Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Чет 29 Јан 2009, 18:26

    И ПОСЛЕ БРАНКО..... ВОДАЧ ИЛИ НЕГОВА МАРИОНЕТА???

    Аууу... што не снајде??? Како што спомнав во предходното излагање за организацијата на изборите и поставеноста на политичарите во кампањите, сакам да прокоментирам за Б.Ц преседникот... Знаете... се мислам дали е regular rich guy кој само е претседател или е вмешан во некои потајни организации како и што имаше шпекулации дека бил член во меќународната тајна и највлијателна организација Масони? Добро... ок! Можеби е, можеби и не е но сепак е еден од највлијателните во нашава држава како и што самите гледате дека од формирањето на Р.М , Б.Ц е на власт скоро 18 години..... КАКО? Епа и јас се мислам како? Следниве избори на господинот Б.Ц како да му се спремни за доручек или десерт.... Повеќе ми оди како на десерт мислам дека доручекот веќе го има лапнато со официјалната изјава за враќањето во СДСМ, кој иако уште е на претседателската функција полека си го мести креветчето да си легне во мека постела... Секако не како претседател на Македонија туку, пак како функционер на СДСМ односно нејзин претседател и да продолжи со контролата над некои од политичарите кои ја кочат прогресијата на државата... Врши притисоци врз луѓето кои не можат да потпаднат под неговата плитка и безлична политика
    која полека го турка него и неговите сопартијци во бездната на пропастта. Некој сеуште живее со некој прастари идеи „НАРОДОТ Е ПРОСТ ПА КЕ СИ ИГРАМЕ СО НЕГО“ тоа ви е ... празни муабети.... Е така колеги форумџии не знам што да ви кажам друго освен„ Гледајте објективно на работите и недозволувајте Македонија да заврши заедно со Б.Ц во бездната“.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Вто 03 Фед 2009, 02:44

    Е од каде ФИРОМ?

    Не можам при толку „експертски“ ставови да се воздржам а да не напишам ништо.
    Како и по обичај нашите самопрогласени експери мора да ја критикуваат Владата без разлика кој е на власт, дали то е со политичка заднина или не немат да бидит денешната тема на муабет.

    Едно нешто се реши да се направи за да на некој начин се зачува нашата крадена од сите страни историја. А тоа беше одлуката да се гради споменик на Александар III Македонски. Добро е кога ќе дојде некој турист и кога ќе види дека има толкав споменик од некој си војсководец на сред плоштад. Сигурно ќе се запрашат кој бил тој, од кај бил тој ,сигурно е дека ќе научит нешто и ќе раскажит за наученото; барем така било ко немало медиуми, замислете сега што би можело да се деси. Споменикот нема да биде само од историско значење, сфатете го и поинаку - нека биде то од културен и од уметнички карактер. На сите ни е познато дека ко ќе се спомнит Русија ние одма имаме претстава од црквата Св. Василиј Блажени или ако се спомни САД прво на ум ни е Или „Кипот на слободата“ или Белата куќа.

    Е сега прашањето е, зошто кога ќе се спомнит Македонија луѓето да не добиваат претстава од сопменик на некој коњаник пред кого ќе поминуваат ќе чуствуваат стравопочит, голем војсководец кој иако го покорил светот секаде бил пречекан со најголеми почести?
    Одговорот (зајакот) лежит во нашата интелегенција односно во луѓето кои ја управуваат државава и во некои квази експерти. Сите тие кои се школа од другарот ни Тито и другарот ни Лазар за кои историјата на екс Ју државите почнуваше од ’41 г. Се друго беше редено под цензура или воопштно не смееше да се спомнуват. Од таа стара багра, сите поранешни УДБ-аши угнездени во нивните фотељи во најразни институции и водени од нивната желба само за власт ни го одземаат и тоа што ни остана. Гледам се спротиставуваат на идејата за споменик на најголемиот војсководец на сите времиња, со обазложение дека ќе сме ги нарушеле добрососедските односи со нашиот јужен сосед!

