Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Пон 26 Окт 2009, 02:40

    Александра, како беше она поделбата на студентите, која тој професорот ти ја кажа додека студираше на факс?..не ми текнува сега знам дека имаше категорија "студенти кои студираат".Taa ми остави впечаток најмногу.Оти денес студент можи да биди секој.Оти денес има студенти од мода.Тоа се мнозинството од студентите нели?.Не сакам да алудирам со ова дека мнозинството од студентките во домовите имаат секс за тегла ајвар, но факт е дека за разлика од минатото, кога студент неможе да биди секој шо сака, денес е сосем обратно.

    Студентите беа младите луѓе со младешки жар и интелектуална жед, луѓе кои доаѓаја во метрополата да студираат, а не да висат на фејсбук да обработуваат фармата наместо да излезат на протест за своите права кои ги имаат минимално, И НЕ студенти кои доаѓаат во метрополата за да си ја прошират клиенталата.Така што, денес, од студент до студент има видна разлика.Доволно е само на сурат да ги видиш за да заклучиш кој каков вид на студент е.Метафорично речено.Ја нема студентската кохезија и единство за навредата од еден таблоид да ги засегни сите студентки.Студентките кои се продаваат за тегла ајвар се само уште една категорија.Една од најлошите.Ти и многу други не се.И тоа не треба да ги засегнува вас и оние студентки кои не ја утнале поентата во студирањето.Индексот не е фактор за генерализација.Тоа што во очите на јавноста Е, не треба ги засегнува вистинските студенти.Дури ми се чини дека и јавноста, оној дел од јавноста кои не се студентите, знае дека има разлика од студент до студент.Па дури и да не знае, шојма врска, нека си прават филмчиња дека студентките од провинцијата се ефтини проститутки.Секако се болни од други филмчиња, медиумите и за други работи им го испрале мозокот.Никакво мнение од зомбиња не треба да ги интересира студентите.

    Во секој случај, неделниот коментар ти е одличен, стилот на доловување на поента ти е со совршена композиција, уредна мисла и дозиран сарказам.Хармонија од неделен коментар.




    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Пон 26 Окт 2009, 02:45

    мала дигресија... Прозак околу студенти што сакаат да студираат и студентите што одат на предавања или како и да е поделбата. Точно во право си денеска скоро и секој може да е студент, ама мнозинството од студентите само тие си знаат со какви маки од дома ги пуштиле да студираат во друг град. Арно ама платиле и обрзани се професорите да им објаснат на сите, а не само на тие што студираат. Наводно според ЕКТС траба да е така, групи од по 50 студенти најмногу. А тоа што немаат во главите е веќе друга работа....
    Се извинувам за оф топиков
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Пон 26 Окт 2009, 03:00

    Точно така брат, сепак има повеќе перспективи од кои можи да се разгледа студентаријата..Настрана квалитетот на образование кои се должни да го имаат и сето она што се случува во зградите од факултетот, збораме за нивниот социјален живот како студенти од внатрешноста.

    Ако се прашувам јас, за веста во Шпиц тогаш и за мене паричката има две страни.Не дека нема секс по студентските домови.Туку мотивите за да го направат тоа.Во интернатот во Битола во кои престојуваат студентки и средношколки имаше продавање за тегла ајвар оти некои немаа да јадат, некои ради симболична цена, прифаќаја тегла ајвар. :).Некои се продаваја и без неа.Некои се продаваја и за кредит, накит и сл материјалистички сра*а.Мотиви колку ти душа сака.Типката шо ја праеше веста во Шпиц, за жал за да продај повеќе, продавањето за тегла ајвар го стави во контекс на симболично наплаќање на цена за услугата..А за жал, не се разгледа приказната од аспект дека цревата им кркорат од глад и од акт на очај го продаваат она што им преостанало..Штета, стварно штета.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 31 Окт 2009, 22:35

    Балалајка, коментарот од гледна точка на умешноста ти е одличен. Секоја чест.

    За содржината..Имам коментар на коментарот твој од стилот :тоа е тоа.
    Колку и да се согласувам, или не, не е прашањетто. Прашањето, како моето, така и твоето е базирано на проблемот што го прават ЗЛАТОУСТИТЕ новини денешни. Кога весникот ќе удри на карта на генерализација го добиваш резултатот. Резултатот е поинаква слика од тоа што ти го тврдиш, односно не е како што изгледа, или пак се добива права слика, односно некој си вика: „Знаев, така е“. Генерализацијата е покварена работа. Ја уништува објективноста во секоја сфера. Од која било страна без неа не се може. Ја пумпа правата вистина, ја храни лагата и ја разобличува реалноста. Ама тоа е почетна точка.
    Во случај на весниците, почетната точка е тиражот. Ако во насловот ставеа „4 студентки се дрпаат за ајвар“ тоа веќе не е вест, нели? Така и за другите теми, не само за оваа. ЗНачи - насловот ја прави реалноста. И правата слика ја нема. Тоа е готова работа. Против тоа не можеш да се бориш, а ниту да преземиш нешто. Зезната работа во секој случај, па на крај се е џабе.
    Толку. Колку е таква сликата, дали ајварот е сексуален стимулатор по студенстките домови, и дали студентките од провинцијата треба да се навредат јас не знам. Како што не треба да се навредат со некои други наслови што весниците секојдневно ги форсираат и мозочните виуги ги пасат своите кучиња на сметка на генерализацијата

    Тоа е тоа...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Неделен коментар

    Пишување by bloody on Пет 06 Ное 2009, 17:03

    Уфф,незнаев каде па решив овдека да коментирам и да си го искажам револтот.Револтиран сум од нашиве државни здравствени установи.Овај,прво однапред да се извинам ако некој од Вас се пронајде у долеспоменатите ликови.

    Значи вчера попладнето,имав несреќа,овај си истурив врел зејтин врз ракава.

    Одам со цимерот после гореспемнатава несреќа на дежурната амбуланта.Беше некаде 18 саат и мојот матичен не работеше.
    Одам на дежурната амбуланта,нели ко итен случај,зашто раката ми беше никаква.
    Се фино,пациентите кои чекаа ред ко ме видоа ми дадоа предност и влегов кај докторот.
    Таму немаше буквално никој.Тропнав на една врата,таму имаше 3 медицински сестри.Едната се шминкаше,другата праеше кафе,а третата лежеше на еден кревет.
    Ми викат дечко почекај на ред,на пауза сме а и плус то докторот ојде до дома на пауза.
    Им викам абре гледате ракава ми е цела испечена,дај нешто напраете,итна е работата.Они упорно на пауза та на пауза сме.
    Ај некако дојде докторот,ме праша како шо сум сј*бал ракава.Се фино.Таман да ми даде терапија вика матичниот лекар треба да дојде он да ти дае терапија.Му викам абе докторе дај среди ракава ненормално ме боли,после или утре ќе средиме со матилниов мој.Овој доктор упорно не сака да ми даде терапија.Ај го повикаа матичниот... чекав уште пола саат да дојде тој.И шо бидна,дојде матичниот и ништо.Само ми виде раката и ме прати во амбулантата за кожни болести.

    И ајде со цимерот од дежурната амбуланта ојдовме во амбулантата за кожни болести.Таму поникакво од дежурната.
    Уште на влезот чуварот од болницата 321 прашања ми постави.Зашто сум ојдол таму,кој доктор барам,оти го барам...
    Му викам абе чоече гледаш дека ракава ми е цела крвава,дај пушти ме та нема да крадам.
    Ајде ме пушти,влегов у амбулантата.Таму докторот го нема никаде.Ајде почнав да шетам од врата на врата.Наидов на една медицинска сестра(која повеќе личеше на проститутка отколку на медицинска сестра).Ајде таа ме упати кај докторот.
    Кај докторот уште поинтересни ситуации имаше.Или подобро да кажам жални.
    Ме пречека ко шо треба,ме праша зашто сум дојден.Му покажав раката ја виде само,и ме праша кој сум бил прво пред да одам кај него.Му кажав што се и како поминав.Тој само го зеде телефонот и се јави у дежурната амбуланта.
    Почна да се кара со докторот од дежурната амбуланта.
    Јас чекам само и се нервирам и незнам дали да се смеам или да плачам.
    Ајде бидна и телефонскиот разговот.
    Докторот конечно почна да гледа шо и како ми е ракава.
    И дојде до заклучок само дека имам изгореници од 2 степен.Жално.
    Ми стави една инјекција.Малце придојдев на себе си од инјекцијата.
    Почна сеа да ја средува раката,ја мачкаше со некои си масти,креми и ја преврза.
    Дојде ред за да ми препише терапија.Му дадов здравствената книшка.Се фино.Виде дека сум осигуран преку фирмава,и ме праша со што се занимава фирмата.
    Му викам докторе работиме со продажба и поправки на компјутери.
    Оддеднаш застана докторот,за*ба и лекарства и се,и ми вика планирам да купувам компјутер на син ми,ќе дојдам од кај тебе ќе земам,а ти зашто убаво ти средив раката ќе ми дадеп 30% попуст.Ја бев ептен омалаксан и му реков само ајде лесна е ќе средиме.

    Така се заврши,и таман да си одам сестрата ме запира.Ми вика дечко треба да дадеш 1500 денари за прегледот.
    Викам зашо да ти дадам пари,кога се е платено преку осигурувањето.И ми вика епа ај ако не дај ми мене 500 денари и ќе ти прегледнам преку прсти.Уфф,немаше излез и ајде и дадов 500 денари и си излегов.И само ми рече дека пак треба да одам кај матичниот да средам околу документацијата.

    Ајде денес ојдов кај матичниот,таму пак скоро цел ден зае*нции,и на крај ме прими,средивме документите.И таман да си одам нели,ко и секој разумен човек го прашувам дали сум должен нешто.Тој само се подзамисли и рече,па не е лошо да ми дадееш 1000 денари за тоа што сношти по брза постапка дојдов од дома само за тебе.Му викам која брза постапка бре докторе,саат време те чекав да дојдеш и на крајот ништо не направи,и му ја треснав вратата и излегов.

    После се консултирав со осигурителниот агент(оној де од компанијата за осигурување)за тоа како и што треба да средам за промена на матичниот лекар.Зашто искрено никакво е во државните здравствени установи.
    Му раскажав на осигурителниот аген како поминав на доктор.Агентот ми рече дека осигурувањето не може да плати ништо зато шо повредата не е на работно место.
    Ја му објаснив дека едноставно сакам само да сменам матичен лекар и да се префрлам у некоја приватна здравствена установа за понатамошно лекување.Агентот само ме упати у центарот за социјални грижи и ми рече дека таму се ќе ми објаснат.
    Е таму не ојдов,ама ќе одам после викендов.Доволно ми беа овие ситуации за два дена.

    Значи дојдов до заклучок дека државните здравствени установи,се за никаде.Пред се докторите и лицата кои се вработени таму немаат човечки однос.Хигиената е на никакво ниво.То шо го видов за овие 4-5 саата додека трчкав низ болниците,се уверив дека таму е поникакво од кафана.Не се знае кој јаде кој пие а кој плаќа.
    И да колку си поитен и посериозен случај,толку поитно и посериозно докторите бегаат од тебе.
    Не те ни погледнуваат.Овај те погледнуваат де,ама прво во џебовите,да видат колку се полни и дали си спремен да им фрлиш пари колку ќе ти побарат.

    Уфф,ај доста додека го пишав коментаров уше толку се изнервирав.

    Фала.

    Крвопиец.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 06 Ное 2009, 20:32

    Арен коментар Крвопиецу (од Мегадет) :)

    Добро е што и ти се одлучи да споделиш нешто со нас, на Silence китапчето.

    Инаку, коментаров ти е печен за во „Ходници“ на А1 со Менче Атанасова Точи.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Нед 08 Ное 2009, 00:12

    На Истокот – Див Запад


    А таму нема место за свештеникот...

    -> Патоказ кон биртијата..еднаш годишно отворена...

    Први зборови кои го означуваат никулецот на еден коментар кој слободно може да се нарече годишен коментар. Од проста причина и се нафатив да склопам и изготвам мала збирка на коментари, како еден вид на резиме, една рецензија што самиот себе ќе си ја поднесам, односно, да се изразам помодерно, ќе направам една мала утешна компилација на коментари, односно спојка на се што, според мене, заслужи да се искоментира, а се случуваше никаде на друго место, туку во нашата родна Македонија. Нешто слично на … монолог.


    Дури и кога ќе „тераш“ рецензија на нешто веќе напишано не смее да те удри ветерот на деконцентрација и уште полошо, да изгубиш мотив сето тоа да го „шлагираш“. Сепак, треба малку сето тоа да се нашминка. Правата фаца можеби е онаа реалната, сурова и вистинита, но, во денешно време, кој е за тоа? Никој, секој бара харизма во замаскираноста на нештото.

    Мене ме знаете, можеби во минативе 300 и кусур денови се изменив, созреав, научив многу нови работи, поучив други, трети мене ме поучуваа, менував ставови, укажував на грешки, правев грешки и преземав одговорност, барав одговорност од друга страна и така се во корелација со некои норми и правила засновани на моралот пред се’. И за сето ова да не звучи како експозе на некој министер кој најавува тивка оставка (отповиклива, нели), ќе преминам на главното, односно веднаш и директно ќе најавам дека, воглавно, ќе зборувам за негативностите што се случуваа во во нашето и ваше општество, односно го засегнаа на секој (буден) граѓанин. За тие што спијат, нека ова им биде некој вид на будилник од тие постарите модели. Денешните се исти како и општеството и кругот. Ќе те остават да спиеш тогаш кога нетреба. Само што во овај случај дежурниот чичко Марфи и не е баш во целост виновен, иако многу од заспаните токму во него се „бараат“ и се обидуваат да најдат кривец, а преку тоа и оправдание пред другите, а и пред себе си.
    Толку за уводот. Се надевам дека не се загубивте низ овие неколку редови и колони, оти ако е толку нејасно што се зборува, значи дека некој од нас, дали јас, дали мнозинството што ова би требало да го чита го троши своето скапоцено време. Оти знаеме, времето е пари. Парите се отепувачка, а после? На што да се надоврзи oтепувачката?
    На многу нешта, најверојатно, но, сигурен сум, на што и да се прикачи, ќе си се затвори стариот добар круг од кој не се излегува своеволно туку – така. Треба да се има некои ингеренции, транспорт, врски и слични модни додатоци. Се прашувате зошто модни? Епа, нели е во мода да си главна фаца во Македонијава во последно време? Кога те има на телевизија, значи си главен фраер во маало, или големо, зависи. А како ќе те има ако немаш ништо од гореспоменатите додатоци. Ете, на овој начин ја најавив и телевизијата, односно сите МАС медиуми во Македонија кои, најверојатно, имаат голем удел во јавното и тајното мнение. А тука лежи голем дел од големиот проблем во општеството кај нас.



