Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 21 Jул 2010, 16:16

    УНИКАТ

    Ние Македонците ја имаме таа среќа да се родиме во држава, каква што нема ниту во историјата ниту во географијата, ниту во приказните, па ниту во светските чуда на Господинот Рипли.

    Македонија има работи што ги нема никаде во светот.
    Има работници без фабрики.
    Има фабрики без работници.
    Македонија има штедилници без штедачи.
    Има штедачи без пари.
    Има банки без капитал.
    Има авио компании без авиони.
    Има железници без возови.
    Морнарица без бродови.
    Македонија има земјоделство без земјоделци.
    Има сточарство без стока.
    Гасовод без гас.
    Технолошки вишоци без технологија.
    Македонија има архитекти без ниту една изградена - зграда.
    има писатели без ниту една објавена книга.
    Има сликари без ниедна насликана слика.
    Има адвокати без ниедна добиена парница.
    Има артисти без ниедна одиграна претстава.
    Има политичари без ниедно остварено ветување.
    Има мафијаши без ниеден ден во затвор.

    Затоа народе оваа земја треба да се чува како што се чува зеницата во окото, бидејќи во се е една и единствена.

    ЗА - ЖАЛ.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Сре 21 Jул 2010, 20:11

    Заптија не кради неделни коментари..:Д:Д


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Kelso on Вто 02 Ное 2010, 12:37

    Се' е борба

    За Горгија човековите цели се израз на неговата природа, за која се својствени стремежот за моќ, желбата за надмоќност, копнежот да се владее со себе и со другите.
    Човековата природа.Посилниот го покорува послабиот.Тоа се среќава во секојдневни ситуации.Не се содржи само во нас таа природа за моќ.Застапена е низ целата околина...
    Тиранството, Александар ја имал таа желба за моќ!Го освоил речиси целиот свет за на крај да биде предаден од сопствениот народ кој пројавил желба за моќ и владеење гледајќи и восхитувајќи се на постигнатото.Во крв ни е влезена потребата за моќ, како потребата за храна и секс.
    Nietzsche said моралот е средство со кое се масата се бори против оние натпросечните.Посилните единки ги потчинуваат и совладуваат послабите.Тоа не е човекова природа, тоа Е самата природа.


    Ова е дел и од нашата историја и сегашност.Порано се боревме за целиот свет а сега се бориме за тоа што го имаме.Секој се штити себеси од гладните канџи на предаторот.Вечната борба на послабиот и појакиот.Дали некогаш завршува?Или само континуирано започнува и завршува?Очигледна ли е за масата?Преовладува свет на послабите кој е посматран од очите на предаторите.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Чет 04 Ное 2010, 12:09

    Џон Галт


    Единствено гледаме работи кои воопшто не ни постојат. Општеството ни е такво што баш тие работи кои не постојат, можат да те направат да патиш и страдаш, да почуствуваш болка. Зарем од нешто што воопшто не постои?
    Тука е силата на човекот. Онаа, менталната, од која зависат многу работи. На многу од нив, ние не сме научени. Никој не ни кажа.

    Капитализмот не јаде сите. Ние сме само мали рибчиња во море кое тече, а не е Амазон. Е сега, кога малата риба ќе одлучи дека морето не смее да биде такво какво што е, туку сосема поинакво и еднакво, пираните не се согалсуваат баш, додека гризат некој или нешто.

    Зошто еднаквост?
    Работничките права и работниците се најповредени, разбирливо. Општеството, системот кој ни е наметнат ја носи најголемата неправда на сите времиња. Но, што да се прави.
    Некој има пари, некој не. Некој некогаш има, некој никогаш.
    Сета неправда се базира на ... нешто што не постои! Парите, всушност, немаат вредност.
    Вредноста, која секој ја вкусува, не постои. Најсилната работа, која ги влече уздите на еден куп други работи, воопшто не постои. Големо ништо одговорно за многу среќа, тага, прегратки и солзи.
    Не намеравам да изигрувам поет, ниту пак ме личи, на ваков коментар.
    Едноставно, поентата ми е во системот, општеството, во светот наречен Македонија. Надвор од границите кои не постојат, баш ми е гајле што се дешава.

    А зошто баш Македонија. Па, ајде да видиме зошто ...
    Можеби е заради тоа што јас живеам тука? Можеби е заради тоа дека коментарот ќе го прочитаат неколку македонци? Можеби заради тоа што е напишан на македонски јазик? Па, најверојатно. Но, дефинитивно, првенствено е заради тоа што не постои држава наречена Македонија (во партијата на непостоечки работи: вредност, граница, Македонија).
    Не, не постои!

    И што ми беше зборот?
    Живееме од вредност што не постои. Се огледуваме на идоли кои не постојат (оние што постоеле, се полу живи), стоиме исправено на химна на држава која не постои, славиме празници кои не постојат. Целиот тек на секојдневието, целата река брза низ корито кое не постои. За да се влие во море, кое за жал, постои! Каде што доаѓа големата болка.

    Неправда! Е таа постои!
    Колку луѓе ја чувствуваат, колку патат и плачат од неправдата, сите знаеме. Колку луѓе сакаат да ја исправат, да ја средат, да направат пресврт. Не можат.

    Жртвата е голема! Преголема! Кој ќе се нафати да го носи крстот на Голгота, треба да биде - будала!

    Општеството наше има недефинирани луѓе! Многу од нив не заслужуваат подобро општество! Никој не заслужува! За кого?

    Дефинитивно Ви изгледа како исфрустриран коментар! Ама, не е! Не!
    Излежан е како старо вино, само што ... не е до толку добар и квалитетен!

    Оти, немам многу материјал. Сепак, да се нафатиш да извадиш поента од нешто што не постои, е голем потфат. Ама, како што рече Кенеди, така и јас. Се нафатив не дека е лесно, туку дека е ... безврска!

    Зборот ми е:

    Неправда, нерамномерност, нееднаквост - има заради тоа што сето тоа е заслужено!
    Целото општество е такво какво што е нарачано! Нашиот народ не залужува подобро!
    Нашата околина не смее да знае за повеќе и подобро.

    Никој не може да го трејдува својот живот за да проба да ја исправи работата.
    Никој не може да го носи тој крст.
    Never! Ever! Never!

    А што сум поарен пак јас? Мислев дека сум working class ... hero!
    Ама, ниту сакам да бидам, ниту некој заслужил.

    Морето тече, а е река - постои!
    Се околу нас - не постои!

    Погледни околу тебе - многу работи, не се реални! Не се!

    Ниту мојата поента!

    Еј, да!



    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 05 Фед 2011, 15:37

    Четиво


    Hello my friends, we meet again. It's been a-while, where should we begin?

    Кхм ... благодарност до Скот Стап за уводот. Моето враќање, секако, мора да се најави од таков човек.
    Што бе враќање? Јас никогаш не ни заминав. Или пак, никогаш не ни бев тука, зависи.

    Добро, од кај да почнеме? Сигурно нема од „неделните случувања“. Не сме „некоја емисија на кратовкса селска телевизија“. Ќе почнеме од пристрасни, реални коментари.