    Добро кои се тие добрососедски односи сеуште не ми е јасно. Еј ало свестете се’ се продадовме самите! До кога ќе трпиме овие неправди, до кога ? Или стандардно ќе сме водени од онаа старата „наведната глава сабја не сечи“. Малку по малку... Крали Марко го таксавме на србите сега е Кралевиќ Марко. Ѓорѓија Кастриот - Искендер и него го таксавме, сега е Скендер беј сета среќа шо не му го менаја името. Сите водачи на на револуционерната борба против османлиите им ги подаривме бугарите иако Јане Сандански е гробарот на врховистите.Партизаните кои се залагале за Македонија, како што е Методија Шаторов - Шарло го напраја најголем антимакедонец и бугарофил. Е за да ја дотерет работава до крај сега нека почнат да ги менуваат и учебниците по историја уште и нормално после 150 год. ќе излезит „вистината“ - Тордор Проески - Тоше е Б’лгарин.
    Епа дарги мои да не се чудите од каде после ние ФИРОМ и од каде нашата историја од ’45 год. Со вакви „македонци“ (овај менталитет) не им требит Израел на арапите!

    Се арчиме за Македонија? Или кој како...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 03 Фед 2009, 02:54

    првите впечатоци не лажат. затоа ќе ги пренесам непреработени:

    [09:58] devil in disguise: најмногу ме бендисува шо содржи факти, не е лаење во празно
    [09:58] devil in disguise: чукање по гради и извикување пароли
    [09:58] devil in disguise: аферим, ашколсун да ти речам момче



    секоја чест
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Вто 03 Фед 2009, 02:57

    АИР да не видет!!!! ма**то нивно ПРЕДАВНИЧКО на сите што не косат и не множат со НУЛА!!!! а Каране мој брате комитски секоја чест за колумнава!!!!
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    [color=red]Еден за сите, сите за Фрчко? Како не...[/color]

    Пишување by angelofpain on Сре 25 Фед 2009, 00:54

    Колку плитки разговори водат лугето кои имаат мало политичко познавање на целата ситуација.... Ве молам кажете ми ја голата вистина за тоа кој е вистинскиот кандидат? Или кој има поголеми ораторски способности? Сигурен сум дека оние со про-комунистичко мислење ке застанат зад интересите на веке разнишаниот блок на опозиционата партија која е пред работ на колапс и несвесни за своите постапки кои се продукт на еден хаос во внатрешноста на нивната партија, секако на таквите им е прегорен чипот со функција да ја покрене националната свест и македонштината во нив... Тоа се случува кога некои квази експерти, се во заблуда и имаат некои сфаќања дека Тито и "фамозната" УДБА нам ни дадоа држава.... Е тоа е господинот Фрчковски опишан во неколку реченици кои се на многу повисоко ниво на изразување за разлика од неговото кое не личи на вербално обракање на академски граѓанин туку личи на варварин кој се обраќа на своето племе... Да точно така, ПЛЕМЕ! Господинот Фрчковски мисли дека ние сме само едно обично племе кое ке потпадне на неговите нереални ветувања.., па добро бе луѓе тоа не се случувало ни во камено време.... Сепак ке речам(цитирам) " Гордеј се мајко македонијо, ама со вакви НЕ"... Сакам само да напоменам дека господинот Иванов е еден од поголемите интелектуалци на овие простори и човек кој има доволно широко срце да го сослуша секого и дава се од себе да му помогне на неговиот сонародник и, неговиот брат, човек кој знае да си ја почитува нацијата и да се грижи за неа и да успее во секоја своја поставена цел, човек кој го избрал вистинскиот пат, човек кој ке не однесе во победа и ке ги скрши оковите на досегашното измачување на македонскиот народ!
    МАКЕДОНШТИНАТА ВО НАС НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАМРЕ!!!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Сре 25 Фед 2009, 13:53

    angelofpain напиша:Колку плитки разговори водат лугето кои имаат мало политичко познавање на целата ситуација.... Ве молам кажете ми ја голата вистина за тоа кој е вистинскиот кандидат? Или кој има поголеми ораторски способности? Сигурен сум дека оние со про-комунистичко мислење ке застанат зад интересите на веке разнишаниот блок на опозиционата партија која е пред работ на колапс и несвесни за своите постапки кои се продукт на еден хаос во внатрешноста на нивната партија, секако на таквите им е прегорен чипот со функција да ја покрене националната свест и македонштината во нив... Тоа се случува кога некои квази експерти, се во заблуда и имаат некои сфаќања дека Тито и "фамозната" УДБА нам ни дадоа држава....

    МАКЕДОНШТИНАТА ВО НАС НИКОГАШ НЕМА ДА ЗАМРЕ!!!

