе си чука глава за изгубеното духовно богатство (такво е значењето на апаратот за еден фотограф), некој друг ќе си држи апарат од 1500 евра мислејќи дека направил којзнае колку паметна работа само поради фактот дека ќе пикне уште некој денар во џеб.
    До кога вака?!Ми се гади од луѓе...ако воопшто тие можат да се наречат луѓе...
    Само..делот со откажувањето од фотографијата не ми се допадна. :hmmm:
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Саб 05 Сеп 2009, 20:46

    Многу точно...
    А можам слободно да додадам и дека што и да се случи, не препреќаат од еден до друг надлежен орган...
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Пон 14 Сеп 2009, 23:05

    Nije dzvaka za seljaka

    Пакуваме торби, се испраќаме со своите другари и фамилијата небаре ќе служиме војска во ЈНА,правиме сериозни гримаси и тргнуваме за Скопје.Уште бруцошка забава ни фали според моделот на иселеничките ден-два пред да тргниме во Скопје.Оти во Скопје не чека сериозна работа, градот самиот по себе со комплицираниот возен ред, криминалот,наркоманите в парк, проститутките зад МТВ, Албанците и големина е сериозен.Страшно сериозен.Да не збораме за домородците во градот, неславно опеани во песните на Чкембарите и психолошко анализирани на шанковите во биртулињата на Широк Сокак.Затоа треба да направиме современи подготовки, да ја земиме комплетната дискографија од Синан Сакич, Ријана и Тиесто и да се научиме кој автобус не носи до факултетот и назад и да ја извежбаме лицемерната насмевка небаре сме во трет стадиум на тетанус.Ништо повеќе не ни треба.
    Главата горе, иако сме провинцијалци сме и конзули, самопрогласена селска аристократија, "градски деца" кои нема да подлегнат на скопскиот менталитет.Да се знај дека сме од Битола.Заеби култура на градот.Доволно има култура во Битола.Па шо?Да не нема?Секоја Недела ретро најт во дискотека Инфинити.А и Бора Чорба иди да свири пијан во дискотека Расчекор секој месец.Шо сакаш поќе од тоа?Сите не знаат и ги знаеме, се замараат и се замараме со туѓите животи.На кафе да седниш кафето да ти остини од оговарање.Материјалите за пишење на биографии пак во Скопје се оскудни и затоа нема поента да седниш да пиеш кафе некаде.Се надеваме дека шо е можно побрзо ќе најдаме Интернет конекција оти ќе заборават луѓето на нас ако не нема на фејсбук.Да не заборајме да ставиме статус за во наредната недела.
    Заминавме во Скопје :((. Пусти да остани тој Скопје.Битола 4EVER.Најјаки сме.Позз.Се гледаме секој викенд ;)
    Ете така.Веќе почнува да ни недостига Битола со својата банална секојдневост.Оти кавијарот иако произведен во Таџикистан и конзумиран секој ден..сепак останува кавијар нели?Леле, се заборавивме, утре не чека тежок ден, да не заборајме да си го спакуваме она нештото што му се става на коњите и магирањата само право да гледаат.

    Од мемоарите на Б.Б (Битолските Бруцоши)


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 15 Сеп 2009, 09:46

    STANDING OVATION!
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Вто 15 Сеп 2009, 13:39

    Лакше се дише, а?!
    Како што ти реков...господар на потсмевот.
    Браво Прозак, браво!
    Анализа и коментар за се‘ што се случува во главата на (поголемиот број од) младите битолски бруцоши.
    Напишано со стил, дозата на потсмев си е таман. :)
    Се‘ е на место.И внимаваш на детали...Тоа е јакото. :)
    Само...хахахаха...статусот на фејсбук си требал да го напишеш на латиница, со некои безвезни печатни грешки. Многу од младите заборавија на она што се вика „кирилица“ и „правопис“.

    Шала на страна...одлично е.
    Не заборавај да донесеш цеде со дискографијата на Синан кога ќе дојдеш да студираш.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Вто 22 Сеп 2009, 18:40

    Витрина со фул опрема…

    Во случајов прашина……


    Едно прашање…не знам колку одговори. Зошто сето ова би се нарекло така? Еден од одговорите би бил „Не знам“. Другиот, кој би се надоврзал на следните трансферзални следни одговори би бил „читај па ќе видиш“. Добро...читај си..ама во денешно време ништо не е сигурно. Ни сигурносните појаси додека се возиш во кола не се сигурни како што беа, а камоли одговор на едно прашање од жанр „безврска“. Но, ај така нека е. Така беше пред кризата. Пред кризата да го изеде волот на улица, односно Вол Стрит дешавката. Нешто што значеше пресвртница на нашата сцена. Барем за некои. За останатите – црната боја секогаш била и ќе биде шарена…..


    И вака беше.
    Радио, новини, реклами, транспаренти….На се и сешто главен фактор беше чекорот, стоте чекори, рекордот на Усеин Болт….аааа, не баш….значи застанавме на стотте чекори Владини. Зацртаните прогресни решенија а.к.а. „спринт до Европа точка ком коса црта слеп македонец. Е да, таму застанавме, таму и ќе завршиме. Се со свое веме доаѓа, заминува, стои и се менува. Ова не го рекол никој освен мене, ама не е лоша реченица која би ми помогнала да се извадам од кризава која ме начека. Криза за пишување коментари и слепило за глувите, бес за неподвижните, лек за дрен здравите. Баш како и Владата, на која не и требаше „пилула“ оти нешто како економска криза беше фикција во цртаните на Хана и Барбера. Но, не и кај нас. Кај нас беше нешто сосем друго, неверојатно, убаво, утописко. Ситуацијата ако може да се нарече со 5 букви, би се нарекла Мерак, и никако поинаку. А се работи за нешто како ова….

    Парите кај нас не се проблем. Нити биле, нити ќе бидат. Оти ги нема. Тоа е многу јасно. Како може нешто што го немаш да ти биде проблем? Затоа, еден поен (позитивен) за Владата. Но, чекајте. Сеуште гласањето не е завршено. Чувствувајте се како на Евровизија. Додека (најчесто) кретенскиот водител ви кажува вицеви со поминат рок на кои и тетанус не ги исправа, Вие земете го домашниот телефон, гласајте, и гласајте. Нека со Вас завладее чувство како да сте зад енен параван кој одлучува кој ќе има 63 пратеници – а кој не. И потоа доаѓа она старото. Гласавме, ама не победи најдобриот, само заради тоа што тој пред него не беше добар, па за новиот како да нема место.

    Случај А) Ако сте здрав и прав, физички спремен, психички рамномерен – ќе ви се повраќа при оваа (замислена и измислена ситуација).
    Случај Б) Ако сте душевно пореметен, ако сте физички закотвен, тогаш имате проблем, сериозен. Наместо да симпатизирате фудбалски тим, вие сте фан на некоја партија, со слоган „каде и да сте на табела, фанови сме ваши (превод за осмооделенци – што и да правите, со Вас сме)“
    Точка за ова. Извичник после точките.

    И, од каде сево ова. Целиот муабет изникна од нигде – никаде.
    Но, дали сум должен да го објаснам сето тоа. Можеби сум, можеби не, но ајде, да земам урнек од нашите партибрејкери близу Соборна (ух, колку пати само сум го кажал ова) да се произјаснат за и на неколку точки кои се блиску до нашата макрокосмичка реалности и се се гледа како да си теле пред шарена врата. Теле пред шарена врата? Сега ми стана јасен терминот, а не кога наставничката Светлана ми го „нафрли“ во трето оделение. Но, ај..не е за тоа муабетот. Ами, за што е?

    Сите ние си живееме среќно, весело, секој ден го доживуваме како водопад во пустина, ние сме најсреќните битија на универзумот. Иако сме…што?

    Секојдневни, несекојдневно нормални луѓе кои голтаат невистина, лаги, измами, прашина. Прашината ја голтаат додека го чистат плакарот, а во исто време слушаат вести. Радио, Тв, реклами. Се е ново, се е вест.
    А пак рекламите. Аиииии.... Што да ти зборувам. Во време (ќе се согласите) кога не требаше, но сепак владее светска (ако целиот свет е 5 држави – ОК) економска криза, Владата лансира реклами и пропагандни материјали кои ги разбира како толкувачи на сонови. Нашиот премиер најверојатно и на јаве и на сон, и на кафе и на бајачка и гатачка, и на гаталец, а богами и на паталец му се прикажуваат само две букви: Б.Ц.
    Ах, златните тие. Ах таа личност која ги носи иницијалите. Не е мала работа да си главен предмет на озборување на главните Владини седници. А, за да не биде сето тоа така, Владата се погрижи. Скапо, ефектуално, принципиелно. Во стилот на најголемите поп и r’n’b ѕвезди, снимија спот во кој главна улога има токму нашиот поранешен премиер, а најактуелно беше и претседател. Спотот можеби нема да добие место на МТV Адриа, но сепак е спремен, сцениран, осмислен по сите тертифи и сепак би требало да биде најгледано видео на Youtube.com, и не само таму, туку и на неколку наши (не)зависни телевизии на кои програмата им се потпира на тоа што нашиот премиер имаше за доручек. Спотот, сепак, го заслужува тоа. Фискалната сметка за спотот е тенка, но долга. Но, ако. Ако се работи за нервирање на останатиот дел од македонците кои сеуште имаат задржано од својот мозок како залиха за „зимница“ (зимница во случајов ќе биде политичкиот период во Македонија кој допрва следува) тогаш е оправдано. Кој е крив ако некој пати од болеста, или синдромот наречен “жртва на судбината“. Стариве велат: така му било пишано. Јас велам: Така некој пред него заокружил на избори. Но, добро......јас го знам и Вашиот и мојот страв. И, што има да се расправа повеќе.....А, да! Ќе заборавев.
    Околу спотот. Друго ништо нема што да се каже. На владеачките момци нека им е со среќа во иднина и им посакувам успех во муцичко филмската бранша.

