Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пон 14 Дек 2009, 16:25

    Царството животинско
    И трнливиот пат на еВОЛуцијата

    И би и светлина и небо, и земја и вода. И животински видови на земјата и на небото и во водата. И би живот од светлината. И животните ја газеа земјата и владееа со неа. И имаше владатели и меѓу животните. Најцврстите, најголемите, крволочните. И владееа со небо, земја и вода. И за нив светлина најголема имаше. И беше царството животинско на Земјата.
    И време поминуваше и животните живееа. И на секој почеток крај му бидува. И на царството животинско дните бројани му беа. И би катастрофа. Небото ги создаде и небото ги зеде владателите меѓу животните.
    И денови минуваа и само снаодливите меѓу животните проживеаа. Владателите меѓу нив, оние најголемите и најѕверските веќе ги нема. И би денот поинаков. Се појави разумниот меѓу единките. И би човек. Господ го создаде човекот зе неколку дена, или човекот го создаде Господа за години неколку. Потреба... И би почетокот

    И завладеа паметниот меѓу дено – утрешните. И живееше прво со нив. И беше заедница на животните и човекот. Денови поминуваа. Времиња се менуваа и прилагодбите на човекот спрема нив. И напредокот не изостана. И се качи човекот на каменот највисок и означи почеток на почетокот. Сега, само небото му беше граница на човекот и крволочноста негова.
    И ко мравки работливи се намножија луѓето. И секоја педа земјина сега човекова беше. И многу животни што пред нив тука беа, веќе сега играчки и средства нивни постанаа, или храна нивна. Се на хоризонтот беше човеково.
    И умот човечки беше за себе си свесен. И секој веќе стана различен од другите. И парче земја секој за себе си гледаше да си земе. „Ова е мое – ова е твое“. А тоа што е твое, нека биде мое. И би омраза за нешто што ничиво е. И настанаа племиња, настанаа држави. Настанаа класи и касти.
    И како животните што имаа големи и главни, и меѓу луѓето имаше силни и паметни, па тие раководеа со другите. И беа водачи.
    И водачите стоеа највисоко над другите и само гледаа. И гледаа сиромаштии и војни. И гледаа глад и болести. И гледаа суши и поплави, студ и жеги. И гледаа болести и чуми. И другите умираа пред нозете нивни. И после смртта беа како животните. И каде таму правдина?

    Ретко мајка јунак раѓа, уште поретко голем меѓу луѓето што ќе ги води. Ама често мајка раѓа мажи војници уште непроодени. Храбри мажи што соништата на тие ретките преку меч ке ги исполнат. И така беа и војни и победи и порази. И би човекова неправда.
    И беше така и Персиско. И Македонско. И Римско царство би така. И Византиско и Турско по него. И по Турското – турско. И се така од ден на ден. И се така циклично и се така ко долап. Денес еден на власт, утре тој за сламка, а трет ќе дели правдина.
    И ден денешен царство постои. И беше денот модерен и луѓето послободни демек беа. И парите беа пријател, ама и непријател човеков. И парите го владееа хоризонтот. И застана човекот на највисоката зграда како првиот што на каменот највисок се качи. И ни небото граница не му беше. И уште човекот владее.
    И како на времето, „Што е е мое, што е твое е мое“. И тој што е највисоко тоа и го посака. Но беше народ многуброен. И беше 6 милијарди до ден денешен. Ни земја ни небо, ни вода ни воздух, ни светлина веќе за сите нема и ќе нема. И тој што е највисоко на тронот ќе пресече и каже, на кого живот му следува. И пак заедница на животните со човекот се ствара. И како порано е се, само дните што подоцнежни испаднале.

    И време помодерно стана, па меч и пушка веќе правдина не дели. И беше животното создадено за делба. И измисли тој на тронот ветрови на смртта. И би кравјо лудило, и би сипаници овчи. И беше грипот птичји и свински. И се појави како мраз на Алјаска новиот, силниот меѓу послабите грипот козји. И би човекот уплашен и заразен. И би човек со нога една в гроб здрав ко дрен. И беше паметот изгубен заради желби нечии.

    И се изнајде начин мравки да се требат, се изнајде начин човекот да го снема. И беше неправдина човечка одново и пак. И животните на тронот се протнаа пак. И болеста нивна се покажа од камен посилна. И се покажа смртта животинска и од вистината почиста. И би човекот еврејски на тронот.
    И ја измисли смртта предвремена. И ја исплаши црната земја. А дали би катастрофа, како што животните владатели пред човека што беа, па ги снема од лицето на планетата Земја?
    И после?

    И на почетокот беше зборот ... (пак)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Вто 22 Дек 2009, 14:28

    Сите КОЦКИ на Коце


    Како предигра на
    руската салата за НОВА ГОДИНА и како запршка на компир манџата во петок, се очекуваше некаков „бисер“ од скопскиот ордоначалник
    во последниов месец. Ордоначалник е, затоа што Скопје е една голема ОРДА, чија
    особена сложност се манифестира во инстантно конфузните организирања.. Имено,
    Коце се реши, да ја врати КОЦКАТА на градскиот плоштад. Што тоа значи? Дека кој
    како дојде, си го зафаќа плоштадот како квадратура од салонот дома, каде без
    проблем ќе си навезе ако треба и гоблен со ликот на Хајлендер на кој ќе треба сите ние да ги бришеме
    чевлите, а на крајот се разбира, и двојно да си платиме. За редизајн.
    Менувањето на калдрмата ќе се случи откако ќе го бетонираме споменикот на АЛЕКСАНДАР
    МАКЕДОНСКИ. Чим ќе го копаат плоштадот за да го наместат Ацета, тогаш нека ги
    наредат и коцките, на еден трошок. Туку не... Има пари. За копање, мора да се
    најдат. Сетики, така било во Париз, од каде Коце си дојде вдахновен со оваа
    идеја. И ве молам, немојте да го праќате во Египет, ќе се врати со пирамиди, СФИНГИ
    и саркофази на плоштад! Замислете го Коце од посета на Венеција... Веднаш, веќе
    следниот ден ќе имаме гондоли во Вардар. Инаку, Скопје само по калдрмата се
    разликува од Париз. И по уникатниот мирис на „нешто што смрди“. Најчесто, тоа
    „нешто“ е запален КОНТЕЈНЕР и гориво од автомобилите, кај и да вдишеш. Најдобра
    заштита е да не дишеш. Убаво викаат, ако не ти функционира едно сетило, тогаш
    другите ти се поразвиени. Така, нам Македонците, како вечни хроничари и
    емотивни тутунари, ни остана варијантата малку да послушаме и да погледаме, ако
    веќе не можеме да дишеме. Сигурно патриотскиот слух, застанат некаде во
    петнаесет за пет во 1963 година, ќе живне со новата Коцева КАМПАЊА за народни
    песни на секој саат. Се работи за часовникот во старата железничка станица,
    застанат во истиот момент на Земјотресот од шеесет и трета. Родоначалникот, во
    својата изборна програма, вети дека ќе го оживее саатот кој сам по себе
    претставува монумент на едно време и споменик сам по себе. Се обложувам дека инспирација
    за ова му се, рекламите за распеаните ЧУЧУЛИГИ и венчиња на телешоп. Да се обидеме да ја замислиме вртоглавата
    треска која ќе не` понесе во занес, тогаш кога за прв пат ќе го слушнеме саатот
    како ни кука пригодни народни траки: сите домаќинки ќе
    запрат со своето мешање во лонците, старите ДЕДОВЦИ во паркот ќе ја игнорираат
    партијата шах, во автобусите децата ќе им стануваат на возрасните за да седнат,
    нема да се убиваат кучињата скитници, сите ќе почнат да донираат во домовите за
    деца без родители, нема да имаме деца со ЛЕУКЕМИЈА за кои државата не дава
    пари, чуварите на стадион ќе ги пуштаат гледачите внатре без притоа да им ги
    украдат сите парфеми и работи што им се допаѓаат... Автоматски, Скопје ќе стане
    центарот на хуманизмот и ренесансата! Потребно ни е СААТСКОТО ПЕЕЊЕ, за да
    излеземе од оваа катаклизма на метеж по улиците и МИНИМАЛЕЦ во дневниците. Народните песни ќе
    ја спасат оваа затруена младина со сепси во вкусот. Нема повеќе да владее
    трансот по нумери во кои експлицитно и отворено се понижува женскиот пол, и во
    кои ДЕВОЈКИТЕ се наречени со имиња кои домашното воспитание не ми налага да ги
    парафразирам. И во кои им порачуваат „да се спуштат доле“. Авторите на овие
    ИНКВИЗИЦИСКИ мисли, претопени во „рапоина“, на спотови играат покрај девојка
    што гестикулира срамотни работи, ажурно и во исто време како што оди текстот во
    кој ја понижуваат. Добро, каде им е умот? Има право еден мој близок пријател
    кога пред некое време ми рече: „ Знаеш Мими, јас го
    обожувам СЛАТКАР. Кога девојките што ги понижува во своите текстови го сакаат,
    тогаш мене не ми останува ништо повеќе одошто да му честитам.“ Имаше право, да
    ми го поживее Господ. Отсекогаш сум сакала да зборувам за „спонтаноста“ и
    сложноста на македонската нација, а еве неделава, имам и повод. Најчесто
    поводот ми произлегува од студентски, но и од ИЧ – СТУДЕНТСКИ ПРОТЕСТИ. Ако
    претседателот на Студентски Парламент организира протести денес, тогаш полни
    автобуси го чекаат пред ЕУ инфо центарот уште од завчера. Спонтаност на ниво.
    Секако, да се напомене, дека во нив нема ниту еден студент. Освен можеби од
    оние „вечните“. На ваквата организација за мирен протест против промената на
    името, може да и` позавиди и менаџмент тимот на ДОНАЛД ТРАМП. Процесот оди
    некако вака: На претседателот на СПУКИМ попознат како
    Медо, му текнува да прави протест во 15 часот напладне. Ги собира младите и
    стари АКТИВИСТИ, пардон, статисти, овааај демонстранти де. Тие телепатски веќе
    го чекаат на местото, се знае тоа дека спонтана нација куќа гради. И пиперки во бавча сади. Остај тоа туку, веќе
    утредента во 10 часот наутро, сите стеснети и не многу весели, извикуваат
    заедно дека „Што ќе ми е бе Европа?“. Ете, знам јас дека народов е среќен и
    задоволен, како не им е срам ви се молам на овие од Европа да им сметаат... Па
    уште и ТЕЛЕВИЗИСКИ ЕКИПИ ќе ги снимале. Кои се тие бе, да им го нарушуваат
    приватниот и интимен портокалов препродбенички
    амбиент? Атмосфера, стандардно и безлично неподнослива... Па на прилог
    даваат анонимно затемнет човек, кој тврди дека шефот од работа ќе го избркал
    ако одбиел да присуствува. Кога организаториве ги молат за коментар, тие се
    оградуваат. Упорно се оградуваат од политичката позадина на ситуацијата, се
    оградуваат од автобусите, се оградуваат од изјавите, до толку се оградуваат што
    мислам дека ЖИВА ОГРАДА ќе израснат од сопствената очајна проѕирност.
    Организација – перам раце. Каде беа овие студенти на светската недела на
    високото образование, кога некои нивни колеги протестираа против високата
    партиципација, против ужасните услови во студентските домови, против
    искористувањето на нивните средства во неблагородни и непрагматични цели? Тогаш
    ги немаше нигде! Како можам да верувам во кредибилитетот на овој протест, кога
    е организиран од лица што не го поддржаа оној во сферата што најмногу ги
    засега, а тоа е студентарскиот секојдневен хаос? Како беше онаа старата...
    Чувај ме мајко од пријателите, од непријателите се чувам сам.