    И слично како на времето што било по западните држави на Америка, и јас во манир на некој паметњаковиќ, најверојатно странец, ќе седнам на шанкот, ќе нарачам една „лозова“ и ќе почнам да солам памет..кога не можам манџа.

    Внимание...свештеникот зборува (зар?!)


    Муабет број 1.

    Која е таа Македонија? (прва чаша „лозова“)

    Епа една е таа. Земја Каде што сонцето заоѓа уште не изгреано, каде што песочниот часовник нема улога, каде што правдината е кривина, а паразитството е судбина. Една и единствена – Македонија. Тоа е земја во која многу луѓе чекорат денес. За многу е мајка за многу е макеја, ама за сите е таа – каква е, таква е, една е! А ако ја посетиш , и животот не ти се промени, тогаш исто како да не си бил воопшто. Влези во куќата наречена и одречена Македонија, влези во лулката на робството во ноќта и слободата во тмурниот ден. Онаму каде што секој ден е ко ниеден. Никој не би зажалил, знам! Оти има многу за кажување. Што ќе видиш и што ќе чуеш, само замисли. И не, немојте да ја барате на карта. Како што ангелите Христови и рекоја на Марија “што го бараш живиот меѓу мртвите“? Така и јас ќе ве прекорам – “Зошто ја бараш Македонија меѓу државите? Македонија е само илузија за оние кои живеат денес и оние кои сонуваат за утре. Не, ја нема никаде меѓу балканските бисери, и тешко дека ќе ја има. И да, што има да ја бараш а да не ја најдеш? Верувај, полесно е да појдеш со возот прв. Оти границите наши се отворени за сите. Па дури и ако си скитник и дома не те сакаат. Овде можеш да дојдеш слободен, без товар на грб што кај што си си го носиш. Во нашата цветна градина полеана со вода што подобро би ладела реактори на нуклеарки можеш да имаш се’! И што ти душа сака и што ти око бендиса. Кај нас се живее на грбот на студентите, на работниците, на рударите, на војниците
    И како што спомнав на стартот, една и единствена, од пепелта издигната, од други проколната, од трети зафркната Македонија. Човекот овде одраз во огледало нема, овде водата од чешма се пие, само овде лебот е луксуз, само овде животот е лотарија. Жива вистина.

    Муабет број 2
    Слога и единство ( ова ќе испадне ко некоја басна)


    Слога, братство и единство се неколку зборови што на нашите сограѓани, соселани, комшии и други поблиски ги потсеќа на едно време кое нема да се врати. Одма штом некој спомене слога, веднаш се сети на злото време на социјализмот, на тагата, на бедата што тој систем ја носеше. И нормално, се што потсеќа на комунизмот, на Тито, не смее да се применува тука. Па затоа, бидејќи е премногу комунистички да си солидарен, да помагаш на другите, да градиш слога и да си единствен и неразделен, тоа мора да се изостави од социјалното секојдневно однесување на (не)обичниот граѓанин во Македонија. Па затоа, има случаи каде што пред Влада се собираат работници од една фабрика, вкупно 50. Останатите гледаат сеир во живо на телевизија. Другиот ден имаме сосем нови статисти пред Влада кои, патем кажано, молат за леб, и повторно некој трет, кој најверојатно има иста мака како тој надвор, им се смее на “глупостите“ и на начинот на искажување кој го “измислија“ комунистите. И така се во тек. И тој третиот утре ќе биде на улица, и се некој ќе се смее. По правило, кој последен се смее, најслатко се смее. Ама кога ќе видите дека муабетам за Македонија, каде што и законите на гравитацијата не се она што беа, па сигурно ни оваа поговорка не држи струја. Јас би рекол : кој има партиска книшка – најслатко (би) се смее(л). Но, до кога?

    Толку за братството, за слогата, за единството, за солидарноста во Македонија. Слога, солидарност? Па тоа се само два поими кои можат да се видат еден до друг само во фудбалски натпревар меѓу колективот од Чаир – Слога и тимот од Маџари – солидарност. А кога ќе се види кој игра, пак ништо од братството.
    Се по теркот македонски е во државава, па и во спортот.

    Муабет број три
    (Уз цигара) да Ви кажам нешто и за спортот кај нас


    И онака пред малу спомнав нешто за спортот кај нас, за спортските случувања и се околу него, па не ќе да е лошо низ чадот на цигарава да спомнам нешто и за магијата на спортот. Кај нас – илузијата на спортот.
    Оти сме спортска нација, па никој не знае ништо за спортот. Оти сме фудбалска нација – па нашите се најдобри само кога ќе победат. Оти знаеме да организираме спортски натпревари, а надвор сеуште има плакати за натпреварот на Работнички со англискиот Болтон од пред 3 години, а кога европското првенство во ракомет беше во тек, никој ни знаеше ни слушна нешто дека се одржува такво нешто кај нас. Оти сме спортска нација, оти сме со спортски дух. И Каспер беше дух, ама не ќе да беше спортист J

    Муабет број 4
    (дур дрмам „лозова“) 2001, обична бројка


    И си ги спојувам муабетиве како ми одговарат мене. Дур сме кај духот, кај душата, оти сум хард кор верник, отаде и свештенството, а богами и на темјан мирисам, се прашувам кај ќе им оди душата на нашите претставници кои ги изгласавме пред некое лето да ни ја кројат судбината?
    Можеби не знаат, па ај да ги потсетам на нешто:
    Пред скоро една деценија, додека многу од Владините министри, пратеници, и ред други одбрани се сончаа на Халкидики, на Корзика, на Бали, ... и беа незадоволни од собната послуга во хотелот со 5 петокраки изнајмен на сметка на државата, други Македонци беа незадоволни од условите во ровот во кој спиеа и самите си го ископаа. Незадоволни беа од истрелите и гранатите кои поминуваа и паѓаа на нив, не беа баш среќни кога ќе видеа мртов другар крај нив, воопшто не им беше мило што не смееа да возвратат, несреќни беа кога ќе помислеа на фамилијата што ги чека дома.
    А денес, маргиналците, кои самите себе си се нарекоа терористи, а нашите пријатели од Западот ги нарекоја борци за слобода, ќе земаат доживотна боречка пензија. Како благодарност, како искрено заблагодарување за се што ни направија. За тоа што зацрнеа неколку градови, за Прилеп и Битола. За семејствата на загинатите да не ги заборават никогаш. За се што е последица – им следува пензија.
    Е на овај муабет, не останувам рамнодушен. И би се запрашал самиот, и Вас ќе ве прашам...во каква држава живееме? Што се случува кај нас? И толку, се е кажано, се е прашано ...
    М...ммм (дур ја допивам лозовата)
    Ај дотури уште една, и донеси лист хартија..имам сценарио за филм...

    (Пензија за ограбувачките на банки во америчките филмови)

    Нека не биде само Холивуд она што е. Ако политиката на Македонија се префрли на филмско платно, милион оскари не бегаат. Таман имаме и јаки режисери што за ич пари ќе го направат филмот ( за толку реклами, следува гратис филм, нели? ) Тоа би било некако вака : Во филмот се прави една замислена држава, едвај скроена, и наеднаш ја напаѓаат терористи од внатре и од надвор. Државата праќа војници да ја бранат. Некои војници за жал ќе загинат, некои ќе останат инвалиди. Кога војната ќе заврши, цела публика ќе аплаудира на премиерата, тие што ги глумат терористите ќе си добијат пензија до крајот на животот, ѕвезда на патеката на славните, а војниците кои од позитивци станаа негативно наелектризирани во очите на режисерот кој едногласно беше избран од гледачите, ќе добијат ништо помножено со ништо, нивните фамилии ќе бидат оставени на цедило како кајмак од млеко, а од публиката ќе добијат свирежи за лошата глума, оти според сценариото не смееа да пукаат, а тие пробуваа. Дефинитивно филм на милениумот. )



    Муабет број 5
    (видно изнервиран од пред малку) да ви кажам нешто за центрифугата


    Додека ова што претходно ви го споменав го нема никаде, па ни на дивиот запад порано, веднаш некој ќе брза, ќе пробува да го изврти проблемот и да го направи добра одлука. Само Владата да ни е ќива и здрава. Па ќе се јави некој новинар, некој кој ја има вашата доверба, па ќе свика неколку гости, ќе направи емисија, ќе ви го испере мозокот, ќе ве исплави и наеднаш ќе поверувате дека борците од ОНА заслужуваат да земаат пензија за злоделата што ги направија во 2001 година. А за нашите бранители....ма кој ги тркала нив ќе речат нашите патриоти дур ја пеат онаа „Македонија цела да е ....“
    А малку после тоа, ќе се појави некој јадник од некоја телевизија, па ќе удри остро по Владината политика. И уште малку ќе му фали за да ве убеди дека сте во заблуда, дека стварно ова што се случува е катастрофа, дека вакво нешто не смее да помине неказнето ... нешто ќе се случи со новинарот. Или ќе му купат џип и и наеднаш ќе ја смени политиката и партиската книшка, или нема да го видите никогаш ни на ТВ ни во весник ќе прочитате нешто за него. Толку, се е кажано.
    Во оваа прилика сакам да ги поздравам неколкуте јавни фаци кои ја трујат младината, ги трујат пензионерите, манипулираат со маката на работниците, поздрав до предавниците на вашите мали екрани.



    Муабет број 6,
    Не многу вреден, оти нема избори скоро ( и уште една лозова, за циркулација)


    И како склоп на муабетите од пред малку, само да речам. Алал да ви е на акалот на тие што ќе гласате за истите после се ова што јас го кажав. Добро, можеби јас не сум во право, самите треба да си оформите мислење што се случува во државава наша, кој ја води, кој ги гласа тие кои ја водат и се што се случува во нас и околу нас. И пазете да не се потурите со малку пепел на главата додека размислувате премногу. Оти нема избори многу брзо, затоа ништо не е интересно. Се сеќавам на една убава пролет, кога имаше предизборна кампања. На телевизија, како што кажав и пред малку, на радио, во весници, на улица. Се беше обоено, се беше ветувачки, се беше одлично. Се додека не заокружиш некоја извесна бројка па се отиде по ѓаволите. Значи, сето тоа што го кажав пред малку, сето тоа беше кажано дека ќе биде спречено кога „тие“ дојдат на власт. Дека другите се предавници, дека третите се вакви, такви, никакви, ....
    Алал да ви е на акалот ако уште еднаш гласате за истите, или пак за истите. Оти ете што се случува. Не е Петко шут, туку ние сме. Не е крив тој што лаже на големо, туку тој што ќе поверува во глупоста. Ноу комент за партиските кампањи, за луѓето што се радуваат како дете на бонбонче додека има избори. Чирс!

    Муабет број 7
    100 чекори и една летва (муабет погоден за биртијска атмосфера)


    Е овај муабет мене ми се допаѓа. Ко тегла мед ми е сладок. Откако ги избравте тие што ги избравте, како што ви налага телевизорот и партиската книшка, редно е да ви кажам јас, а не вие што се допринесоа токму вашите избраници.
    Што се се случи додека вие спиевте. Пардон, спиете!

    Неколку години имаме борба против криминалот, против митото и корупцијата, имаме напредок во образованието, имаме силна економија, имаме успешно здравство. Сето тоа би било така ако би било 1885 година, а Македонија се наоѓаше на местото на денешна Аризона. А штом не е, значи помина рокот на овие работи.
    Еми така е. Чинителите на криминалот кој е спречен само нашиот министер за внатрешни да може да позира пред камерите заедно со колегите од Влада, а после истите чинители да бидат испратени со високи почести дома е многу чудна работа. Родиме мајко без к’смет и фрлиме на патарина е нова, најдобра поговорка. Или имаше некоја операција „Пепел“ во Куманово, каде што уапсен беше само „шефот“ на организацијата, а сите други беа пуштени да си го живеат животот. Или проштевањето на грешките кои ќе ги извршат некои луѓе блиску до власта (грешка – газење на старец со мотор од 30 000 евра. Казна – ништо ич)
    Но ај, да не е само бркање на лошите момци, нека биде нешто околу законите и нивно спроведување. Впрочем, кажав како се “спроведуваат“, но, колку ги има?
    Имаш (нови) закони колку ти душа сака. Од најситни, во кои казната е 50 евра (за фрлање отпад каде што нема канта на 5 километри радиус или за минвуање на црвено каде што има семафори од 1932). Посилните закони не сум ги испробал сеуште.
    Владата лансираше и неколку пакети полни со закони кои се битни за општеството. Како на пример, законот за укунување на најлонските кеси и чистата околина. Премиерот изнајде начин кој заслужува Нобелова награда. Најлонот скапува 1000 години, и е голем проблем. Но, доколку најлонот е платен 2 денари, тогаш тој не загадува. Чиста работа, јака ствар J
    Има уште многу други. Закон за наталитетот, кој е чисто фијаско, оти го го проширија, па сега се форсира наталитет и во Тетово. Има уште многу други, за да не ги повторувам муабетите одново и одново, осетете ги сами законите и проценете. Спознајте, јас не сум некој си фактор што мора да ги покаже мааните. Финтата е сам да си дфатиш, со мала помош, нормално )
    Како и да е, Владата ја футна работата. Вака не оди работата, барем нема да оди ако се разбудат македонците. Оти нема предордба во николку чекори. Ова не е преродба. Ова е нешто друго, трето, ...
    Крај краева. Македонија е една, вечна, единствена. Прво се гради мост, па после се инвестира во правење на река. Ако не се успее, криви се од опозицијата. Владата го направи мостот, што сакате повеќе.
    Ете, така е со законите, со спроведување на политиката на владеачката гарнитура.

    Муабет број 8
    Вие не бевте поарни (што пие кафанава....не дека ги честам, онака, да прашам ...)


    Владата кога прима пофалби за стореното, прима. Ама кога прима критики, тогаш е нешто друго. Еднаш извештајот на Европската унија не беше баш најдобар, а тогаш Владата возврати дека сето тоа е монтирано од Грција. ВО последни време, извештајот беше добар. Владата си ги припиша сите заслуги. Овој пат, се беше чисто.
    Или кога Владата ќе прими критика од опозицијата кај нас, дали за лошата економска политика, дали за заборавените ветувања, дали за проблемот со бранителите, со невработеноста, со лошо спроведените закони, за се и сешто, одговор на Владата е : Вие не бевте поарни!
    Уф, си велам јас. Па да беа тие поарни, ќе беа уште на власт. Уствари, тие никогаш немаа целосна подршка на народот, Вие имате 63 пратеници. Оправданието „Вие не бевте поарни“ не нешто најгрозно што може да се чуе. Поминаа три години откако дојдовте на власт. А нели бевте добри?

    Муабет број 9
    Лозова и една од „Леб и Сол“ – Деветка! (меанџи попушти!)