    А за крај, за студентите. Во многу држави се фигури кои губат или победуваат партија шах. Кај нас, за жал на некои, за среќа на скоро секои, се фигури кои не припаѓаат на таблата.
    Затоа, оваа година, апсолвентите нема да добијат бесплатен компјутер. Иако знаењето е сила, знаењето е моќ, иако проектите на Владата беа долгорочни, иако Владата тврдеше дека кризата нема да дојде, или барем не одмина, иако најмногу пари се делеа за образование, иако јас таа ставка (делење на компјутери на апсолвенти благо ја критикував, и уште 13 пати иако да речем...пари или во случајов „ваучери“ НЕМА! Барем така рекоа. А, кога минуските вомсистемот се гласини, тогаш приказната е во правиот тек.Па добро. Битно се снимаат спотови, битно се зголемуваат платите на статистите или пак, главните протгагонисти на „Сремскиот фронт“, администрацијата ни наликува на „златна лига на прваци“. Буџетот се балансира и менува како што јас менувам чорапи (значи ретко, ама ако се лаже, нека се лаже) и многу проекти од спектакуларно значење за општото добро на секој граѓанин (читај сељак) на Македонија бе укинати или сменети, но народот е задоволен. Сигурно јадат колачи....Наздравје....Без бујрум, Ве молам!

    Крај краева, јас кажав што сакав и (не)умеев. Дома, на витрината најдов тетрис, сликата од класот кога бев седмо, и весник од пред три и пол години. Весник во кои едни чинат, а други не. Весник кој во денешни рамки би бил контрадикторен. Другите чинат, третите се криви, а нашите се нивни грешки...
    Весник на кој (најверојатно) прашината му ја изменила содржината и значењето. Со тек на време, по се изгледа.
    Камо среќа...

    P.S. Ако Ignorance is bliss, тогаш Forgive me father for my sins

    (дур го читаш последново парче на електронско олово, намигнувам, како одблескок на мојот потсмев).

    Посветено на најблиските...но, чии најблиски....

    ХАХА!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 02 Окт 2009, 15:12

    Владина Инквизиција

    Во овој број на неделникот Silence, бесплатно добивате и прилог „Зошто Македонија не смее во ЕУ“

    спонзорирано и подржано од домашна ракија...




    Барајќи тема за калење на фрустрации, за малку ќе останев на ништо. Иако немам навика да пишувам на ваква или на теми слични на оваа, сепак, на некој начин морав. Тоа „морав“ има различна улога од различен аспект, но сепак, единствена тема која заслужи „главно светло“ на подиумот е баш оваа, следнава. Најактуелна, најзагрижувачка. Барем од она што е дозволено да знаеме. Многу теми кои заслужуваат „муабет“ се незнајни, па кога работата е таква, думај се на тоа што ти е дадено. Нејсе...не за општо добро, туку за посебно....придружете ми се во следниве 2 – 3 (есет) реда букви. Вечерно напишани. Мераци...

    Политичката стабилност и меѓуетничките односи одсекогаш ме засегале, си признавам. Ама секоја констатација, секое резмислување и толкување на „македонската салата“ или го делев во мал круг, или пак ич. Си го чував за себе. Кога не ти чуваат грб, чувај си мисли, ама не под перница. И пак кога ќе видиш подобро, пак целиот муабет нема да биде поминат низ призмата на етникумот и толеранцијата во државичкава, туку ќе биде една компарација, една заситена паралела. Со кого и како? Ееее, во тоа и е штосот. Почекајте...

    Зошто Македонија е нешто посебно. Дали на Балканот, дали во Европа, дали на целата Земјина топка. Заради многу работи. Едни ќе ги изгубиме, па други ќе бидат „уникати“ на наша сметка, додека ние сме насмеани и чекаме „чкрап“ на апаратот на Баросо. Поради други работи, кои се парадоксални, најверојатно и ќе останеме ендемична држава. Оти Македонија е учебник, или во најмала рака, скрипта сама по себе. Прашање и одговор во едно пакување. Уште да знаевме да решиме некои проблеми. За некои луѓе, од животно прашање, како што за Могли беше тигарот Шир Кан. За други, банални – како реклама за прашак за перење во хорор филм. Ама сепак се фаќа една средина. И во тоа е интересната работа.
    (останете со нас, се враќаме по рекламите)

    Паметете го муабетов, оти ќе ви затреба подолу во текстот:

    Деновиве МАНУ ја призна „грешката“. Македонската енциклопедија, односно неколку нејзини пасуси ќе бидат сменети под притисок на албанскиот блок во републиката. За ова, патем, главната тема на муабетот – толку. Немојте да се чудите зошто. Од главната тема излезе еден многу на место муабет, кај нас познато како „муабет за на маса“. Комарски муабет. Само некој во муабетот има два „кеца“. Само...кој е тој, и дали ќе ги искористи. Комарот е зафркната работа!!!

    Остај тоа, него, друго беше муабетот и никулецот негов. Прашањето мора да се постави сега и овде му е местото. Откако ќе констатирам дека „ни тиранијата, ни тероризмот не е тоа што беа“ со лезет ќе го поставам....иако послабо е актуелно во последно време, но....


    ЗОШТО МАКЕДОНИЈА НЕ СМЕЕ ВО ЕУ И НАТО?!?!

    Одговорот е обемен, а причината е јасна. Македонија е многу назад, неколку векови зад главните европски и светски републики. Но неколку сфери.
    А ние толку време се чудиме, му ја мислиме безпотребно, па окривуваме влади, министри, заменици без ресор, пратеници и слични буџетари. Но, никој не е крив. Ни ние, ни тие. Зошто ?

    Можеби одговорот беше познат од порано, ама дури сега, барем јас го дознав и спознав. Можеби требаше да се случи МАНУ збрката, па да биде кристално јасно, и да се повлече паралела меѓу модерниот свет и Македонија. Нема пристап во модата со вакво однесување. Нема шанси. Еве зашто...

    А) Борбата со и против тероризмот, а и самите терористи а.к.а борци за права и слобода


    .А овде може да ја земеме пример – Шпанија. Земја со респект, земја што живее на висока нога, голема пространа земја, членка на Европската Унија. Но, и како таква си има внатрешни проблеми. Порано мислевме дека се слични на нашите, но сепак, не биле. Најрекламикраната, најискомерцијализираната, најекспонираната организација, брендот над брендовите, поимот за тероризам, здружението за слободна Баскија, наречено ЕТА е главната главоболка за Шпанија, и воопшто во Европа. И не е проблемот од вчера. Главна основа за бунтот на Баскијците е, како што напоменав, барањето за отцепување на провинцијата Баскија. Секоја чест штом сметаат дека треба да се одделат од матицата Еспања. И тие се народ, кој пред неколку векови стигнал на Пиринеите. По не многу работи се различни од Шпанците. Баш напротив, многу се слични. Ама сепак, не се мирни. Запнале и готово! Сакаат независност. Како што е речено „целта ги оправдува средствата“ тие тоа си го врзале во крпче, па си прават експерименти и егзибиции. Некој ден ќе чуеш за бомба во трговски центар. Одговорноста за тоа ја презела ЕТА. Или потопен брод, или киднапирање на ученици, или претепале некоја црна мачка, или не му дале бакшиш на келнерот во некоја биртија. Значи – многу се екстремни. Понекогаш соработуваат и со добропознатата и реномираната Ал Каеда. Со заеднички сили успешно го „спроведоа“ нападот на железницата. Имаше премногу жртви, па тоа си го прогласија како успех. Епа внучко тоа е терор, тиранија и крволочност. Шпанија, како така, сеуште држи на status quo на домашен терен. Додека соли памет на други земји како да го решат етничкиот проблем, тие „јадат“ бомби во железници. Но, нејсе. Барем не им даваат премиерски фотелји, не им даваат Севиљски (паралела Охрид – Севиља) договори, не им даваат од пиле – млеко, и што е најбитно од се’, сигурно ако Шпанската Академија на Науките и Уметностите напише (ако веќе немаат) енциклопедија, сигурно нема да стои дека Баскијците биле тука пред Шпанците, дека Ел Сид е Баскиец и дека Мек Доналдс започнал да се произведува за прв пат во Билбао. Најверојатно поради фактот што таму, историчарите се историчари, географите се географи, а политичарите се „само“ политичари.