    Р: Фрли еден поглед кон скопскана елка и ќе ја сфатиш античноста твоја... Ќе
    те огрее сонце во портокалова боја. Трчај во завод за сини картони, со нив да
    голташ аптекарски бонбони... Два месеца некој боледува од леукемија во оваа
    држава, пари за лекување не даваат - министерската функција е скржава. Да не
    продолжувам со мојата хаику поезија, ќе се фокусирам на дебатата на која
    присуствував со налов „Еднакви права за сите“. Фактот што има околу 5 000 Роми
    кои живеат без документи како духови, без здравствена заштита како бесмртни,
    без образование како да се родени образовани, говори за потребата да се донесе
    закон против дискриминација. Се насмеав на изјавата на еден новинар, кој кажа
    дека процентот на Роми вработени во јавната администрација е под нула и ме
    потсети на математиката на Амди Бајрам – сто два кома три посто... Но, кога
    поарно си ја чукнав главата, вистина, тие немаат кој да ги


    застапува, а дури
    и да имаат некоја минорна бројка претставници, тие се неажурни освен пред
    избори. Она што ги „боли“ надлежните кои
    го кочат процесот на донесување на законот против дискриминација, мислам дека
    не е состојбата на Ромите, туку правата на хомосексуалците. Треба сите
    маргинализирани групи да се обединат и да дејствуваат со поголем притисок во
    институциите.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 22 Дек 2009, 14:43

    Новинарка напиша:
    Да се обидеме да ја замислиме вртоглавата
    треска која ќе не` понесе во занес, тогаш кога за прв пат ќе го слушнеме саатот
    како ни кука пригодни народни траки: сите домаќинки ќе
    запрат со своето мешање во лонците, старите ДЕДОВЦИ во паркот ќе ја игнорираат
    партијата шах, во автобусите децата ќе им стануваат на возрасните за да седнат,
    нема да се убиваат кучињата скитници, сите ќе почнат да донираат во домовите за
    деца без родители, нема да имаме деца со ЛЕУКЕМИЈА за кои државата не дава
    пари, чуварите на стадион ќе ги пуштаат гледачите внатре без притоа да им ги
    украдат сите парфеми и работи што им се допаѓаат...
    Автоматски, Скопје ќе стане
    центарот на хуманизмот и ренесансата!
    ***
    Нема повеќе да владее
    трансот по нумери во кои експлицитно и отворено се понижува женскиот пол, и во
    кои ДЕВОЈКИТЕ се наречени со имиња кои домашното воспитание не ми налага да ги
    парафразирам
    . И во кои им порачуваат „да се спуштат доле“. Авторите на овие
    ИНКВИЗИЦИСКИ мисли, претопени во „рапоина“, на спотови играат покрај девојка
    што гестикулира срамотни работи, ажурно и во исто време како што оди текстот во
    кој ја понижуваат.

    ***
    Р: Фрли еден поглед кон скопскана елка и ќе ја сфатиш античноста твоја... Ќе
    те огрее сонце во портокалова боја. Трчај во завод за сини картони, со нив да
    голташ аптекарски бонбони
    ...

    and again... секоја чест
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Нед 27 Дек 2009, 20:05

    Фалаааааааааааааааааааааа! I`m so happy кога позитивно коментирате на моите коментариии! Души сте. And here I go again...








    Среќна Нова ШОФЕРШАЈБНА!


    Се чувствувате ли
    и вие како мене, ВИЗНО - ЛИБЕРАЛИЗИРАНИ, новогодишно репетирани и од славење
    деформирани? Стоите ли и вие пред ЕЛКАТА дома, прашувајќи се што по ѓаволите
    треба да означи тој магичен зелен израсток во форма на дрво и дали можеби е
    способен со својот кичест раскош, да го убеди вашиот ШЕФ дека и вие сте луѓе и
    не ви се работи за НОВА ГОДИНА? Иронично е што се` уште луѓето се хронично
    заболени по најлудата ноќ, ко да им е малку лудоста од другиот дел од годината.
    Искрено, не знам кој друг би требало објективно да се радува што станува една
    година постар, освен угостителиерите и жените што можат со АЛИБИ да ги цедат
    картичките за да добијат „пристоен изглед за најлудата ноќ“ кој најчесто се
    манифестира со тоа што сами не се препознаваат во огледало. Ова во
    психологијата на мажите би значело – колку повеќе пиеш, толку ти изгледа поубава.
    Во суштина, мислев дека само празнолетниците до шеснаесет години се „палат“ на
    лудоста новогодишна, но очигледно е дека и повозрасните не заостануваат во
    желбите и афинитетите за потење и МРСНИЧКО. За мене Новата Година, не е ништо
    посебно, освен делот кога треба да мислам каде да ја поминам. Хронолошкиот ред
    на настаните оди така, инаку да е до мене, јас прво ќе ја преспијам, па после
    ќе мислам каде сум ја поминала... Значи, лицемерието на оваа вечер доаѓа до
    израз веќе следното утро. Сите ќе си посакаме ЗДРАВЈЕ, среќа и пари на полноќ,
    за да веќе месец јануари го поминеме без овие благодети за основна
    егзистенција. Зошто? Па со трошењето на сите банкноти во една, најчесто незапаметена вечер, забутани
    со милион НЕПОЗНАТИ ЛУЃЕ во една претежно задимена просторија, се губи не само чувството
    за чист воздух, туку и смислата за ШТЕДЕЊЕ, рационалност и позитивна „лудост“.
    Така, најчесто јануари е нервозен, мизерен и сиромашен месец, преполн со целулит
    од новогодишната трпеза и снешковци пред зграда без МОРКОВИ, од што не останало
    за нив... Покрај ова, бенефициите во лудата вечер растат, доколку имате
    сопствено возило и уште некој стониран ко вас, за да може да се довезете до
    токсикологија. И така – среќна нова ШОФЕРШАЈБНА! Најмногу сообраќајќи се
    случуваат кога најмалку имаш документи во себе. А кога си во стање на алкохолен
    суверенитет, тогаш оди докажи му на џандарот дека си ја заборавил цела идентификација
    дома, а новата ти е во процедура. Со други зборови, како да му објасниш дека ти
    всушност „не знаеш како се викаш“ во моментот... На страна фактот што побрзо ќе
    добиеш датум за ПРЕГОВОРИ ЗА ИМЕТО, отколку датум за лична карта. Се` уште се
    прашувам дали тоа спикерката на телевизија се шегуваше кога кажа дека снегот за
    СВЕТИ НИКОЛА не` изненадил. Нека си зборува во свое име, јас сум доволно
    предвидувачки - способна за да не ме изненади снег во зима, пошто е тоа
    најнормална работа. Ај да рече – не` изненадиле преговорите, не` изненадила
    југо - носталгичноста за Чолиќ, па да ја сфатам. Мене ме изненади целата еуфорија со визната либерализација, па
    тоа врискање, па тоа скокање, па тоа пари трошење. Види ги СРБИТЕ, многу
    поштено и достоинствено и` велат на Европа оти им го дала само тоа што им
    припаѓало и нема за што да се трескаат од земја. Декември е месец во кој
    политичарите даваат осврт од поминатата година, што дополнително може да
    послужи како катализатор на вашите желби за селење на ДРУГА ПЛАНЕТА. Зависно од
    тоа дали зборува некој од владејачката коалиција или од опозицијата, може да
    доживеете различни душевни состојби кои секако, не кореспондираат на реалноста.
    Со жени коалиција да не правиш, ќе се испокараат, ќе мора да се оградуваш после
    од коментари, како кога дете ќе те праша за ДЕДО МРАЗ. Прочитав еден виц во кој се
    прикажува дека, Чак Норис го укинал
    црвениов дедо, затоа што овој го оговарал зад грб. Да беше Г-ДИН НОРИС жител на
    Македонија, односно антички копјеносец, сигурно ќе ја укинеше нашава несложна
    нација, па кај несложна, уште и разделена за оговарање позади грб. Новата
    класификација е: „антички МАКЕДОНЦИ“ и „предавници“. Па читам по интернетов, некакви си
    виртуелни организации се прават, за „требење“ на ПРЕДАВНИЦИТЕ. Лично, се
    прашувам зошто ако некој има поразличен став, не може да си го каже слободно,
    без да биде притоа линчуван или навредуван и прогласен за национален убиец. За
    мене ако говорам, тешко ми е да ја избришам словенската наобразба по ИСТОРИЈА,
    која 8 години ја имав. Во основно и средно секогаш ни беше кажувано дека
    македонската азбука настанала со доаѓањето на Словените одзади КАРПАТИТЕ. Да де, не дека открив топла вода. За една
    секунда да се збрише тоа учење, е најмалку патетично и изнасилено. А
    најтешко за еден народ, е да е конфузен
    за настанокот и историјата да му ја пишуваат ВЛАДЕТЕЛИТЕ. Па така остануваат во
    функција само идеологиите, фамозното и толку составно удирање во гради и
    идеалот дека еден безвизен режим може да не`направи безвизно сложни... Не знам
    веќе на која максима и идеолошка кампања сум поалергична, дали на АНТИКОРУПТИВНАТА
    или на
    антидрогерашката. И нормално – Македонија не би била Македонија, ако и
    оваа недела не извадевме некој промотивен спот во кој ќе си ја величиме
    гостопримливоста. Од што сме ГОСТОПРИМЛИВИ, не може да се најде новогодишен
    аранжман под 2000 денари во главниот град, а во Охрид и најзафрлените биртии
    нудат солиден и солен третман. На телевизија зборуваат дека многу Македонци ќе
    си ги спакуваат куферите и ќе ја поминат Новата Година во странство. Јас, чисто
    се сомневам дека ќе биде така. ХОТЕЛИЕРИТЕ и останатите сопственици на локали,
    многу добро знаат за нашиот стандард и го искористуваат оптимално, нудејќи
    високи цени, а сепак се поевтини од странците. Не` фаќаат во статус кво
    ситуација. Така што, нека ви е среќна Новата Година каде и да сте, јас
    останувам пред телевизорот со ПУКАНКИТЕ.