    Епа, кога не се ценеа оние „посаглам“, тогаш, вака нека биде.

    На почетокот беше зборот. Зборот „кретен“.

    Ако се водиме според таа теорија, тогаш, се што почнало, секој никулец на секоја цивилизација се наоѓа во Македонија.

    Кретен е убав збор. Не би требало да е навредлив за никого, оти важи за секого. Во Македонија, секој може да биде магистер на науки, експерт, политичар, кретен. Посебно кретен.

    Замислете, што ќе беше доколку се даваа субвензии за кретенизација на народот? Мислите, ќе беше доволна Народна банка за да исплати секаква кретенштина во државава? Ќе имаше проблеми, гарантирам. Не сум економски експерт за да предвидам што значи, ама дефинитивно тој настан ќе го има во “македонската историја“ после ... 30тина години. Каква историја? Нема да ВИ се верува дека се насмеав додека го пишев делот за историјата. Македонска? Хах ...

    (3 минути подоцна)

    До кај бевме? Менував некои песни на винамп што беше заглавиле, па ми избега мислата. Само, немојте да ме поистоветувате со „македонштина“. Сеуште се држам, сполај му на Горнион. И не, не зборувам за нашиот премиер Никола.
    Упс, грешка. Прекршив неколку заповеди. Со самото тоа што напразно го изговорив името негово. Нека се свети името твое (перфектна идеја за реклама на ЕВН крвопијците струјодарителите).

    Bobby's alright.

    Полициска држава! Полициска држава!

    Па ќе биде бре, ќе биде! Ај нека се жали некое стадо овци на „волчја падина“ да ги видам. Не жалете се, падинава не е ваша. Или е?

    Мед и Ум.

    Медиум.

    Кој ли Ве лоботомира бре браќа? Кој?

    Што има телевизорите да Ви кажат што да јадете? Погледнете околлу себе, нема ништо на трпезата. Побрзајте, мислам на радио слушнав дека статуите од милиони евра се чоколадни. Ама не кажувајте на секого. Грицкајте и уживајте. Нека не Ве знае секој.

    All the way

    Зашто така?

    Има ли некој во државава што гледа реално на работите? Има ли некој што има повеќе од 100 денари свој буџет а не ги здобил парите со непотизам или партиска книшка?

    Marooned

    Не можете да добиете интелегенција, ама можете да добиете диплома. Си мислам, до каде стигна целата ситуација со народот наш „патриотски“. Преку студентите до месечина, нормално. Пред некој ден ги гледав, се смеев малку. Сакале да учат господата без три чисти. Што рече еден човек паметен, заборавив како се вика. Да протестираат професори, а против нив да има протест - реплика (?!), е тоа не го може ни на Монти Пајтон. Стварно бе, каде живееме ние?

    (после 12 секудни)

    Се прашував како да го вметнам исказот дека секој што вреди во државава треба да ја напушти во најбрз можен рок.
    Ако не го направите тоа, сте:
    - идиот
    - навистина немате опција да го направите тоа
    - имате членска книшка од ДПМНЕ, што значи сте од првата цртичка.

    Пристрасно зборувам? Вие пристрасно го дишите воздухот, Ви замери некој?

    Си седам јас така, глупости си пишам, колку да ме врати на политичките води. Немам ни алкохол, ниту сакам да се напијам. Едно кафе добро би ми дошло. Оти, секоја приказна што има враќање е досадна на почеток. Ако се сеќавате, и Мајкл Џордан немаше некое „шоуастично“ враќање. Ниту Мајкл Шумахер.
    јас не сум Мајкл, ама се вратив. Да ги соберам „рибите“, да ги тргнам од поморот. Секој што ме слуша, ќе седи десно од мене, во имагинацијата наречена „што било, па и Утопија, само не Македонија“.

    За крај, не очекувајте поента. Имате неколку пребркани редови, кои не морате да ги прочитате. Јас, направив тоа што морав. Вие, направете го тоа што морате.

    Јас се надевам дека кретенизацијата не важи толку широко, толку опсежна не е.
    Немојте да ме натерате пак да се откажам од Вас. Заради Вас.

    Следен коментар, тематски нека биде.

    На почетокот беше транзицијата. Само кај нас, сеуште сме библиски поврзани за истата.

    May I say ...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Вто 15 Фед 2011, 02:19

    Навистина No Name Nation



    Некој премногу ја обожава драмата на Миле Рупчиќ - „Пит и то је Америка“. Некој е премногу носталгичен. Некој претерано ја сака 2000 и првата. Наспроти „секогаш некој“, оние, повеќето удобно и слатко си спијат.

    А во меѓувреме, ногу работи се случија. И тоа во краток временски период. Проекција во мало, на некој чуден начин, на драмата која претходно ја спомнав. Испадна дека токму Македонија е земјата во која едни рушат, други градат. Поминуваат војни, паѓаат Влади. Секако, таму некаде во Илиноис се случуваше и се слушаше рок енд рол. Таму некаде беше Дизнилендот. А бејзболот, е тоа беше култна работа. А кај нас, турбофолкот е главниот носител на секојдневието и само тука е разликата. Заради тој мал сегмент, нема да не тужат за “плагијаторство“. Инаку, се е исто. Добро, сепак се потврдува теоријата дека, што и да се менува, луѓето се исти. Од Алјаска, до Мексико. Од Ботун, до Пресека. Од Кестењар до Ченгино кале. Тоа е иста слика. Ист менталитет. Различно поднебје.

    А тука, можеби некој знае повеќе. Некој можеби рефлектира нешто од нас, нешто за, и заради нас, што ние ниту го гледаме, ниту чувствуваме. Се надевам дека нема да бидеме вовлечени во големата партија шах на ... пак оние „неколкумина“. Оти, во овој случај, во шаховски жаргон кажано, само „пат“ позиција и остана. Во реалноста, јас ке го наречам тоа надеж. За утре. А подобро утре...е тоа е веќе мисловна именка.

    Интересна е работата што навистина се случува кај нас и со нас. Нели, важиме за земја во која слободата и мирот се негуваат и одгледуваат, не сме „затупени“ од медиуми, религија, политика. А вистинската слика, или пак, вистинската фотографија е сосема поинаква.
    Браздата наречена „религија“ која се надоградува на „национализам“ станува се поголема. Како што се движат работите, оние кои немаат врска со „политичкото орање“ ќе пропаднат во неа. Оти, само се наведени натаму. Со врзани очи. Некој купува поени, некој вчерашен весник. Некој збира гласови, некој го гради своето големо его. Но, цената е преголема.
    Се работи за (не)здрава младина. За столбот на нашето разнишано општество. За нашата интелектуална моќ, која треба да не поведе напред, како искусен машиновозач, како вистниски морепловец. Преголем влог, нели? Се ризикува иднина, за израмнување на сметки од минатото. А сегашноста ... е таа е посурова од секое црно сценарио.