    Откако горе долу ве внесов и Ве запознав со модерниот блуз хард рок проблем на денешна Шпанија, односно етникумот и проблемите што ги прават Баскијците во Шпанија преку силите на тероризмот, ќе ви спомнам и за некои други земји кои се членки на Европската Унија, на НАТО, и на други инстанци кои ние ги гледаме како античките грци што го гледале Олимп (најверојатно).
    Тука би ја спомнал и Ирска, со нејзиниот главен производ ИРА, која се „залага“ за независна Ирска. Како и кога, си знаат тие. Можеби патот до „слободата“ е трнлив во некои приказни, ама кај ИРА и Ирциве, сигурно е миниран. И Ира и ЕТА се групации – терористички во правата смисла на зборот. Реагираат, им се реагира. Удираат, примаат удари. И така, најверојатно за навек. Се додека има региони како нашиот мил ем драг Балкан, Владите каде што ИРА и ЕТА палат и жарат, ќе бидат зафатени со делење ум. Ова заради она старото „на прашувај гаталец, прашај паталец“ Македонија, најверојатно го прави и едното и другото.
    И кога во земји кои се членки на ЕУ, кои мака мачат со политичката и етничката пертурбација во внатрешноста, се нарекуваат себе си „демократии“ а гореспоменатите организации ги нарекуваат терористички, што останува за нас?
    Ајде да го видиме и тоа:
    Како прво, си го имаме истиот проблем, барем во висина на прашањето. Етничка нетрпеливост. Ај тоа, ама барем кај нас и разликите се поголеми. И етнички и верски и лингвистички. Сличности и да нема. Колку и да се трудат луѓето во црно од сите партиски блокови во земјава да ја замачкаат работата – не можат.
    И кај нас се организираат, се групираат, се стационираат. Можеби не можат да се наметнат како име и бренд за тероризам во светот, но барем си добија тоа што бараа. Барем етапно. А, ако се гледа во етапи, оваа беше првата делница.
    И дека и тероризмот не е тоа што беше, чист пример е овај, нашиов. Нема ништо. Ни бомби, ни гранати, ни киднапирања. Се е идилично и чисто. Етничка утопија од надвор изгледа. Ама „внатре е надвор, а 6 е 9“. Е, да.
    И воопшто нашите борци за права и слобода (мора да се наречат така) не се однесуваат според сите норми, начела и правила. Зарем терористите низ целиот свет немаат кодекс на однесување? Какво е ова непочитување. Ех бре наши, огледајте се на Чеченците, на ИРА, на ЕТА. Имате такви урнеци, такви примери што ти е мерак да си терорист во денешно време. Камо тие кога почнуваа со бизнисот да имаа такви учители. Кај ќе им беше крајот денес?
    Но, нашите се тврдоглави. Иако не ги личи, и го валкаат називот „терорист“, сепак, ни срам ни перде. Седнале на високи позиции, носат закони, менуваат свои и туѓи ставови, менуваат историја, менуваат и минато и иднина, дрмаат сегашност, држат политичка контрола. И кога ќе имаш такви луѓе, ни етничкиот проблем не е интересен. Ни за муабет ни за решавање. Не е интересно. Да ви кажам право, им завидувам на Шпанците. Или пак, на Америте. Тие слични беа на нас, немаа филм, не им беше ни на нив интересно, па си нарачаа авиони. Зградите беа статисти во целиот документарец. И ај сега, и биологијава е зезната наука. Па, нели црв само од себе не се создаваше во јаболко. Ама видиш, Американците успеаа. Си склопија тероризам. Ко на филмска трака. Го зголемија производството и потрошувачката на пуканки. Интересен филм. А кај нас, сеуште е апатично. Нема акција. Како би имало, кога се е ракети, високи до трети, кога се се експерти. Знам дека прскаат против комарци, ама редно е да се прска против експерти. Налет, ќе добиеме економско – политичка маларија.
    Затоа нема во ЕУ. Кога ќе се среди и тероризмот, кога ќе воведеме некои норми и правила, тогаш да. А вака, не!





    Б) Македонија и ренесансата? Пред, не после!

    Ако пред неколку векови во повеќето евро цивилизации главен проблем на оние кои имале нешто повеќе од надареност и размисливале повеќе и послободно од оние кои имале религиско менгеме на мозокот им беше слободата во говорот и пишувањето, тогаш и во Македонија е истата приказна. Во Европа тоа веќе го нема, заврши, одамна. Се случи ренесансата, човештвото се ослободи од религиските стеги, и наеднаш Земјата стана планета, сонцето престана да кружи околу Земјата, сепак се врти муабет. И се тргна како што треба. Сепак, требало мала револуција. А како е кај нас? Уште не стигнала ренесансата, а Владата или пак, неколку претставници на Владата си играат „Шпанска инквизиција“ и за нив китови сеуште ја носат Земјата, а Албанците се Илири. Александар е Грк, а Хит Леџер е оскаровец. Додека не дојде ренесансата, има да си го пишуваме нашиот пекол. Главна разлика е што го нема Данте. Или го има? Можеби...

    А, ЗА МАНУ БЕШЕ МУАБЕТОТ?

    Во една држава, во едно општество каде што и питачите на улица се корумпирани, една беше организација кога си работеше (можеби ништо, ама подобро ништо отколку бетер) и си ќутеше. Си беше независна, на никого не му полагаше сметки, не се поклонуваше пред никого. Оти внатре беа луѓе кои си го знаеа занаетот. Кој од кој поучен, попаметен, поискусен. Ама и за тоа имало крај. Којзнае зошто.
    Еднаш дојде ден да видиме што и како прават и чинат во МАНУ. Ја најавија пустата енциклопедија македонска. Едно книгиште што пишувало се и сешто за Македонија. Од „А“ до „Ш“. Од настану, слички, до личности. Позитивни и негативни. Се е опфатено. Па дури и прашањето на етничките заедници во Македонија, односно кои се, што се, зашто се и од каде се Албанците.
    Е сега, работава е што се си е напишано таму. Се е читко, сфатливо, разбирливо. Го напишале образовани, кадарни луѓе. А дека тоа е неисправно, неточно, дека се коси со секоја смисла мораше да докажат луѓе со два или помалку поминати вторници во школо. И настана проблем. Или проблеми:

    Проблем 1) Видлив за јавноста:
    Раздрмана политичка ситуација во Македонија. Албанците, како главен етникум во Македонија е видно револтиран, гневни се сите, од кадарни до некадарни (тенка е линијата меѓу двете поделби кај нив) и се спремни на се’, па ако треба и на војна. Причина – неправдата која е нанесена врз нивната историска вредност преку енциклопедијата, која пази, не ни излезе во печат. Па на протести се наканија албански студенти, интелектуалци, овчари, брашнари, швајцарци, кој со два кој со еден преден заб. И тоа е веќе притиско врз државата.

    Проблем 2) Невидлив за јавноста, барем не за поголемиот дел:
    Енциклопедијата ја напиша МАНУ, една организација која е најкадарното нешто во републикава. Интелектуалци собрани на купче. Е сега, се наметнува прашањето колку вреди да си паметен и образуван во Македонија, ако немаш кундак од калашников како уверение за знаењето, умеењето, наученото. Независноста и кредибилитетот на МАНУ, и на целиот начитан свет во Македонија е на колена, па сега види колку „Знаењето е сила и знаењето е моќ“, или колкава е демократијата и слободоумието во Македонија.

    И кога на вага ќе се стават двата проблеми (видливиот и невидливиот) сигурно ќе искрсне уште еден, најверојстно поголем проблем. Не можам да прогнозирам во оваа хипотетичка ситуација кој би бил проблемот, ниту решението. Сега за сега, да бараме решение за проблемите кои се веќе тука, кои не се лечеа на време.

    И блиску до крајот, да потсетам на уште неколку горки прашања за македонците. Еве, уште едно актуелно: грбот, односно дали да се промени актуелниот (комунистички) со лавот (античкиот). Или пак, проблемот со Грција за името, за идентитетот?!
    И додека ги делкам проблемите се прашувам, а сигурно ќе се согласите и Вие.
    Кога Македонија, односно Владата потклекна под притисокот кој беше наметнат заради т.н. историска неправда врз албанскиот етникум во Македонија, поради една, во најмала рака обична книга која максимумот ќе си го имаше ако се продадеше во повеќе од 1000 примероци, и си го гризна јазикот, а интелектуалците во МАНУ беа оставени на цедило и самарот токму на нив беше префлен, тогаш, што останува за проблеми од типот: Името, грбот, ....? Кога не можат да се справат со малите, како тогаш со (по)големите? Која е стратегијата тогаш? Или и тогаш, прво ќе се потклекне, ќе се поклониме пред некој, што знаеме дека не е во прааво и не прави во права смисла будали, па вината ќе ја префрлиме вр друг, трет, ...врз некој кој знае што прави. Знае додека некој што не знае не му го (по)каже спротивното. И, кој ќе биде крив на крајот? Останете да видите после рекламите....


    Крај краева....лоша е работава. Компромиси и ценкање како на пазар, лоши резултати како фудбалска репрезентација на Белизе, ситуацијата е загрижувачка.
    Додека ние гледаме едни во други, третите гледаат во нас. Немаат намера да не разбудат, а нема многу време до скалите. Политичкото месечарење е страшна работа. Ќе видите...после рекламите!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Рокси on Саб 03 Окт 2009, 13:51

    Станав утрото во 6:30. Требаше да се спремам за на училиште. Телефонот го огласи својот аларм, а јас мрзоволно станав, но првата мисла која ме покоси беше: ТЕСТ МАТЕМАТИКА! Веднаш се расонив и со непријатно чувство во мојот стомак се упатив кон бањата за да се измијам. Се измив, па се облеков, си направив сендвич и јадејќи ги ставав книгите во ранецот. Во 7 и 10 минути излегов од дома, ја заклучив вратата и веднаш го почувствував утринскиот студ кој ме освежи и ми вдахна енергија. Стигнав на училиште носејќи ги моите модри подочници со себеси, сведоци на несоната вечер помината со Херман Хесе во моите раце, скупчена во кревет под светлината на ламбата. Седнав на прва клупа за да неморам да зборувам со соучениците во класот бидејќи сонот повторно ме напаѓаше.
    ...
    Дојде и тој кобен час кога мислев дека стомакот ќе ми се раскине од трема, а искрено, чувствував потреба и за мала нужда поради нервозата која го дразнеше моето тело и од која ми поминуваа морници. Професорката влезе и ми ги даде тестовите да ги разделам на класот. Блокада ми се постави на мозокот и ништо неможев да ја слушнам иако се трудев, ги зедов тестовите и ги измешав групите, но тоа и не беше толку важно, никој не забележа. Седнав на моето место, го погледнав тестот и длабоко зедов воздух. Во еден момент, како чудо, веќе не чувствував ништо, јас, тестот и листовите на кои требаше да ги решавам задачите беше единственото опкружување. Почнав од првата задача која иначе беше малце потешка, знаев дека ќе изгубам време ако ја згрешам и повторно ја решавам, но веќе не ми беше гајле. На мое (не)изненадување, задачата како сама да си се решаваше, и на крајот стигнав до точниот резултат. Следните задачи одеа како од шега, резултатите беа апсолутно логични. Тестот беше решен за 30 миути. Се зачудив и уште еднаш ги погледнав задачите, решенијата беа уредно напишани, а резултатите потцртани. Се запрашав „Кој ли ги реши задачите? Јас не ги решив. Јас незнам уредно да пишувам.“. Веќе не ми беше важно, прашањето за момент го заборавив и го предадов тестот. Излегов од училницата и се’ околу мене беше исто како секогаш што било. „Ова ли беше розовата промена која требаше да се случи после тој тест? Но, се е исто.“. Прашалници ми се мотаа во главата. Но бев задоволна.