    Р: Влада части – народ плаќа


    Под оваа девиза
    се одржа големиот концерт на градскиот плоштад со причина -визна либерализација.
    Исто така, стомина македонски граѓани гага ги прошетаа нозете во Париз на
    првиот ден без визи. Битно отидоа, па сега што на враќање авионот мораше да се
    „снаоѓа“ преку алтернативни патишта и не е толку битно. Малку е чудно што,
    очигледно се прескокнува да се нагласи дека сепак ти требаат многу пари за да
    докажеш дека кога одиш во Европа си способен да се издржуваш. За десет дена во
    Париз, се потребни минимум петстотини евра за алиби. Е, по повод визно
    ослободување, на плоштадот се собравме сите, и млади, и стари да си поиграме
    троа на Чола и Фет Бој Слим. Журката ќе ја окарактеризирам како генерална проба
    за новогодишната, за што придонесоа како руските температури, така и
    издрогирани и пијани лица, надозирани и со по некоја таблетка. Видов и топлес
    девојка, верувале или не, таму во гужвата, седми ред до малата бина. Она што е
    поразително според мојот критериум за квалитет, е тоа што очигледно мора да
    носиме гости од странство за кои ќе плаќаме големи суми пари. Кога ги видов
    лицата на средновечните луѓе, сфатив дека тие го преживуваат Чола како
    навраќање во југопатриотизмот. Нашите пејачи дома, не се многу ценети и љубени.
    Освен оние, навредливите раперишта кои газат се` што носи здолниште и што оди.
    Иако организирана на високо ниво, речиси како никој да не се радуваше за
    визите. Освен оние што планираат да поработат на црно и да се вратат.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Пон 04 Јан 2010, 01:23

    НЕПУШАЧКА ера




    Македонецот во иднина
    ќе еволуира во лист ТУТУН. Или во наполнета пепељара. Жива среќа, Владата и
    Министерството за здравство, навреме ја увидоа оваа промена во генетскиот код
    на античкиот хомо сапиенс, па решија да не` спасат од цигарите, со ИЛУМИНАЦИЈА
    врз џебовите и сегрегација по клубовите. Мора да ја пофалам нивната ажурност,
    во што ќе ми помогне податокот дека веќе шеста година сме први на Балканот по
    бројот на испушени цигари по алвеола на жител, а ЗАКОНОТ ќе се спроведува дури
    сега... Навремени и спонтани – како и секогаш. Што е ШАМАР? – Информација од
    прва рака. Се прашувам, до кога ќе не` шамараат вака своерачно, како да сме
    создадени да го вртиме секогаш другиот образ? Добро позната е сликата што ќе ја
    краси нашата мила и безвизна Македонија после нова година: Алиштенцата нема повеќе да ни` мирисаат на тутун,
    ама ќе фаќаат арома на знојче, лукче и скаричка. Значи, сепак ќе мора да ги
    переме од време на време... Асоцијалноста ќе стане општествен феномен. Секако
    дека повеќе нема да ги уживаме кафулињата за да не се разболиме и да не го
    оптоваруваме дополнително нашиот ценет ФОНД ЗА ЗДРАВСТВО, истиот оној кој не
    дава пари за лечење на болните од леукемија. Морало да се почне од основните проблеми, од пушачите. Трагедија.
    Битен предзнак на претстојната непушачка ера, е сличноста со времето пред палеолитот,
    па така само можам да претпоставам колку ќе е тешко да се запали оган, без
    запалки во џебовите. Не за џабе ГРУЕВСКИ изразува оптимистичен став и вели дека
    нареднава година економијата ќе сме ја закрпеле. За таа цел, мора прво една
    сесија стрижење да се удри, па после сите заедно да прославиме со една партија
    фалби и кампањи. Замислувам и видео спотче, на кое Грујо е претставен како
    ФЛОРЕНС НАЈТИНГЕЈЛ во мисија за светски мир, нега и добросостојба. Зарем поквалитетен
    начин на кој може една држава да им ја честита новата година на своите граѓани,
    отколку убаво завиткана казна со панделка? Несомнено, многу буквално го сфатиле
    благословот „Нека ни е среќна и бериќетна годинава“. Особено во делот со
    бериќетот. Имено, баш во дванаесет часот по полноќ реално ќе настапи
    експресивната и одговорна експедиција за делење казни. Замислете... Си седите
    така фино лепо со вашето омилено друштвенце, едвај дочекавте повод да се
    подружите и да бидете барем привидно СРЕЌНИ и... Влегува драгиот батка во
    дванаесет часот и три минути, таман откако сте си честитале со сите, за да ве
    извести дека треба да платите казна. Ко малку да е казната што си го скратуваме
    животот, па уште и пари...Така деновиве, ја слушам топлата препорака, со која
    ние пушачите меѓусебно се тешиме – ПОПУШИ додека ти се може. Навидум перверзна, сепак оваа изјава е одраз
    на реалните состојби, според кои ќе
    плаќаме исти казни како да сме извршиле лесна кражба. Разликата е само што,
    нема да лежиме ќорка. Елиминирана е дури и можноста да се отворат објекти
    стриктно за пушачи, ко што имаше АВТОБУСИ за белци во Америка на времето. Па
    која неверојатност лежи во концептот, тоа е нешто неверојатно... Замислете,
    колку луѓе треба да дежураат да не запали некој цигара, во дискотека, што
    собира минимум 500 луѓе? Келнерската работа ќе стане мултитаскинг струка. Не
    знаеш дали да носиш послужавник или да изигруваш ТУЖИ – БАБА. Што знам, може за некој месец, овие од
    Владава ќе почнат овошје по школи да делат, да мерат шеќер и холестерол во крв,
    број на отчукувања на срце, па ако имаш тахикардија ќе те прогласат за ПЕРСОНА
    НОН - ГРАТА по ушите на твоите содружници. Што би рекол пријателот, персона нон
    – плата... Се грижат за нашето здравје. Односно, за влезот во ЕУ. Не знам што
    се брзаат, имаме уште време до 2028. Да не почнат на луѓето со покачена телесна
    тежина да им одредуваат дневна дозволена доза калории, која ако ја прекршат ќе
    платат казна? Пошто КРИЗА е, ало! Нема храна на претек. Овој закон, за непушење
    му доаѓа нешто како двојна формула. Фрлаш пари за тутун, после за тоа што го
    консумираш. Таман. И по врат и по шија. Субвенции се даваат, инаку во дефицит
    ќе одиме. А за да се излечи зависноста од цигари, потребни се стручни лекари,
    какви што нормално кај нас нема. Туку што се жалам јас, кога на диктаторскиот
    режим, можам само под прозор да му плукнам. Упс, ни тоа не можам, донесоа
    закон! Ако го карикирам западниот обичај на давање ветувања за во новата
    година, тогаш премиеровите би биле: Ветувам дека од први
    јануари ќе почнам изнасилено да го полнам буџетот од овие и онака имотни ГРАЃАНИ.
    Тема – слободна. На таков начин, ќе ја воскреснам економијата од моменталната КЛИНИЧКА
    КОМА. Ќе ја продолжам античката жестока кампања со крајна цел – создавање нови
    анти генерации. Ќе го оживеам спортот и ќе го купам ФФМ. Ќе го докрајчам
    јавниот радиодифузен сервис или она што остана од него. Нема да го дадам името,
    ама ќе се почестам со избори. И така натаму и така наваму... Типувам дека ова
    премиерот ќе му го нарача на Дедо Мраз под елката. Туку што да си посакам јас,
    вака настината и хибернирана, освен да не е СВИНСКИ ГРИП? Не оти ми е страв од
    оваа хемиска формула а ха еден ен еден, туку стварно не можам да издржам дишење
    на една ноздра и мирис на ракија околу врат. Со организација во здравството
    каква што имаме ние, може да застанеме во ред со ЗАНЗИБАР и да чекаме на позитивната листа. Да не даде
    Господ да се разболиш, муабетов. Еве, си имам матичен лекар, го поздравувам. Ме
    лечи со сируп од јавор, како вистински натуралист. Да сакав со сируп од јавор
    да си ја симнам температурава, тогаш стварно ќе испиев едно литро на екс. Ама
    не бива. Напомена: Не го правете ова дома, нема ефект. Како
    што доаѓаат времињава, докторот више не ти е најдобар пријател, туку најголем
    инает. Ми вели, оти температурата сама ќе си поминела и да пијам чај. Дај бре
    човеку антибиотик, знаеш дека сум најголем ХИПОХОНДРИК во цело маало!





    Меѓу останатите „благодети“ на интернетот, ги
    вклучувам и роботизирањето на празниците. Ако порано, жив мерак ми беше да одам
    да купувам евтини честитки со светкави мотиви, тогаш денес ми останува да останам
    дома, целата озрачена и да стиснам ентер. Такво било времето, честитките побрзо
    стигнувале преку електронска пошта. И не дека сум јас строг приврзаник кон
    конвенционалното, но сепак картичките за нова година беа како влезница во
    големата забава. Башка – можеа да се допрат и да зафаќаат прашина подоцна. На
    нив се сетив деновиве додека немо зјапав во телевизорот неверувајќи им на очите
    и ушите. Нова акција на владата: ПОШТЕНСКО САНДАЧЕ за
    секој дом. Земи ме Господе! Ее, до каде стигнаа... Ако продолжат вака, следно
    може да им е – черга за пред врата за секој дом. Казни ќе имало ако сандачето
    ти е непрописно. Добро, кој денес праќа писма, освен државата, а тие се обично
    – сметки? Моево поправено е, ама што ако, кога писмо стигнува еднаш месечно. Дури
    би рекла – ново ми е, од толку неупотребување. Следна кампања и спотовска
    манија на која налетав е онаа за корумпцијата. Слоганот е малце тажен и гласи: Корумпцијата е болест. Ми се стемни. Живеам
    значи, во оболена држава до крај! Едновремено, на интернет излегоа снимените
    разговори на владините инспектори и нивното расипништво. Во конкретниов случај,
    владин инспектор се договара со негов пријател инаку сопственик на дискотека,
    да му помогне со тоа што ќе го казнува неговиот конкурент додека овој не го
    затвори локалот. Овој разговор, секако може да биде кадар од ново спотче. Овој
    пат – реално!
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Вто 05 Јан 2010, 14:15

    Секоја чест за напишаното Новинарке. Одлични паралели и разумни заклучоци. Треба ова да го прочите некој хард кор партискиљубител. И да е џабе.

    Мултитаскинг келнери. Убаво го кажа тоа. Тоа опишува се'.

    До следниот коментар, секоја чест!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Вто 05 Јан 2010, 20:55

    Портокаловите Кмери

    Македонија полека но сигурно почнува да наликува на некои други, сосем различни и далечни земји распрскани земји ширум светот. По се изгледа, од толкава желба за Евро интеграции, ние полека се движиме кон истокот, кон минатото и кон историјата. Кон она што некогаш, таму далеку на далечниот Исток се случуваше во земјите на Индокинескиот полуостров. Таму некаде во Камбоџа.

    Нешто ме тера да верувам дека нашите одбрани луѓе во црно за репер ја зеле оваа далечна измачена и одсекогаш поробена земја за свој урнек. Дали поради својата славна историја, поради непријателските соседи, поради внатрешниот антагонизам, патриотите и предавниците, идолите или некои други работи кои нашата татковина ги пронаоѓа слични со далечниот близнак.
    Поради тоа што постојат големи разлики, односно, иако постојат сличности, најмногу историски, сепак нашите со сите сили се стремат да постигнат едно ниво каде што ќе се балансираат. И разликите и сличностите. А да ви кажам право, засега добро им оди.

    И да преминеме на главното. Колку нашата власт, нашите преродбеници не прават да се вратиме низ времето наназад, во еден политички времеплов. Не толку далеку, ниту хронолошки, ниту географски. Една мала прошетка и реално гледање на работите што се’ се случуваше во Камбоџа, триесет години поназад, кога Пол Пот, лидерот на „Црвените Кмери“ бил алфа и омега, сејачот на стравот и ужасот низ макотрпното население. Вистински приказ, во живо – ширум Македонија!