    читам и не можам да се доначудам шо ми гледаат очиве!
    ваква формулација немам прочитано во колумни на искусни новинари и колумнисти.
    Енџи, прекрасно... мајсторски...зрело!
    (се изваде за претерано личниот и помалку пропагаторски став при крајот)
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Чет 26 Фед 2009, 01:20

    благодарам Балалајке!!!
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 06 Мар 2009, 13:29

    No comment



    Дури и да звучам како автор на некој излитен учебник по граѓанско образование во основните школи нема да падне замерка бидејќи се’ она што сакам да кажам е јасно и без мое посочување. Мојата приказна ја има по сокаците, мостовите, паркинзите, слаткарниците,.... Секаде околу нас.
    Изгледа дека во светот има повеќе димензии. Како во цртаните филмови. А секоја држава претставува димензија. Различен простор и време. Една е тотално назад. Погодете која... Нашата, од дамнешни денови одробена Македонија е посебен случај. За нашата домовина може да се пишува роман, а романот би го засенил Хари Потер. Едноставна приказна со крај пред почетокот.
    А народот кој живеее во и надвор од границите на денешната татковина ми е многу тежок за варење. Едноставно не можам да го сфатам. А тоа не е од пред некој ден како што ќе спомнам покасно, ами од порано е, само што сега немав баш некоја идеја низ што да ја искалам фрустрацијата поради социо-економската ситуација во нашите домови, па мораше да го подфатам нашиот обичен намачен граѓанин. А за многу од нив имам разбирање, ама се малку спрема оние за кои немам ни трошка.

    И човек не може да биде на раат. Од пред некој ден почна предизборната кампања за која не знам баш дали воопшто има некаков ефект. Ама ако се подзамислам малку, веднаш ми оди умот на рускиот научник Павлов и експериментот со неговиот пес, па затоа се’ е можно. Обичниот македонец е страшно замаен од рекламите за прашак Бонукс, од кафе Браво, најефтино во Хедис, а и од новиот спот за кандидатот за претседател. Да, и потенцијалниот претседател се рекламира на македонскиот пазар. Перењето продолжува. Секој Македонец (во продолжение читај овца) не го пие утринското кафе додека не ја прегледа новата реклама за омилениот кандидат на неговата матична партија, па потоа три пати се прекрстува пред плакатата на кандидатот за градоначалник, па потоа се друго по ред. Кога ќе ги изгледа вестите на А1, па снимките од митинзите во другите градови, тогаш денот е со прекрасен крај за пластичниот човек македонски. Сега може мирно да спие.
    А кога сме кај митинзите. Па ајде, можам да разберам толпа народ собрана да го види некој човек кој оставил нешто големо зад себе. Битлси од концерт ги ваделе надвор преправени како полицајци, оти друго чаре немало. Картите за концерт на КИС биле продадени 2 години однапред, или пак во фудбалот, навивачите патуваат илјадници километри за да го бодрат својот омилен клуб. Се е тоа разбирливо. Ама кога ќе видам митинг на некоја партија во Македонија. Е тоа не знам. Истите фаци кои ја расплакаа македонската работничка класа збираат народ повеќе од АЗРА во најдобрите денови. Па се собрале луѓе од сите градови, па со автобуси, автомобили, санки, ролери, па по нив во нови ......митинзи, а не победи. Тешко сфатливо е како еден човек може да биде фан на една партија без оглед на тоа што се случува со и во неа, и без разлика дали е тоа правиот избор, нашите хард кор ......-овци се лојални на својата партија. За другите ич не им е гајле. Партијата пустоши – а ние сме со неа. Слоганот е јасен. Ама пак не можам да го разберам.

    Посебно на овие избори, една партија која би ја споредил со Реал Мадрид не губи навивачи иако резултатите се ептен слаби. Другите тимови кои се борат за позиции не се поарни, ама и тие имаат верни другари. Слеповерници без трошка идеа. И други работи ми ги разбранија мозочните виуги ама стварно не можам да кажам, оти сега, во овој момент, на облачно време, на 15 метри далечина од моето место на седење се поставува билборд со слоган за подобро утре, на партија која, нормално, мисли на народот. Нормалното дали е нормално, пресудете сами.