    Пошто гледате дека многу агитирам, проповедам, солам памет и раскажувам, немојте да мислите дека сум многу писмен. Па и дури да сум, тоа не е заслуга на училиштата во Македонија, или поконкретно – образованието во Македонија е баш како на дивиот запад. Се нешто се пробува да се поврзе кон западот. Ама стварно како што гледам, кон дивиот оди работата. Не дека е толку лош целиот систем на образование, на нешто што треба да ги искали младите македончина, ама смешен е. И овие кои сакаат (најверојатно сакаат) да направат нешто, да преземат некои мерки и да расчистат со трулото во образованието, изгледа и тие не се доволно образовани и не знаат од каде да почнат. Е, во тоа е лошото, тоа е занимливиот дел во целава приказна. Стварно се гледа дека Владата сака да помогне, да смени, да обликува нешто во системот, ама нема кој да им каже како. И наеднаш имаме дупки. Од основно, кон средно до високо образование се е зафркнато. Прва утка им беше веронауката. Падна предметот, се стишија. На студентите им ветуваа како на гладна кокошка – просо. Пак ништо и за нив. Па преку ноќ се проба да се направи Македонија информатичка замја. И пак....н...ништо! Изгледа вака не бива. За тоа што отворија факултети во сите села во републикава, воопшто да не зборувам. Толку многу утки се направени што веќе ми е незгодно. Затоа, морам да признаам. Македонија и во образованието се ближи кон Западот. Ама оној, дивиот.
    Уште една лозова, молам!

    Муабет број 10
    Сакам надвооооор! (дај упаљач, да запалам уш една)


    Во секоја (нормална) земја, на новороденче првите зборови му се поврзани со тоа што му е најблиску. Најчесто тоа е „тато„ или „мама“. Кај нас, беше така, се сеќавате. Ама во последно време се повеќе новороденчиња за свој прв збор го усвојуваат поимот „ЕУ“ или некои пак, „НАТО“. Како што реков, најчесто тоа што го осеќаат како блиско го усвојуваат прво, и најчесто првиот збор е за тоа. Ете, кај нас тие работи се најблиски изгледа. Толку многу нашиот народ е опседнат со Евроинтеграциите што многу тинејџери на рамото го имаат истетовирано симболот на НАТО, на оваа воена организација, или пак дванаесетте ѕвезди на Европската Унија.
    Ништо не би било страшно тоа доколку обичниот македонски човек знаеше што ќе донесе НАТО, што ќе донесе ЕУ за Македонија и зошто ние сакаме да се приклучиме таму. По секоја цена. Зарем толку е важно да си таму каде што не си пожелен, по секоја цена? Целта ги оправдува средствата, а? Ама треба да почекаме, да видиме која е целта, и што е најбитно, кои се средствата?

    Муабет број 11, продолжение на сагата „сакам надвор“. ( помина дванаесет?!)


    И скоро секој Македонец мисли дека доколку Македонија биде примена во Европска Унија и НАТо, тоа значи подобра иднина, појасна перспектива за него, за неговата фамилија, подобра иднина во секој случај за општа Македонија. Но, истиот тој човек, веднаш би ја напуштил Македонија во случај границите да бидат отворени и веднаш би се преселил во земјите со висока економија каде што просперитетот во најмала рака му е загарантиран. Истата таа единка е смртно загрижена за иднината на Македонија, и за најактуелното, за името и неговата можна промена. Па сега на сцена се појавува човек со повеќе улоги (лица). Тоа е човек кој сака во ЕУ и НАТО, а нејќе да се смени името. Тоа е човек што веднаш би заминал од државата и никогаш не би се вратил назад, а од друга страна пак, е голем патриот и се би дал за Македонија. Ако тоа се’ е неговото заминување, тогаш приказната е грозна. Ете, таква е работата во македонија. Ниту се разбира што се тоа интеграции, ниту на некого му е гајле што и како и кога ќе биде со името, со економијата, со интеграциите. Секој си е сам со себе против иднината. Колку и да сака да се занемари тоа, така е. Секој сам по својот пат. Заеби ти патриотизам...реткост....



    Муабет број 12, бар да имаше малку смисла ( муабетот се пробива низ завесата од чад)

    И муабетот со името. Како прво, која е логиката некој да сака да ти го промени името само заради тоа што нему му одговара. Како второ, кај се сега пријателите на Макеоднија што требаше да помогнат и да го намалат притисокот на јужниот сосед. Трето, во време на криза и безпарица, во време на општа несреќа и незадоволство, главна преокупација на народот македонски, покрај евроинтеграциите е и спорот со Грција за името? Која е овде логиката? Нели требаше прво дворот да се измети, да се среди се подома, па тек после да се расправаш со комшиите, и на крај да одиш на средсело, каде што не си пожелен ако не носиш нешто пари? Македонска работа...? Молам ?

    Муабет број 13, петокраката ( цела кафана ја почна „Хеј Словени)

    Во утопија како Македонија, каде што нема проблеми, нервозата е илузија, се е како во бајките, од нигде никаде искрсна еден голем, преголем проблем, а тоа е ни повеќе ни помалку туку националниот грб. Па сега, осаманите очи на нацијата се вперени токму во социјалистичката петокрака ѕвезда. Оти веќе не можи да се истрпи ова. Многу е тешко, на сите ни е тешко. Тешко е да се живее под грб со петокрака. Незгодно е да се има таков грб, грб на нацијата кој до вчера 90 проценти од нацијата не знаеа како изгледа, па сега тоа им е трн во око! Мора да се смени. Турско било, ова не било. Тешко е!

    Муабет број 14, (забавено забрзување, плетење на јазик)

    Аграрна политиКАладонт

    Утната работа од корен. Колку и да сака нашата безкомпромисна Влада да се насочи кон создавање на аграрна држава, не успеа. Патот до аграрот е трнлив, ама сигурно не е со фурање на политика од типот „запишете се на економски“. Без разлика на се’, Владата се прокламираше како земјоделска, делата останаа на хартија. А прашањата од типот „Сведмилк“ и малата откупна цена на пченицата најверојатно ќе бидат решени во некоја друга испитна сесија.

    Муабет број 15 – Дечки, допијте, и да ве нема од кафанава

    Значи за крај. Можеби крај на приказната, можеби и не. До ракијата зависи. Барем за вакви шанк муабети кога се е како што треба, се е како што ти налага паметот. И да не должам многу, и да не коментирам премногу, оти кога ќе излезе сето ова во јавност, може да се случи она добро познатото, епското. Да да, за МАНУ и енциклопедијата од МАНУ зборувам. За тој муабет место најдов токму во завршниов муабет. Којзнае, можеби некогаш ќе треба да си го изменам коментаров, ќе се најде некој покомпетентен од мене, па самиот себе ќе си се разрешам од функцијата и наместо мене, некој друг ќе ги пишува истите коментари, само со малку поинаква содржина, димензија и значење. Нејсе...

    За крај значи...

    Низ овие неколку редови барем малку ве прошетав низ замислените улици на една држава која ја рефлектирав низ муабет директно од моето видување. Можеби треба можеби не треба да се појде од точката на негативното согледување на работите како во случајов, но поинакво чаре дури и да не постои.
    Јас, нашата поробена и одробена Македонија ја сместив во една фиока на реткоста, во еден запрашен ареал во кој малкумина се снашле. Нека тоа биде мал предизвик. Предизвик кој можеби ќе дојде до решението. А решението е само една низа на одговори, а во моментов прашањата си ги пишуваме токму ние.
    Основната работа кај нас е нашата психа, а секој товар на разумот си го базираме на минатото. А минатото, барем нашето, е втемелено (засега, денски) на муабети од денес за утре. Не само она старото, туку и поблиското минато. Од она што имаме скоро сите лузни.
    Затоа, затоа сето ова е е толку чудно парче земја расеано со уште почудна мешавина на луѓе, на размисливања, навики и обичаи. И кога сето тоа ќе се зачини, оти е се замешано, тогаш го добиваме она што го зборував подолго време. За муабетите пред малку.
    Од мене, свештеникот на трпението и тишината, само толку, а од вас повеќе.
    Не за мене, туку за сите вас. Сите барем еднаш сте биле во биртијава

    А сега, си го фаќам патот надвор од биртијата на мудроста, на складната просторија, едноставно место на менталниот од. Чекорот нанадвор е далеку побавен, подраматичен и подепресивен од чекорот кога влегов овде. Но, барем сум слободен, задоволен со самиот себе, лулашката на саморазбирањето е конечно нивелирана. Толку од се. Барем вечерва имам намера да го поминам времето најнекорисно. Да чекорам и да стареам, низ секој поминат круг на моментотите. Ништо повеќе...
    Секоја приказна што помина низ мене, низ неделните цигари, низ ракијата што како реакција на акцијата што ја преземаш кога ја пиеш, те испива, низ духот на незадоволството и светлината на моменталните разумни одговори е само минато. Одраз на иднината. Не сакам ништо повеќе. Барем да беше напишана на стар лист хартија. Можеби ќе ја отфрлев од себе, некаде близу до водата, блиску до тишината. Приказната ќе си го најдеше патот.

    Секогаш го наоѓа...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Нед 08 Ное 2009, 12:47

    бора чорба викаше на Запад ништо ново..Ама изгледа по твојов коментар ќе се премисли ..

    и незнам дали сето ова што си го пишал е веќе видено во некоја друга земја јас мислам дека не ..Па Гинис можеби треба да препише нешто од тука

    секоја чест за напишаново
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Пон 09 Ное 2009, 13:16

    Долго време не сум уживал во нешто толку добро напишано..оди совршено со АЗРА и цигара..Браво маестро, со овој коментар ја даде врвната проповед како свештеник, треба папата да те унапреди во бискуп..Интересна работа колку тревезно и реално можат да се согледат работите низ призмата на младоста..А кога ако не тогаш...aрно рекол Оскар Вајлд : "I am not young enough to know everything"..Не баш евритинг, ама барем она шо го засега секој граѓанин на оваа држава..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Нед 15 Ное 2009, 00:10

    Кај ми се манирите?!
    Изгледа сум ги заборавил во пантолоните работнички, во задниот џеб.

    Како и да е...
    Благодарам за коментарите. Благодарам за тоа што потрошивте дел од делот од делумично слободното време да прочитате нешто што е напишано од моја страна. Тоа ми значи повеќе од тоа што го напишав. Значи, веќе една година си чкрапам по бледата рандом тастатура. Ваму таму, лево десно. Неколку коментари, неколку читатели. Искрени читатели и рецезенти. Затоа ми е мило. Затоа и сметам дека ништо не е залудно што сум „начкрапал“.
    Зар е можно да бидам позадоволен?
    Благодарам многу, на сите Вас!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Нед 15 Ное 2009, 13:29

    Адам и Ева се
    МАКЕДОНЦИ!