    Посветено на неизлечивиот страв од тестови по математика =)

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Cinnamon* on Саб 03 Окт 2009, 14:37

    Зарази и љубопитства.


    Вклучи и исклучи. Уште еднаш. Уште еднаш.
    " Ете ја! Ете ја! Ете ја!!!! Стварно немаш вени ти чупе!
    "
    Боли де, секој би го болело, и тебе би те болело неранимајко низаеден!
    "Ви реков дека е слепо црево. ДАли не ви реков? На хирургија, одма!"

    И така со песната Perfect day завршив на хирургија. Со баба која не можеше да диши и жена која ја одмараше тромбозата. А јас сепак одлучив да пишам неделен коментар, зошто, фрустрациите се гадна работа. Дури замислете со иглата в вена и цигара в рака, опкружена со беден мирис на гладна непостојаност ги слушав лифтовите како се качуваат и слегуваат и се отвараат и затвараат. Каква забава! Какво достигнување. Историја, не на уметност, на болест.
    И мајка ми очекува да не бидам иронична, после 24 часа глад, жед и досада.
    - Докторе смеј чупчето да се напие вода? -сестра. бедна сестра. како се нарекува сестра.
    - Не смеј. -слатко заинтересиран и загрижен доктор.
    - Ти реков дека не смејш?! - гордост и препукавање на една сестра.
    И така, со спасена глава од нож, или да не речам стомак, а камоли слепо црево, кое уште со гордост и кренат нос си го носам на десната страна, со милион фрустрации и до крај изгризани нокти, ранец и тоалетна хартија, место да си одам дома и да јадам уштипци со кромид, јас лежам во четири ѕидови, со три пазни кревети околу мене, огледало и 7 оси!
    А да, и инфузија. Не една, три!
    Кога бев мала, мислев дека е јако да лежиш на болница, пошто, сите ти носат РАБОТИ, да не речам јадења, те галат, седат со тебе, се грижат за тебе појке од доволно... Ама за жал или нежал со текот на годините го сменав мислењето. Сега грижата ме вадеше од такт, згрешените кроасани сакав да ги фрлам по докторката на која не и се смеев (кутрата забележа, колку патетично) и имав толкава желба да повратам во оризот кој ни го дадоја за ручек, кој всушност беше камчиња.
    Телефонот по цел ден не престанваше да ѕвони, не лежев таму за одмор, немојте да згрешите во ниеден момент, то беше за да видам како е да се умориш и да не можиш да издржиш во некое место, да сакаш да си ги искорниш сите влакна од косата со еден потег.
    И пак Perfect day пошто доволни беа две искрадувања надвор за да испушам 5 цигари. И спиење од кое не си ги чувствував вратните мускули, оти на болница креветите се најудобни. Ама јас бев во рај. Среќа што мојот исповед е за одделение за Заразни болеси (не знам шоимаше заразно тука), а не за одделение за хиургија, затоа што 5 дена на заразно ми поминаа исто како едниот ден на хирургија. Не дека не би ги заменила за само уште еден ден на хирургија (+глад и жед и не одење во тоалет), но тоа е друга приказна.
    Да преминам на Надето, или не? Никој не сака да слуша за добродушноста и љубопитството на Надето, дури ни таа самата. Ако можеби ја прашате зошто толку прашува, нема да знае да ви одговори, затоа што и таа самата не знае да си одговори. Интересно е да правиш муабет со Надето која е на тераса и со мајка ти која е на другата стана од телефонот во исто време. Немој да мислиш дека ќе се збуниш, баш е забавно. И забавно е некој да ти се меша во интимата и приватноста, само затоа што завршил виша медицинска школа и е влезен во улога на спасител и грижник. Или да му е страв повеќе од тебе да ти стави инфузија, само затоа што ти немаш вени (или не можи да ги најди!).
    За среќа, во несреќата, Др. Д. беше прекрасен. Со некоја расклатена штица кај малиот или големиот мозок, можда невроните или не знам што, ама беше супер. Ионака јас бев најпаметната пациентка што лежела таму, како можи да не биде супер со неа?
    И цимерката, ќе ја спомнам да не се налути. Нема да ја спомнам нејзината ограниченост, само ради нејзината добродушност и занесеност. И нејзината гордост.
    И. и толку. Шестиот ден си собрав се, имаше многу и си заминав. Не дека сакав да ја слушам мајка ми дома на секој две минути како ме тера да лежам покриена до гуша, ама морав да си заминам, затоа што ако останев уште една вечер, ќе требаше да останам уште еден месец в болница. Само на нервно. И таму има решетки, немојте да мислите дека нема.
    На 30 ме испишаја. Битолски, уредно, тебаше во 14 и 30, ама се заврши негде кај 17.00. Нема везе, важно си останаја на зборот. И ми опнаја онака УБАВО три медикаменти. Медицинскиот речник исто ми го префрлија, па сега морам да го користам. Не дека немам дупки по рацете, огромни хематоми и не излегледам како три години некапен наркоман. То нема врска, на секој можи да му се случи и секој е должен да премини преку то. Кога само би знаеле да ја најдат вената (оти да ја бараат), да ја исчистат собата да го зготват ручекот. Кога само би знаеле.

    "Ви реков дека не е слепо црево? Госпожо мора да ја хоспитализираме."

    Ако е ова хоспитализација, јас стварно сум Мерлин Монро. А не сум ни плавуша.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 08 Окт 2009, 10:57

    Цел час седев и ги читав „постовите“ на Пејџ...
    што и да кажам е излишно...
    то мајсторе
    само продолжи

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Пон 12 Окт 2009, 04:42

    Мухамедански манастири со византиски каркатер

    пред нивното одомаќинување


    На почетокот беше Сајленс Форумот, до ден денеш (да земиме фиктивно) постои 300 денови. Во него и покрај несоглаувањата кои меѓусебе ги имаа членовите тој коегзистираше долго време без големи проблеми. Иако во неколку наврати беше освојуван (нападнат од „хакери“), ама се избори за својата слобода. Се беше во ред и кога некаде circa 240 ден се преселија неколку членови, кои беа тотални странци од веќе постоечките, со поинакви деструктивни размислувања. Кога на форумот се случи една несреќа во која форумџиите беа поразени некаде околу 265 ден тие, мислам на странците почнаа да го набњудуваат форумот подетално, освен дотогаш познатата муабетчилница. Почнаа а сериозно и го сфатија подфорумот „Македонско културно наследство“. Времето си течеше, а тие читајќи чекаа само шанса. И дојде денот D за Форумот. Дојденците почнаа да обвинуваат од администратори па и модератори дека некои теми биле префрлани во „Архивата“ без нивно заење се со цел да се скријат некои факти кои говорат за нив. Побараа и да се модератори на тој подфорум. Дури отидоа до тој степен што целосно го променија изгледот на тој подфорум. Или според нивната неоснована на ништо приказна тие пишувале по форумот кога диносаурисите оделе по земјата. Тотално апсурдно ама за луѓето кои се занимаваат со таа проблематика, а не и за нивната уценувачка администрација, да не набројувам ред други работи. И некаде околу 300-от ден со „вулгарни постови“ почнаа да бараат на четворица администратори, петтиот да е нивни од нивните луѓе.

    Мала приказна форумџии мои, само сакав да напишам нешто интересно бидејќи сум без интернет в столинанта. Само немојте да ја поврзувате со историјата и блиското минато на напатената ни Македонија, се разбира со наша помош.

    За создавање на нацијата има два принципа еднен е францускиот, односно јас образувам 50 луѓе и тие в година се Французи. И германскиот нормално: народ кој живее на иста територија, говори ист јазик, има слични етнолошки карактеристики и обичаи е еден народ. Прости се како грав (администраторски) за Митровден.

    Е така на територија на Македонија и општо на балканот турците-османлии со отстранување на еден проблем решиле дури три. Секоја чест за нив и нивната политика. Имале некое племе во Анатолија која правела многу зулуми по локалното турско население. И тие одлучиле, абе овие безбожнициве (кои впрочем се муслимани) не се однесуваат според чесниот шеријат и ќе ги префрлиме во Румелија пола на Стара Планина, а другата полојна на Ематеја. Така тие си го решаваат внатрешниот проблем, спречуваат можни востанија на рисјанската раја - Грци, Срби, Македонци, Црногорци па и Бугари. И нормално полесна е асимилацијата со која автоматски добиваат послушност. Ама ајде да не тупам многу наважното сега нас ни е да знаеме дека тие биле муслимани по вероисповест.

    И пак назад во времето за време на крстоносните војни од Шкотска кинисле скоро цело племе да се бијат на Ерусалим. Арно ама никогаш не стасале таму, туку културно си се укотвиле во јужна Италија (од каде требало бродовите да им тргнат) во областа Тоскана. И со тек на време некои од нив мигрирале во јужниот дел од Ематеја. За нив пак навајжно ни е да знаеме дека се христијани ама католици!

    И третата и последна реалност која како и предходните 2 е открепена историски со премногу факти. Почнувајќи од Англиски и Италијански архиви, турски запси во кои претерано го спонуваат Шеријатот (сум ги видел овие „фиктивни“ чуда дури) па се од архивот на Македонија.
    Македонија 1991 година одлучи да се застапува самата себе си и своите интереси. Арно ама го утнавме францускиот начин на создавање, во случајов делумно, нација. Ете Франција има повеќе Бретонци, Алжирци и Бербери од Францизи ама тие се Французи. А германскиот начин е поприлично тежок за спорведување. Посебно кога се работи за индоевропски народ и за урало алтајски изчуручени курди - мирдити. Секоја нација своето постоење си го означува со книги кои зборуваат за минатотот и културниот живот во таа држава и за нивната дијаспора. Нешто како верижна ракција, е проблемот е што кај нас многу закасна таа реакција.
    И арно се бидна и таа книга, странски наречена енциклопедија. И почнаа одреден број луѓе да креваат џева околу тоа, за сето тоа да биде поуспешно сите наши медиуми кои се толку објективни, објективно низ прсти прогледаа и низ тоа и застанаа на нивна страна.