    Македонија во последно време е земја реформатор. Реформите се спроведуваат без да се прашува цената. По принцип „постојат проблеми за сите решенија“ се носат законо со брзина на светлината. А нашиот опортунистички настроен народ е (засега) добро припремен да ги следи сите случувања и резултати кои излегуваат од Собранието.
    И се заради тоа што постои мислењето дека нема полошо. Имаше „некои“ кои уништија се, па сега треба да помине период додека се’ се донесе во нормала. Тој период малку се растегна, ама ајде. Нека биде.
    Камбоџа, земјата која е урнек на нашата по уредување, има големо историско минато, па долгогодишно робство (слична судбина како Македонија). Откако еден ден земјата стана независна од Франција, народот со сета своја душа поверувал дека светлите денови допрва доаѓаат. Дека реформите ќе стапат и ќе донесат иднина за земјата и населението. Реформите не изостанале, но изостанала човечноста. Тамошните владатели со се’ што било познато и непознато, таканаречените „Црвени Кмери“ ја вратиле земјата години наназад. Ги опустошиле градовите, индустриајта била ставена на минумум. Власта се нарекувала „земјоделска“ а земјоделството било уништено. Народот гладувал, милиони луѓе биле убиени при создаваето на познатите „полиња на смртта“. Сето тоа во име на напредокот и слободата. Колку и да е смешно, народот како да го посакувал повторно Француското робство. Исто така, името било променето во Кампучија.

    Ги забележувате ли сличностите со нашата држава?

    Иако денес е друго време, модерни размислувања, слободно сфаќање и перцепирање и човекови права. Сепак, нешто не штима. Нашата влада полека почна да забранува се’ што до вчера беше нормално и разбирливо.
    Форсираме „аграр“, а се повеќе угар (необработено земјиште). Забрането е пушењето, иако нашите луѓе во црно форсираат тутунарство во Македонија. Возачите не смеат да возат, ако претходно јаделе Cherry бонбони. Високи казни, и за работник и за директор – подеднакво. Забрането ова, забрането она. Во случајов, се сака да се фати приклучок кон веќе силните демократии (Европски), а најдобриот пат за тоа е преку вовед на парични (супервисоки) казни. И наеднаш се доаѓа до прашањето – каде е слободата на денешниот Македонец, кога живее во 21 век, а општеството доведува норми и закони како другите пред 30 години? Истите тие кои нашите ги плукаа оти режимот многу ги бранел, одеднаш станаа репер за убаво однесување и одлична шанса за наш напредок.
    Уште ако ви текне дек тогашните „Црвени“ во Камбоџа го сменија името, дали ќе се посомневате што ќе направат нашите со името?

    Нашите „Портокалови Кмери!“


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Новинарка on Пон 18 Јан 2010, 08:15

    ПЕТАРДА – колку
    тоа гордо звучи!





    Од секогаш тие
    пукања и светкања и огнови ме потсетувале на војни, на Ал Каеда, на пожари, а
    тоа да ти било петарда. ПЕТАРДА– колку тоа гордо звучи! Набавката на ова светло
    славеничко добро, најлесно може да се обави додека на пазарче ја полнам торбата
    со МАРУЛИ. Минимум седум пати, ќе се провре во метежот, возбуден мелодичен глас: „Батерии, сунѓери, сапуни, петарди,
    петарди!“ Зошто петардите ги кажува
    последни во редицата тракатанци? Веројатно се работи за МАРКЕТИНШКИ ТРИК, да им
    останат на луѓето во глава, па да си набават една кутија, да се најде, ако не
    денес тогаш утре... Особено за свадби, матурски прослави и за нови години,
    мојава населба личи на МИНСКО ПОЛЕ или
    индијанско племе што си чури на секој ќош. Ич нема потреба да го гледам
    фудбалскиот натпревар, пошто ако се „распуцаат“, јасно ми е дека сме победиле. Познатата
    ТЕХНИКА се состои во тоа што „петардо – бацачот“ стои на својата тераса за
    подобра прегледност и чека случајни минувачи. Не дека ќе ги погоди, ама сепак,
    ќе ја ФРЛИ сподобава толку блиску до нив, што овие ќе пребледат и ќе почнат да
    пцујат. Ете, тоа е славење и празнична атмосфера! А што по ѓаволите, СЛАВИМЕ? Таман
    излеговме најголеми оптимисти според анкетата на институтот Брима Галуп, кога
    ете ти го од телевизорот ти се смее Бин Ладен. Баш ЛАДЕН туш да те облее, док
    си зобаш од посната трпеза. Тука, во МАКЕДОНИЈА веќе ни паричката во лепчето не
    можеш на раат и оптимистично да си ја прославиш, бидејќи знаеш дека ти е
    наместена. Ако не ти е, тогаш тука е Грујо со своите изјави, да направи да ти
    се одјаде. Мене сето тоа ми е
    сомнително. Зошто една ваква изјава баш на денот кога сите се дома? Има една
    позната техника на спин – докторите, „закопување на мртви тела“ чинам се
    викаше, каде се наметнува една бомбастична информација, со цел да се прикрие
    некоја друга. Нема гајле, дури и ВОНЗЕМЈАНИ да ни дојдат во Македонија, пак
    нема да го заборавиме проблемот со името, така што - џабе маката. Пред тоа на
    седница, претседателот на владата ни кажа дека живееме во неуставна држава. Тоа
    си поминува толку глатко, што се прашуваш да не си во некоја ПУСТИНА, да не
    луѓево оглувеле, онемеле и отрпнале да слушаат се` и сешто и да не реагираат. И
    најголем лаик, знае дека УСТАВНИОТ СУД не го измисли мајка ми, туку властите и
    неговата легитимност не се доведува во прашање без аргументи. На ваков начин,
    со провокација, премиерот Груевски, незадоволен од одлуките на Уставниот суд со
    кои константно се укинуваат законите што ВЛАДЕЈАЧКАТА ПАРТИЈА ги носи, само ги
    етикетира и изгледа проѕирно. Настрана фактот дека власта треба да покаже
    позитивен пример на целата јавност дека треба да се има меѓусебно почитување
    меѓу ИНСТИТУЦИИТЕ кои ја штитат уставноста и законитоста. Не е дека ги заборавивме веронауката во
    училиштата, екстерните оценувања и надоместокот за трето дете само во
    неразвиените подрачја. Во големите демократски држави, за паѓање на закон на УСТАВЕН
    СУД, лета министер. Ама овде се` касни. Ако членовите на Уставен се партијци,
    избрани од претходната власт, тогаш ајде ПРЕМИЕРЕ, аргументирано поткрепете го
    вашиот став, а не само како молња да ја потпалувате меѓународната и внатрешната
    врнежлива политичка клима. Претпоставувам дека директориве по училиштата се повеќето
    ПАРТИЈЦИ, пошто уште од основно, секоја година имавме различен директор. Замислете,
    не сте ни вие АМОН РА, па секој донесен закон од одма без проверка да ви е
    аминуван. Башка што, некои закони се не само противуставни, туку и чисто АБНОРМАЛНИ
    . Како оној со надоместокот за мајките само во некои општини. Не е МАЈЧИНСТВОТО
    статистика. Ама оние стечајците во Куманово, што два месеци штрајкуваат со
    глад, а никој не ги ни погледнал, веројатно може да се сместат во категоријата
    – статистика. Срамота! Имаат формирано и свое здружение на стечајци. Се вика
    верувале или не – СТРАВ. Баш веродостојно име, со оглед на тоа што два месеци
    не дошол доктор да ги посети и да им го провери здравјето, а пратениците не најдоа
    за сходно да присуствуваат во СОБРАНИЕТО кога законот што ќе ја спасеше
    егзистенцијата на овие луѓе, требаше да се изгласа. Ако владата ги дели луѓето
    на партијци и непартијци, пушачи и
    непушачи, тогаш пред уставот и законот се сите исти. Слушам, ако непушачкиот
    закон помине на уставен, тогаш група граѓани ќе се откажувале


    од кафето, а не
    од цигарите. Оти КАФЕ без цигара, не оди. Прв пат неделава посетив кафуле каде
    сопственикот креативно напишал – Пушење пред врата. Што ќе видиш: внатре живо пиле нема. Освен едни двајца што
    дишат со ОТВОРЕНИ НОЗДРИ ко да прв пат доаѓаат на свет, боже ме опрости.
    Катарза доживуваат и се просветлуваат. Баш како што си мислев. А надвор? Врие
    од народ! На дожд и со јакни, стојат луѓе и си сркаат од ПИЈАЧКИТЕ. Пцујат
    одредени субјекти и им откажуваат љубов за на ИЗБОРИ. Еден младич прокоментира
    дека се чувствува како загар пред врата и дека му фали само уште владин синџир
    околу вратот. Непушачот од внатре му одговори дека како што можел да ги труе
    луѓето претходно, така и сега ќе се навикнел на ред и КУЛТУРА. И тие двајца за
    малку што културно не се степаа, а ни се знаат ни се познаваат. Прекрасно! Се`
    под конец. Закон на ниво! Почнаа СОГРАЃАНИТЕ
    мои да се делат и расправаат за глупости и да веруваат во дека здравјето од
    сега ќе им се регулира. Слична глетка, каде луѓе пушат пред врата се начекува и
    пред банките, хотелите, болниците... Арно ама, постои една дилема и парадокс...
    Кога ќе поминеш покрај ВЛАДА, Собрание и пред министерствата, таму нема пушачи
    пред влезна врата. Каде ли пушат ВЛАСТОДРШЦИТЕ? Или за нив, законот не важи?
    Тешко ми е да поверувам дека нема ниеден во толкави објекти. Уште потешко би ми
    било ако знам дека се бутаат во ВЕЦИЊА.





    Влада или Дедо
    Мраз?


    Да не знаев каде
    живеам, ќе си помислев дека Владава и нејзините закони се дел од медитативна
    мантра, на пример, Харе Кришна. Што ти значи Влада бре еј! Кога ќе те фати за
    уши, па за тутунски филтер, па кога ќе те натера да дуваш, во апаратот да се
    разбереме... Мав ти е работа! Ќе бидеш послушен и среќен ко оној пат, кога
    пајак му ја крена колата на комшијата што ти го фати местото пред нос. Со
    новите преродбенички чекори – 0.1 промил алкохол за возачите. Благодарение на
    простата математика, тоа значи дека ако испиете едно вино и преспиете осум часа
    после тоа, пак ќе имате повеќе од 0.1 промил во крвта. Наравоучение – ич не
    славете Нова Година. Ни роденден. Ни осми март. Продајте си ги автомобилите и
    препуштете се на такси – превозот додека не банкротирате. Грујо ќе ни го
    продолжи животот нам, вечните хроничари и несвесни порочни стечајци. Со магично
    стапче. Лозинка: Ајмо батерии, сапуни, сунѓери, цигари,
    цигари! Некогаш се плашам дека Владата е алтер егото на Дедо Мраз и дека ќе ми
    излезе од шише кока кола. Зошто? Па само таа се занесува дека ќе исполни
    неостварен светски идеал – вечен и совршен живот. Библиски. Целта на законите
    била да се намали бројот на пушачи и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.
    Да не им текне да отворат фабрика? Пу, пу, пу, скраја да е. Не сакаат да ни го
    загадуваат воздухот. Се грижат за нашето здравје. Зошто тоа, кога може да ни го
    отворат џепчето, па да си ги извадиме македонските евра и да си платиме? Така
    ветија, да не заборавиме... Економијата во 2010 ќе ја закрпеле. Се крпи ли
    нешто што не постои?
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Пон 25 Јан 2010, 16:45

    малку ОФтопик, ама не ми текнува посоодветно место за пласирање на веста:

    НАТПРЕВАР ЗА БЛОГЕРКИ

    Ако вие сте жена-блогер или пак знаете некоја жена-блогер чии дела ви оставиле впечаток може да се номинирате односно да ја номинирате за натпреварот Female Activist Bloggers. Пријавените треба да пишуваат постови кои имаат за цел да ја подигнат свесноста, совеста или финансирањето во некоја заедница, регион, земја и во светот. Се доделуваат 4 стипендии. Краен рок за аплицирање е 31 јануари.