    Премногу е чудно, колку народот е подложен на манипулации и провокации. Од медиумски куќи кои се жртви на власта, а други се полтрони на истата, до незадоволни земјоделци, преку патроити и предавници, до верници кои се лутат на рушење на „нивниот“ сакрален објект, и ја исправаат работата со палење на „туѓиот“. А кога работата е таква, кога народот е премногу незапознаен со причините и последиците, и со нивната дефиниција дека „политика е СДСМ И ДПМНЕ“, како и (само за нив) стварноста која е директен резултат на тие две партии (од Биг Бенгот, преку изумирањето на диносаурусите, па се до излевањето на нафтата во Мексиканскиот залив), лесно е да се направи, ништо друго, туку куклен театар. Ама, во оваа прилика имаме публика од 2 и кусур милиони жители. Но, и некои други.

    А тие се ништо друго, туку нашите главни критичари, од нашиот омилен Запад, кои со нивното крајно заинтересирано и бистро око, будно ја пратат секоја ситуација. Додека во нашите рамки на нашата ситна татковина не се знае „кој пие а кој плаќа“, на големо се дискутира во „белите куќи“ во метрополите на „големите браќа“ кај кои 20 години мечтаеме да одиме на „кафе посета“ наречена интеграција.

    Крајно жалосно е доколку на нив останува да ни ја решат ситуацијата, за која ако не бев дел од истиот, гореспоменат театар, ќе речев комична. Крајот е доста предвидлив, оти, режисерите се тие, од иста школа, творат на ист начин, по ист терк и милуваат исти жанрови.

    На менито имаме тешки тематики. Религиски тепачки во секуларна земја во која секој втор се афирмира како атеист. Имаме националистички рингови, незаинтересирани предавници и наспроти нив патриоти, кои својата иднина ја гледаат со заминување во странство. И на крајот, имаме задоволни незадоволни и незадоволни задоволни.

    И тоа е „онаа другата слика. Тоа е Македонија!“
    Земја на можности.
    Земја на контрадикторности.
    Земја на чуда.
    Чудесии!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 26 Фед 2011, 13:00

    The End


    Ја знаете „With a little help from my friends“? Ако ја знаете, не мора да ви ја џвакам поентата што ке биде раштркана подолу. Ако не ја знаете ... too bad. Животот е прекраток за да се научат основните работи.

    Јас не знам што си мислел Ринго Стар во време кога Џон, ЏОрџ И Пол беа главните фаци од Ливерпул до Кобе, од Хамерфест до Ушуаја. Можеби Хикс ја погоди поентата со неговото „Битлсите беа толку high шо му дозволија на Ринго да испее неколку песни“. Можеби, но, најверојатно има друга димензија на шалабајзеријата кај „бубачките“. И не само кај нив.

    Колку е битен мотивот, поддршката, подадената рака, зборот што ќе се чуе кој ти дозволува да ги поминеш сите животни, биолошки, општествени, препреки. Најразлични, најопшти, секојдневни. Мене таа песна што ја пее, најверојатно неслучајно РИнго, ми ги објаснува работите.
    Колку ли е тешко самото општество без тие неколку сегменти што Ринго ни ги покажа дека ги има. И колку се небитни бубачките во целиот тој „од“ на универзалноста, оти истите тие работи не прават да бидеме сосем слични, и тотално различни од тие луѓе кои ние ги сметаме „вонземјани“.
    It's been clear to me која е формулата за успех. поракј силниот болид во формула 1 кој го тркалаше Шумахер Мајкл. онаа другата. Формулата за успех, за постигнување нешто.
    Долго време читав книги, димев цигари, џвакав мастики, гледав фудбал, играф МАМЕ32, мислејќи и “заварувајќи“ се дека мотивот е главниот и единствен предуслов за успех, за пребродување, за достигнување на нацртаното. И крај краева, за да имаш „нацрт“ треба да се биде мотивиран.
    Но, побогу, од кај иде тој мотив? А? Е ... malo sam se presao.

    Пак да се навратам на песната што ја пее Ринго? Нема потреба, нели? Веќе ме разбирате?
    Па можеби, оти немам мотив да го пишувам сето ова, па на крај можеби ќе изгледа како да го „стокмило“ некое седмо одделечне, а не како просветен работник кој треба да му предава животни и просветни лекции на тоа „седмо оделенче“. Колку се само испретумбани работите, кога немаш поддршка, драги мои. Ни гравот не е грав, ако нема добра потпршка. Ни лисицата околу врат на некоја госпоѓа не е природна, ако не ја отепал некој ловџија. Ниту Џими Хендрикс свиреше на Сарџнт Пепер албумот ... Добро, за последново не сме толку сигурно, земајќи го во обзир стартот на ова ТХЕ ЕДН сценарио. Со кое, i must be certain.

    Јасно е, нели? Или си тука, или не си. Знам дека имаше една „теееешка филозофија“ која гласеше: Мислам, значи постојам.
    Дечки, секако не е така. Ако си сам, буквално или во која и да е форма (па и да си сам во работите кои сакаш да ги правиш, без поддршка на никого), не постоиш. Никогаш не си постоел.
    Usrana sminka defilira nasem putu za _______________ (секој има право да наведи место и причина). Секако, таа фраза, во ова општество, кое ќе го исплукам за крај, е сеопфатна. Оти, сега гледам дека, секој мој коментар, секоја моја саркастична забелешка, секоја моја железна иронија била ... во најмала рака (На Шон Мерион) глупава, оти ... општеството постои заради и поради човекот. А не поради ноевите на некои фарми во Струмица или кај Групчин.

    А како да го исплукам? Најдобро што можам. Ќе почнам од себе. Јас, исплуканиот.

    „Нашето општество е загадено ко Драгор, а ние го сакаме чисто ко Радика. Нашето општество е глупаво ко Питер Грифин, а ние го бараме паметно како „Шефот“ на Саут Парк. Нашето општество е корумпирано како ФК Порто, а ние го сакаме чесно како Шкотската фудбалска федерација. Нашето оптество нема иднина, а ние го сакаме со добра заднина. Нашето општество е против нас, а ние го сакаме За нас. Нашето општество сме НИЕ, а ние сакаме ...“

    They asked us if we were happy. We said - WE DON'T KNOW. Took us by the hand, and up we go“

    THE END


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Kelso on Пет 11 Мар 2011, 04:15

    Homo homini homo

    Човек на човека човек.
    Што всушност значи ова?Дали некој се однесува како вистински човек?
    Прво спрема себеси а потоа спрема другите.Мораме да бидеме вистински спрема себеси најпрво.
    А, навистина, каов е тој човек?Како е да се однесуваш човечки, јас не знам.Затоа што човекот уништува, создава војни и предизвикува глад.Тоа ли е тоа човечното во сите?И ако не е, чие е кога човек го прави и поседува?Јас гледам човечност во луѓето.Но, не е се што гледам убаво и не ми се допаѓа дл од тоа.Затоа што е човечки.Обично.Не е величествено ниту пак божествено.Човечки е.Човек на човека е човек.Колку што може да си дозволи.
    Не, јас не сум приметила некој човек да се однесува кон друг човек поинаку освен како човек.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Пет 11 Мар 2011, 15:58

    Недијагностициран неделен коментар

    8 Март. Вау, звучи ко да ќе ја запеам онаа песната од Каролина што месец дена ја вртеа по радио кога излезе...Нешто...Осми март, со неа ти, блаблабла...Не го научив текстот, само месец дена ја вртеа. Па наравно, кој би ја слушал песна од Каролина повеќе од еден месец?!