    Исторчари кои перфектно си ја знаат својата работа беа кудени од премиери, пратеници, министри, команданти.... Ова де пак министри и нормално 3 од 4 години фамозно спомнуваните без прекин нашите драги експрети. Излезе на крајот дека луѓето не знаат да си ја работата својата работа, не знаат да пишуваат дела за историјата а тоа ќе им го кажат, економисти, правници, луѓе со машински и шизофреничари... Воена „школа де! Се извинувам малу се поднапив и ме летаат буквите од тастатурава.
    Дојде време кога на кметот очигледно не му е гајле за селотот а полјакот му кажува на обичниот селанец како се чисти плевелот околу пиперките, и дека пирејот нема долги корења. Така академикот Блаже Ристевски кој беше уредник на Македонската Енциклопедија заедно со другите господа од тимот беа назначени како шовинисти, луѓе кои им оспоруваат на Илирите дека пред
    120 000 години се бореа за независност од Тираносаурусите, и дека првото копно не се викалу Годвана туку Илирија и имало форма на двоглав орел итоа пазете кој бил црн! Смеј се, плачи си бунтовј, се кревај џева или биди неутрален пак на кметот не му е гајле.

    И нормално последното откритие (ако може така да се нарече, би требало да ни е јасно на сите), за кое според мене а се надевам дека ќе се согласите треба да почнат од комитетот за Нобелаова награда да доделуваат во областа на историјата. Се работи за шокантно откритие. И доколку би имало награда таа би ја поделиле г. Дервиши и Шепахи.

    Е сега малку за нивното ново откритие. Пред извесно време двјацата изјавија дека за тоа што изгоре манастирот Св. Јован Бигорски се криви монасите и Паско Кузман. Ај ќе си речиш онака само шпекулација или некаков вид навреда, дрн дрн јарина на висока планина.
    Арно ама приказмата е друга, дотичните господа тврдат дека манастирот Св. Јован Бигорски (кој патем Бигорски го добива бидејќи е граден од бигор) е албански, замислете, изјава на место (кое, нормално нов весник „Лајм“, каде ако не во Македонија). Нивната комплетна клевета кон монасите и г. Паско Кузман е дека намерно го запалиле манастирот се со цел да ги уништат доказите дека манастирот е албански. Еве ние живејме пред 1800 години, ќе запалиме Стоби да речеме, за да немат ни трага ни глас од населението тамошно. На тој период датираат сфаќањата... И нормално не бил Бигорски туку Бигори, ќе да е некој благородник од Ѓирокастро. Е арно ама не бил само тој туку биле и Св. Наум Охридски, валда по нивно „Корчаски“ или „од другана страна езерски“, и ред други манастири по околијата Струшка.

    Размислете малку со какви се’ си има работа Македонската интелегенција, научници, творци и ред други образовани луѓе. Едноставно ми идат да се насмеам, ама и да заплачам во истовремено. Гадно чуство како и тие самите.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Пон 12 Окт 2009, 22:46

    РИОН ‘68 (+ 10те извиднички марфиеви закони)


    Си ќутев и си траев на темава, ама овие 4 дена ме мрднаа од умот, па ќе
    промрчам и тука...

    Прво...Што е РИОН?!-РИОН е Републички Извиднички Ориентационен Натпревар...Секоја година се одржува на различни локации во Македонија, секогаш со строги пропозиции (дали треба ова да во ставам во наводници?!) и строга натпреварувачка комисија тако звана Н.К.
    Зошто РИОН ’68?!Е тоа не е важно...Уствари...многу е важно, ама тоа подоцна ќе ви го кажам.

    Како што кажав...РИОН, Н.К., строги пропозиции, секоја година, различни локации........бла блааа бла...Ееее колку има да се каже за овој РИОН...
    Оваа година се одржа во околината на Св.Николе, поточно во село Орел (и селата Горно и Долно Ѓуѓанци).Натпреварувачката комисија, иако составена од прилично млади извидници (20-25 год.), колку толку беше во ред...Организацијата-во главно добра, сепак доста грешки...Домаќините
    (И.О.„Гоце Делчев“) – дефинитивно за пофалба.Учество земаа 11 екипи, или поточно кажано, 5 екипи во машка конкуренција, 2 екипи во женска ( - 'til death) и по 2 женски и 2 машки вон конкуренција.

    Ееее и тоа да видите...2 екипи во конкуренција...2 екипи да се борат за 3 места.Траги-комично.Повеќе трагично, сепак.
    Спомнав нешто во врска со екипите што беа вон конкуренција...па да, секако, си ја браниме (вон) конкуренцијата.Екипата Бонием, составена од мене, Нате-Флоу, Чајче-Хипи и уште едно девојче-Тамара беше вон конкуренција...Зошто?!Лонг стори...ама ќе ви ја раскажам...Четврток навечер, еден ден пред РИОН, четвртиот член (кој нема да го именувам) откажува во 5 за 12....море какви 5 за 12...во 12!!!Во тој момент Марфи (марфиеви закони, ау,
    бау) се закачува на нашата екипа како најнепотребно нешто во тие моменти...Сепак, отидовме на РИОН.Од четврток вечер до петок вечер баравме четврт член и на крај го најдовме нашиот спасител-Тамара, 12 годишно девојче, од Првиот скопски извиднички одред-ПСИО.

    Но...секогаш има „но“.Според „строгите“ пропозиции и правила на РИОН во екипата не смее да има:
    -член помал од 15 години
    -член кој бил на РАПИ (Републичка акција за помлади извидници) истата година

    -член од друг одред, или член кој не е пријавен во матичниот одред на екипата и во СИМ (Сојуз на извидници на Македонија).
    И ред други работи...Сега веројатно сфативте зошто бевме вон конкуренција...Поголемо прекршување на правила-здравје!Тамара е помала од 15 години, беше на РАПИ оваа година и е од друг одред.
    Но...повторно „но“...Ние мислевме дека се‘ е регуларно и дека сме во конкуренција и си ја фуравме работата најдобро што можеме...или should I say „најлошо што можевме“?!Како што реков, Марфи не се откачи од нас...Дури и решивме *извиднички марфиеви закони да си напишеме...Еве ги:

    1.Ако сте последен стартен број, ќе се жалите и ќе ви биде лошо зошто ќе завршите најкасно.Но, по тоа жалење, има ново жалење...Н.К. ќе реши екипите да одат во обратен редослед и ќе бидете први...И пак ќе се жалите.

    2.По стаза ќе ти падне вреќа за спиење, изомат, шаторче, секирче или нешто слично (што ти е многу битно).

    3.На претешка стаза ќе мораш да носиш уште потежок ранец.

    4.Зошто си последен стартен број, ќе ти се стемни одејќи ја стазата.Автоматски се губиш, заглавуваш во кал, шлапнуваш во река и сл.

    5.Ако брзаш да нацрташ кроки, ќе ја загубиш бусолата.

    6.Ќе треба да правиш бивак навечер, и баш тогаш ќе ги изгубиш и двете батериски ламби.

    7.Шаторот од шаторски крила обавезно ќе ти се сруши кога ќе дојде комисијата.

    8.Ќе го изгубиш џебното ноже што патем не е твое.

    9.Ќе бидеш мртов гладен ама нема да имаш оган за да си подготвиш храна.

    10.Утредента, неизмиен, смрдлив, бушав, мрсен, прљав, ненаспан, згрбавен од ранец, со испотена маица, калливи панталони/чизми, ќе те сними со камера типче од Канал 5, и како капак на се‘, ќе снима право во твојот г‘з додека се качуваш на една височинка.

    + По пат видовме милион дупки од змии, и една голема змија, глувци, зајци и триста тракатанци...Ама битно се вративме (полу)живи и (полу)здрави...И со блага ретардација,секако.Направивме се‘, и тоа доста добро, само поради фактот дека не бевме свесни дека сме вон конкуренција...
    Значи, сега кога ви разјаснив што е РИОН, откако ви се исповедав како ни било тешко и си се полигавив дека ми тежеше ранецот и дека стазата беше мучна и дека тој од Канал 5 не сними во г‘з, можам да преминам на главното...РИОН ’68!
    Тргнуваме на стаза, гледаме во карта, се упатуваме кон прва к.т...Треба да има река, има рекичуленце...Треба да има неколку колски патишта, има скроз други, или пак воопшто ги нема...Куќи на карта нема, во природа има...Или пак, куќи што на карта ги има, во природа се гледаат како 3-4 камења попаѓани еден врз друг.И заклучуваме дека во раце држиме карта од пред 30-40 години...Од давно некада...Заклучивме дека картата и природата денес немаат врска една со друга...Шубо, а?!
    Убаво рекол Џони....Ќе се врати 68ма...Море камо среќа 68ма да е...може и шеес друга...Каде бе со тој памет..?!Не, не...Каде бе со тие карти?!Ееее луѓе...и ориентацијата не е тоа што беше...Се‘ е сменето, освен картите...А очигледно државичево напатено не ни планира да ги смени...Ако бе....Некој нема да знае што се извидници, а некој (извидниците) ќе се губат по македонскиве планини, ридови, села и сл.
    Бидна што бидна, доаѓа последен ден и прогласување на места...Кон нас беше испратена жалба, затоа дури тогаш ни беше кажано дека сме вон конкуренција (bad, ha?!)…Ама резултатите си го покажаа своето.Двете женски екипи си земаа места, едните со 400 и нешто, другите со 812 поени...Ние, Бонием, екипа вон конкуренција, имавме 1280 поени...Резултат кој е достоен за победа на еден натпревар од таков карактер...И наместо некој да ни каже „алал да ви е“, н.к. одлучи да не стави вон конкуренција поради еден помлад член...Па ај да беше постара, ама на помала треба да и се даде рака што издржала такво нешто...Од машките екипи најмногу бодови (1410) имаа И.О.Скаут-Куманово....и тие беа вон конкуренција.