    Повеќе на http://www.blogher.com/announcing-blogher-09-international-activist-blogher-scholarship-0
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 27 Јан 2010, 14:19

    НЕ БИЛО ФЕР ШТО МАКЕДОНИЈА НЕ Е ВО НАТО

    Со овој став излезе шефот на државата, Ѓорге Иванов на конференцијата во Скопје „Извезување безбедност, имплементирање стабилност“, во организација на Евроатлантскиот клуб.Уште да им се заблагодареше на Американците за тоа што ни ја донесоа војната 2001 година,што им носеја оружје на терористите за да гинат наши војници што немале друг избор освен да војуваат, ни ги извлекоа терористите од Арачиново којшто во еден ден ќе ги истребевме сите, дозволивме патиштата и мостовите да бидат уништени, подоцна бевме нападнати од тие што ги помогнавме, дозволивме централизација на државата, дозволивме војници да одат во НАТО и на крај еден наметнат проблем од Атина што апсолутно апсурден да биде пречка да влеземе во овој фашистички пакт. Затоа дали треба уште да се мислиме ли за влез во НАТО?
    Сите тие којшто се фанатици кон НАТО антинатовците ги оквалификуваат како болни од словено/славјанскиот и комунистичкиот вирус, Србофили итн. Отсекогаш нашите биле на страната на Агресорот и секогаш ќе бидат. Во Македонија порано владееше едноумие, сега безумие. Цел свет е против
    капитализмот и војната, македонскиот политичари бараат прием во НАТО. Крајно време е нашите политичари да се освестат и да разберат дека нашето место не е во НАТО. Како можеме да бидеме пријатели со некој кој не не признава и ни се заканува со воздушни напади? НАТО беше формиран после втората светска војна т.е. тоа е реинкарнација на Третиор Рајх од државите кои ги задоволија своите страсти во текот на војната и сега сите држави сакаат тоа така да остане градејќи илузија дека мора да бидеме и ние таму т.е. дека НАТО мора да остане приоритет на секоја држава. Навистина може ли некој да ни објасни каква е таа корист Македонија да влезе во НАТО? Според нашите политичари Македонија е практично пред вратата на НАТО". Не е важно тоа што ги исполнуваме условите. Името и нацијата ни ја бараат за влез во НАТО. Па ако се будали нашите да го сменат името нека го сменат. Така да далеку сме од НАТО. Незнам во кој свет живеат нашите.
    Како можат нашите да сакаат зачленување во воен и експанзионистички сојуз што профитира од убивање луѓе. НАТО не треба да постои .... НАТО треба да се расформира!!!
    Ама нашите се убедени дека доколку се случи распад на НАТО тоа ќе било уште полошо за нас. Не ќе имало кој да не штити. НАТО ја врзаа глата за нас. Ох леле. Додека цел свет се противи на Хегемонизмот и Фашизмот на Америка на нашите не им се јасни работите како се одвиваат во последно време. Ако има време...
    Ако го подржуваат нашите толку НАТО нека одат во Авганистан,
    Ирак нека војуваат заради интересите на Америка да има нафта и повеќе
    капитал.
    avatar
    Зелена

    Female Мислења : 58
    Местолокација : Дома, пред чергата.
    Зачленет на : 2010-01-27

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Зелена on Нед 07 Фед 2010, 17:46

    Нешто се чувствувам глупаво во последно време. Мислите ли дека...созревам!?

    Таа работа, тешко дека ќе се случи. Сеуште сум зелена.

    Искрено кажано...
    Ова ви се години на Шехерад-манија, интернет простотилук, проститутки со крст на голи силикони...
    И да ви кажам...Овој свет ме уморува. Затоа и несакам да пораснам.
    Не сакам да пораснам и да ги видам и осетам на своја кожа другите “придобивки“ на животот на возрасните...

    Годиниве ми проаѓаат со брзина на светлината.
    И се потсетувам...
    Кога бев некоја година помала...
    Ехх...незаборавни години...

    Расневме со песните на Тоше Проески...
    „Ти ледена,
    ти медена,
    се правиш своја...



    Тој период памтам дека го доживеав и првиот одмор со братучетка ми.
    Период по тоа, таа се чувствуваше виновна поради бакнежите кои ги споделуваше тоа лето со Емил босанецот. Па добро...Знаете како се вели: Никој не бакнува како Босанец.
    Можеби.
    Можеби не.
    Не сум пробала.

    Тоа време знам и дека беше време на заедничко рикање како магариња кога почина Борис Трајковски...Поради тоа што (од за мене непозната причина) го љубевме човекот како што порано Југословенците го љубеле Тито.
    Исто и скокавме како мајмуни на креветите кога Пандев ќе постигнеше некој гол.

    А сега!?
    Сега што!?
    Материјалисти се околу мене, се алат кој од кој поскапи патики му купиле, кој имал ново msn или facebook, кој кого истепал.

    Ете...поради тоа сум носталгична, луѓе.
    Го неам тој убав живот.
    Кога бев она што и денес сум-дете.
    Само што тоа дете, растеше со убави нешта.
    А ова...ова со глупави дечишта и турбофолк од сите страни.

    И сега си ја слушам песната...
    И ми иде да викнам: -Келнер, дај две ладни!
    Само што...
    Грујо рече дека после 7 саат-нема алкохол!
    Ау...па чекај...Кој го врти Грујо!

    Пуштете ми ја...

    „Ти ледена,
    ти медена,
    се правиш своја...


    _________________________________________________________


    Ви кажав дека не ме бидува за проза. Само сакав да си кажам што мислам...
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Robby on Нед 07 Фед 2010, 19:59

    Многу новости, а ништо важно во нив


    Не знам од каде да почнам.. Денови исполнети со дожд, главоболки, празни очекувања, нервоза, напнатост.. И додека јас седам потонат во реалноста и занесен во иднината, луѓето градат држава, се подготвуваат за Евровизија, се глупираат по забавни емисии од типот Големи Браќа, Минијатурни маќеи, Ќелави дабари... Латас со своето, Биљана Секуловска врти марамче низ студио, Украинците на избори тргнале уште рано насабајле.
    Дебатите што често ги слушам за време на вестите ми создаваат премногу херои и идоли. Или истите ми ветуваат подобро утре.
    Секој ветува подобро утре, ама никој не го враќа изгубетото вчера.
    И времето си тече... Децата растат, старците умираат, кругот никако да се затвори. Од ден на ден си помислувам дека во мене се вдомил некој вид на надпросечен критичар што само бумка, коментира и во очи кажува она што има да каже. Премногу е.. Гајле ми е дали владата наша и другарчињата како да се навлезени во некој филм после доживување на премиера, гајле ми е дали „апотеките“ и Механџиски ги отеруваат во три лепе пи*** матери*е... Велат дека државата се преродувала во сто чекори, ама се си мислам дека неправилно чекори и ќе нагази на некој трн.. Ние сме такви.. Чекаме некој проблемите да ни ги реши.. Па толку ли не сфативме што сака Европа ? ... Тоа е.. Амбиција без муниција..
    Секое утро гледам на ТВ само јадат буреци, журналисуваат, рано стануваат... И се’ околу едно исто..

    Секој со своето. Кој ќе го доживее Скопје за четири години немора да оди низ Европа, оти ќе имаме и Триумфална капија, и Уреден плоштад... Добар потег како и да е.. Го поздравувам тоа... Уште да почекаме да се оствари..
    Во последно време никако да фатам ритам со случувањата во државата.. Како метеори. Ќе блеснат и ќе согорат.. И толку. The end.. И си живееја среќно и весело..
    Владата продолжува да си пее „На срце ми лежи мила мамо“ ....
    Забранија пушење.. А да, кога сме веќе кај реквизитите за уживање, сношти слушам како за алкохолот велат дека младите го конзумираат многу, штетно е, тоа создава, ова создава... Ај нека си гледат таму овците и нека не пуштат да си живееме како што сакаме... Пиеме. И што ? Ако јас пијам, мој проблем е. Никој нема да има последици од тоа.. Глупости.. Туку многу се распуштив со постот.. Ама таква е темата..
    Ќе кажам само уште нешто... Утре е понеделник. Кој на работа, кој на школо/факултет, кој во кафеана.. Животот нормално си тече.. Кој што сака ќе прави. И оној му рече на тој, Рада ја оговара Гордана, Трифун мава по апотекарот, а никој не гледа колку луѓе денес останале без топол дом, корка леб, а некои и без своето чедо.. Реалност.. Излитена, шиена, крпена, изгорена, подновена.. И во неа ние... Демек да учествуваме во изборот на власта, да коментираме, да пцуеме, да молчиме, да истураме млеко или да нижиме тутун, како што Ленка оставила кошула.....
    Луѓе сме..Пред се‘. Трпиме секакви работи. И живееме со помислата дека утре ќе биде подобро...