    Туку, кој ми беше муабетот...? Немаше муабет. Осми март...глуп празник. Само цвеќарите го сакаат. Го сакаат зошто тогаш собираат ПАРИ. На сметка на некој што троши пари. Па кога ќе видиш, во 70% од случаите, трошиме пари на глупости. Еј, 8ми Март е, ајде да купуваме цветови, парфеми, марами...

    Кога бев мала празников беше добар за размрдување креативност зошто и правев честитка на мајка ми. Језда, ни тогаш не го сфаќав празников. И никогаш не сфатив дали е празник на мајките, на жените, на сите женски суштества...И, зошто ондак нема ден на таткото? Ама тогаш не се замарав многу многу за тие работи...си ја правев честитката за мама и пазев случајно да не улета во соба и да ја види, со што изненадувањето би ми пропаднало.
    И за баба ми правев честитки. Последната и ја пратив кога беше во болница. И неколку дена после тоа, на денешен ден пред 8 години, сфатив која е тежината на солзите што излегуваат од душа, а не од раната на коленото.

    Овој 8 Март имаше крводарителска акција во Даре Џамбаз. Идеме јас и татко ми во 9 саат сабајле и ни кажуваат од 10 дека е. Па и не беше толку лошо тоа, си шетнавме со татко ми во чаршија, муабет, бурек, ово-оно. Се враќаме во 10 и чекаме...и чекаме и чекаме и чекаме до 10:30, татко ми касни на работа веќе саат време и му пукна филм и си ги собравме капутите да си идеме.

    После неколку саати пауза со пишување, се враќам на коментаров. Заборавив што сакам да пишам, ама нема врска.
    Пред малку се вратив од крводарителска акција. Убаво ми е. Исчистив дел од отровите во крвта. А- позитив. Па нормално, мора човек да биде позитивен, барем така викаат 90% од луѓето, иако 90% од тие 90% не размислиле дали навистина е така.

    Матура. Не заебаа за проектниве. Ни скратија пет дена, па сега треба бааги да загрееме тастатури. За мојава проектна, направив истражување во прва и четврта година. Дали имаш Фејсбук, колку време дневно поминуваш, која опција најмногу ја користиш...блаблабла. Од прва година 30/30 деца имаат. А кога на едно девојче му кажав дека немам ми рече „Иииииииииииииииииииииииииииииииииии како можеш да немаш фејсбук?!?!?!?!?!“ ...
    Хаааааааааааааахаааааахааааааааааааааааааа зини да ти кажам. Исто ко она можела пред да го направи. На крај краишта, зошто еден човек да не може без Фејсбук?! Ама како што тргнало, во базични потреби ќе го вбројат, како храна за егото. Дневна доза: 10 лајкови. Кога си болен, 15.

    Пролет. Конечно пролет. Сонце. Ендорфин. Убаво ми е. Ко некој да ми вбризгал животен елан. Полека мечето се буди од зимски сон. И доволно е од моите бладаници. Сега ќе одам да гмечам друго мече.
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sunshine on Нед 13 Мар 2011, 01:42

    Не знам како да почнам.
    Ко што не знам како да почнам милион други работи,како што не знам како ќе ги дотуркам до крај веќе почнатите.Шо би рекол Џек Уајт-Ај џст донт ноу уат ту ду уит мајселф.
    Станав сабајлево многу нестабилна.Психички.Не дека инаку сум стабилна ама денес поготово.Станав,испушив тутун,се размуабетив нешто со мајками кога ми текна дека имам за довршување проект.Среќа што го работам цел месец и веќе немам многу за работење,па ај ќе седнам малку за послем да шетам со внука ми на сонцево.
    Се прават подготовки за надвор,се бара облека и бла бла бла кога слушам од кујната муабет-Е сега го ебав ежот.Ме пукна смеа кога го слушнав тоа и така расположена тргнувам накај кујна да видам шо се десило,кога гледам нескафе истурено на прокетот.Нес кафе со млеко,со 2 лажици шеќер,во црвена нескафе шоља.Внука ми гревката од страв од тоа како ќе изреагирам,се скрила позади мајками и плаче.А ја го гледам хамерот.Мајками ми почнува давика- Сто пати и кажав да пазиииииии,трча ко идиот некој,јебем ти ту главу празну!Ко по обичај пцуе пола македонски пола српски. И сега глетката веќе ми станува комична и почнУвам да се смеам.Се смеев ко баба му на Шејн кога и кажа дека има состанок вечерта.Само што не умрев послем тоа.Ама како и да е не знам која ми е поентата.Се скапавв од смеење го дигнав и седнав од почеток да го цртам.И не се изнервирав.Не знам што ми е.Причата послем тоа е замрсена затоа не сум сигурна дали да пишам што се случи потоа.Најверојатно ќе помислите дека треба да се лечам у странство,зошто нема установа во Македонија за мене.

    Вчера цел ден го поминав гледајќи нискобуџетнии хорори.Не знам зошто ама ете.Најмалку 200 пати ги слушав вестите,луѓето околу мене и статусите во врска со земјотресот во Јапонија.И цунамито.И да му јебем матер!
    Па што толку се потресоа луѓево-Кутри луѓе,кутро ова кутро она! Божем првпат у историјата на човештвото има земмјотрес и цунами и погинале луѓе и не знам што.
    Што не плачеа за цунамито на Хаваи?Што не кенкаат за луѓето што се колат во Египет?За демонстрациите во Аман?За Груевски,за Бранко-Заборави ако можеш лелел срамота па со тоа кампањите леле УФ!
    Не дека не ми е жал,ама уат д фак? Светов е у пичку матер отиден и не земјотреси ,мутанти ќе почнат да излагаат од мориња,езера и ..не знам.
    Свашта.
    Take your hypocrisy elsewhere.
    Како и да е ќе го цитирам другар ми и ќе речам -Исусе и Боже1!!

    Расположеноето ми се менува на секои 15 минути.ДРАСТИЧНО.Се осекам ко да сум во климакс.
    А да,и ебате продавачите.Ебате љубезноста.Човек да помисли дека ги навредил со тоа што прашал колку пари е Витанова.
    Луѓе.Не дај боже бубрег да ти треба,10 ДА ГИ ИМА ПОЛА НЕМА ДА ТИ ДАДЕ!
    Море каков бубрег,да паднеш нема да ти помогне да станеш.Гнасни ми се.И она старине у петок лелеееее...ко во геријатрија да си влегол.Уште малце и инфузии со нив ќе влечат.АБЕ и да не им се иде негде ќе излезат зошто бесплатно им е!
    Не знам,може ја сум ненормална.Можда трипам дека луѓево и не се баш луѓе.Причините зошто мислам така не ги пишувам,многу се ме мрзи.Неделава беше анбливбл.Може ја сум ненормална.
    Како и да е,стварно немам појма зошто трошам време на ова,кога немам благе везе што пишувам,И зошто во темава го пишувам ама ај.
    Идам да се бањам.
    П.С Помалата внука денес рече ТЕ ТЕ! сонце мало,многу ја сакам1
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Саб 23 Апр 2011, 17:05

    Is that you?