    Според моите
    најнови проценки, АДАМ И ЕВА гарантирано се Македонци. Одат голи и боси и се`
    уште мислат дека се во рајот. Од кога се родив, го слушам транзицискиот
    посмртен марш. Претставено со јазикот на математиката, тоа ти е равенка која
    има две решенија. Едното, откажи се од името, добиј пристоен живот. Другото,
    задржи си го името и зелениот лист врз гениталиите. Иако вака звучи прилично
    лесно и едноставно, ова прашање вклучува патриотска тежина во себе. Ако се
    прашувам јас, никој не ни дава право да си играме со идентитетот. А бидејќи не
    се прашувам, туку се работи за светска политика, решив да се помирам со фактот,
    дека менување на името ќе има. И џабе ме пцуете, не е моја идејава. Се сеќавате
    кога пред некоја колумна ви кажав дека ќе не почестат со референдум? Е изгледа
    го имам аналитичкиот потенцијал на БАБА ВАНЃА. Прво, апсолутно, сеедно е, дали
    името ќе го смени самиот НИКОЛА ГРУЕВСКИ или Никола Груевски на референдум. Тоа
    ти е во принцип, иста процедура. Ако на премиерот му е полесно да пере раце од
    својата одговорност и истата да ни ја даде нам, тогаш фала му и очекувано беше.
    Битно е, што ќе се случува со јазикот, државјанството и сличните категории. Убаво
    нека ни објаснат какви последици ќе имаме во овие делови од нашата етногенеза,
    историја и државност пред да го дадеме нашиот глас. Знаете, ако работното прашање
    ви е поврзано со компјутерот, многу нормално е за некое време да почувствувате
    дека на `рбетот ви се создаваат млади
    верижни планини ко на камила. Тоа во принцип значи, дека сте поминале една
    половина од животот пред мониторот, читајќи се и сешто и чувствувајќи се
    длабоко воајерски просветлени. Можеби си најдовте некоја братучетка на ФЕЈСБУК,
    како што обично бива во нашите зацврстени семејни односи? Јас бидејќи имам
    профил на оваа социјална мрежа, нема зошто да се плашам дека ќе ми го
    дуплираат. Не сум ни позната фаца, вака реално. Која може да биде
    сатисфакцијата од правење лажен профил? Луѓево почнуваат да се дистанцираат од
    реалниот живот. Можам да разберам ова да го прават празнолетнички од по
    десетина дванаесет години, ама возрасни луѓе... Бидејќи знам дека јазикот се оформува зависно
    од потребите на општеството, нам веројатно премногу потребно ни било да ги
    измислиме сиве овие зборови: стрина, вујна,
    тетка, золва, јатрва, тешта, баџанак и уште еден мал милион други, само колку
    за терминологија. Во реалноста, не ни знаеме што значат, па си ги бараме на
    интернет. Инаку, за КАМИЛИТЕ ви кажував... Оваа од Зоолошка скина конци. Сакала
    да проба од најлоните ХАСАП СИСТЕМ. Два триесет животински глави имаме во
    Зоолошката и не знаеме да си ги сочуваме, што ли да мислам за човековите?
    Иронијата на страна, навистина се работи за немање елементарна култура. Чисто
    споредбено, зоолошката во Будимпешта, е со иста територија колку и нашата, со
    таа разлика што ние имаме сто пати помалку животни и двесте пати помалку акал
    како ги третираме. Знам дека е класика да храниш цела багра животни со иста
    храна – смоки, ама подобро би било на
    влезот да се продава од специјалната со што би се намалил ризикот од несреќи
    како штотуку случената. Да ги отвореше некој чакрите, ќе фрлаше ѓубре во
    кантите за отпад. Туку што му е гајле, за некој рандом живот на суштество кое
    попатно, не е од човечки вид. Ко на градоначалникот што не му е гајле за кучињата
    скитници па ќе ги масакрира. Напаѓале луѓе. Толку криминалци се шеткаат
    секојдневно, атакуваат жени и деца, ги убиваат сериски... Од нив да се почне.
    Да бидам попрецизна, земјава ни е фарма. СВИНСКИОТ ГРИП напаѓа, свињите си
    пасат на работните позиции, просто – живописна градина. Добро, знам дека
    свињите не пасат, ама ова колку за прогресија. Светските школи се затвораат,
    кај нас чекаме да се истребиме. ВАКЦИНИТЕ ќе дошле едновремено во сите земји. Да
    видам да не верувам. Во државава една дваес тројка, не ти доаѓа на време,
    камоли вакцини. Единствено ми останува, да одам да ставам двојка на животов во
    кладилница. Па ако победам против државава, ќе частам. Во принцип, постојат
    семејства кои се издржуваат благодарение на ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ и копачките на фудбалерите.
    Тоа е на некој начин, викенд забава за целото семејство. Стратегијата се
    обмислува претходните пет работни денови, при што, страсните стратези земаат
    билтен и го студираат. Се прават неколку комбинации и се уплаќаат ливчиња.
    Пошто имам и јас цела населба соседи со ваква пасија, решив да ги замолам да ми
    пополнат едно ливче, онакво нискобуџетно, колку за проба. И да! ,,Фатив” илјадарче! Радости невидени. Прво па машко! Што
    направив со неа? А, епа ја фрлив пак во кладилница и ја загубив. Нема ќар од
    кладилници брат... Ако за семејствата се прави годишна потрошувачка кошничка,
    тогаш за еден млад човек, се прави забавувачка потрошувачка кошничка. За да излезеш во град, ти требаат 200 денари
    за такси, уште минимум толку за пијачка и уште некое стотче за честење. Ако
    имаш девојка, сево ова се дуплира. Да не бидам дискриминирачки настроена кон
    жените, има некои што самостојно се финансираат. Останатите се најчесто
    иницијатори на ФЕМИНИСТИЧКИ движења. Демек, жената е рамноправна со мажот, ама
    не е лошо кога за осми март добива цвеќе и по некој пар штикли. Да ви кажам
    право, сметам дека феминистичките движења во денешницава се најголемата грешка
    на жените. Зошто? Ај во минатото, сме немале право на глас и образование и сме
    биле третирани како машини за создавање деца, потчинети и зависни. Мажот бил
    главата на семејството. Денес, жената е вратот.
    Може да биде ако сака ама буквално поспособна од било кој маж. Ако е
    така, тогаш каква функција врши, некакво си, феминистичко движење? Како самите
    да не си веруваме дека сме еднакви, па ни треба некаква си организација што ќе
    не штити. Не фала. Феминистките само си докажуваат дека се инфериорни споредено
    со машкиот пол. За забавувачката кошничка ви зборувам... Таа е по дифолт
    најпотребна во БИРТИЈА. А ко што не дал Господ вака ,,игрива” фолклорна нација, биртиите се на врвот на
    посетеноста. Некои се вадат и велат дека се работи за Балканскиот менталитет,
    ама јас не верувам во менталитет. Или ако воопшто верувам, тогаш мислам дека е
    синтеза од заеднички особини на поединци, што е круцијална разлика. Еве зошто: Одиш во биртија. Сите се забавуваат ко на матура.
    Дури и облечени се така. Симпатично се кошкаат кој прв да стане на подиум и да
    ги крене рацете на Бај пас од Аца Лукас. Арно ама, само еден ќе биде првиот што
    ќе стане! Само еден ќе ги носи епитетите најхрабар биртиски ороводец и смел
    кошуловиден мрдач на кукови. Еве него, ќе го викаме Сале. Менталитетот, не е
    причината заради која Сале стана од маса, туку неговата индивидуална преференца
    да биде впечатлив. На картата менталитет може да перат раце следните што ќе
    срипаат да не заостанат позади Сале ниту позади сексуално облечената пејачка. Предлог
    закон давам, Бај Пас да стане официјална химна на ЕУ за регионот на Балканскиот
    полуостров.. Човече, не ме гледај така со чудење! Песнава спојува и младо и
    старо, на неа се пали све од 7 до 77.
    Што би рекле мисиците, носи СВЕТСКИ МИР.. Имам забележано водопадна
    лавина од индустријализирани фолкерки. Не ми пречат воопшто како појава,
    претпоставувам ни на машката популација, само – нека не отвораат уста. За
    доброто на сите и за љубов и толеранција. И совршено здраво ушно тапанче. Кога
    фолкерката, навидум, според изборот песни што ги пее, натурализирана Србинка, ќе
    воскликне ,,Мешаај”, тука на виделина доаѓаат комплексите од
    направениот ајвар. Сите се со свежи сеќавања за ,,мешањето ајвар” па се тресат за да покажат дека всушност, нивниот оваа година, најдобро испаднал. Ех,
    се сеќавате на онаа приказната ,, Внимавај синко, кога ќе одиш во дискотека,
    може да ти стават ДРОГА во сокот, купувај си само лименка, помал е отворот, а
    со тоа и шансите да целат на тебе”. Пази сега што се
    случува. Регистрирани се 6 000 зависници од дрога. На оваа бројка
    налетав сосема случајно додека по дома разгледував некои проспекти. Е сега,
    мора новинарски да ги разгледувам цифрите па си направив проста математика.
    Добро, не баш проста, ми требаше дигитрон. Оди некако вака: Секој зависник, за дваесет и четири часа мора да
    земе една доза од ,,еликсирот”. Таа чини
    минимум пет евра. Триста шеесет и пет
    дена, по пет евра, помножено со 6 000. Десет милиони, деветстотини и педесет
    илјади евра црни пари годишно! На дрога! Не бе, нема КРИМИНАЛ, се е под
    контрола. Битно е вие, да не пушите на јавно место, овие што се дрогираат на
    црно, мање битно.. Ќе банкротираат кафеани? Голема работа. И онака ЕКОНОМИЈАТА
    ни цвета. До душа, проблемот угостителиерите ќе го решат со отпуштање на
    персоналот. Тутунската традиција ќе мора да си ја замениме со грицкање
    сончоглед. Некој кажал: ,,Ако се рози, ќе процветаат. Ако не се,
    ќе има само трње”. Кај нас ќе се избоцкаме солидно.
    Цветањето не е тренд повеќе.





    Од земјава нема излезено
    ниту еден нобеловец. За споредба, Албанија има тројца. Всушност, ретко кој може да го одговори шестото прашање
    на квизот ,,Кој сака да биде милионер”, а сите се со
    дипломи. Да си ги врамат над креветот изгледа... Деновиве се соочувам со еден
    своевиден конјуктивитис, не гледам многу работи. За почеток, не го гледам
    споменикот на Александар на плоштадот. Не гледам промени во образованието иако
    има во структурата на нејзиното студентско водство. Гледам само културолошки
    тероризам и повремено по некоја отворена шахта по улица, од чисто прагматични
    причини и љубов кон моите екстремитети . Видовити Милан би ми кажал сигурно, да
    одам на оптичар да ми го зголемат диоптерот, за секој случај. Промоција на
    култура, а повеќето хендикепирано неуки Уметноста веќе станува загрозен вид.
    Особено зашто денес има голем број на ,,уметности”. Некаде ќе сретнете дека и липосукцијата се смета за уметност пошто
    докторот вадел масни наслаги со апаратурата на ист принцип како што виолинистот
    свирел на виолина. Ајде веќе еднаш, нека си дојдат коцките на место. Барем,
    може да сме мирни од еден аспект. Ако избие трета светска војна, музиката на
    одредени наши автори, ќе може да се користи како психолошко измачување.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Нед 15 Ное 2009, 13:31

    Волшебникот од ОЗ





    Се присеќавам на славниот новинарски кикс: -Следува светскиот мега хит ,,Волшебникот од нула три”. Е баш од нула до три се кај мене дома
    фамилијарните топлификациски температури. Просто не знаеш што е поладно, дали
    парното кај тебе дома, или помфритот од Чичко Стоилко. Ти преостанува или да
    тргнеш во подранет февруарски поход или колективно да се тресеш од студ како
    Апачи пред тотем заедно со твоите најблиски. Јас ќе го правам второво, додека
    Чак Норис не ми пушти парно во зградава стара две децении, каде моите соседите
    комуницираат најмногу за време на куќниот совет и во која лифтот секојдневно ми
    се заканува со убиство поради откажување на моторните функции. Порано,
    населбите во есен, чуреа како индијански орди. Денес, не може човек на раат
    своедворски ајвар да си направи. До
    душа, пусто Македонче, доживеа илегално да си прави зимница во задниот дел од
    куќата и да симулира пожар во случај на пријава од љубоморните комшии што
    живеат во облакодер. Порано се играше ластик и ,,граница”. Денес се игра евроинтеграциско оро. Како
    последица на препораката за старт на преговорите со ЕУ, очекувам црн хумор до
    декември. Во Македонија најспектакуларни се објавите на настаните,. Имав
    чувство дека нашата репрезентација игра на светско првенство, додека премиерот возбудено не` преродуваше со реченицата ,,Ова
    е историски ден за нашата земја!”. Претпоставувајќи ја
    спин техниката на владата, тоа по дифолт значи дека на глава ќе ни падне
    референдум, слично како што на Џери му падна саксија во една епизода на антологискиот цртан филм.
    Ама ние, не верувам од тој референдум да излеземе само со џумка како што обично
    бива со Џери. Не сакам во иднина да ме ,,жуља” мојот врачарски капацитет, па затоа ќе ги прекинам прогнозите за името.
    Мене актуелни ми се студентските згоди и фекални води. Да бидеш напатено душиче
    од универзитетот ,,Кирил и Методиј”, меѓу другото значи
    да си подготвен на аскетски брич. Покрај тоа, суштествено е да бидеш
    партиципативен субјект за новиот џип на професорот купувајќи учебници од
    педесетина евра, и да палиш кандило три пати неделно со надеж дека ќе ти дадат
    потпис и дека тетката од студентски прашања денес нема добиено. Во амфитеатарот
    од четириес треќа, се седи и на скали.
    Од време на време, одозгора чувствувате благопријатен туш предизвикан од
    хидрометереолошката појава дожд. И тоа не е се`! Во цената е вклучена и
    возбудлива одбрана од оси, кои безгрижно ви леткаат во просторијата додека се
    обидувате да слушате од последниот ред, таму најгоре, десно, до ѕидот, тој неокречениот.
    Секој ден седите во шареното бифе и со црно кафе си ги заливате уште поцрните
    маки. Кога ќе излезете оттаму, гарантирано вашата коса го добива уникатниот
    мирис на ,,Родео” тврдо. Да ги занемариме сите овие срцепарателни
    студентски патила и да се фокусираме на главното: На кој факултет во светот, освен можеби на оној во Уганда или Занзибар,
    професор фатен дека зема мито, се враќа на работа? И ај ќе се правиме слепи,
    ако не. Студентскиот дом ,,Гоце Делчев” е совршена локација
    за снимање на реалното шоу Survivor. Ма каква
    Панама бре! Овде, секој клаустрофобичен ќе добие напад. Фотографија број еден: Соба, два на два, ѕид на средина. На него прокиснува
    вода, а влагата изнесува деведесет и пет проценти без влагомер, бидејќи постои
    опасност тој да пукне, ако го употребите . Некој студент – ентузијаст, ја
    обложил неговата страна од ѕидот со цветна хартија за завиткување книги што ве
    тера да се чувствувате како киднапирани во багажник. Облачно е, а единствената
    сијалица не врши работа. Темно зелена платнена ролетна, или парталот што
    останал од неа, виси тажно како да сака да се самозапали. Фотографија број два: Тања, руса коса, зелени очи, број на сандали –
    триесет и седум, (зависно од калап може триесет и осум), студентка на медицина,
    жител на горенаведената соба, влегува во едно од вецињата на студентскиот дом
    Гоце Делчев. Лев кадар – тоалетната хартија е извалкана, подот исто така, а
    смрдеата што се шири потсетува на вицот ,,Си биле две мачиња се гушнале и
    умреле”. И сево ова би било дел од стрип
    имагинација ако не беше реалност. Тања
    го зема џогерот и ја врши работата на хигиеничарката. Е така функционира од
    прилика студентскиот напатен секојдневен хаос. За менталниот ќотек, не смее да
    се дискутира, бидејќи е апстракција додека не се доживее на своја кожа. На
    универзитетот во Тетово, сите соопштенија за испитите ги има само на албански
    јазик иако таму учат 2000 Македонци. Таму си ќутат и си траат. Изгледа и тие го
    чекаат Чак Норис да се бори за нивните права, ко јас што ги чекам овие од
    топлификација. Сиве описи на студентскиот живот и образование се увертира, за
    да се запознаете зошто им пукна филмот и сајлата на студентите кои организираат
    протест. Под мотото ,, Железото се кова додека е жешко, буџетот се прави додека
    е октомври”, организираните млади ќе си ги бараат
    правата. Барањата се и повеќе од реални
    и ја отсликуваат разбудената свест по долгогодишното стрижење и мижење пред
    вистината. Криза е, нема ваучери за компјутери. Епа да, се согласувам. Ама
    зарем не е криза и за студентите чија партиципација останува ненамалена,
    независно од курсот на еврото, падот на акциите, бојата на небото и знакот во
    хороскоп? Имаше еден говор со наслов ,,Зошто во Македонија опаѓа продажбата на
    лижавчиња”.Одговорот е – затоа што повеќето лижат
    нешто друго. Се надевам дека тоа нема да биде пречка за обединување и
    остварување на единствените студентски цели кои ќе доведат до подобро школство.
    Срамота е во 21 век, со кодифициран јазик и толку форсиран македонизам, некои
    се` уште да учат на српско хрватски. Не
    сме во времето на Тито повеќе. Инаку, вицотеката вели дека после Тито,
    Југославија е Титаник, а Македонија Илинден. Мене искрено, не ми е многу
    смешно, ама се` ми вика дека сме во провалија. И додека зјапам во катоднава
    цевка со 256 рам меморија, Обама гледа во својата Нобелова награда за мир, а Иванов
    во почесното докторско признание од Турција. Светов не станува ни помирно место
    за живеење, ни парново го пуштија. Арно ама, луѓето стануваат уникатно воочливи
    во својот експлицитен револт. Така, во Белгија, организираа ,,Мис бездомничка”. Тажно е, но само сензационализмот пали, кога вистинската
    свесност за проблемите се гаси. Некако, имам впечаток дека се` се врти околу
    естетиката и околу западот. Ако западот каже дека изметот е симит, сите ние ќе
    нарачаме симит! Премиерот Груевски го избраа за средно убав на листата на
    светските политичари. Деведесетто место. Сребрена папуча. Да не случајно некој
    планира да прави пластична операција за да заличи на него? Интересно е што на
    овој начин, политичарите ни се доближени на малите екрани во човечка, емотивна
    и поистоветувачка форма, па можеби за момент ќе им ја заборавиме професијата. Кич
    и шунд од запад се инјектира како малигна глобализациска вакцина од која нема
    спас. Пред неколку денови сфатив дека не е се` кај нас така црно. Барем сме
    малку либерални во поглед на одредени човекови права, како што е правото на
    абортус. Во Шпанија пак, некоја група на конзервативни граѓани, протестира
    против ова, давајќи си слобода да ги компромитира личните одлуки на жените. Шовинизам!
    Во уште една форма! Си реков, добро е. Има
    микро - никулци на напредок во Македонија. Живо ме интересираат
    реакциите за најавената геј парада. Ќе има ли исфрустрирани фаци што во
    недостаток на интересни моменти во својот живот, ќе се обидат да го загрозат
    изборот на другите? Никогаш не ми била јасна демагогијата на ,,неприродното” во хомосексуалноста. Едно време природно беше дека
    Земјата е рамна плоча што ја носат два кита. Галилео Галилеј го обесија кога им ја објаснуваше природноста на ,,Сепак
    се врти” на закоравените црквени мантии. Во
    деветтиот век Кирил Филозоф рече: ,, Не врне ли дожд од Бога подеднакво за сите? А сонцето не грее ли исто така за
    сите?” Ова е доволен
    мотив за да размислиме малку подлабоко и да излеземе малку пошироко од
    репресивната лажна моралност. Контроверзии ќе се продаваат и тоа на кило. Не си
    дозволувајте да ги купите. Секој има свое битисувачко место под сонцето. Секој,
    што не повредува туѓо право. Сакам парно греење! Зарем премногу барам?
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Нед 15 Ное 2009, 13:31