    П.С. Подобро да сонуваме, отколку да патиме од insomnia.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Пон 08 Фед 2010, 22:07

    Откровение

    Тоолку за пишување, а не знам од каде да почнам. Ќе се обидам да ги соберам парчињата кои се расфрлани на сите страни... А кога ќе разгледам околу мене, па и не се толку многу, само во големи количини. Сте приметиле ли дека до сега немало позитивен коментар. Нема пофалби, нема позитивности... Никој не се обидува да напише за нешто прекрасно и за нешто што ќе не орасположи сите? А што може да пишувам кога детскиот џагор се претопи во отечени очи зјапнати во мониторите од персоналните компјутери? Сега барем на „топодупачот“ од соседниот влез му р'ѓосуваат ножевите од заборавеното уништување на топките. Сега, за жал, е задоволен. Што ќе пишувам кога сонцето што не грее сите, не ги грее сите подеднакво иако во училиште така не учеа? Лажливци... Не лажеа и не научија да се лажеме дека светот на возрасните е полесен. Колку време живеевме во лага... Што да пишувам кога повеќе не го слушам клавирот кој произведуваше толку добро синхронизирани тонови кога го раководеа прстите на мојата мајка и не ја слушам гитарата на татко ми која го придружуваше вокалот на мајка ми на сите седенки со нивните пријатели на кои како мала одвај чекав да бидам дел од нив? Ми недостига сето тоа. Ама ќе продолжам да пишувам, да свирам, пеам и да творам и да ги смеам другите со моите, понекогаш, не - толку - занимливи шеги но барем успевам во тоа. Целата моја негативност ја претворив во позитивна енергија и ќе ја ширам кон сите, или барем кон оние кои сакаат да ја прифатат, кои не се затворени во нивен измислен и никаков свет на тага. Тага која се шири како новосоздадена епидемија на болести наменети за да ја смалат бројноста на човечките суштества. А тагата постоела, постои и ќе постои но, со тенденција да се прошири. Бедно! Творењето ми остана неказниво после сите закони за забрана за што треба и што не треба и ја заблажува онаа нечистотија што ми предизвикува гадење заради тие нечисти души. Не сум сигурна дури и за пишувањето, бидејќи и слободните новинари во црнава наша држава се осудувани затоа што обелодениле некоја вистина. Веќе подолго време бледо го гледам екранот пред кој седам за да го напишам ова. Се обидувам да смислам нешто што не е така црно. Се е сведено на еднолична агенда која се повторува денес, утре, неделава, месецов, години и години..... А кога ќе се обидеме да ја разнишаме, наидуваме на препрека од останатите кои цврсто ја прифатиле таа агенда од страв дека нема повторно да ја вратат. Бедотија! Официјализирањето на 18-ката ме направи среќна и ми помогна и јас да тргнам превез кој ми го беше покрил срцето, за кој не знаев и дека постои. Малите нешта понекогаш многу радуваат. Се радував како мало дете во просторијата исполнета со души кои беа таму за да ме испочитуваат. Се обидов да им дадам на знаење дека со нивното присуство ми го разубавеа не само тој ден, туку ме израдуваа и за многу многу подоцна, за кога ќе се потсетувам на него во миговите на ненадејна тага, да ми ја вратат насмевката на лицето. Ми го избришаа сивилото кое повеќе време беше надвиснато над мене како облак со темни молњи. Ми доаѓа да заплачам од радост додека го пишувам ова. Но, ронењето солзи е бесполезно, доволна е милината во срцето и топлото на душата. Благодарам.... Благодарам што бевте дел од еден од моите најсреќни денови, а можеби и најсреќен. Ете, ако се сака сѐ се може. И покрај темните облаци, сонцето повторно огреа и ми ги отвори портите кон радоста и ми укажа на тоа дека секогаш треба да се гледа кон светлата страна на животот. Сѐ се случува со причина. Ова случување посебно ме израдува. Само нека е почесто.... И никогаш нека не завршуваат миговите на среќа, дури и ако тоа се чини невозможно.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Нед 28 Фед 2010, 19:52

    Скопје 2014

    РезилАзијација ...



    Не оставам да стивне ...

    Проект кој во суштина треба да наликува на нешто што ќе значи крај на една и почеток на друга ера во супер среденото урбанистички перфектното Скопје, најпознат како исфорсиран главен град на Македонија. И само се чека календарот да биде променет четирикратно па сите наеднаш да се отарасиме од неверојатниот лош изглед кој е манифестација на ништо друго, туку на крволочниот социјализам кој хибернираше во нашата метропола до пред 20тина години. После тоа, Македонија се ослободи од стегите на системот под петокраката, ама некако лоша им е математиката на Владините претставници, па израчунаа дека во Скопје мракот е непроменет веќе триесет години.
    И добро, ќе биде тоа. Како што реков, сите ние го очекуваме новиот лик на нашиот град. Тој е наш, во него живее цела популација на Македонија, а тоа што има други градови, тоа е поради големата можност на граѓаните и длабокиот џеб, па градовите како Битола, Охрид, Струмица, Тетово, ... се само викенд населби без постојани жители. Па затоа, сите ние со насмевка на нашето лице ќе си платиме данок со кој ќе помогнеме да се изгради по некоја статуа во центарот на Скопје, со цел – доловување на изгледот на метрополите ширум светот.
    Споменици на плоштад, споменици и капии пред чичко Стоилко, споменици во подземјето на ГТЦ, статуи на сите тезги на „Пазарче“, споменик кој ќе биде поставен на веќе постоечките споменици во градот, црква на плоштад, плоштад во плоштадот со шлаг на тортата – вечни багери кои ќе ги гледате следниве ....10 години?! И веќе излишно е да пишувам што се друго ќе се гради, оти додека го пишувам ова некој умира од глад во Танзанија, а нова идеа за споменик никнува на Владината седница.
    И бидејќи несе градеше ништо, сега ќе се гради. Исто како пес кој бил врзан за синџир некое време, па кога ќе биде пуштен – не знае што попрво да направи ... Владава треба да ја заузда некој, оти може да падне во некое блато на следната кривина. А кривините ќе бидат се почести, во зависност од многу фактори, од кои најбитен е ... човечкиот (гласачкиот) разум?! Можеби ...
    Јас искрено да ви кажам, едвај чекам да видаш што ќе се случува се до 2014 година. Сепак, ова е едно интересно ветување и не бара премногу трпение. Оти, додека го чекаш она правото, има многу попатни инклинации и случувања што крајниот резултат е само силен атлетски финиш. Па затоа, ќе се изнагледаме сечење на црвени ленти, асфалтирање и препокривање, па копање цевки, па асфалтирање и препокривање, па копање ... па куп багери и скелиња, багери, багери ... плоштадот ќе биде најубавото градилиште во Европа. Никоја метропола не може да се пофали со нешто слично!
    И додека Скопје излегува од сонот, реалноста е слична на Скопската таму некаде на Истокот, во истотака поранешна социјалистичка земја, баш како нашата, која откако излезе од лошиот систем, и треба(а) 20 години да се правда дека сето тоа е од едноставна причина – се заради петокраката!
    Не дека се тие (по)арни, ама полоши сигурно не се. И, како што веќе на големо се шушка по слаткарници, по возови и по влезови, по лифтови и ПРЕД кафани, Скопје веќе почнува да наликува на главниот град на една од НАЈЗАБЕГАНИТЕ земји во Азија – Туркменистан. Главен град на оваа поранешна советска република е неговото височество – Ашхабад. Тоа е град со слична бројка на население како нашиот мил и драг Скопје. И во него плоштадот е преплавен како Охридското крајбрежје. Статуа овде, статуа онде, споменик таму. Сето тоа се инвестира од Туркменистанската Влада, а до пари за тие проекти лесно се стигнува. Баш како и кај нас, се крати од друго, за да се покрие дупка на автопат ... не, не... да се направи споменик! Нема пари за студенти, нема пари за бранители, нема пари за стечајци, нема пари за ништо! Но, за статуи кои најдобро ќе послужат само ако некогаш треба да си ја чукнеме главата од нив, тогаш има! За тоа колку пари ќе се потрошат, воопшто не ми е гајле. Зошто мене да ми е гајле, кога тоа се и Ваши пари. Сите вие од Виница, од Дебар, од Радовиш, Гевгелија ... тоа се ваши пари! Пишете ми кога Скопјани ќе инвестираат за споменик во вашиот град...

    И за да не биде ова премногу регионално нетрпеливо и анти-скопски, оти не ни смее да биде, доколку сакам да имам свој споменик после многу години на плоштадот во пеер Скопје, ќе морам да звучам малку потрпеливо и само ќе резимирам накратко дека сето тоа е проект на Владата. Парите се народни, а се инвестираат на локално ниво, во моменти кога Македонската економија мириса на трулеж ...

    Скопје како Ашхабад? Проект кој ќе се резил – Азија - лизира. Ќе биде и тоа. Само не знам кое сценарио е полошо за Скопје. Фамозната 2012 во која некои кои немаат попаметна работа предвидуваат крај на светот или пак, 2014 година, кога Скопје ќе стане преслика на Азиска престолнина?! (проект на слични како тие првите)
    Одговор ... има!
    Секој од Вас нека си го зачува за себе, можеби во сон наеднаш ќе ви текне „Еј, навистина, ова е за нигде!“ Ако ви се случи тоа, станете, пуштете вести на Сител и ќе ви помине, не се секирајте!

    И сега стварно за крај ...

    Скопје е најголема урбанистичка грешка во модерниот свет. Скопје е град во кој живеат околу 700 000 жители, а најверојатно бил предодреден за три пати помалку. Заради тоа, Скопје има микро клима, Скопје се дави во море од магла и смог, Скопје се гуши во гужвите на тесните грла секој ден во 4 поручек, Скопје има или ќе има проблеми со вода, струја, храна, клима ... Скопје е град кој има далеку пострашни проблеми и потреби од нужноста да се паркираат милион статуи, порти и споменици на некои места на кои ја губат почетната и единствената смисла. Во лошо време се покренува изградба на црква на место кое барем било предвидено да се вика плоштад. Во лошо време ова, во лошо време тоа ... Се е лошо, доколку не ја слушате Владата. Ако сакате се да ви биде розово, без да се вика сето тоа „трип“, само читајте весници и гледајте телевизија. Скопје само таму ќе наликува на метропола. На европска метропола. ВО реалноста е, а и ќе биде нешто сосем поинаку. Нешто што ќе инспирира хорор филм.

    Ужувајте во моментите поминати во вашиот и наш град, единствен град во Македонија – Скопјабад!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Пон 01 Мар 2010, 13:32

    Една од најдобрите до сега Падре!

    секоја чест
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 05 Мар 2010, 18:18

    ФРЕНКЛИН РУЗВЕЛТ, ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ, БИЛ КЛИНТОН И ЏОРЏ БУШ СТОРИЛЕ НАЈМНОГУ ЗА МАКЕДОНИЈА

    Помеѓу борците на ОНА, семакедонските антички војсководци, десничарските ВМРО-вски дејци, Скопје ќе се усреќи и со споменици на Френклин Рузвелт и Винстон Черчил. Ќе имаме споменик на директниот виновник за бомбардирањето на Македонците во Беломорска Македонија 1948 година од страна на Британските ваздухопловни сили со напалм бомби. Замислете, двајцата претседатели од најголемите злоа на 20-от и сториле толкуа многу за Македонија, како никој друг во поновата македонска историја. На ваков начин сакаат нашите да му оддадат признание за бомбардирањата во Беломорска Маледонија? Ама тоа е кај нашите битно Черчил е борец против Комунизмот,а не е важно за тоа какво зло ни нанесол.

    А Замислете да се поднесеше иницијативе на нашите за градење на споменици како на пример од Ленин, Сталин, Хрушчов. Брежњев. Мао це Дунг, Фидел Кастро, Ким Ил Сунг, или пак од Јосип Броз Тито тоа ќе беше со месеци главна дискусија по медиумите.

    Бил Клинтон и Џорџ Буш да добиеле свои улици

    Идеја на нашата влада стара 2 години. Не ми е јасно зошто овие двајца претседатели да требало да добијат свои улици, кога Бил Клинтон виновникот за Бомбардирањето на СР Југославија 1999 година со осиромашен ураниум којшто ни фрлија за да ни ја зголемат смртноста, деформитетот, кои дирекно влијаат на обновување на нацијата. И дене денес ги трпиме последиците и допрва уште ќе ги почувствуваме.
    А која е заслугата на Џорџ Буш за Македонија? Најголемиот воен злосторник во ова децение и тоа што ни ја донесе војната 2001 година? Македонија доволно има свои Херои па некое нивно име да добие улица. А ние со ова докажуваме дека на Американците им ги бакнуваме задниците, се со цел да добиеме некоја ронка внимание.