    Што е најпаметно да се каже денес, овде?
    - Јас не сум од овде!

    Дур сум настроен за пишување, иако не намеравам (веќе) да сејам глупости, што на никого не му се потребни (повеќе), си викам: Што ли да напишам, а да не сум ко (би)вол Оздоленски (пак) жигосан?

    The Bronze take our pride.

    Една саглам реплика од еден саглам филм е ова (од моите несаглам ценења на секоја уметност што се восприема со очи). Ама, репликата е далеку над уметноста. Што има уметноста со убавото? Има, ама не секогаш.
    Барем вие така ја цените.

    Знаете, многу би се пронашле во коментаров кој следи.

    Дали Ви се случило некој да Ви дели сметки и да Ви соли памет, да не речам да ви дава бесплатни совети кои самиот не ги сфаќа?

    Дали Ви се случило друг да Ви кажува колку го знае она што Вие го практикувате откако сте родени?

    Дали Ви се случило да се осеќате како кретен додека кажувате нешто (арно, паметно) додека тој што Ве слуша е интелегентен колку аргентинско магаре, а со тоа Ви ја навредува, Вам ви ја навредува интелегенцијата?

    Најопфатно... Дали Ви е преку глава од се'?
    Море море, почна да звучи како реклама на топ-шоп овај коментаров мој. А, тоа не е убава работа.

    Знаете... за да Ве сфатат луѓето, или барем да ве чујат и почујат, мора да го посолите секој муабет. Не, не да се спуштите на ниво на „аргентинско магаре“. Не зборувам за таквите. Делењето бесплатни животни лекции со секаква багра (глупсон, поздрав) е лоша работа, навика, лош принцип, лошо ______ (наведете што). Остајте го тоа на страна.
    Зборувам за општи беседи. За разговори, полемики, расправии, меѓу луѓе кои можеби знаат да ценат и да чујат. Пред да почнам да звучам како Христос (не дека е лошо тоа, ама нејќам да перам изјави), ќе преминам на главното.
    Не, не, уште ова. Знам, млад бев. Пред 9 години. Во еден период од црни облаци кои надвиснаа над сите нас (крвна ограда), не ми беше до смеење, ама ме насмеа токму тоа: - Попе, премини на главното! - рече еден домицилен жител на едно извесно село, додека попот фураше молитви на Водици, пред да го фрли крстот! Got that?
    Се насмеав.

    И еве, што сакав да кажам?

    Мора, мора да бидеш гнасен во сите свои изјави. Мора да има нешто бескрупулозно и slightly одвратно за луѓето да се свртат кон твоите беседења.

    Не е така?

    Има милион примери. Низ музика, литература, таксисти-џаламкања, кафе муабети и сл. Ако муабетот не е подмачкан со бескрупулозност, не го бива!
    Абе не го бива! Абе не!
    Зарем морам и јас така? Ако веќе морам, знаете што значи тоа?

    Дека пак и пак мора да се спуштиш на нивото на „аргентинските магариња“.

    Мојов неделен коментар го посветувам на сите нас, што бараме нешто што не постои, секаде, секогаш, во сечиј џеб. Во сечија ламба го бараме Аладин (а преку све ни е од арапи), во секоја вода бараме златни рипки (а не веруваме во желби), во секој комат бараме паричка (покрај тоа „на Цезара - Цезаровото).
    Сите ние!

    За крај.

    Не ги жалам недијагностицираните, отфрлените, гладните, бездомниците, ...

    Се додека луѓе венеат, се додека луѓе венеат заради тоа што некој не може да си признае дека е „аргентинско магаре“.

    Пљук пљук.


    Последната промена е направена од Недијагностициран на Саб 23 Апр 2011, 20:15. Мислењето е променето 1 пати


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Robby on Саб 23 Апр 2011, 17:36

    Вака.. Обично на форумов не се читаат многу (а уште помалку се коментираат) вакви подолги текстови. И да Ви кажам криво ми е поради тоа..
    Недијагностициран, се што ќе кажам за горенапишаното ќе биде (пре)сиромашно.
    Една експлозија од критики и чувства испукани во еден момент..
    Една отмена изреволвираност придружена со твојот познат стил на опишување..
    Што друго да коментирам...
    Ретко се постигнува ваква вредност на четиво.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Kelso on Нед 24 Апр 2011, 18:13

    Горан ти симнувам капа :) (x35262607063830)


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Чет 28 Апр 2011, 13:47

    Аферим!
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Чет 05 Мај 2011, 11:28

    Кафеавото јаболко не е доволно скапано!



    Колку е само добро човек да помине 3-4 дена надвор од цивилизација. Се осеќаш опуштено, мирно, можеби напати изморено, ама крај краева - се чувствуваш како човек. Не знаеш колку бомби паднаа кај Триполи, колку земјотреси ја оптегнаа Јапонија, колку снег заврна во Полска. За ништо не те боли...

    Но, доаѓа време кога треба да се соочиш со трулоста на цивилизацијата, со сите непотребни работи и информации кои ти се фрлаат во лице само што ќе го вдишеш првиот токсичен воздух во големиот скапан град.

    - Слушна за ова? Слушна за она? Како го коментираш? Од кај знаеш пак ти?

    Луѓето се премногу паметни што своето знаење во секоја прилика сакаат да го зациментираат сонова филозофија која доаѓа од ЗЕН просториите на Сител, БИБИСИ, СИЕНЕН, или уште некоја просветителска ТВ штала. Знаете, на голем дел од населението кое и тежи на мајката Земја се храни од информациите кои им ги читаат целодневно и секојдневно. Знаете, тие воопшто не сфаќаат дека... веќе не се луѓе.

    Јас пак, порано си викав да се замарам со нив... да им објаснам како одат работите, дека не е се' така како што ќе им кажат на телевизија. Но, најверојатно сум задоцнил. Со... векови можеби.

    Ако не е телевизијата денешна, беше нешто друго. Побогу, 90 проценти од нашите „стари“ не знаат кој е Стенли Кјубрик, но... плачеле на индиските филмови со срцеперателна содржина некаде во 80тите години.
    А ние... на кои не им е до смеење, се прашуваме: Како ли дојде до оваа ситуација?

    Имено... јас не сакам да окривам никого. Само сакам да се донесе закон за бесење на простата неписмена багра наоколу.