    Знаете кога, ви текнува да си ги соберете парталите и да се преселите во
    Боцвана? Кога ќе дознаете дека таа е пред Македонија на листата земји што
    мрднале нанапред во економијата. И тука ви паѓа на памет сликата од Гоце Делчев
    и неговиот боемски мустаќ. Добро бе, имаше ли Гоце металик лап топ и графичка
    картичка, имаше ли патики адидас, шмизла во центар и пиеше ли три пати дневно
    кафе на кеј само за да го видат? Не! Значи, должност ви е и вас да останете
    овде. Да се гушиме сите заедно во чадот од плоштадските принцес крофни кои ја
    симболизираат веројатно ,,македонската традиција”. Пауза да си купам една порција. Еве сум. Не се плашете што кога поминувате на улица, ги газите крцкавите грди црви кои направија
    инвазија на Скопје. Плашете се што ќе забележите контејнерци, тротоарки,
    безименковци и останати хомо – сапиенс категории, на работ од голата
    егзистенција. До нив светкаат нови бикови, чистачи на чевли, шмизли, црнкињи,
    мечки... Пак ќе го свртите погледот од нивниот и ќе се утешите дека сепак, имало
    Господ, супер ви е вам... Син ви се запиша на факултет, баш сега кога Малчески
    го сменија. Среќа во несреќа. Доколку сте ,,секоја шеста жена” од оние што ги тепаат по дома, тогаш ви останува
    да го пријавите тоа во дежурните СОС служби. Но, каде да одиме ние другите,
    парализирани во границите, шамарани културолошки, социолошки и ментално? Треба
    ли и понатаму гордо да се бориме со лексилиумчиња и остала легална дрога?
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Нед 15 Ное 2009, 13:35

    СВИЊИТЕ летаат во
    воздухот!


    Ви се случило
    некогаш, за малку да се самоубиете со ПАТЛИЏАНИ? Го молам лекторот да не го
    менува зборов во ,,домати”
    заради убавината на жаргонот.
    Е сега, откако го замолив, да продолжам. Доколку овие патлиџани се составен дел
    од коктелот БЛАДИ МЕРИ, или на македонски преведено, крвавата Мери, веројатно ви се случило. Знаев
    дека еден ден, љубопитната природа, скапо ќе ја платам... Крајно ентузијастички
    нарачувам јас Блади Мери и срцето ми заигрува кога гледам колку убаво изгледа.
    Висока голема чаша, мразулци, црвена боја што потсетува на малини, едноставно
    боемски. За само една минута веќе немав ниту среќен израз на лицето, ниту душа
    во мене. Коктелов мора да е измислен во лабораторија заедно со свинскиот грип,
    па испратен навака да усмртува! Јас би му дала име МОЛОТОВ КОКТЕЛ. Пиеш брат,
    патлиџани со мраз. Сево ова ќе беше барем двојно поприфатливо, ако не му ставаа
    и лути пиперки. Да имав пица до мене, комбинацијава ќе беше совршен сос. Сфатив
    веднаш , јас сум само едно капиталистичко МАГАРЕ кое го воспитуваат со
    маркетиншки камшици, пошто искрено, го имав видено коктелов на еден филм а пред
    тоа и во спот за песна, па си велам ај ќе го пробам. Без реклама, нема кој да
    те зезне. Така гледам пред некој ден билборд ,,Од цигари умреле повеќе луѓе
    отколку од атомски бомби”. Епа зошто не го затворите тутунскиот
    комбинат и не го продадете во Хирошима,
    а со парите изградете на пример, фабрика за шпагети. Туку не, така ќе се намали
    буџетот од казни и од производство, а амплитудата на шверцот ќе се искачи до СОЛУНСКА
    ГЛАВА. Кога немаме скара за чадење, си чадиме тутун. И онака оваа нација е
    апсолутно вегетаријанска. И повремено, под влијание на Ханибал Лектор од филмот
    ,,Кога јагнињата ќе стивнат”, се преобразуваме и
    во сериски убијци. Профилот на актуелниот убиец што не е се` уште најден од
    страна на полицијата е следниов: Импулсивен и
    ексцентричен, без мотив, непредвидлив кога, каде и кого ќе убие. Ја знаете
    сигурно изјавата - Плачев зашто немам
    чевли, се дури не запознав човек што нема нозе. Е така, седете си дома и тешете
    се дека имате нозе, т.е во конкретниов случај што сте живи додека по
    криминалецот се трага со месеци. Додека го пишувам ова, имаат осомничен, што е
    секако, најголемото достигнување. Можете и да емигрирате безвизно во некоја од
    земјите од шенген – зоната, каде СЕРИЈСКИТЕ УБИЈЦИ ги приведуваат за пократко
    време отколку кај нас. Се` за безбедноста. Знаете, не знам дали сте биле ноќно
    време во болница. Нема никој буден. Од соба во соба, испозаспани лекари. Не би
    ме зачудило да сонуваат да им стигне лекот за СВИНСКИОТ ГРИП. Значи стандардна
    процедура во болниците ноќно време: Саат време бараш
    доктор. Кога ќе го најдеш го будиш. Ова може и да потрае. Кога најпосле ќе се
    разбуди те опсипува со изнервиран глас и прашања од видот – Сега ли најде да те
    боли нешто? Што не дојде завчера денски, кога бевме тројца колеги на смена? Ко
    да си сакал да те заболи нешто... Се прашувам, дали и мене би ме плаќала
    државата за да спијам ноќно време на работа? Нели се полагаа едно време,
    хипократови заклетви, изјави, ветувања... Лекарите не би требало да имаат
    работно време. Тие се постојано во служба на хуманоста и спасувањето.
    Македонските, т.е. скопските, не издржуваат ни 8 часа. Ноќ им било. Време за
    спиење. Заспано е се`, од таксисти до касиерки. И ДРЖАВНИОТ ВРВ спие, има време
    до декември. Веќе не е ни интересно да се слушаат изјави во кои ни велат дека ПРОБЛЕМОТ
    СО ИМЕТО е еден сложен спор за чие решавање треба волја од двете страни и дека
    се стремиме кон еден разумен компромис. Реченицава една те иста, веќе наназад
    неколку месеци ми ѕвони и можам да ја кажам наизуст кога ќе ме разбудат, пред
    да легнам, дури и кога пеглам. Не бре, некој нема храброст да истапи, да
    објасни, да обелодени што тоа ние можеме, а што не можеме, за што тоа ние
    преговараме, а за што не преговараме. За повеќето експерти, името немало врска
    со македонскиот идентитет и јазик. Ако е така, тогаш со што има врска? Каде се
    запнувањата во процесот на преговарањето? Аман веќе со тој бирократски речник
    од кој дури и на самите политичари им се гади, каде многу нешта се изговараат а
    ништо не се кажува. Порано мислев дека основното училиште е рајот за детските
    невини убавини. Денес може да биде се` и сешто. Да, зборувам за инцидентот што
    се случи во основното учичиште Партение Зографски. Таму група студенти, пардон, идни доктори на науки по физичко
    воспитување, педофилски малтретирале група второоделенци. Муабетот е, има
    истрага моментално во која се открива кој лаже. Повторувам, да, се бараат ЛАЖГОВЦИ
    меѓу осум годишни деца, што тврдат дека практикантите ги терале меѓусебно да се
    ,,вежбаат” на полето на сексуалното допирање.
    Очекувам секој студент кој ќе се открие дека се изживувал и ги остварувал
    своите болни фантазии со малите деца, да биде трајно онеспособен да држи
    настава било каде и да одговара пред законот. Да, оној закон каде максималната
    казна за ПЕДОФИЛИЈА е 15 години. Освен во случаите каде ќе се предизвикаат
    трајни физички последици по животот, па казната расте. Да бидеме реални, не
    расте како свинскиот грип, но и двата феномени се третираат со подеднаква
    несериозност. Демек, мијте раце, не се допирајте за лице и јадете ОВОШЈЕ. Ало,
    свински грип е ова, не запознавање на природата и општеството. Ако беше
    потребен свински грип, за да почнеме раце да миеме, баш сте фини, што да ви
    кажам. Но не е се во третирањето од здравствените институции. Има нешто и во општините и директорите. Која
    здрава и паметна глава, носи група
    средношколци на екскурзија во земја во која е прогласена ПАНДЕМИЈА? Нормално,
    од таму се вратија 12 заболени по што паниката веќе може да се поклони и да
    почне. Мене ова ми смрди на директорско профитерство. Ситна душа што сака да
    дрпне паричка. Апсолутна контрадикција се многу работи што се случуваат. Да
    речеме, ДЕНОТ НА ДРВОТО. Истите оние што градов го направија асфалтна долина,
    еднаш годишно организираат ден на искупувањето, за останатите 364, под мотото
    Засади ја својата иднина, да имаме ние што да кастриме после. А знаете, баш
    онде кај ВЛАДА, автобуските постојки се руинирани, па порано док имаше дрва
    можеше човек да не накисне ко глушец, колку – толку. СЕГА Владава не штити нас
    автобусџиите од громови, пошто кога врнело не се стоело под дрво, така велат.
    Бреј грижливост... Затоа ги исекоа. Тажното е што ГЕМИЏИИТЕ умреа, инаку сега
    сто посто нешто ќе чадеше во воздух па ќе се свртеше вниманието на домашната
    јавност, пошто светската веќе доволно внимание ни посветува. Знаете дека
    Александар Флеминг го откри пеницилинот од мувлата што повеќе пати ја фрлаше од
    неговата лабораторија. По оваа аналогија, ние треба сите да загњуриме во ВАРДАР,
    најпрво со елиминација на шишињата и белата техника што може да ни попречи и да
    бараме скриено богатство или некаков лек. Рекава скоро има ист изглед ко мувла.
    Добро, малце потемна боја, али материјалот е тој. Со години наназад, само
    мостовите никнуваат, а она што плива под нив се различни видови чевли, пластика
    обработена во солиден мебел, БЕЛА ТЕХНИКА и боја смарагдно зелена помешана со
    црно. Покрај кеј во воздухот лебди и поделеноста која ја создава камениот мост.
    Поделеност на македонските и албанските населби што во последно време се
    трудиме да ја минимизираме навидум со градење на нов мост, со промовирање на СТАРА
    СКОПСКА ЧАРШИЈА и слични бучкуруш тракатанци. Не помага ништо, кога во
    мозочниот код нема промени. Како да се повлекуваме од БИТ ПАЗАР, тоа толку
    животно место на дваесеттиот век, лулка на соживотот и разбирањето, совршено
    место за мешање на културите и традициите... И не, не ни е БЛАЖЕ РИСТЕВСКИ крив
    што не сме пораснати национално, па се плашиме некој да не не` преземе. Наградно
    прашање: По што е познат манастирот св.
    Пантелејмон? Поима немате? Знам. Немав ни јас. Но сфатив дека културата и
    етничноста, имаат врска со сознанијата и интересот за нашето богатство. БОГАТСТВО
    со кое се удираме во гради, а за кое всушност ништо не знаеме. Тогаш почнав да
    посетувам и да истражувам од општа култура. Свети Пантелејмон е изграден од
    Византијците. Нивната уметничка рака ги претставувала фреските круто, со остри
    црти и пластично. За прв пат во Пантелејмон е нацртана БОГОРОДИЦА како плаче,
    со сета емотивна лавина на авторите. Не оти ова сознание ќе ве направи
    милионери или ќе ве одврати од идејата да си купите ЖОЛТ ПЕЧАТ во сабота. Но,
    мислам дека можеби ќе ве поттикне да ја истражувате сопствената фактографија,
    за да не ја засени ниту едно име или РЕФЕРЕНЦА. Ако знаеш кој си, ништо не ти
    можат.





    Технологијата е мајка на постоењето


    Тешко е да се има
    убав ракопис кога живееш на копче. Ако земам да бројам колку пати дневно стискам
    копче за да егзистирам, на крај ќе излезе дека ,,на почетокот беше копче и
    копче беше во сите”. Статистички и теоретски, луѓето го
    штедат своето време и нозете на поштарот. Во пракса, затапуваат. Не сакам да
    дојде време во кое за третиот роденден на син ми ќе треба да му купам робот за
    да не му се смеат другарчињата. Од друга страна пак, интернетот не направи
    никаква демократска револуција како што се најавуваше во неговиот зачеток. И
    понатаму картата на светот ја кројат истите луѓе, не се намали бројот на
    меѓународни конфликти и економски кризи. Демократијата не може да се мери во
    пиксели. За џабе не залажуваат дека кога седиме пред мониторите правиме некоја
    интернет галаксија, кога всушност, пасивно набљудуваме. Општеството е овде
    надвор, просторно и временски раздалечено од сферата на рам меморијата. Зарем е
    праведно, некој да владее па макар и на мониторот, само затоа што може да си го
    приушти? Што станува со третиот свет, каде водата за пиење е луксуз, додека ние
    овде инсталираме камен во бубрегот купувајќи флаширана? Зарем тие можат да
    зборуваат за демократија? Демократијата е овде, во мојот и твојот двор. Да си
    ги уредиме прво нив, па да ги ставиме резултатите на интернет за светот да ги
    види. Само од пред монитор, ништо...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Пон 16 Ное 2009, 11:18

    Уф, треба подготовка за реплика на напишаното.
    Изгледа Падре си најде женски пандан во неделно коментирање (без никакво алудирање кон, инаку, дискриминаторната поделба на машки и женски кадарности за било што)
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Пон 16 Ное 2009, 21:02

    Фала мај френд, дал ти бог добро! ( во стилот на Priest ). Ова се мои веќе објавувани колумни во еден политички неделник, па ако некој од вас ги начека некаде, да знаете дека не сум ги препишала, јас сум тоа . Еднаш неделно ќе ги пренесувам колумните овде (бидејќи еднаш неделно и ги правам). И Оче, многу добро резонира.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Сре 25 Ное 2009, 20:17

    Со секој купен
    грип, СВИЊА гратис!