    Следно од кого ќе градат нашите? Можеби од Ицак Рабин, Ариен Шарон или Бенјамин Нетанјаху?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 06 Мар 2010, 00:42

    Добро е Заптија. Добро е! Ја долови поентата! Нека биде јасно се, нека е кажано се, како што е во коментарот твој! Права одлика на македонското општо размислување измешано со мејнстрим вестите и весниците кои ја прават мозочната гимнастика, па спомениците на американски и британски личности од политиката за нас се битни како наши!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 13 Мар 2010, 21:51

    Не е битно што знаеш, туку ... who told you!!!



    Додека надвор е ладно и врне снег, и додека сонцето е сеуште ниско на хоризонтот и ноќта го јаде денот, можам да ви раскажам една приказна за една земја која само на зима, на временски услови како овие има барем малку допирни точки со нашата. Но, во приказната, дури и ликовите кореспондираат со нашите. Нивните ставови, перцепција, менталитет ... Дали е до тоа што приказната е измислена, или пак, до времето е?! Не знам ... сепак, тоа е само приказна. Можеби подобро ќе звучеше ако ја слушневте од Бил Хикс, ама сепак ... дајте им шанса на следните неколку реда букви. It’s just a ride!

    Пред многу години, на најдалечниот север на Стариот континент, во тешки времиња и услови живееа племиња кои се нарекуваа Викинзи. Сите тие беа силни и големи. Поднесуваа студ, влага, жед, глад. Биле многу адаптабилни на најтешките услови за живот. Сепак, регијата каде што живееа беше место каде што понекогаш сонцето сјаеше среде ноќ, но понекогаш воопшто го немаше, а дури не врнеше ниту снег, од толку што беше студено.
    Сите живееле некако сложно и братски. Никој никого не мразел, имале голема почит спрема секого. Спрема знаен и незнаен, роднина и пријател. Во време и во невреме, секој на секого му помагал.
    Но, кога станувало збор за избирање на водач, на викиншки крал, тогаш тие биле повеќе од непријатели. Ако некогаш седеле на маса и јаделе, се смееле и разговарале, доколку било спомнато нешто во врска со кралот и со човекот кој сака да го замени кралот, тогаш – веднаш се ваделе мечевите. Викинзите уште од најстари времиња биле осетливи на политика.
    А кралот, Ерик Портокалевиот, бил многу мудар и способен водач. Пред да биде крал, тој бил само обичен човек кој многу вешто се снаоѓал кога ќе дојдело време да се избројат рибите кои тогаш биле уловени и требало да се распределат низ племето. И во такви ситуации, Ерик Портокалевиот зборувал со луѓето, им кажувал што видел и што знае, оти сепак, сите знаеле дека Ерик е учен човек, иако читал книги во едно село на истокот кое имало многу лоша репутација. Ерик Портокалевиот тврдел дека кралот и луѓето кои му се од врвот на раководењето, прават многу измами и неправилно го делат уловот. Луѓето поверувале во тоа, па сите, едносложно изразиле желба токму Ерик Портокалевиот да биде нивниот нов крал. Дотогашникот крал Хенинг бил на власт многу години. Племето кое години претходно живеело во заедница со едно друго, поголемо племе од север, веќе било осамостоено, но, почетокот бил тежок. Хенинг имал многу тешка работа додека го оспособи племето и додека го зајакне.
    После кратко време, откако Хенинг бил исплукан и мразен, на престолот седнал Ерик Портокалевиот. Сите мислеле дека со него ќе тргне работата на поарно. Сите очекувале повеќе риби, повеќе леб, трговија со повеќето племиња низ Европа па дури и пошироко. Ерик ветил дека ќе се договори со едно големо племе кое ќе го брани ако некој го нападне Ериковото племе. Народот само слушал и сонувал. Сите биле уверени дека Ерик Портокалевиот ја зборува вистината.
    Поминале неколку години, а од промените ништо. Додуша, имало неколку. Освен забраните кои Ерик Портокалевиот ги вовел, како на пример : забрането острење на меч на јавно место, забрането пуштање на долга коса и брада, забрането пиење на вино и слични работи кои пред тоа, Викинзите уживале да ги прават. Но, сепак, нешто повторно го терало народот да му верува. Имало еден викиншки шутрак, по има Лаган кој бил протеруван од сите викиншки села низ годините претходно кој минувал низ селото на Ерик Портокалевиот и носел вести и новости. Иако сите го викале шутрак, тој сепак бил многу јак на зборови и маниплулирал лесно со народот. Тоа го знаел и Ерик Портокалевиот, па му дал еден брод за награда, ако муабетите кои ги шири низ селото му одат во негова полза. И така и било. Ерик правел глупости низ племето, луѓето веќе почнале да гладуваат, имало се помалку риби, ноќите биле студени, а било забрането на своја рака да сечиш дрва, но сепак, народот бил на некој чуден начин – задоволен!
    На еден рид над селото еден викинг бил редовно на стража. Тој редоно го гледал однесувањето на најголемиот мразник во регионот. Мразникот се движел понекогаш бавно, понекогаш брзо, но доколку не се контролира, може да направи катастрофа. Многу куќарки веќе почнале да се градат блиску мразничката долина. Џон, викингот кој го надгледувал мразникот немал голема почит за Ерик, ниту Ерик за него. Сепак, народот му верувал на Џон и тој добро си ја вршел работата. Мразникот веќе долги години бил контролиран и си “живеел“ нормално во рамките на неговата долина.
    Еден ден, во една зима кога паѓало многу снеги и се создале услови за фирнизација на снегот, Ерик Портокалевиот ги собрал викинзите на средсело да им побара се што имаат да дадат за собирање на средства и изградба на споменик на кралот кој многу години претодно бил на власт, а имал голема почит од Ерик Портокалевиот и селаните. Селаните се гледале меѓусебе со задоволни лица и со „Да, да!“ изрази и веднаш поитале кон своите домови за да можат да земат се што им е потребно за нормален живот, да им земат се што им треба на нивните деца за сето тоа да го однесат на плоштад и да биде направен споменик. Ерик Портокалевиот му понудил риба која може да се собере за три месеци на тој што ќе го направи споменикот. Нормално, Ерик тоа го ветил на некој од некое друго, невикиншко племе, со цел, да можат да направат некоја дубара, па нешто од рибите да остане и за Ерик.
    Додека сето тоа се случувало, чуварот Џон го гледал со внимание мразникот на ридот. Тој веќе забележал дека нешто не е во ред, дека мразникот е поголем од вообичаеното, посебно откако видел дека една река, по наредба на Ерик Портокалевиот била пуштена да тече директно во мразот. Тој го известил селото за тоа што се случува горе на ридот, и дека е можна опасност. Настанала паника низ селото, а Ерик Портокалевиот и шутракот кој носел вести веднаш поитале да ја смират ситуацијата. Тие ги уверувале и ги увериле на селаните дека ситуацијата е мирна, а сето тоа е измислица на Џон и на неколку селани кои го сакаат назад кралот Хенинг. Ерик сеуште се плашеше од можното враќање на Хенинг, па се што се случуваше беше масло токму на поранешниот крал. И Хенинг не беше поарен. За се што се случуваше, крив беше Ерик и така се во круг. Но, овој пат, нешто не беше во ред. Мразникот веќе бил стигнат до куќите кои биле изградени до долината. Џон само немо посматрал. А веќе дошла пролетта, време кога Џон редовно го напушта селото и со брод оди во посета на ново – откриениот остров за кој некој претходно рекол дека е многу зелен остров. Џон уште пред 4 – 5 години се уверил дека островот не е зелен, туку е цел со мраз, но сепак селаните не му верувале, оти Ерик рекол дека тој мора да биде зелен, иако Портокалевиот Ерик никогаш не ја напуштил Скандинавија.
    Откако ситуацијата малку се потсмирила, а мразникот изгледал како да може да си е врати во нормала како и порано, Џон заминал за Гренланд. Истиот ден, Ерик Портокалевиот и шутракот Лаган кренале узбуна. –„Каде е Џон, како смеел да замине?“ „Како смееше токму сега, кога мразникот може да не убие?“ „Веднаш нека се врати!“ ... тоа се само дел од зборовите кои Ерик и шутракот Лаган ги изнарекоа низ селските сокаци. Наеднаш, ситуацијата со мразникот стана алармантна, а не беше, кога тоа Џон го тврдеше. И наеднаш Џон заминал а целото село му се налути, оти Ерик и Лаган рекоа дека има опасност – а немаше. Џон беше навреден и се чувствуваше многу мал. Никогаш никој не му верувал, иако беше прведен и мудар и знаеше како да се воочи со проблеми. И сега, тој знаеше дека не згрешил, но, народот и Ерик му пресудија – само за да се покаже дека Ерик се грижи за народот, кој веќе се повеќе гласуваше, но му требаше занимација, а овој пат, тоа беше плукањето по Џон. Пријaтелот на Џон, поранешниот крал Хенинг го стори истото. Никој не очекуваше, но и тој почна да плука по Џон. Нормално, и Хенинг беше крајно лицемерна и превртлива личност, па кога се работеше за власт, би ја продал и својата мајка. На овој начин, тој сметаше дека полека ќе ги добие симпатиите на глупавите селани.
    Мразникот се смирил, се покажало дека тој и претодно знаел да порасне како оваа година. Споменикот на поранешниот викиншки крал почнал да се гради. Риби се помалку имало. Народот бил мизерен и истоштен. Веќе се наѕирало дека околните племиња сакаат да го освојат селото, а доколку се решеле на тоа, се знаело дека ќе нема отпор. Додека се случувало ова, Ерик Портокалевиот и Лаган шутракот стоеле гордо и високо на средсело и зборувале јасно и гласно по цели денови. Сите гладни и жедни и преладени гледале во нив и слуаше. Па гледале меѓусебе со веќе скиселена фаца, но, со „Да, да!“ израз на лицето. Да живее Ерик Портокалевиот, што ни зеде се’! извикуваше потсвеста, но друго се слушаше. Ерик остана вечно да биде кралот ...
    И така беше ... пред многу години ... ама таму!


    (Сите ликови и ситуации, сите риби и мразници се измислени, а оние кои ќе се пронајдат во нив, нека останат подзамислени).


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Cinnamon* on Пет 26 Мар 2010, 14:01

    Изгризани сништа

    тик - так
    тик - так
    тик - так
    тик - так


    Тime goes by so slowly, time goes by so slowly, so slowly, so slowly

    Прекрасни осечаи, мирис на косена трева, секси професор по философија, пет сменати влошки, проектна задача за матурски испит, два сати во потрага по еден ќибрит, 500 денари потрошени во два дена, а и да, матура во епинал, главна тема на денот во Гимназијата Јосип Броз Тито, која со гордост го носи името на нашиот БИВШ водич.

    Ретроспекција

    На ден 26, март, 2010 година беше одржано предавање за Хепатитис Ц или тивкиот убиец. Ниту јас, а ниту професорот по философија можевме да издржиме монотон глас, без никаква интонација, полн со себе, а и со пари богами, да ЧИТА од некоја проекција за тивкиот убиец. А веројатно на крајот требаше жал да ни падни оти брат и умрел, ама мене не ми падна, не знам оти. Можи сум премногу сурова?
    И уште едно предавање, од невладина организација, типката беше супер, и нудеше волонтерство во држави од Европска Унија, шо многу ми се бендиса, ама мене ме чека медицината, и ваљда, пошто ја прашав, нема да можи да ме почека да одам во Франција, пример. А да, немам 18+. ај ако не в година, шо МУ ДАВАШ. Ок, можи нема да одиме да волонтираме во срансво, ама барем не спаси предавањето од прекрасниот ни професор по физичко, нашиот мил и ПРЕдосаден Драган Талев.