    Заклучок:Двете најдобри екипи беа вон конкуренција...И тоа со огромна разлика во поени во споредба со другите екипи...Жално е...Жално ееее...

    Ееее.....тоа е.Life sucks, and than you die.Ова беше искуство живота...никогаш, ама баш никогаш нема да го заборавам.И морам, морам за последен пат да кажам, јез да нема врска и можеби и не е вистина, ама барем си се тешам......иии по 100ти пат : криви су они други!



    *Сите извиднички марфиеви закони ги осетивме на наша кожа, па затоа и ги напишавме.Сите што се случија ги напишав, освен оние кои не ги напишав...Значи има уште.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Сре 14 Окт 2009, 01:03

    Имплозивен коментар, најверојатно поради причината, како што и ти самата кажа, што си ќутеше на темава подолго време. Ама вредеше. Кога Форумското трпение го дојде во зенитот, бевме почестени со коментар од овој вид и од ваков калибар. Мене ми е мило што прочитав вакви два - триесет реда.Фрустрирана умешност во мало е најмалку што можам да кажам. Или најмногу, зависи од некоја призма која не е ништо друго освен интересот да се прочита сето тоа одново и одново, оти, ако не се лажам, мислам дека преку коментаров, сите што го прочитале ова се барем на микро парсек близу до реалната приказна која ја опишуваш. А кога манифестирање на приказна во форум е во прашање, тогаш немам зборови. ретко коментирам, а секогаш читам. Многу коментари заслужиле спроти коментар. Ама твојот дефинитивно и го доби мојот коментар.
    Секоја чест, нема што повеќе


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Сре 14 Окт 2009, 13:46

    Фала многу Пејџ, навистина ми значи твојот коментар и чест ми е што даде мислење мојот прв неделен коментар.
    Фала, пак... :)
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 15 Окт 2009, 10:49

    Додека се двоумев да го напишам коментарот за неделава која сеуште
    непомината ги носи последиците, се најдов пред компјутер бидејќи тој е
    едно од местата кои ги трпат моите фрустрации обработени во фини
    зборови.

    Неколкуве дена ми беа меѓу подобрите и солидни денови во кои немав
    поголеми проблеми, но затоа се тука најблиските со кои си цел живот за
    да ја скршат позитивноста која и покрај обилноста е пробиена. Се
    обидувам да не мислам на нив бидејќи секоја изгубена мисла е залудно
    истрошена за луѓе кои немаат морал. Не ми успева. Веројатно искреноста
    е меѓу најскапоцените нешта кои можеш да ги очекуваш како подарок од
    околината. Никој не се обидува да поразговара и на човечки начин да
    реши некое недоразбирање кое со одолговлекувањето станува се
    поголемо... На кој начин да се обидам да допрам до нив и најголемите
    негативности кои ги имаат зацртано како моја карактеристика да им ја
    порекнам и да им објаснам дека и јас сум само едно човечко суштество,
    не поголемо и не помало од нив? Имам чувства но ретко кој успева стигне
    до нив. Зошто тие предрасуди? Зошто таа одбивност? Зошто еднаш не се
    обидете да погледнете подалеку од вашиот нос? Можеби ќе ги забележите
    убавините на животот... Можеби ќе видите дека има некои кои ги сметате
    за толку одбивни, а наликуваат на вас па на тој начин самите се
    негирате... Секако, неколкуве зборови не се доволни за да Ви опишам
    како се чувствувам бидејќи сепак, Вие пак ќе го имате истиот поим и
    слика за мене како претходно се додека не пронајдете начин да се
    доближите до мене... Но, можеби тогаш ќе биде доцна... Можеби...

    И секако, неповрзаноста на предходново и на ова: се обидувам на оваа
    недела да не ги додадам истегнатиот мускул на ногата која одвај ја
    движам. И да престанам да се нервирам за секоја ситница која ме засега
    заради оние кои ме опкружуваат заради улогата на претседател во
    Средношколската Унија.
    Сум се обидела да направам промени. Каде успеав, се гордеам. Каде не
    успеав - не застанувам, продолжувам понатаму се додега не го постигнам
    посакуваниот успех.

    Благодарам.

    П.С. Со овој коментар (неквалитетен бидејќи е напишан во школо и попречена од околината) се поздравувам од форумов (на неопределено) кој секако ми беше едно од првите нешта на кои се активирав секој ден.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 23 Окт 2009, 18:25

    Студен Чај


    Почеток скоро без никаква инспирација. Се што видов, чув, претпоставив, ... како да сакав, како да сакам да си го задржам за себе. Слично како некои родители што кријат дека нивниот син има кец по македонски јазик. Но не, треба да се знае, да се разбере!

    Вторник, 20 октомври пред Влада!
    Така гласеше пораката на студентите, кои сакаа да искажат незадоволство, заради многу работи. Најверојатно заради тоа што студентите се само обични маргиналци. Ништо повеќе...

    А кога ќе има студентски протест, значи нешто не е во ред. Барем така требаше да изгледа сето тоа. Ама што испадна? Како се покажаа студентите, што се случи? Видовте?

    Студенти во Македонија нема. Не знам како да ги наречам луѓето што се запишани на разни факултети ширум скапанава држава, ама студенти не!
    Оти на тој начин ги ставаш во ист кош со студентите во Франција, со грчките, со словенечките, .... А тоа, не е фер, воопшто не е фер спрема младината која падна влади, не е фер спрема нив.
    Нашите ученичиња, татини синчиња и владините кукли без трошка идеја се главните претставители на нешто што би требало да изгледа главна, водечка сила во општеството. А, кога е таква работата, се добива заклучокот. Каков студент – такво општество. И се понатаму, во ротација.
    (се извинувам што суштествава ги нареков студенти ама мораше, немам некој соодветен збор, без да навредам некој друг, трет, ...)

    Пред објектот кој ја решава нашата судбина во својство на наречниците кои се јауваат на третиот ден од раѓањето, се собраа околу 200, само двеста млади луѓе кои го заслужуваат индексот. Но, само толку. Тоа е премалку, премизерна бројка за да се покаже незадоволство. Но значи нешто!
    Излегоа само двеста. Секоја чест за нив, пак ќе речам. Но, што е со останатите? Задоволни се од системот, од условите, од тоа што се понижени во секоја смисла дали од премиерот, дали од останатите витези од Владата? Нив ги има многу. Оти кога јас лично дојдов пред скапаниот објект (кога објектот е скапан – што може да има внатре?) имаше повеќе полицајци од што имаше студенти кои го кренаа гласот. Можете да претпоставите како глупаво изгледа тоа. А колку не излегоа? Само колку се јаки на зборови нашите студенти. Колку знаат да зборуваат, ама кога ќе им се даде шанса јавно да проговорат, ееее, тогаш не! Тогаш се е утописки!
    Па така и изгледа. Штом не се бунат, штом не протестираат, тоа значи дека се им е како подмачкано. Задоволни се со тоа што немаат бесплатни учебници, среќни се што не добија ваучери, скокаат од радост што живеат во студентски домови кои се правени по теркот на полската Треблинка, само што кај нас се полоши условите, и се задоволни што се студенти во ваква држава која им пружа се’. Добро, така нека е.
    А што правиме со тие што (залудно) излегоа на протест? Што им фали нив, што не им чини? Кога на другите 99 проценти се им е како подмачкано, тогаш што ги боцка на овие? Дали им фали нешто? Ееееее!
    Најдобро објаснување за тоа зошто неколку студенти излегоа да кажат „Не“ пред владата на република Македонија, даде господин – NOT премиер Никола Груевски. Според него, оти тој знае, умее, познава, тие беа само „некои студенти“ кои немаат попаметна работа и ги слушаат „комуњарите“ од опозицијата па дошле да прават гужва!
    Логичко објаснување, кога ќе се земе во (пред)вид она што го напишав малку погоре. Она дека нема студент, туку само партиски пиони во факултетските клупи. Е, тоа е проблемот цел. Груевски можеби не навреди до тука и назад. Болеше....ама, вистината боли.

    Значи тој тврдеше дека сите тие што излегоа на некојси во наводници протест за во наводници права се обични комуњарчиња кои немаат попаметна работа, па ги слушаат некои од опозицијата кои на секој начин гледаат да и напакостат на совршената Влада со него на чело, па и на овој начин, преку орган изирање на студентски демонстрации пробаа. Ама за жал, ама за среќа – зависи, не успеаа. Добро, значи тие што не излегоа се комуњарчиња кои сето тоа го прават оти така ги хипнотизирал некој од опозицијата. Така нека е.
    Ама што правиме со тие што не излегоа на протестот? Со тие што живеат во мизерни услови во студентските домови, со тие што не добија ваучери, со тие што купуваат книги по 4000 денари? Што е со нив? Сето тоа не е доволно малку да прошеташ, да застанеш до колегите твои на мирен протест, да искажеш малку, трошка солидарност? Доволно ли е? Можеби...
    Ама, кога на другата страна ќе се стават неколку показатели за личноста на еден прав македонец, натежнува ова второто. Партиската книшка од ВМРО е нешто најтешко, нешто што те тера да бидиш силен, и кога другите не можат. Има една анегдота за финалето на лигата на шампионите во Истамбул 2005 година, во кое се сретнаа екипите на Милан и Ливерпул. Италијанците во првото полувреме водеа со 3:0, и целиот свет мислеше дека Милан е новиот европски првак. Но, на полувремето се случило нешто што покасно се обелодени. Па на крајот, после пресвртот, Ливерпул стана европски првак. Што се случило во соблекувалните? Не знаете?
    Тренерот им поделил партиски книшки од нашата владеачка структура, па тоа било доволно за тие да продолжат понатаму, да дадат се од себе и во тешки, најтешки услови да покажат дека се мажи! Баш како и нашите студенти. Партиската книшка никогаш не те остава сам. Твојот вечен сопатник, твојата шанса, твојот талисман, ...
    Ете зашто не излегоа другите “студенти“. Ова според премиерот, не според мене. Оти ако тие што излегле се опозиционери, тогаш тие што останаа дома или во домовите се партиски вазни. Чиста логика.
    А јас се прашувам. Во која нормална земја премиерот е тој што форсира политичка поделба во образованието? Тоа „нормална“ изгледа е вишок.