    Некој пати од
    комплекс на пониска вредност, друг од комплекс на повишена телесна тежина, а
    само ние патиме од КОМПЛЕКС НА ИМЕ. Да бидам попрецизна, кога се работи за
    персонални имиња,некој дури и му се лути на кумот за пропустот во креативноста.
    Од друга страна, кога имаш ИМЕ на држава, сите ти се криви.Си залепив шамар по
    чело, онака како што им лепиме банкноти на хармоникашите на свадби, кога го
    слушнав САМОИЛ МАЛЧЕСКИ на Пирамида: Химната на нашата земја е ,,Денес над Република Македонија се раѓа”. Демек поголем Македонец си, ако додадеш Република, дури и во насловот на
    химната, кај што овој збор не постоел, деветнаесет години. Слично нему,
    претседателот ИВАНОВ, го ,,брани” македонскиот јазик а
    каде најчесто, ако не во неговите говори. Не знам дали вас ве иритира,
    акцентирањето на четвртиот слог од крајот на зборот, ама мене ме погодува
    центрифугално во левата хемисфера и ми ги уништува церебралните виуги. Почнувајќи
    од неговата ИНАУГУРАЦИЈА, каде во петминутниот говор, направи околу сто
    акцентски ГРЕШКИ, па до ден денешен, не се појави некој да му укаже дека како
    претставник на нашата држава, треба да покаже солидно, ако не и експертско
    познавање на ЈАЗИКОТ за кој во меѓународноста се залага. Парламентот е ризница
    на ,,умотворби” на која и МАРКО ЦЕПЕНКОВ би и` позавидел.
    Дури и АМДИ кажа, дека РОМИТЕ биле дел од Александровата чета, оделе со него,
    се бореле и биле староседелци на Балканот. Денес, наследниците на истите тие
    Роми, или можеби некои други, (лозинка – никогаш не се знае кај те носи патот),
    ја издвојуваат својата корка леб покрај градските дигитални семафори, под
    реновираните камени мостови, до нејасно дефинираните пешачки премини и покрај
    бронзените споменици, анатема го ѓаволот што повторно ги споменав... Едно такво
    екс придружниче на Александар, двократно се обиде да ми го конфискува
    паричникот во автобус, додека му донирав ситнеж. Колку пати се случува, покрај
    кејот на Вардар, деца Роми на возраст од 5 -6 години да дуваат лепак со нивните
    фамилии, за да го преживеат денот. АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ, во походите, сигурно
    подобро ги третирал од нашава држава. БОЛНИЦИТЕ им се затворени заради немањето
    сини картони, но и заради никаквата толеранција и однос од докторите. Итен
    случај, 2 часот по полноќ. Таткото се сомневаше дека неговото дете, инаку
    доенче, е болно, што најверојатно и беше. ,,Мрш бе ЦИГАН еден! Оди поработи
    нешто!”. Се згрозив. Се скаменив. Овие зборови
    излегоа од устата на една наша ДОКТОРКА на дежурното одделение во болницата.
    Потоа и вратата тресна. Доенчето остана надвор на студот. Толку и од ХИПОКРАТ и
    од мултиетничноста. Другиот дел од нашата свињосана, пардон, грипосана нација,
    се кошкаше за да добие превентивно ТАМИФЛУ. На телевизија ги напнаа луѓево до толку, што и куќата би ја
    продале и кредит би зеле и кај Мајда под Железничка на баење би отишле, само да
    не ги фатат свињевачките СИМПТОМИ. Па купуваат од тие маските демек за заштита, што ти помагаат
    само да си ги затнеш фацијалните пори, но никако за спречување на патот на
    вирусот.. Така цело Скопје колективно се маскира во ,,хирургија, трето
    одделение шести спрат” и ,,докторосано” си врши работа. Маскиве се едноставно, социјален изедначувач. Од бизнисмен
    во Ауди, до портир на велосипед, сите се со ,,заштита”. Ќе ми простите што ќе ве разочарам, ама МАСКИ какви што барате и какви што
    мислите дека имате, не постојат во земјава. Дури и да постоеја, немаше да се
    продаваат за 5 денари како овие ,,божемскиве” и немаше да згледаат толку проѕирно како хулахопки со подвезици. Дури и да
    живеевме во нормална еманципирана, социјална средина, па дури и во неа да ни ги
    обезбедеа маските, сигурно ќе мораше да ги менуваме на секои два часа, бидејќи,
    за разлика од македонската НЕМАШТИЈА – тие не се вечни. Кога се возите во
    автобус, не мора да ја буткате главата во капутот, бидејќи едноставно – не
    помага!Дури и кога ќе се накашла некој од оваа НЕИСКАШЛАНА нација, не мора да
    одите дури до кај шоферот напред и да го престоите целиот пат од 10 станици. Од
    обичен грип годишно умираат 200 000 луѓе. Од свински 5 000. За џабе паника.
    Поточно – паника за ВАКЦИНСКО ПРОФИТЕРСТВО. Малку да кренат тензија додека да
    стигнат вакцините па сите да се тепаме за нив... Им фали уште една тезга и да
    пишат на неа ,,Грип повелете”. Со секој купен,
    една СВИЊА гратис! Знаете, јас не сум доктор, ама имам дома термометар. Еднаш
    тој термометар ми се скрши и живата од стаклениот дел почна да ми шета по
    паркетот. Се прашувате веројатно каква е поврзаноста меѓу ова и вакцината...
    Епа таа вакцина, што уште е во фаза на пристигнување, исто така содржи ЖИВА што
    ќе ни шета по телата. Ќе ја примам кога деведесет проценти од политичарите ќе
    ме придружуваат. За секој случај. Превентива. Бреј, ко исклучиво грипот да може
    да внесе раздвиженост во нашите досадни стечајни животи. Дај да споменам малку
    за садниците што ќе не ладат и прочистуваат ако даде Господ да пораснат. Убаво
    велам, ДРВА насадени на петок тринаесетти, немаат светла иднина. Заклучокот ми
    се испостави како точен, веќе во саботата. БИТ ПАЗАРЏИИТЕ, баш онака, пазарски,
    се распослале со малите откопани дрвца по тротоарите пред Мавровка. Додека оние
    на власт перат ПАРИ, овие перат дрва. Ова не е кражба, да се разбереме, ова е
    чиста позајмица. После пак ќе ги продадат садниците за некој да си ги засади во
    двор и повторно ќе имаме зелена и чиста непрестапничка иднина со солидно
    одржани алвеоли. Инаку, не знам дали знаете,на градскиот ПЛОШТАД, по повод
    денот на дрвото, се одржа концерт на нашите познати музички ѕвезди. Нормално
    дека не знаете, кога имаше педесет души сосе камерманите и сосе мене. Тука
    фрштат цифри од седум ипол милиони садници, а луѓето од КАМПАЊАТА глумат
    лудило. Мислиш – се наоѓаш во предизборен штаб. Ние ко прво, толку дрва немаме
    се` на се посадено деветнаесет години, а не па за еден ден. Друга работа,
    организатор на таа акција е човек кој се откажа од МАКЕДОНСКО ДРЖАВЈАНСТВО. Не
    дека мене тоа ми пречи туку едноставно ми е нелогично, што некои се удираат во
    гради со својот македонски пасош и македонско државјанство, а за земјава не направиле
    повеќе од тоа што се родиле на територијата на Градска, Државна или некоја
    друга болница. Ако ПЕТОК ТРИНАЕСЕТТИ не
    беше успешен за нашата дрварска заедница, тогаш дефинитивно и` беше добитен на МЕСЕЧИНАТА.
    Вода имаат, да им пораснат дрвата . Апсолутен предизвик ВОДОВОД да го преземе и
    вонземскиот пазар. Не е доволен само тукашниот монопол. Има уште месечарски
    глави за стрижење. Бива ли да се прослави месечевата вода, без Аца Лукас? Дојде
    изведувачот да ги активира потните жлезди кај околната раја. Прашањето е само,
    дали под негово дејство и трезни, луѓево се однесуваат ко пијани? ТУРБОФОЛКОТ
    во принцип е уметност и умешност, а ако не се согласувате со ова, ве молам
    обратете се кај ДРАГАН ВУЧИЌ, тој ќе ве просветли со образложение зошто. Си има
    човекот багаж од многу фолк мигови зад себе. Без разлика на противењето од
    страна на југо носталгичарите, турбото е СРПСКА БОЛЕСТ. Слично како што
    раперите со дваесет килограми злато околу вратот се американски мувлосан
    производ.. Си имам катанец на далечинскиот управувач, а планирам да ставам и
    лајсна за автоматско тепање по дланките, која треба да се активира секој пат
    кога ќе сакам попатно да преминам преку фолкерските ТЕЛЕВИЗИСКИ СТАНИЦИ. Ако
    српскиот мелос, помешан со српскиот јазик, ни се врежани во петочниот пат и
    престој накај биртиите, тогаш вистинско чудо е што бугарскиот не заобиколува.
    Не не` сакаат, не сме биле во ЕУ. Инаку, сличниот степен на квалитет и
    текстуална раздвиженост има и кај нив, само што секако, тоа е подобро завиткано
    во целофан. Запазив една колумна пред многу време, со наслов ,,љуби го ближниот
    свој, ама не претеруј”. Во неа авторката ги опиша целувањата во
    објектите за музика од Лукас - ранг. Состојбата се нема променето. Не знам дали
    под дејство на алкохол, не знам дали под дејство на атмосферски притисок и
    влажност на воздухот, но никој од БИРТИЈАТА не си оди сам. Паѓа или во познати,
    а исто така и во непознати раце. Копчиња
    се кинат, маси пукаат од дози ЖЕСТОКО, а надвор, по излегувањето од биртијата,
    не можат да си ги најдат автомобилите од што не им текнува каде ги паркирале.
    Се` се ова патем, еманципирани, АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ, културни и фини. Не би ги
    препознале навечер, ако сте ги запознале дење. Што заради стајлингот, што
    заради сјајот во очите.





    Р: Еве, не помина месец дена откако ги излупив
    пиперките за лутеница и откако населбава го подготви илегалниот ајвар. Оттогаш,
    ретко има масовни собири. Освен куќниот совет каде баба Паца си ги искажа
    маките за оние ,,џубрињата” од над неа што
    слушале ,,металик” музика до четири наутро . Ако е вака мирно
    кај мене, што ли прават оние во Раскољниково маало? Би рекла дека не мрдаат од
    дома. Ни инкасаторот за вода не го пуштаат до
    бањата да ја провери состојбата на водомерот. Зошто инаку и би го пуштиле? Не
    знам што служба се овие водоводциве, кога немаат никаква легитимација, ниту се
    претставуваат. Само ти доаѓаат на врата и арогантно ти велат да им го покажеш
    вецето за да измереле колку вода си потрошил.
    Со други зборови, работат на Раскољников – принцип. Дали Грујо на Ѓорчевци ќе им изгради споменик
    во вид на секирче? Шегата на страна, Русија ни е крива. Или можеби медиумите,
    тие невоспитани хиподермички шприцови што вбризгуваат идеи во главите на сосема
    социјализираната младина која инаку и нема проблеми. Вистина, ни две ни три,
    туку четири... За се` телевизијата e крива. Социјалните
    служби се ажурни и се справуваат сосема успешно со оние на кои им треба помош.
    Само има мал проблем. Тоа го прават откако личноста на која и треба помош,
    претходно во знак на претставување, ќе искасапи едноцифрена бројка жени која
    се` уште не се знае дали ќе ескалира во двоцифрена. Штом учиш и си првенец на
    генерација, синко, па ти си на коњ! Така и вицотеката ми кажува: Седат наркомани во влез и се фиксаат. Доаѓа
    бабичка и им вели: Што правите бе деца? Еве бабо, се
    фиксаме! Ако ако, само не седете на бетон, ќе настинете...
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 28 Ное 2009, 19:50

    Уживав додека го читав коментарот, морам да признаам. Имаш одлични паралели а и темата на која пишуваш е одлична. Дозата на хумор ја прави целата приказна апсолутно неодолива за читање. Едноставно добро!
    Си знаеш и сама. Продолжи да пишуваш :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Нед 29 Ное 2009, 01:32

    Фала душа мајкина! Ми значат вашите мислења.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Сре 02 Дек 2009, 17:29

    Најнов неделен коментар:






    ПАШТЕТИТЕ отидоа
    на Би – Би – Си!






    Македонија ја
    отстрани петокраката од грбот, за да ја донира на европското знаме при влезот
    во ЕУ. Да бидат тринаесет, баксузни! Да не` запомнат. А ние по арно, не можеме
    да бидеме запаметени. Што има арно бре, тепаме НОВИНАРИ, тепаме „ПЕДЕРИ“,
    тепаме „ШИПТАРИ“, се` тепаме! А со сила, правдина не бидува. Грујовидни писма со двојна - внатрепартиска и надворешна намена циркулираат и го отсликуваат степенот на демократска нетолеранција. ХИТЛЕРИЗАМ. Се` ќе се
    чистело, сите непријатели ќе ги мачкаме и после само рози ќе ни цветаат кога ќе
    ги нема остатоците од транзицијата. Е сега пази: Во „Мојата борба“ на Адолф Хилер, на страница број
    465 пишува: „Нацистичката партија не треба да го
    диригира јавното мислење, туку мора да доминира во него. Не смее да се претвори
    во слуга на народните маси, туку нивни господар“. Ако вклучиме МРТ тогаш, овој цитат без проблем ќе се прилагоди и на ВЛАДАТА.
    Кај живеам јас?