    Старите се очајни, помладите се раководат по нивни изреки, неродените играат лотарија (дали да се родат ове или во Танзанија; тежок избор јеботе).
    А ние, венееме млади. Како што спомнав во една претходна статија, магарињата секогаш ќе бидат магариња.

    Но, многу се лоши кога јадат трње, кога мислат дека се... (недај Боже) коњи...

    -Слушна бе, Осама Бин Ладен го отепаа!
    - Аха... а кој беше тој?
    - Па, од Алкаеда море, тој најакиот терорист...
    - Аха... од кај знаеш?
    - Па на Телевизија беше цело време. Абе амаан бе...


    Знаете, подобро нашиот трул компшија да не чита и не слуша ништо, него да го следи „јавното образование“. Оти, вака... само не тераат да се повлечеме, да заминеме, да заборавиме... Ние, што знаеме нешто повеќе, нешто трето...

    Заради неписменоста на трулежот овде наречен секојдневен човек пропаѓа се'.
    Никогаш ништо нема да се смени, никогаш ништо нема да биде поарно, додека постојат изреки и филозофии на нашите баби и дедовци“, додека нивните синови и ќерки си ја хранат душата со турски серии, додека нивните внуци и внуки го прават сето тоа комбинирано, а згора на тоа се наоѓа и алкохолизам и наркоманија, ќе си тера возот натоварен, да не можеш ни во ходник да стоиш, додека некои неартикулисани млади девојки за да заштедат 50 денари се туркаат и пикуваат во изгужваниот вагон, иако претходно биле направиле фризури од 1200 денари кај локалниот фризер.

    Да дечки. Лоботомија. Неартикулисаност. Неписменост. Мрзливост и завист.
    Основните темели на нашето секојдневие.
    Јаболкото уште треба да скапува.
    За на крај...
    Да го изедеме!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Вто 14 Јун 2011, 23:26

    Че Гевара заборави: Прво еволуција, па Револуција!


    Командантот Че е роден на ден денешен. Да му се слави името!
    Човек што сакаше промени. Човек што правеше промени. А можеше да стои настрана.
    Можеше да гледа како светот се дави во неправди и поделеност.
    Командантот остана пример за револуција. Ама и за последиците од истата.

    Јас денес сакав да се придружам на „мирната вода која дефинитивно брег нема да изрони“ низ Скопските улици, да бидам еден од многуте кои на тој начин сакат да кажат дека нешто е труло во јаболката на пазарче, ама и во банана државата Македонија.

    Знаете... јас сакав... Имав намера. Зборовите завршуваат на „в“.

    Забележав дека еден од организаторите на „протестите“ има веѓи како да му се нацртани со фломастер. Речениците му се подмачкани со „товатна маст“ ала метросекшуал пеер. Стилот и облеката му прејудицираа дека тој можеби има BMW и јахта некаде во јадранот. Или барем неговите „стари“ имаат.
    А тој, сигурно се досадува, нема лајкови на фејсбук, па сака да изиграва „лидер пеер“

    А јас, јас се чудам зошто протестите не ронат брег, ниту пак ќе изронат нешто.

    Можеби организаторите на протестите wanna be Јан Палах ќе се изрекламираат. Можеби ќе си привлечат обожаватели од понежниот пол*.
    За тоа се тука, или за што?

    Уствари, се борат за промена, или?
    За насилстовото да престане, или?
    За смртта на младото момче (една од најболните работи што се случиле во ова поднебје ever) или?
    Протестираме заради „полициската држава, бруталноста, насилстворо, обесправеноста“ ... со организирње на уметнички работилници и организирање на концерт(и)? Згасна млад живот и револтот се искажува со концерти и работилници?

    Јас јавно се одрекувам од својот вид.
    Јас сум овде за да се чудам како ВИЕ ЛУЃЕТО ќе ја преживеете иднината.
    Јас сум овде за да ви кажам дека ВИЕ ЛУЃЕТО нема да ја изживеете реалноста.

    In the whoring streets.


    * Зарем сеуште важи зборот дека мажите се посилен пол? Со „чупани“ веѓи?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Сатан Панонски on Пон 27 Јун 2011, 04:05

    I'm so bored with the people here!

    Let's go !

    Првин мислев дека ова ке биде одличен наслов за поезија,но подоцна размислив подобро и заклучив дека ептен би звучело во стил на панкерски текст,без поетски слики.

    I'm so bored with the people here,секогаш иста приказна,со исти режисери и глумци.
    Лоботомија владее тука,и тоа тешка.За жал на 99,9 % од нашава младина дозволија да им го исперат мозокот на фин начин.
    - So what can i do?
    - Kill the mediums.
    - Noo.

    Да посветам малку внимание на Интернет револуција.
    Интернет револуцијата се состои од неколку бранови:
    1 Бран: мирц
    2 Бран: ХИ5,мсн
    3 Бран: Фејсбук(in progress)

    Facebook kill the real world,so welcome to the virtual,you will stay here for a long long time! 100% checked!

    Сега се чека само да му пројде и нему модата,па да дојде некое друго срање кое ке управува со вас,можеби ке има повеќе опции за перење на мозок,отколку сега,така да ке имате можност да бирате на кој начин сакате.

    Парковите пусти,
    игралиштата празни,
    мали деца незнаат
    што е тоа велосипед!


    What about a TV? Ин се турските,индиските,шпанските серии кои се вртат по нашиве канали со синхронизација,па тоа е сега во мода бре,како во европа без синхронизација,нели треба да личиме малку на Запад,глобализација брате.Па и да прикажуваа узбекистански серии,пак ке гледавте,е еве и тука се покажува IQ на на човекот.

    А пак медиумите лесно ве затупавија.Стварно незнам која е поентата да се расправате околу идентитетот кога за 20 години сите ке не снема.Од друга страна,опозицијата врши притисок над власта,главен центар А1.
    Сител vs A1,која подобро го пере мозокот.

    На самиот крај сум,полека завесата се спушта,но пред целосно да биде спуштена,треба да се посвети некоја реченица за денешниве шљакери.

    Шљакери данас живе
    као бубрег у лоју.

    Штулиќ Џони

    Дефиниција: Aprilia + партали во мода + елитен кафиќ(место каде што пијат 'виски',а уствари коњак)

    Мислам дека набројав доволно причини why I'm so bored with people here.

    AM I WRONG ?
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Kelso on Пон 12 Сеп 2011, 06:12

    Каква е оваа ситуација?

    Таква е.
    Гужви од луѓе, имбецили и детски џагор.Сите се радуваат, а никој не знае зашто.Односно знаат, ама тоа не е радост.Дали некој се сеќава на тоа што е радост.Што значи всушност да славиш.Да стоиш помеѓу обележани луѓе во две бои навистина е језиво.Сите се дерат, ги подигаат рацете со силно стиснати тупаници кон небото.За?За победа.За надеж.Само еден глас одекнуваше и продираше низ сите уши на највисока фреквенција.
    После таа ситуација следуваат многу слични 'такви' ситуации.Многу скоро.Многу.
    На центарот на градот каде што се пиеше кафе и се играше табла те демнеат мртовци од сите страни - исток, запад, север и југ.А ти, ти ги возвишуваш и ти требаат за да го докажеш твоето постоење.Или покажеш.Или најдеш.И дали воопшто знаеш.
    Дали низ твоите вени тече нивната крв?Дали сите сме браќа и сестри македонци, деца на сонцето и на Аце.
    Всушност да не си замераваме.Вакви ситуации постоеле од секогаш.
    Потребата да бидеш прифатен.Признаен.За своите дела.