    А кои беа последиците од протестите? Имаше некаков ефект?

    Сигурно имаше, голем!
    Прво, беа затворени неколку улици. Па сите што требаше да поминат од пред Влада, мораше да бараат друга улица за премин. На тој начин тие можеби поминаа преку некоја уличка каде ретко поминуваат автомобили и ретко има гужви. На тој начин сите ние учествувавме во регулирање на сообраќајот, па на микро економијата. Оти во тие мали улички сигурно има некои мали продавници, а во оваа гужва, сигурно постигнале поголем профит од обично. Книжарниците сигурно се „офајдија“. Имаше неколку транспаренти кои беа напишани на хамер со маркери што студентите ги пазариле, и директно учествувале во економијата и обртот на средства. И на некој начин, како на батерфлај ефект, протестот имаше удел и во светско ниво. Само можеби малку негативно. Во тој момент имаше помал број на on line корисници кои треба да си ја ископаат бавчата на фејсбук или треба да изиграат некоја партија покер. Отие беа зафатени со мавањето сеир за тие долу, што не знаат за што дошле пред влада. На тој начин фејсбук забележа пад во користењето и испрати протестна нота до Владата на Р.Македонија. Затоа, во брзо време, веднаш до амбасадите на другите земји со кои Македонија има дипломатски односи, ќе се отвори facebook претставништво каде што сите заинтересирани за протест, собир и други ораганизирања ќе можат да го пријават своето „отсуство“ од мрежата, за да Фејсбук имаат во предвид, и да преземат некои мерки да не загубат премногу. Но, премиерот ги увери дека нема место за паника, дека ќе се поправи ситуацијата. На дечињата од прво до осмо ќе им бидат доделени бесплатни компјутери каде што секое учениќе ќе може да си ја обработува својата фарма, и за тоа ќе добие оцена во сведителството.
    Ете, за тоа се изборија студентите. За вовед на фејсбук во образованието!
    Добро барем нешто ...

    И како што викаат...смеењето е пола здравје! Затоа..

    Насмеј се, излези на балкон, види каде што протестираат неколку студенти за права, за иднина, за сигурност, за глас! Насмеј се, здраво е!
    Проект на владата на Р.М.


    (напомена: секоја чест на грстот народ што го видов, што стоев меѓу малкуте студенти вторникот. Секоја чест за нив, Вие сте иднината, не мора да значи на Македонија, но, вие сте сила, Вашето знаење нема цена. Да живеат грстот студенти! Да живеат)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Пет 23 Окт 2009, 18:38

    секоја чест човеку ..кажано и тоа без нималку страм ..А неможам ова да го наречам сурово .. ке го наречам искрено и скромно ..

    мислам дека ако студенти протестираат пред влада се пратени од сдсм .. го слушнав најмалку 40 пати и можеби од тоа се исплашија дечкиве.

    дури слушнав оу па јас сум на приватен што мајка барам да штрајкувам.. а каде е тука колегијалноста и иднината..

    но во ред да не зборам бидејки ништо не можам да изменам .. секоја чест и браво за пишаново . Го прочитав цел текст и одчично си кажал се што требаше да се каже ..
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Пет 23 Окт 2009, 19:17

    Priest напиша:Имало некоја височинка низ Енглеска, можеби било Велс,
    не знам. Таму Џими Пејџ и Рој Харпер „засвиреа“ по некоја „акустична“.
    И толку, се е кажано.
    После, во 1971 година, откако цел свет го
    „дозна“ каков гитарист е Џими Пејџ, тој на албумот Led Zeppelin III,
    посвети песна hats off to Roy Harper..

    Епа, hats off to You, Елена Пејџ, не знам што да ти речам појке.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Саб 24 Окт 2009, 13:37

    Прво да речам едно огромно АЛАВ! за неделниот коментар на Прист.Ми се чини дека овој е еден од најдобрите постови шо си ги оставил на форумот..Прецизен и суштински кој ја обелоденува трулоста на државата..и на иднината на државата со оглед на тоа што студентите се иднината.

    Mлади интелектуалци, напредна младина, студенти...изгледа овие се само декоративни термини на македонскиот јазик..Колку да се речи дека ги имаме..Како и нетранспарентност, опозиција, инвестиција, преродба и многу други.Шупливи зборови, трули како и самата држава, како и самите студенти, со секоја чест на исклучоците..барем нив ги имаме..200..

    Јас не бев на протестите, не дека сум на приватен универзитет, тука дека ова ми е прва година.Уште не сум запознаен како функционира институцијата наречена факултет (простете ми шо употребив институција и факултет во една иста реченица), иако последниот студентски протест ми беше урнек и добра увертира во моето идентификување како студент со моите колеги.You must know your enemy, за да знаеш на што да ѓаѓаш и каде да ѓаѓаш..нели?


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Саб 24 Окт 2009, 14:55

    Внимавајте на Својот Паричник Да не го јадете Стапот по Градските Шалтери


    Кој сум јас?

    Без документи за идентификација и без кредитни картички (пари ) , плод на 21 век ах да кој сум јас?

    На секој човек може да му се случи да остане без својот паричник поради многу причини. Сиромашна земја и еден добар стар занает кој го познаваат многу луѓе . Добри Џепароши кои работат во своите канцеларии ,, Пазарот во Шутка, Градските автобуси на ЈСП и уште многу такви места исполнети со гужви . Случајно Еден дечко влезе во една од нивните канцеларии ,скопското кале .Една убава манифестација која премина во традиција Пиволенд, Гужва пиење и мирис на скари , Турканици по калливата земја се како рај. Пасиште во кое има премногу антилопи а лавовите ( џепарошите ) го демнат својот плен .

    Задоволен од прекрасно поминатата вечер со воспаление на мускулите од скокањето во првите редови пред бината се разбуди и ги протри своите очи. Мамурен со помислата колку убава вечер си помина погледна пред себе. Телефонот фрлен на масата, пепелник полн со отпушоци , испозаспани другари во фотељи во некои чудни пози .Звукот на ветрот кој тропа по прозорецот и грчењето на пријателите го расонија, Да проверам колку пари потрошив сношти си рече и се фати за својот заден Џеб.Арно ама го нема паричникот..

    Оу шит ја нема повеќе насмевката,загриженост и нервоза. Сите документи ми беа во него .. Лична карта, Возачка, Кредитна картичка и малце пари.

    Добро е имам пин код , никој не може да ги извади парите од картицата се охрабруваше незнаејки што го чека....

    Прв чекор.. Блокирање и обновување на кредитната картичка

    0800 ,,, Добар ден се јавувам да ја блокирам мојата картичка бидејќи ми го нема паричникот а на картицата ми е целата плата

    -Дечко кажете го вашиот матичен број

    -Јас се извинувам ама картичката беше во мојот паричник а во него беа и мојата лична карта и возачка и сите документи а моментално не сум дома и не го знам мојот матичен број на памет , дали ќе може да ја блокирате ве молам ве молам ...

    -вашиот домашен телефонски број ќе ве молам?

    после успешното блокирање на картицата, и шокантната информација дека за обновување на истата потребна е лична карта и 300 денари мораше да превземе друг чекор да се обрати во мвр за да извади нова лична карта.

    Втор Чекор.. Вадење лична карта

    0800,,, Добар ден се јавувам да пријавам дека ми ја нема мојата лична карта и да ве замолам да ми објасните што треба да направам за да можам да ја извадам поново личната карта

    - Дечко треба да објавите во службен весник , потоа пак јавете се на истиов број да закажете

    Службен весник? Што е тоа до сега не ми притребало а не сум ни знаел дека има такво нешто,чекај нели кај Браво кафичон во Буњаковец имаше нешто како службен весник , изгледа таму треба да се обратам

    Наредниот ден тој отиде таму , затропа на вратата и влезе

    - Добар ден, Се извинувам дали треба тука да се објави дека ми е изгубена личната карта ?

    - Да дечко , ќе ве молам бројот на вашата лична карта

    -Јас се извинувам можеби не ме разбравте, Мојата лична карта е загубена и не го знам бројот и сакам да објавам дека ми е изгубена

    - Да дечко ве разбрав, доколку не го знаете бројот ќе треба да одите во мвр кај македонска телевизија на шалтер број 13


    Пат под нозе , крената глава и празни џебови со мисла дали ќе заврши работа се упати кон Мтв...
    Влезе и што ќе види ,Народ се насобрал како да е митинг ,од сите возрасти од секаква вера и националност , но тоа не го интересираше му требаше шалтер број 13.
    И ете го шалтерот а пред него едно 50 души изнервирано чекаа..си фати ред и си чекаше едни добри 40 минути

    Стигна на ред со насмевка на лицето која се појави бидејќи дојде на ред му се обрати на благајникот

    - шефе се изначекав 40 минути за 4 бројчиња ако може да ми го дадете бројот од личната карта , ми рекоа дека тука ќе го добијам

    - Дечко потполни го ова барање и залепио таксена марка од 50 денари .