    И сето тоа се случува, голготата на работниците продолжува, студентите се апатични, а пензионерите задоволни. Се е труло во нашата држава, но барем народот се збира, барем на митинзи.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Пет 06 Мар 2009, 13:37

    Priest напиша:No comment
    Да, и потенцијалниот претседател се рекламира на македонскиот пазар. Перењето продолжува. Секој Македонец (во продолжение читај овца) не го пие утринското кафе додека не ја прегледа новата реклама за омилениот кандидат на неговата матична партија, па потоа три пати се прекрстува пред плакатата на кандидатот за градоначалник, па потоа се друго по ред. Кога ќе ги изгледа вестите на А1, па снимките од митинзите во другите градови, тогаш денот е со прекрасен крај за пластичниот човек македонски. Сега може мирно да спие.
    ... Се е труло во нашата држава, но барем народот се збира, барем на митинзи.

    за ова не можам да кажам ништо друго освен секоја чест секоја чест секоја чест која иронија Падре Пејџ, која прекрасна одвратна иронија! издестилирано низ сите фрустрации, и звучи одлично. како нов албум на омилениот бенд!
    avatar
    angelofpain
    Dark Angel
    Dark Angel

    Male Мислења : 690
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by angelofpain on Пон 09 Мар 2009, 05:28

    секоја чест Прист!!! Прекрасна колумна, проткаена со секојдневни настани кои создаваат една невидена парадоксална фузија на општеството...... Како што би рекол Прист „No comment“.....

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Чет 12 Мар 2009, 02:48

    До кога ќе се труеме!?

    Не станува збор за класично труење на организмот од храна, според мене се работи за труење од „поголем“ степен. Ќе кажам неколку збора за Велија Рамкоски и неговата А1. Нормално за пари многу луѓе би ги изоставиле своите интереси и би играле како што му свират. И телевизијата како еден од најмоќните медиуми со светот врши големо влијание врз народот, А1 една од најголемите телевизии во Македонија со своето перење на мозок го достигна својот врв.

    После ’91 г. со плуралниот политички систем се отвори и можноста за приватни телевизии, а тоа само со себе си носи и конкуренција. Така телевизиите почнаа да измислуваат гола вода, почнаа да даваат разни шпански серии, сега поново хрватски серии, почнаа да прават реклами и на најбедните производи итн. Така започна и А1, за да ја зголеми гледаноста ја пуштија една од најгледаните серии во Македонија позната како „Жаде“ (вистинското име ни е познато - Клoн) сите се сеќаваме на оваа серија. Ако можам така да ги наречам - луѓето беа вчудоневидени од ориенталноста на облеката, градбите движењата на фамозната Жаде како и нејзината облека. Тогаш рапидно се зголеми гледаноста на А1 и почнаа лагите на Велија. Не се разбирам многу во перење на алишта ама не можи некој „Вила“(или како и да се викаше) прашок за перење кој се продава околу 200 денари за 3 килограми да е подобар од Ариел или Персил, ама знам дека квалитетот пари вреди. А за врвниот квалитет на соковите ЦМОК и колку проценти цеден портокал или ананас добиваме за само 23 денари сите сме свесни, во Охрид велат „Бев јас“. Лесно е да лажиме народ кој до ден на ден гледа да заработи за живот и наместо да помагаме ние воедуваме маркети за целото семејство

    Е врвот на неговото перење на мозочината на македончината е со е емитување на емисијата „Б’лгарски идол“, затоа и велам за пари се би направиле. Гледам деца од средна школа ги фатила некоја манија па сега говорјат на б’лгарски език, сега само зборуваат или пробувваат да зборуваат бугарски потака ќе речат дека се бугари па ќе речат и Гоце е бугар итн. а сето тоа затоа што „музичково“ шоу е ново во државава. Мислам имаме пријателски однсои со луѓето што се цврсто убедени дека од другата страна на границата живее народ ист како нив и на истит му дозволуваме да влезат во нашата напатена земја. Се донесовме до степен да некои монголоиди да ни кажуваат дека сме исти со нив! А најмногу ми е смачено да кога слушам некој македонец како вели - Ас сам новија идол на Б’лгарија. Да вака се гради љубовта кон татковината вака, вака се гради здрава и морална младина. Само незнам до кога ќе продолжиме да уживаме во труењето, редно е малку да поразмуслуваме со сопстени глави.