    *Интересно е да си матурантка, враќајќи се назад низ неделата, сфатив дека имам 180 оправдани и 7 неоправдани (неправедно, некои имат по 20) и дека уствари пола година не сум ојдена на училиште. Не дека САКАВ да не одам.... После исто сфатив дека морам да се занимавам со тинејџерските проблеми од типот шо ќе носам за матура за да ме видат пред епинал, и со проблемите кои барат одговорност, или полагањето на државната матура која пеесе пати ја изменаја.*

    И така, на 26 март 2010 година, јас седам пред компјутер и куцам, а надвор има сонце и пролетен осечај, милина, мене ми дува греалка в нозе.

    На ден 25 март, 2010 година мислев дека ќ'убијам некој или сама ќе с'убијам. Ама сфатив дека во ова наше време, во нашето ни село, не вреди да го губиш животот за џабе или на некој да му го скратиш чувството на отупвање. И така залудно си потрошив драгоцено време од животот, односно 3 сати на ТУПЕЊЕ.
    Цел ден наликував на црево и се мрцварев од кревет на кревет. То е, некој утре ќе оди на Школка, а некој ќе се влечка и ќе моча менструација. Па и фејсбуко и неговите влијанија врз речникот на перспективната ни младина. Лајкна, адира, адна, тагна, поукна итн. Од такт ме вади!

    *Интересно е да сакаш да студираш три факултети одеднаш. Едниот да те привлеква многу, со другиот да станиш старлета, а третиот да е твојот животен сон. А да, и четврт и петти има тука негде, ама тие веќе пропаѓат во недоглед.*

    -И на крајо, му заспав. Да бе да, од ку* ги акнав и му заспав. Е не, ќе играм јапонски игри и ќе слушам за НА ВРЕМЕТО. Ако постој време воопшто, пошто деновиве (ете еден временски израз) се соменевам.

    На 24 март, односно среда, кога одев на училиште на четврт час (не знам како успеав да заспијам толку, нели ова се вика изгризани сништа), ми текна дека прам тест, тој ист час на кој одам. Среќа, беше француски. Оти пример, така не можи да ти текни 5 минути пред тест дека прајш тест, ако е тој ТЕСТ ФИЗИКА. Пример, велиме.
    После то не се сеќавам шо праев. Од проста причина шо 2 сати и 45 минути ми поминаја на кино гледајќи го А уоман Андр Инфлуенс. Добар филм. Ама ДВА САТИ И ЧЕТИРИЕСЕТ И ПЕТ МИНУТИ! Не сум трпелива личност во глобала, можи зато. И после не се сеќавам шо праев, зато шо не мислам дека нешто праев, филмот ми го прокоцка цело време шо ми беше слободно и на располагање. А да, пред то, се покажа вистинита мојата омилена фраза Hi, I'm your period and I've decided to come in a really bad time. Ама она РИЛИ БЕД ТАЈМ! Се азависи како ќе го сфатите ова. пошто бед и бед на македонски можат да бидат различно преведени. кој како знај.
    Си го читав дневникот од ко имав 14-15 и 16 до негде години. Уау Сандро,да не беше дневникот немаше да знам дека со Тони прам две години од непостоечка врска. ДА ми беше дечко ваљда ќе ми се налутеше, хау куд и форгет.

    *Абе го сакам многу мојот волшебник од Оз. Шо будала сум јас да се ШМЕКАМ. Шмекањето ми е глупа ствар, шармот ме вади во 90% од случаите. Среќа шо го поседувам, иначе како ќе си најдев дечко, без ШМЕКАЊЕ. =* *

    На 24 март, вторник, во пролет господова 2010, која владее само 3 дена, врнешееее. Покажувам добри способности и во метерологијата. Најубо е ко ќе врни во пролет и ко ќе го има онај мирис на вода од атмосферата помешана со прашина од асфалтот. Шо ме изнервира во вторник, 24? Мора нешто да ме изнервира во денот, не ми поминва така, не го дишам животот со полн елан, то ти е. Ме изнервираја: А, Р, М, Ј, К, Е и многу други букви од азбуката кои се појавуваат како почетни на некои имиња. Зага продукција има трпение, ЈАС ГО НЕМАМ. Мислам мора да има, продукција е. Ги скренаја луѓето, ги пореметија ментално оти ЗАВРШИЈА ЧЕТВРТА ГОДИНА ГИМНАЗИЈА ОДНОСНО СЕ МАТУРАНТИ. (немат уште ни завршено). И да, оти ги сликаја, сите слики на Цд, одма, пошто ЈАС СИ ИМАМ 500 слики од мене. Уау. Мен.

    *Шо е толку биг дијал за да завршиш матура, денес докторати, магистрати и дипломи купени од факултети, ти се радваш ради средно образовање кое е задолжително и кое до јаја ќе ти недостига. БравоС *

    На 23, мај, понеделнички убо почна неделата. Ама никој не знаеше како ќе заврши. Имавме 1 час, од 6, со првите 2 празни. И после, пола сат договорвав 30 годишен маж за на кафе, ама премногу гужви, Ќебапо (мај персонал стајлист, д бест ин битола) ме средваше во косата, арно ојдов рано и не ги начекав гужвите во салонот. И после Зага Продукција, црвена машна, црвен кармин и едно десет порцелански, малтерисани кукли наоколу. Пола кажват дека се грди, а пола си ја средват фризурата. Ваљда се поистоветуваат со естрадата, или можи се до толку несалам и се надеват дека ќе станат дел од неа, наликувајќи на неа. Црвен тепих и оскар. Најлошо облечена и најлошо нашминкана беше..., главна колумна во Воуг итн.
    Матурската слика ми ја видовте, тој шо го интереесираше арно, тој шо не го интересираше, пак арно. Ионака немав друга интересна слика да клам во Форумџиски фотографии, па не сум од оние фотографи од денешницата (секој втор чоек) кои се вадени под индиго.

    *Петок и Сабота ќе ги додам некогаш. Ако воопшто се остварат. Нели не постој време?... ...Уф шо сакам да сум осмо оделење и да се радвам на шетање угоре-удолу низ корзо во сабота и петок. Ај мис доус тајмс.*

    Коментар

    Сума сумарум, по македонски учевме дека во колумна новинарот може да даде свој коментар. Јас не сум многу по пишаните коментари, појке ги љубам лично поделени.
    *Проектната задача за матурски испит по македонски односно Лолита, болната љубов на Хамберт Хамберт помина прекрасно со некои печатни грешки. Сакам да сум на планина и да палам едно луле и да дишам свежа трева и да слушам лаеж и околу мене да поминат неколку овчари или козари и ѕвонците да се задржат долго во моите уши. Но, за среќа (или не) јас сум во зграда, на шести спрат, се зрачам пред компјутер и чинам врват автобуси, авиони (или не), камиони, и се друго шо завршва на они. *


    Чао.

    тик - так
    тик - так
    тик - так
    тик - так

    Time goes by so slowly, time goes by so slowly, so slowly, so slowly



    п.с. абе ова некако долго дојде а?

    п.п.с. Арно шо постој фејсбук, благодаерние на него луѓето добија екстра способности

    Aleksandar Dragorski 23 March at 16:37
    TI SI MNOGU EMOTIVNA LICNOST SO GOLEMI POTENCIJALI

    Sandra Cinnamon 23 March at 23:44
    ?

    Aleksandar Dragorski 24 March at 19:31
    ima nestto mnogu interesno vo Tebe

    Sandra Cinnamon 25 March at 13:52
    dobro
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Пет 26 Мар 2010, 14:32

    Мемоарите на една Лолита на повидок? mislam

    ме бендиса директноста. Алекс факинг Букарски во (твојот „омилен“ збор) емотивна женска верзија.


    сосема небитен П.С: дури го читав текстов пред очи ми идеше стан над 4 кат, попладне, отворено пенџере, раздувано перде, омарнина и девојка со цигара в рака седната пред машина за пишување.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Пет 26 Мар 2010, 16:26

    Недај се С. , недај се на парадата.Ене кај е јули.Неможам да не го читам коментарот а да не си го вратам времето шо се дешаваше со мене тој период.Горе долу се беше исто само без циклусот и поќе кич имаше.

    Имаш мала грешка шо си ставила мај наместо март и + запирка си турила.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 26 Мар 2010, 18:30

    Го прочитав коментарот. На крај мораше да се повлечам неколку сантиметри од мониторот наназад и да речам: wow, this is better than my stuff.
    Cinnamon, неверојатно добро напишано парче. Едноставно, ги „изуживав“ неколкуте реда ...

    Секоја чест!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Cinnamon* on Саб 27 Мар 2010, 14:36

    Грациас Љуѓе! =Д
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Гостин on Саб 27 Мар 2010, 16:20

    Ретко читам во темава, ама ова е нешто шо стварно ме остаде подзината. Цимет браос, конечно некој реално да напишит без да се убедвит себеси колку е се розево.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Kelso on Чет 15 Апр 2010, 21:55

    Школски ден.

    Утринско кафе и цигара и со добро друштво го започнав денов.Надвор убаво роси, а ние во удобна и топла соба слушаме Лед Цепелин.Поинтересно е да правиме муабет и дискутираме за работи кои не исполнуваат отколку да решаваме задачи математика.Земавме ранците, клучевите, цигарите, облакај старки и накај школо.По пат среќавам секојдневни весели лица и низ смеа накај школо.Убаво си идат часовите, прв хемија-помина некако.Втори физика, не испрати надвор да дремеме во школски затоа што имаше работа.Кул.Сите надвор на цигари, се смееме, зезаме, даваме коментари и дневна доза на сарказам.Сега поминува речиси цел час.Е сега, проблем.Луѓе што имаат одлична репутација во школо(оценки и примерност) не им се иде на физика а, на одредени им се иде.Зашто?Не ги земавме јакните за на трети да идеме на кафе пошо правиме тест математика.И отидовме.Седнавме, нарачавме, од толку смеење стомачните ми се зацврстија, сикс пек.Се испомававме по пат назад, кубевме, скокоткавме, шутиравме, за кога пристигнеме во школо да дознаеме трагична вест-математика не запиша, а на тие што биле на тест имале една оценка плус иако некои не напишале ништо.Ај да избегавме пола клас па да речеш добро ај.Но, избегавме само три ученички кои постојано ги брка од часови, иако сите урлаат на час и прават глупости.Изгледа има посебна љубов кон нас.Трогната сум.Ај барем сите добиа оценка плус заради нашето отсуство.Денот продолжува ..во школо.Идеме на македонски час на кој не прави секој што ќе му текне, туку има атмосфера и се јавува интерес кај повеќе ученици во класот.Делеше писмени.Дури криво ни падна на одредени ученици што не сме направиле повеќе на писмената.Сега знаеме дека повеќе ќе се трудиме.Што убаво.Идеме према ноќта.Темно е.Сеуште врне.Се смееме и пешачиме накај автобуска.2ка дојде на време.Повторно ги ставам слушалките, качувајќи се во бус и слушам рок ен рол.На крај, сепак помина уште еден среќен ден од мојот живот во средно.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:43