    Актерите од
    театрите не земале плати од поодамна, ама за КАМПАЊИ и спотови, ПАРИ ќе се
    најдат! Да не правиме муабет колку се тие спотови убаво спакувани, направени со
    најпрофесионална екипа, дури ни човек што живее во МАКЕДОНИЈА не може да си ја
    препознае земјата кога ги гледа. Сочни и солени цифри ги красат. Еве во
    последниов, за промоција на виното кое уште од антиката постоело кај нас, се
    употребени 120 000 ЕВРА! Античко вино! За слави кај нас, го земаме на точење. Од
    Рашче ФЕКАЛИИ извираат, септички јами, овие вино ќе продаваат. Да не си
    помислите дека сум против естетиката на спотовите, напротив. Мила ми е
    естетиката, а уште помила ми е прагматиката. Со 120 000 евра, колку што чини
    само последниот спот (да не заборавиме дека покрај него се снимија уште четири
    други), може без проблеми да се наполни цел градски стадион со материјали за
    нови споменици. Уште подобро, може да се потсредат неколку студентски домови,
    да не мора да ни капе дождовина. Понатаму, сосема солидно би можеле да се
    асфалтираат сите ДУПКИ по улиците, што се полнат со вода кога врне и со чија помош несовесните возачи ги
    тушираат пешаците на тротоарите. За секој БЕЗДОМНИК по една ПАШТЕТА. Било што, нешто
    што ќе го почувствуваме на своја кожа, а да не е виртуелен телевизиски спот, би
    свршило работа. Луѓето се палат ко динамит, кога ќе слушнат дека со нив ќе се
    рекламираме на Си – Ен - Ен и Би – Би - Си. Тоа им ја зоврива крвта во вените. А не им текнува дека сите туристи, ако дојдат,
    ќе ги очекуваат убавините прикажани на спотовите, а не ѓубрето во Вардар
    и покрај КОНТЕЈНЕРИТЕ. Да не снимаа промотивни видеа од кои нема ќар, немаше да
    им фалат парите од бранителите. Човек РАКА, нога ќе загуби за земјата, ќе му
    платат за тоа, па после некоја година му ги бараат парите назад. Демек
    загубените делови од телото и претрпениот стрес се регенерираат со текот на
    времето. Непоштовање. Сешто. Владава на крајот по целата бламажа, сепак
    попушти, немало потреба пари да се враќаат, не сме деца сега за пари да се
    расправаме... И додека чекаме Хитлер на телевизија да не просветли како водопад
    во пустина за проблемот со ИМЕТО И ПРЕЗИМЕТО, жителите на Кисела Вода нешто
    друго чекаат. Најпрво се сомневав дека сум дислексична или дека грешно сум
    разбрала, но подоцна се уверив дека сум сосема нормална. Добро сега, сосема...
    Колку што дозволува растењето во пост – Чернобилска држава, де. Жителите на
    Кисела Вода, чекаат општината да им овозможи сопствено ПОГРЕБАЛНО претпријатие.
    Какви луѓе... Ќе почнеме да се закопуваме по населби, интерно што се вели, локал
    патриотски, од што е скапо во БУТЕЛ. Иронично накај смешно беше тоа што
    новинарката во текстот пишала дека „жителите со душа чекаат погребално“. Да не
    знаеш дали да се смееш или да плачеш. Богами побрзо ќе дочекаат одошто јас што
    ќе дочекам термин нова ЛИЧНА КАРТА да си
    извадам. На линиите ме пречекува една автоматска тетка, која сосема ладнокрвно вели
    да се јавам во некое подобро време, кога тие ќе профункционираат. По гласот ја
    познав, мора да е од СЕМЕЈНАТА ЛОЗА на Груевски. Таква смиреност и пластична
    допадливост, веднаш паѓа во уши. Кога се
    работи за телевизискиот етер, веднаш забележливи се шоу програмите кои ја
    разоткриваат човековата ИНТИМА. Со други зборови, створени сме да бидеме ДУШКАЛА
    и љубопитни сме за туѓите пикантерии. Да не прашаат нас, колку сакаме да
    следиме „МОМЕНТ НА ВИСТИНАТА“, а притоа да сме седнати на детектор за лаги, ќе
    се изненадиме од сопствениот одговор. Во четврток навечер, живо пиле не шета по
    улици. Сите накотени пред телевизорите како КОМАРЦИ на канделабра. Не за џабе најмалку СООБРАЌАЈКИ се прават токму
    тој ден. Комшикава ја рока Валери по 23 пат и мислам дека ќе го употребам
    сатарот. Океј, не сум на детектор за лаги, не ме напаѓајте, ова само гласно си
    размислувам. За човековата природа ви раскажував... Шоуво ме научи дека луѓето
    се ВОАЈЕРИ, а згора на тоа и лицемери. Најголемите контроверзии поврзани со
    интимните доживувања и релации, се обелоденуваат токму на овој квиз. Не е дека
    ние измисливме ТОПЛА ВОДА, туку тој се прикажува во светски рамки во сите
    поголеми земји и тоа од поодамна. Ништо
    немаше да биде необично, да не се кренеше толкава фама околу моралноста на
    квизот и заштитата на човековото достоинство, дури се споменуваа и негативните
    последици кои можел да ги предизвика по ДЕТСКОТО ЗДРАВЈЕ. Чисто информативно,
    секојдневно децата се изложени на интелектуален и физички ТЕРОР многу
    посериозен од телевизискиот, но за тоа ретко се дискутира. Едвај се чека некое
    контроверзно шоу, па на него да се изигрува експерт за кредибилитет и СОЦИЈАЛНА
    ГРИЖА. Мислам дека секој има право да ја заштити својата интима, но доколку
    сака, а и за тоа му се даде шанса, нема ништо лошо и да ја претвори во пари.
    Секако, на своја одговорност, претходно запознаен со правилата на игра. Ова
    шоу, ме натера да согледам на каков начин функционира човековата ПСИХОЛОГИЈА.
    Сфатив дека сите имаме до толку изместена призма на битисување, што сме во
    состојба постојано да глумиме, само за да ја заштитиме. Признајте, колку пати
    додека ги гледавте кандидатите како одговараат, се утешивте во себе и си
    честитавте што вие сте „подобар и водите посреќен живот“. Повторно воајерското
    на површина! Го заборавивме она – сите сме луѓе и сите грешиме. Добро, сите
    освен Грујо, он е безгрешен! Го полни буџетот ажурно и доследно. КАЗНИТЕ ни ги
    шмирглаат џебовите, а ЏЕБОВИТЕ ни се дупнати. Дупнати ни се и топките на
    физичко, веќе од пред 10 години не купуваат нови. Затоа се развиваме во нација
    со развиени таленти на слободни теми, но и со спортски дух. И Каспер беше дух,
    ама не тренираше ништо. Толку се вложуваме во себевозљубување, што нашите се
    најдобри само кога ќе победат. Во секој останат случај, судијата е
    хомосексуалец, а жена му работи во БОРДЕЛ. Родителите кријат од пријателите
    дека син им добил кец, бидејќи, знаењето е сила и моќ. Срамота е кец да се
    добие. Кај тоа, туку и ретко кој добива единица, реално земено. Се` се петкаши.
    Барем до четврта средно. Некои и на ФАКУЛТЕТ. Вака мултиталентирани,
    самокритични, амбициозни и партијовидни, се стремиме напред. Кон ЕУ (Европски
    Ургентен). За почеток ќе ни ги отворат границите, чисто формално како што
    Амишите ги пуштаат да испитаат терен по 16тата година. Тој процес оди некако
    вака: Амишите живеат изолирано уште од деца,
    без технолошки напредок и ЗАДОВОЛСТВА. Кога ќе потпораснат, поточно по
    навршувањето на 16тата година, господарите на оваа СЕКТА ги пуштаат да го
    осознаат светот и да пробаат се` што тој им нуди. Слободни се да прават се што
    ќе посакаат и доколку пројават желба, да се вратат дома. Парадоксот е, што 80
    проценти од нив и се враќаат! Како се вели – Дај ми дете да го изгледам до
    пубертетот, па ќе ти го вратам, промени го ако си фраер. Такви ќе бидеме и ние.
    Растени овде во овој херметички бездушен простор, израснати во НЕКВАЛИТЕТНИ КАДРИ што едвај чекаат да „ги
    бутнат“ напред. Кога ќе излеземе надвор во Европа (под услов некако магично да
    најдеме пари за тоа задоволство), нема да може да функционираме во толкави
    средени благодети и КУЛТУРА, па ќе се вратиме пак на старото. Бек ту д
    примитивз. А толкави радости за ВИЗИВЕ... Ич да не е, ич да не е, бар си мислиш
    ќе одиш летно време ќе пормбаш малку на брод, па ќе се вратиш. Ама не оди се
    така глатко и „на диво“. Повеќе и` се радувам на новава година што се ближи
    искрено, барем ќе има дружба и весеље! Бар на тој ден нема да слушам некој како
    дискутира за македонските КОРЕНИ, додека во меѓувреме нема кеш да касне ништо повеќе
    од корења. За ПРАЗНИЦИ се е празнично! Освен скромниот плоштадски ОГНОМЕТ. Да
    не се арчиме по многу...








    Р: Да му кажеш на некој странец, дека во Македонија
    има 21 национална телевизија за 2 милиони народ, ќе си помисли дека сме лулка
    на демократијата и плурализмот. Не сме ни клацкалка, мајке ми! Новинарите од
    телевизиите, кои често прават ексцентрични, забавни и по малку необични емисии,
    во последно време се боксерски вреќи. Доволно е некому, само да му текне да
    млати новинар, за тоа да помине неказнето.
    Кај и да се свртам, новинарите се криви. Па кај што биле криви, уште и зелки
    зелени биле, необјективни, платеници, на времето дури и за ЦИА работеле... Се
    прашувам дали новинарите имаат вмешано прсти во стапнувањето на Месечината,
    пошто имаат небесни размери на дејство! Демек, малку им е притисокот под кој
    секојдневно функционираат за да обезбедат информација, па уште и сто стапа по
    теме им требаат. За превоспитување. Епа воспитувачи, топло ви ја препорачувам
    Армијата на Македонија, како право место за вас. Таму, во војска ќе можете да
    го покажете сопствениот снажен патриотизам на дело, за што ќе бидете и дебело
    платени. Бидејќи вистинскиот маж, никогаш не удира „педер“, никогаш не удира
    жена и никогаш не удира новинар, а вие најмногу се вежбате на овие групи луѓе,
    можно е во Армијата да се соочите со малку покорпулентни сили што ќе ви бидат
    на ниво. Бидејќи, лесно е да тепаш, дојди преземи одговорност, да те видам. На
    пример и јас, кога поминувам покрај излог од каде ми „светкаат“ штиклите кои не
    можам да си ги дозволам, ја вртам главата на другата страна. Не земам камен за
    да го „срендам“ стаклото.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Чет 03 Дек 2009, 13:40

    Еден од најдобрите неделни коментари што ги прочитале моите очи и го заскокоткале моево мозоче. Садистички си се смешкав и од време-на време се трескав од тастатура на симпатичните досетки за нашево државиче шо функционира по принципо „тепанио-тепан, е*анио-е*ан“ .

    Гајба пиво за Новинарката
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Нед 06 Дек 2009, 17:06

    Абортус во 100
    чекори!





    Имам впечаток дека во последно време, најголемата граѓанска револуција кај
    нас, е давањето ,,бел” или ,, црн бумбар”, во период кога државниот грб има ишијас. Небаре се работи за лековита
    бања, а не партиска емисија, секојдневно има аџилак-редица на телефоните за да
    се избере емотивниот настан на денот. Тој подоцна се патентира, се става во
    убава кутија и им се сервира на Европските институции. Во целокупната
    предложена флора и фауна, која треба да се најде на местото на петокраката, го
    предлагам избеганиот слон од циркусот. Аргумент – тој е уникатен примерок! Немаме друг ни во зоолошка. Жива среќа што избега,
    па видовме слон без пари. Додека Владата ја преабортира земјава во 100 чекори (
    превод на кампањски сленг – преродува), некои Македонки користат кока кола и
    сода бикарбона како контрацепциско средство. А сексуално образование во училиштата, сеуште
    нема. По следот на нештата, ни учебници нема, а беше ветено олеснување на
    буџетот за основците и средношколците. Од тогаш се поминати месец и половина, а
    ретко кој од стручните училишта зел книги. Кажано им е, да си ги купат,
    фотокопираат или родат. Ме интересира, каде е сега министерот за образование,
    да се фотографира и да дава изјави? Можеби ќе го видиме на квизот ,,Момент на
    вистината”, па кога ќе му се падне прашањето за
    учебниците, некој ќе го стисне црвеното копче. Се чини, знаењето не било ни
    сила, ни моќ, туку ноќ и полн паричник. Ај да се вратам на кока колата и сода
    бикарбоната. Не планирам да давам гинеколошко - акушерски прегледи, но сакам да
    им кажам на колешките од мојот пол дека како што жолтата е бојата на сонцето,
    така кондомот е заштита од бременост. И ниту едно агрикултурно или средство за
    белеење на забите, нема да ве заштити од полово преносливите болести. Значи не
    пробувајте со остатокот од ланската туршија ниту со средството за чистење
    кондури. Нешто ми смрди на свежо соблечени патики. И почнува на буквата Е. Иако
    ја нема ни за лек, секаде е присутна. Наместо приватна проекција, требаше да
    биде државен споменик на сите науки. Излезе - Македонците ги научија имињата на
    академиците во МАНУ. Не чини, во една
    мултиетничка земја, истории да се газат, знамиња да се палат, светци да се
    преземаат... Имаше еден за мене тажен момент, кога на протестите во Тетово
    Албански студенти носеа парола ,, Јован Бигорски е Албанец”. Христијански светци стануваат етнички припадници?
    Некој си лапнал јака паричка, додека ние
    ,,очи си вадиме” кој од кога дошол, зошто дошол и до кога
    ќе остане. Мислам дека во Македонија има јака и непродуктивна симбиоза меѓу
    социјализмот и демократијата. Ми се чини дека сега, откако Албанија побара да
    ги земе посмртните останки на Мајка Тереза, политичарите ќе паднат во несвест.
    А да ги поделиме, што викате? Осумнаесет
    милиони евра потрошивме за јакнење на националната свест во медиумите. Затоа
    нашиот радиодифузен сервис денес е само владин сервис, рекламен блогерај за
    читање соопштенија. Таму портокаловата боја е издигната на ниво на тотем, а
    еден суицидален нерадиофоничен глас, кој седум месеци нема земено плата, ни
    вели дека дипломите не се купуваат и дека библиотеката е збогатена со
    педесетина изданија што нема да ги чита ни тетка ми. Кога го споредувам нашиот
    со Европските јавни сервиси, сфаќам дека демократијата во Македонија е како
    риба без точак. Не може да зачекори, а камоли да вози напред. Ако нешто со
    гаранција успева кај нас на телевизија, тоа е Боки дванаесет плус еден. Никој
    не признава дека го слуша, а сите му биле на концерт. Јас пред една недела
    сентиментално го доживеав текстот на неговата нумера ,,Отвори се”. Солзи ми надојдоа. Во случај да не знаете, таму Боки сака да му
    купам, јас или било кој, вистински Луи Витон. Би му купила јас, не велам не,
    кога не би живееле во земја со 40 % невработено население и просечна плата од
    двесте евра. Парите не се проблем, пари нема. Ама сите возат по два автомобила
    на лизинг. Добро, не баш сите. Останатите си ги маваме главите од новите
    пластични држачи во автобусите на ЈСП.
    Се` уште нископодни како моите балетанки. Така среќавам една пријателка
    во автобус и ја прашувам како и` оди на факултет. Да, државен факултет. Додека
    имале предавање во амфитеатарот, некој од студентите се пожалил дека професорот
    многу брза со пишувањето, на што тој одговорил ,,Можам јас и побрзо”. И така јас сфатив уште еднаш, дека знаењето не е
    ни сила ни моќ, туку права лотарија. Кога сме кај игрите на среќа, морам да ја
    потенцирам Софи, мојата икона, која јадејќи чистоцветен сончоглед, ви гата на
    гравчиња. На тој начин, секој од вас со праќање порака, може да дознае кога ќе
    стапи во брак. Последниот пат, кога ја ,,фатив” нејзината емисија, на сите им рече дека ќе прават свадба во 2011 година.
    Официјално, ја прогласувам 2011 за најсреќна и најбериќетна година во нашата
    историја! Аирлија! Нема толку ресторани колку што има идни брачни парови под
    капата на Софи. Револуционерната баење може да се однесува на разни сегменти од
    вашиот живот. Да речеме, Софи може да ви каже каде ќе работите, живеете, колку
    деца ќе имате... Не знам дали може да предвиди кој број ви е градникот според
    операторот од кој ја праќате пораката.