    ...а на чии дела си автор ти?


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пон 12 Сеп 2011, 13:06

    Pretty well


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Kelso on Пет 30 Сеп 2011, 14:00

    Јавен Скопски Превоз

    What's the deal with public transportation?
    ЈСП.Крвотокот на градот метропола Скопје.Каде што секој граѓанин со 30 денари во џеб и 40 денари после 12 часот може да го употреби превозот за да стигне до своето испланирано место(кафана, казино, хотел, дома..) во часот во кој е договорен.Но, секој вторник и петок во крвотокот на град Скопје се случува повеќе еритроцити да одат на пазар каде што патлиџаните се за 20 денари поефтини и доаѓа до полицитемија.Во мое време на пазар да идеш со автобус беше вид на луксуз кој можеа да го дозволат тие со 30 денари вишок на пари.Додуша може некад кога сум идела како дете со мајка ми на пазар сме се возеле во автобус, не ми текнува нели, дете бев сепак.
    Ние толку го сакаме јавниот превоз што наоѓаме причина постојано да го искористиме, макар и на пазар да идеме со автобус.Зашто да не?!Јас како обожавател на ЈСП едвај чекам да најдам причина да се возам во нив.Во недефинирана смрдеа, брмчење од кое ти доаѓа да ги го брцнеш прстот во око до мозокот и малце да го промешаш.Но, чекајте!Сега има нови автобуси.Јеи.Нема веќе смрдеа и има клима.Конечно.Да се возиме како луѓе.Дури има на цивилизиран начин да притиснеш копче за шоферот за да ти отвори врата, а не да лупаш со раце како тоа да ти е последна возња ако не се симнеш.
    Се разбира како во секој крвоток, имаме и леукоцити кои можат да влегуваат и излегуваат од крвните садови.Тој процес се вика 'Да га ебу' што ако се преведе на латински значи Леле најебали смо.Тука имаш повеќе опции- преправај се дека спиеш, дека не си од тука или ако си женско употреби го твојот шарм и изгубеност.Ако ништо од ова не успее, што всушност и успева скоро никад си наебал.Или ќе бидеш во минус 200 денари или измалтретиран психички.Во секој случај си го извлекол подебелиот крај.Не дај боже да се правиш паметен.Пу пу пу.Само наведни ја главата и ќути затоа што контролата од ЈСП знае се!Затоа се однесуваат како директори.Ах, спомени.
    Кога сме кај спомените имам еден драг спомен и од шоферите.Пријатни луѓе само си ја гледаат работата.Фини, но од време на време сакаат малце да си поиграат со тебе.Те тераат да им покажеш тоа што ти е најдраго а ако го немаш тие секад имаат нешто за тебе(карта).Сакаат да трчаш по нив и од време на време одлучуваат дали ќе влезеш или не.Како да си во врска со превозот затоа толку сите сакаме да се возиме.На пример, ако некој не ми поверува дека одлучуваат дали ќе се возиме во ЈАВЕН СКОПСКИ ПРЕВОЗ - имаше еден дедо со кофи.Му нареди возачот да се симне затоа што е со кофи.Дедото мислеше дека го зафркава и само му рече не си поигрувај со мене.Шоферот упорен и полн со самодоверба го исклучи возилото и реши да не вози додека не се симне дотичната особа.И му истакна дека треба да си земе такси или свое возило ако сака да пренесе кофи.Иако полн со его, на шоферот му недостигаше памет.Затоа што човекот да имаше пари за такси или возило немаше да се замара со кретени како него и да се мачи на 36 степена да пренесува кофи кои најверојатно му биле потребни.

    Наравоучение: Не дозволувајте на секој да влегува и излегува од вашето срце кога и да посака!Можно е да има кофи!!


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Сре 28 Дек 2011, 03:10

    Предновогодишно ритуално јадење на бурек.

    Последниве 3-4 саати почнува се повеќе да ме влечи фотографска критика.Незнам дали е до тоа што нема доволно притисок водата во зградава или дека отепав пола вино сам, битно тоа ми преокупира мозокот.Се сеќавам на еден фазон во средно кога сакав да се запишам на Филозофски, Книжевност или некој друг секси факултет, за после откако ќе завршам факс да бидам критичар на уметнички дела.Или според Македонскиот толковен речник на фрази и зборови : гомнојадец со тапија или културно кажано: дипломиран конзумент на трици.

    Со оглед на тоа што во Македонија се создава нешто (ваљда уметност е) онолку пати колку што Халиевата Комета се појавува на небото ја отфрлив таа опција.Па дури и да се смени тој тренд, не верувам дека во оваа наша партиска, прото фашистичка реалност би имало објективна или било каква критика.Луѓето престанаа да читаaт преводи на филмовите на телевизија(се е синхронизирано), камо критики."Пфф.Критика.Ој таму мести парно, нетуку сеи глупости" вели еден добар другар.

    Нејсе, шо ми беше муабетот...

    А да.Јас можеби нема да пишувам "oфицијални" критики, но сеуште држам критички став кон многу работи.Таа критичка парадигма го опфаќа дури кусурот што ми го враќа продавачката од маало, секое сабајле иако си имаме разработено кежуал чамче муабет ради куртоазија т.е демек се поштоваме на ниво редовен муштерија-продавач.

    -О комши, добро утро (се смеј)
    -Добро утро (кисела насмевка)
    -Ладно времето од сабајле.Не се трпи више зимава. (а тек почнала)
    -Богами...Родео Лајт имаш? (А тој пред мене шо беше зеде.Глуп еден.)
    -Имам.Цигарче сабајлечки со кафенцето а?Како на факс?Девојчето арно? (не дека ме интересира..ама ај)
    -Арно, се арно е.Ќе земам и лепче и нешто благо. (немам друга работа, тебе ќе ти кажам)
    -Ако ако...(ми враќа кусур)
    -(Чувстувам дека наместо железна 50ка ми подметна 10че, пребројувам набрзина, ќе и'ибам матер ако е така.Ок.Не ме зезнала.Таман е)Ај чао.
    -Чааоо(вештачка насмевка)

    Така драги мои читатели на девијант арт кои ве има малце и можеби веќе сте престанале да читате текстов, јас одржувам критичка кондиција.Покрај неа и параноичноста.Во поголемиот дел од животов ТОТАЛНО непотребни.Ама поарно така, него да бидам либерално-наивна свиња што ќе голта секаква помија и ќе си премолчува.