    О нееее и како потурен со жешка вода ја напушти просторијата и застана во средината на ходникот измеѓу сите тие нервозно забрзани луѓе.Таксена марка , ми треба таксена марка нервози аххх
    Пуш пауза на терасата пред полициската станица да се смират живците и да се согледа ситуацијата да се направи стратегија, Токму таму му се обрати на еден полициски работни и го запраша од каде може да се набави таксена марка.Одговорот беше јасен ,Кај фотокопирот или пак во поштата која е сместена во истата зграда со полициската станица а таму редици редици да ти се одмили да чекаш.

    Случајно упатен поглед кон дворот на полициската станица и ете среќата се насмевна,Седнат еден старец на дрвено столче , импровизирана масичка и верувале или не продава таксени марки а ред никој нечека.
    Си купи таксена марка го потполни барањето и нормално шалтер 13 пак!

    Арно ама нервозните луѓе кои чекаа ред во никој случај не дозволуваа да се помине преку ред и тој беше приморан одново да си чека ред на шалтерот број 13..Ах малер бројкава била навистина

    И пак после 40 минутно чекање стигна на ред со уредно потоплнето барање и си ја доби конечно наградата ,Бројот на својата лична карта.

    Излезе и како за среќа Службен весник на само неколку метри од полициската станица..Влезе уплати 70 денари и ја објави својата лична карта.

    Втор Чекор парт 2.

    0800,,,

    -Добар ден се јавувам во врска со личната карта ,ја објавив во службен весник што треба сега да се прави ?

    - Дечко сега ке ви закажам термин за сликање ..хмм хм .. дојдете на 19 ти октомври ,Значи треба да почекате 25 работни денови


    24 дена Без Пари и документи тој чекаше и само чекаше

    продолжува...
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Саб 24 Окт 2009, 15:11

    Внимавајте на Својот Паричник Да не го јадете Стапот по Градските Шалтери

    24 дена Без Пари и документи тој чекаше и само чекаше

    продолжува...

    После многу Долгите 24 дена тој се упати да се слика на закажаното место во Беко на шалтер број 3 во 11.05 .Ова закажувањево било неопходно со цел да не се создава гужва. Стигна Пред беко , арно ама место полициската станица во зградата некои бутици и цвеќари ашш ја нема полициската станица. Помина еден средовечен господин кој изгледаше дека знае што се случило со беко. Господине се извинувам ми рекоа да одам во беко и јас знам дека тука беше беко ама гледам стоковна го направиле да не знаете каде е преместено .Дечко беко е преместено во мвр кај македонска телевизија,, О не не не Пак ли ?

    Е сега не одам пешки мајка јана нека е ќе си фатам такси .

    Се качи тој во такси со надеж дека за 5 минути ќе стигне во Мвр и нема да доцни на закажаниот термин . Арно ама колони и ненормален метеж по скопските улици. А таксистот изнервиран пцуе ли пцуе. Синко ова се случува дека на пластичарската улица им исклучиле струја и тие блокирале се. Ах во што град живеам си рече тој во себе.. и си се симна од таксито и се упати пештки кон Мвр по втор пат.

    Ете го стигна се обрати на инфошалтерот

    -Добар ден , имав закажано за сликање во беко на шалтер број 3 ама не можам да го најдам беко ми рекоа дека е тука.

    - Да дечко грешно ти кажале на телефон наместо на шалтер број 3 во беко треба да чекаш тука на шалтер број 13

    Ах пак ли тој малерозен шалтер пак ли? Погледна на изложните табли зема две барања поучен од претходниот пат зема една уплатница отиде во поштата ја уплати 220 денари ги стокми документите уредно и се нареди на шалтерот.
    Пак чекаше 40 минути и дојде на ред уверен дека се е во ред со документите,

    -Дечко каде ти е картончето од службениот весник?

    -Молам? какво картонче незнам

    -Дечко ај одете до службениот весник треба да земете картонче

    Пак го јадев а ? ако ако хаа си се исмејуваше самиот . Ајде на неколку метри е службениот весник претрча го зема картончето ама што фајде кога пак треба да чека ред.
    Чекаше пак 40 минути и дојде на ред со картончето и сите потребни барања и уплатница и желба да се слика и да се отараса од ова малтретирање.

    -Дечко не можам да ве најдам во компијутеров сигурно имате закажано

    - Да господине денеска во 11.05 имам закажано

    - а во која базна станица ви закажааа

    - па во беко на шалтер број 3 во 11 часот ама таму нема ништо и тука на инфошалтерот ми рекоа дека е грешка и ми рекоа да чекам ред тука

    -каква грешка земи ги документиве и оди во беко преместено е неколку стотици метри позади , кажи им за ова и ке те сликаат без разлика што доцниш.

    Ах му идеше да се убие.Ете го вардар да си скокне да го однесе матната ова е неподносливо.

    Но ајде кога го заиграв орото ке го доиграм ,Пешки веќе си го навина патот си се упати .Стигна објасни за целата работа му се насмеаа малце и го сликаа.

    -Готово се сликав кога да дојдам да си ја земам личната карта?

    -Дечко ке ти пратам јас порака на мобилен само не ми е јасно зошто брзаш да ја смениш личната карта кога сега ќе го сменат грбот и сите ќе треба да ги менувате личните карти вклучувајќи те и тебе пак .


    АААААААААААААААААААааааааааааааааааааааааааааааааааааааааа не пааааааааааааааааааааааааак!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!


    А возачката оф мори мајкоооооо
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Саб 24 Окт 2009, 15:12

    ако некој има трпение да го прочита ова мислам дека ќе си го пази новчаникот како очите

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Рокси on Саб 24 Окт 2009, 16:58

    ^ леле кој нервози си ги истрпел значит.
    А најтрагично е шо секојдневно многу луѓе ги трпат овие игри... јебига
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Саб 24 Окт 2009, 18:04

    О-Ф ! ! !
    Незнам веќе што да кажам...
    Да ми дадат мене да ја направам организацијата на државава, подобро ќе ја организирам.
    Не се само личните карти...Ако се воведе безвизниот режим ќе треба и пасоши да менуваме, иако сме ваделе нов пред некој месец.
    Веќе ни сами незнаат кон што целат и како да стигнат до целта...Незнам кој е најдобриот пат до целта, ама сигурна сум дека овој не е.
    Оф, пак...и пак...Оф..
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Нед 25 Окт 2009, 16:16

    Реакција на безобразноста : Да го свртам другиот образ?

    Радио Милева пренесува: Студентска турлитава со ајвар


    Нејсе „студентските“ протести, па „студентските“ избори. Нејсе. Ништо ново. Изборниот сензус ист, на студентите не им е гајле, политизацијата е веќе стара приказна. Медиумите си го покрија настанот, пополнија страници. Но, не! Има нова „сјајна ѕвезда на нејзиното темно небо“: студентките се продаваат за тегла ајвар!
    Откритие на годината на новинарката Ема Николовска од дневниот весник Шпиц. Мислам дека за истражувачката дејност за сторијата треба да и се додели Пулицерова награда, посебно за методот со кој дојде до „сознанијата“-попознат меѓу народот како Радио Милева. Новинарката не само што се потпре на веродостојните извори (читај: рандом студенти незадоволни оти има к*рви проклети-на сите му дава само мене не) кои детално опишаа во какви се` возила се возат спонзорушите и какви се` нијанси на ајвар добиле како платежно средство за нивните сексуални услуги, туку се дрзна да ги стави „студентките од внатрешноста“ во ист кош под иста етикета. Како (да се покористам со изветвениот избор на „ударни фрази“ на новинарката) „најстариот занает“ да беше новина во Скопје и таа откри „три синџири ајвар-робје“ во студентските домови.
    Од неколку изолирани случаи на студентки кои го „испржија ајварот“ и кои не знам ни колку вода би држеле процентуално, новинарката успеа да си направи сторија што продава весник на грбот и честа на студентките кои живеат во скопските студентски домови.

    Студентките имале секс. Студентките се возеле со скапи автомобили. Студентките имале четири тегли ајвар во различна боја во собата. Студентките добивале подароци и се сретнувале со постари господа. Добро. Тоа е едниот начин на гледање на нештата.

    Нејсе што написот се темели врз избројани на прсти случаи за кои претходно имала „дојава“ новинарката, и кои ајде нека бидат потврдени, па од нив се извлекува генерализација која алудира на тоа колку се евтини провинциските к*рвичиња, а не до кое дереџе дојде студентаријата. Ако водеше написот кон нешто, нека беше тоа до кое ниво падна социјалата, а не „колку сум јака, имам тројца сведоци со име и презиме и изјава од Малчески (кој, рака на срце ме изненади позитивно со изјавата, алал да му е) и недоволно познавање на законот против проституција“.

    Другата страна на паричката?
    Да, во студентските домови живеат полнолетни, сексуално активни девојки кои не мора да се правдаат со кого се имаат секс.
    Да, тие девојки имаат право да имаат богати пријатели, дечковци, роднини, е*ачи и слично и да се возат во нивните автомобили.
    Да, логично е од четири студентки од четири различни градови да направиле четири различни ајвари.
    Да, студентките можат да пречекуваат пратки од дома од нивните постари роднини, комшии, пријатели и слично кои патем возат Х автомобили, и да бидат довезувани од нив до дома.

    Ако уште се прашувате ДАЛИ се најдов засегната од написот, одговорот е ДА. Одбивам да бидам ставена во ист кош по генерализација направена со цел да се продаде весникот. Одбивам да бидам посочена како една од „студентките од провинција што се продаваат по домови за тегла ајвар“, одбивам да помине уште еден ден без јавно извинување од новинарката и нејзината редакција.
    Јас сум дел од тие во кошот со етикета НАВРЕДЕНИ. Следниот пат кога новинарката ќе прави „ударна вест“ нека пишува за процентот на студентки кои до плус пари (ако не и единствени) доаѓаат со чесна работа, растргнати меѓу обврските на факултет и на работа.

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:42