    Неделата на детето заврши. Една, ко ниедна, а останатите се посветени на
    возрасните и нивните штрајкувачки потенцијал. Претседателот на државата Георге
    Иванов, прими триесетина деца во својата резиденција и поразговара со нив за
    ,,Златно славејче”, ,,Фолкфест”, градот на калинките, фудбалските клубови... Кога го прашав дали државниот
    апарат планира да ги радикализира мерките против педофилијата, тој ми одговори
    дека тие се веќе тргнати од листата за
    помилување. Прогрес! Се знае кој може да биде помилуван – најмногу Спаска
    Митрова, но никако педофилите. Почитувам.. Ама очекував да каже дека ќе ги
    зголемат казните како што го направија тоа со загадувачите на животната
    средина. Правец од резиденција, тргам на кафе во центар. Тука по кој знае кој
    пат се борам со сообраќајната култура на
    Македонецот: Сигурно ќе те згази на пешачки. Ако не тебе, тогаш некое куче. Градбите
    овде па и во периферните населби, варираат од банту црнец - колиби, до палати. Да
    се рушеа до сега сите дивоградби, Скопје ќе беше сто два кома три посто невидливо. Но, видливо е, а од се`
    ,,највидливи” се ненаправените фасади. Законите ги
    приморуваат луѓето да ги фасадираат своите и онака скудни живеалишта, или во
    спротивно ќе платат со една хистерична сума од 100 до 9 000 евра, зависно од
    рокот во кој ќе завршат. Се прашувам, кој што има пари, не би го уредил своето
    живеалиште? Дали моќта на политиката може да допира дури до приватната
    сопственост на граѓаните? Друга работа, не ми е јасно зошто во лето е дозволено
    продавање алкохол до едно, а во зима до друго време. Можеби некое истражување
    на Владата покажало дека во зима капацитетот на бубрезите се намалува до 19, а
    во лето до 21 часот? Не сфаќам. Важно, се грижиме за здравјето на децата. Ќе
    пијат флуоризирано млеко. Бидејќи го нема во продажба, ќе мора сите да тргнат
    во градинка за да имаат здрави заби. Која небулоза... Тврдат дека флуорот не е
    опасен, а од друга страна не го продаваат млекото во регуларните продавници.
    Зошто? Многу дилеми висат над мојата транзициска глава. Во Македонија, младите
    не се почестиле одамна со пораскошна изведба од онаа на Аца Лукас. Стигна наплив на реални шоуа каде
    е од суштествено значење кој со кого разменил плунка, чија сестра е негова
    мајка и дали маќеата на другар му, има хронична дископатија. Тешко е да си
    глупав, ако има голема конкуренција. А
    овде бачко, глупост се точи од цистерни. Ние важно, трева ќе џвакаме, ама
    културна преобразба не сакаме. Крсте Петков Мисирков гарантирано се превртува
    во гроб.


    Среќа, пред три недели го
    исфилтрирав мозокот со еден театарски настап на Circo Europia во Младинскиот Културен Центар. Се работи за
    драмско – вокална претстава каде на културен начин беше изразен револтот кон
    општествените стеги и синџири. Би сакала да ги поздравам мајка ми, татко ми,
    дедо ми, брат ми, дечко ми, другарка ми и мојата мачка Марко. Јас сум Мирослава
    Симоновска и гласам со небесно зелен бумбар за третиот предлог! Ау, нема предлози? Изгледа ме исклучија од
    програма... Тиит.. тиит.. тиит...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 08 Дек 2009, 12:27

    Memorable quotes

    Новинарка напиша:
    Имам впечаток дека во последно време, најголемата граѓанска револуција кај
    нас, е давањето ,,бел” или ,, црн бумбар”, во период кога државниот грб има ишијас
    .

    ***
    Додека Владата ја преабортира земјава во 100 чекори (
    превод на кампањски сленг – преродува), некои Македонки користат кока кола и
    сода бикарбона како контрацепциско средство.
    ***
    Нешто ми смрди на свежо соблечени патики.

    ***
    Таму портокаловата боја е издигната на ниво на тотем, а
    еден суицидален нерадиофоничен глас, кој седум месеци нема земено плата, ни
    вели дека дипломите не се купуваат и дека библиотеката е збогатена со
    педесетина изданија што нема да ги чита ни тетка ми. Кога го споредувам нашиот
    со Европските јавни сервиси, сфаќам дека демократијата во Македонија е како
    риба без точак
    .

    ***

    Не знам дали може да предвиди кој број ви е градникот според
    операторот од кој ја праќате пораката
    .

    ***

    Друга работа, не ми е јасно зошто во лето е дозволено
    продавање алкохол до едно, а во зима до друго време. Можеби некое истражување
    на Владата покажало дека во зима капацитетот на бубрезите се намалува до 19, а
    во лето до 21 часот?



    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Вто 08 Дек 2009, 12:47

    Во стил на другар ми...„Поштуем!!!“.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Сре 09 Дек 2009, 00:24

    Фала што ме поштуете, држ нова! :)







    ГОЛЕМИОТ БРАТ -
    помалата сестра





    Роди ме мајко ПРЕМИЕР,
    па фрли ме на буниште. Од буниште до ПРЕСПА, можам и пешки. Така грујовидно, пополека,
    си течат преговорите со Грција. Времето си врви, СТРАТЕГИЈА нема, а дури и ако
    ја има, не е транспарентна. Седми декември ене го каде е, а ние исто, еве не
    каде сме... По дома. Со дебели волнени антички чорапи и шолји ЧАЈ. Озрачени од катодните
    цевки, хипнотизирани од магичната моќ на премиерот и неговата слаткоречивост.
    Од благоста негова, „Европа“ може нов вид ЧОКОЛАДИ да направи. На фабриката
    мислам, да се разбереме. Вистинската контингентна Европа, не
    верувам да патентира производ со толку променлив квалитет каков што е ГРУЈО. Како би требало да реагира еден просечен
    граѓанин, чија единствена дневна лектира е можеби дневниот печат, кога ќе
    прочита внатре ваква реченица: „Мислам дека што
    почесто се среќаваме, што почесто имаме средби со ПАПАНДРЕУ, ќе биде подобро и
    така се поголеми шансите да се дојде до решение“. Премиерот како да зборува за
    некоја туѓа средба, за бајка што му ја прераскажале како малечок. Со месеци
    само демагошки зборовни групации. Јас не знам зошто воопшто ова НОВИНАРИВЕ одат
    да земаат изјави од Груевски кога веќе однапред се знае што ќе каже. Предлагам
    новинските куќи да ја пронајдат лентата од диктафонот од пред еден квартал и да
    ја пуштаат се додека проблемов со имево конечно не се реши. Во контекст на
    премиеровата слава, мора да се посочи дека по Ти – Хоум, ВЛАДАТА е втора на
    списокот за рекламирање. Уште, до ден денес се сеќавам на бедното соопштение во
    кое СОБРАНИЕТО се пофали дека поставило апаратура со која ќе можат во него да
    влегуваат лицата со инвалидитет. Од тоа ли треба да се прави шоу и публицитет? Неделава
    пак, премиерот реши да го одврзе ќесето и да ги почести пензионерите со седумдневно
    БАЊАЊЕ. Знам зошто се сети на нив. Затоа што и самиот влегува во пензионерската
    шема, особено кога ќе се земе в предвид неажурното негово легачење во
    преговорите за името. Пославни од Грујо
    се само КИКИ и ВИКИ, близначките што се вивнаа во височините на славата заради
    реалното шоу ГОЛЕМИОТ БРАТ. Каде ли е сестра му и дали е и таа големка, се` уште
    не се знае. Не ме сфаќајте погрешно, ама и оние близначкине во Њујорк беа
    високи, па пред некоја година... се спуштија доле. К – 15 на времето рекоа дека
    во македонскиот јазик постојат четири рода : машки, женски, среден род и ИЗРОД. Кога ќе пуштам телевизија, веќе ми е
    појасно на што мислеле со последниов. Смешни ИДОЛИ и виртуелни борци живеат во
    нашите телевизори, во нашите животи и ни продаваат пуфки за БУБРЕЗИ. Под
    влијание на една телевизиска емисија, не можам а да не се согласам дека
    медиумскиот простор ни е узурпиран од српски тотален НЕВКУС, пред кој го
    постиламе црвениот тепих. Изгледа сите заедно ја скиселивме туршијата, посебно
    со невниманието и нестручноста. Многу е полесно на пример, да се запамети
    некоја кич нумера со басовиден РИТАМ, отколку вистинска уметничка креација. За
    уметноста треба развиено уво, а не површно и комерцијално обработен МЕНТАЛИТЕТ.
    Со штит и копје, како четврт – АНТИЧКА потомка со месо, би се борела против
    секоја скршена чаша на српска турбо – нумера. Чудна работа, кога ќе влезат во
    затната и петочна просторија, збогатена со психосоматски супстанци, истите
    младичи кои не оделе на школо цела недела, забораваат на СВИНСКИОТ ГРИП. За
    викенд едноставно, грипот престанува да постои. Или пак, можеби му се молат на
    Бога да не го закачат и да им прости во име на следната ЧАШКА. Кога сме кај Господ, владава се прокламира
    себеси како цврста ХРИСТИЈАНСКА структура пред која и боговите молчат. Ако е
    така, тогаш зошто не направи барем една емисија од која религијата ќе биде
    составен сегмент, а дури потоа да форсира ВЕРОНАУКА во училиштата? Наместо тоа,
    лустерот ми се тресе меланхолично и право пропорционално со задникот на новата
    „ѕвезда“ од етерот. Мора ли, сите да бидат ЅВЕЗДИ? Има ли обични луѓе во оваа
    држава, постои ли некој што не направил нешто „ѕвездено“ и останал приземјен? Туку,
    нема кој да се рекламира. Нема кој да фрла мрежест Бетмен – превез врз нашите
    очи, дека живееме АРНО, убо и за многу години... Си уживаме покрај толку многу
    инвестиции, еве фабрика на секој ќош, а и секој „фатен“ натпревар на спортска
    мора да се прослави со илегална пиротехничка ПЕТАРДА. Секоја ненадејна инспекциска
    контрола на граници и патарини, мора да вроди со плод, па така минимум 95 посто
    од вработените што се проверуваат, се фаќаат врз ШУШКИТЕ како глувци на сирење.
    КОРУПЦИЈА, мито и Хаџивасилев Јасмин. Ни прогрес во ВИЗИИТЕ, ни бутур. Шуќур
    ќути, го отворија последното прашање на Милионер, инаку ќе се посомневав дека
    комисијата на квизот воопшто и составува 15 прашања беспотребно. Инаку, мора да
    се признае дека ми дојде душичката на место. Имало капацитети и тоа од оние
    темелните, се` уште. Алал нека му се парите на човеков. Ко што кажа, за ПАТИКИ
    му биле, пошто многу пешачел. Еве сега ќе има цела колекција. Скромноста
    секогаш е добар избор. Освен тогаш кога не е. Еве конкретен пример што ќе го
    поткрепам со цитат од Марк Хана: „Има две работи, важни во ПОЛИТИКАТА. Првата се ПАРИТЕ и не можам да се
    сетам која е втората“. Мора да му симнам капа и капуљача ако треба за
    досетливоста. Скромноста ќе попричека. И преговорите исто. Мани тоа, види ги празнолетнициве: со антички идеали и антички пуканки, секој ден
    бетонирани пред диодата чекаат да влезат во виртуелниот прозорец низ кој зјапаат
    реални шоуа. Па таму тепање, пцуење, врискање, плачење, садење... Домашна некултура!
    Што повеќе СЕКС, толку поголема гледаност. Одете ѕирнете некоја книга бре.
    Барем од излог, убави се. Психолошките прогнози и ставови за нашите
    телевизионерски навики, не се сончеви, ами се со магла дожд и грмежи. Демек ни
    е гајле. Наравоучение: ЌОТЕКОТ е од рајот излезен. Ама не за џабе
    - излезен. Да беше добар, ќе останеше во рајот.





    Последна мајка за МРТ


    Македонската
    радио телевизија, добива последна шанса од граѓаните да заличи на вистинско
    јавно добро. Сметките ни пристигнаа во сандачињата, во гордо обележан коверт со
    логото на националниот сервис. Овде, во новинарството, демократија не ќе има, додека
    партиска структура финансира мегаломанска зграда што случајно или не, се
    погодила да биде јавен медиум. Портокаловата боја треба да доживее вето, во
    спротивно, сите што плаќаат радиодифузна такса треба да се чувствуваат легално
    ограбени. За рекламни спотови и пофални реферати, има еден дел на задните
    страници на секој весник. Се вика ОГЛАСНИК. Топло ви препорачувам додека пцуете поради сумата која
    ни ја накалемија, да се потсетите дека се работи за истата онаа телевизиска
    куќа која ги продуцираше „Бушава Азбука“ и „Македонски народни приказни“. Така
    ќе ви падне полесно плаќањето, не за друго. Штета што овие проекти од образовен
    и забавен карактер се произведени во 1986 година. Јас уште еднаш ќе се залажам
    дека плаќам за нивна реинкарнација на малите екрани. Ќе се залажам и дека
    информативната програма ќе живне. Причината е практична - колку да се поттикнам
    да извадам пари од џебот. Во спротивно, инспекцијата ќе ми ја конфискува
    четката за коса или некој друг предмет од по дома, во вредност од 130 денари.

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:45