    Последно шо ми падна на ум, покрај непотребниот муабет со мојата продавачка, на овој журнал запис се таговите на фотографиите, тие со име и презиме на фотографот, ДЕМЕК, као, нешто авторски права и интелектуален труд се заштитува. Јоцо Спасовски фотографи, Deep eye-фотографи.All rights reserved.Do not use my work without my permission.Драпај си Мишко клопотарците.

    Прво таквите натписи, потписи и слично ја грдат фотографијата.Естетска дамка се.Колку да се транспарентни, колку да е ситен фонтот, колку да се скриени во некој ќош-тука се!

    Второ.Создаваат илузија на лажна вредност на фотографијата.Нешто како блеф во покер.Демек ако има таков натпис, фотографијата има вредност и сега сите ќе се испотепаат од крадење за и тие да испаднат фраери.Не велам дека сите фотографии кои имаат натпис не вредат, велам дека многумина кои не ги бива се вадат со такви финти.Ама како шо вели Васко Тодоров a.k.a Тошо Малеро : Правиот фраер - никад не признава дека е фраер.Така нема да видиш tag на фотки од Аведон, Адамс, Бресон, Мекјури, Драган.За нив и за секој добар фотограф, фотографскиот израз т.е самата фотографија во комплет Е tag.И никој друг вистински кичмењак нема безсрамно да го кради за лична малодушна слава.

    Трето.Малце философија.Што точно опфаќа таг-от?Што всушност значи Едикојси Фотографи на пр?На што се полага автентичноста и оригиналноста?На камерата произведена од некој друг, на филмот, на природата, субјектот, објектот...фотошопот со кој се едитира, светлината?I don't get it..Идејата, можеби?Да, сигурно е идејата.Ама и таа, философски гледано не може да биде оригинална и автентична.Зошто?Зошто идеите, концептите не ги СТВОРАМЕ ние, туку ги спроведуваме, канализираме во една форма или друга, кој покреативно, кој не.Идеите и концептите кои манипулираат, жонглираат итн со нешта кои веќе постојат.Тоа е друга тема за мрсење муда.Ок, признавам, се заебав самиот.Сепак постои одредена доза на личен печат и индивидуалност.Ама мое лично мислење е дека креативноста е благородна ствар и треба да биде поттикнувана кај сите, а не да се креваат "ѕидови" и "огради" кои ќе бидат предмет на идно куромерење и егоцентричност.Ебате елитистичките ставови.Да бидеме сите среќни во крајна линија шо сме роден со прсти па можиме да го стисниме шутерот.Хехе

    Четврто.Постојат пософистицирани, повешти легални начини за спречување на нарушувања авторски права, ако веќе толку се милуваат ебените авторски права.Заверка на нотари, дигитално онеспособување, кодирање кое ќе спречи даунлод итн.Или воопшто фотките да не се објавуваат на нет каде би била можна "пиратерија".Како шо велеше еден мој асистент:Најдобра и најефективна заштита од несакана бременост е апстиненцијата.

    Лакше се дише.No hard feelings boys and girls.Се е добронамерно кажано, во име на љубовта.Реториката можеби малце ми е груба, ама имам срце на бизон.Прајте шо ќе прајте, само на чименто не седите.

    Така дечки, кулирајте вие сега, уживајте за празниците, речете им НЕ на дрогата и на авторските тагови.

    Во следниот журнал, ако се погоди винцето ќе пишам за рамките на фотографиите и нивното значење во флората и фауната на Охридското Езеро.

    Peace.Out.

    _____________________________

    Тексто оригинално го влепив на девијантАрт профилот.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Чет 14 Јун 2012, 10:37

    Adios Amigos напиша:Че Гевара заборави: Прво еволуција, па Револуција!


    Командантот Че е роден на ден денешен. Да му се слави името!
    Човек што сакаше промени. Човек што правеше промени. А можеше да стои настрана.
    Можеше да гледа како светот се дави во неправди и поделеност.
    Командантот остана пример за револуција. Ама и за последиците од истата.

    Јас денес сакав да се придружам на „мирната вода која дефинитивно брег нема да изрони“ низ Скопските улици, да бидам еден од многуте кои на тој начин сакат да кажат дека нешто е труло во јаболката на пазарче, ама и во банана државата Македонија.

    Знаете... јас сакав... Имав намера. Зборовите завршуваат на „в“.

    Забележав дека еден од организаторите на „протестите“ има веѓи како да му се нацртани со фломастер. Речениците му се подмачкани со „товатна маст“ ала метросекшуал пеер. Стилот и облеката му прејудицираа дека тој можеби има BMW и јахта некаде во јадранот. Или барем неговите „стари“ имаат.
    А тој, сигурно се досадува, нема лајкови на фејсбук, па сака да изиграва „лидер пеер“

    А јас, јас се чудам зошто протестите не ронат брег, ниту пак ќе изронат нешто.

    Можеби организаторите на протестите wanna be Јан Палах ќе се изрекламираат. Можеби ќе си привлечат обожаватели од понежниот пол*.
    За тоа се тука, или за што?

    Уствари, се борат за промена, или?
    За насилстовото да престане, или?
    За смртта на младото момче (една од најболните работи што се случиле во ова поднебје ever) или?
    Протестираме заради „полициската држава, бруталноста, насилстворо, обесправеноста“ ... со организирње на уметнички работилници и организирање на концерт(и)? Згасна млад живот и револтот се искажува со концерти и работилници?

    Јас јавно се одрекувам од својот вид.
    Јас сум овде за да се чудам како ВИЕ ЛУЃЕТО ќе ја преживеете иднината.
    Јас сум овде за да ви кажам дека ВИЕ ЛУЃЕТО нема да ја изживеете реалноста.

    In the whoring streets.


    * Зарем сеуште важи зборот дека мажите се посилен пол? Со „чупани“ веѓи?

    На лански ден, на историски - среќен ден, кога е роден Командантот, се откажав од својот вид.
    Се откажав од својот вид?

    Не!

    Сум се откажал од глумењето дека припаѓам во тој вид. Арно сум се откажал од таквиот, неарно сите сум ги протолкувал како исти.

    Што сакав да кажам... well, прво да го одбележам роденденот на Командантот Ернесто. Да се славни неговото име, сега и секогаш. Оти, тој беше од мојот вид, за мојот вид. Тоа е поентата. И ништо не е случајно.

    Секоја случајност претставува мозаик на мали случајности. Плус и плус прават минус, значи нема случајности.

    Како лани што се откажав од мојот вид, т.е. направив чекор од тие правилните за кои не бев свесен, така и сега имам announce to make.

    Како припадник на потценетата, омаловажувана, плукана, и потчинета раса, класа, каста и/или вид, се колнам во мојот живот конечен и неквалитетен. Дека ќе ја искористам сета моја енергија, креативност, искуство, и се' што знам и умеам, за да си ја одбранам расата, видот, класата од сите што не се во мојата раса, т.е. да ги уништам сите know all see all либерално - џанкиноидни хард кор - буржоаско - аристократски ѓубриња за кои до вчера имав поинакви погледи.


    Имам недовршена работа тука.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:45