    P.S.
    Се извинувам ако згрешив ама несотојам добро со бугарскиот...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Чет 12 Мар 2009, 11:21

    секоја чест секоја чест секоја чест

    шуќур некој да зини за приватните телевизии во Македонија и перењето мозок.
    сосема се согласувам со твоите ставови, затоа и си бојкотирам А1.
    текстов не ти е на нивото на претходните, од литературен аспект, ама поентата ти е перфекција
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Чет 12 Мар 2009, 13:56

    Огромно браво за коментарот. Се согласувам со тебе до крај за А1. Браво.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Рокси on Чет 12 Мар 2009, 14:51

    Ах конечно!
    секоја чест

    Конечно некој да размисли со своја глава за ср*њата шо се давет по ТВ, за сиве работи шо служат за затупување и оглупавување на народов.
    Значи мн сум против овие „шоу-а“, Идол, С’рвајвр, па Операција триумф и уште милиоооон такви на ТВ кои верната малоумна македонска публика редовно ги следи, се соживува со нив, го губи драгоценото време (за кое може да прочита некоја книга на пример) гледајки ги, троши пари за гласање со кои може да им купи чоколадо на децата... и шо ќе им донесит то во иднина? Зарем фаците шо стекнале слава со глупи телевизиски шоу-а утре ќе им заблагодарат? Хахаха виц на неделата!
    Али то е, слободно нека продолжат да си го уназадвет мозокот, само нека не зборват нашколо за Идол или Операција Триумф! :mad:
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Чет 12 Мар 2009, 14:52

    ова на Рокси го сметам за Коментар на неделата rock and roll

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Рокси on Чет 12 Мар 2009, 15:00



    Карановиот коментар е коментар на неделата... мојот беше само коментар и поддршка за неговиот коментар

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Чет 12 Мар 2009, 21:27

    Ви благодарам....
    А за слиакта ништо не рековте јас ја склопвев :waaa:
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Bender on Чет 12 Мар 2009, 21:29

    За сликата браво нестигнав да искоментирам (Мојт пак да се крени Монголската империја? :hahasto: )


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 03 Апр 2009, 21:53

    ОСТВАРУВАМЕ!



    Две - три години слушам многу различни дефиниции за успешноста на нашата Влада. А многу беа компатибилни. Владата беше опишана како најдобра владеачка структура до сега (од 1948 до ден денешен) и плус беше додадено дека, ако поранешните влади работеа барем малку од она што го одработи денешната, кај ќе и беше крајот на Македонија? - се запрашаа влада – задоволниците.
    Ќе се обидам да искоментирам во стилот – дали има трошка вистина во чаршиските тврдења.


    Аграрна политика:

    А јас не би бил јас, доколку одма не се закачам за аграрот и политиката аграрна на денешните владoдршци, а и на поранешните (ова поранешните, за да не испаднам симпатизер ни на овие, ни на оние).
    Ако се погледне некој атлас, наједноставната збирка на карти на светот ( во мое време беше скап да се купи) веднаш нема да може да се воочат некои сличности или разлики меѓу региони или држави. Со мало географско предзнаење (за наши услови читај незнаење) ќе може со голо око да се споредат на пример некои држави со свои стопански карактеристики. Карактеристиките на стопанството ги носат околностите – но дали и кај нас? Нас пуста ни е желбата да се токмиме со некои републики во тоа што се најдобри, а сакаме и ние. Тие имаат услови за тоа, а ние само желба. Сами проценете кој (би) успеал. Ако ми дозволите, ќе ја споредам Македонија со некоја слична на неа (барем површински). Тоа ќе биде Израел. Млада и мала држава како нас. Без голем корист што излегува на море. Има една голема разлика. Барем имаше – голем дел од територијата на Израел беше полу, или целосно пустински. За краток период тие тој ареал го направија плодница, на која може да се одгледува се’ и сешто. Ние сето тоа го имаме, а што правиме?

    И да не биде споредбата само со Израел, оти сепак, знаеме кој е Израел и надвор од своите граници, ќе направам една мала компарација, со некои земји со кои до пред две децении делевме иста граница. Македонија не може и не смее да се споредува со Словенија и Хрватска со некои гранки во стопанството, ниту пак со индустријата, оти тие колку толку ги имаат тие услови. Плус и туризмот во Хрватска. Така тие станаа големи економии со голем паричен обрт. А ние можеме да им се пофалиме со аграрниот потенцијал. Нема споредба меѓу Словенија и Македонија во тоа поле. Македонија би можела да постане лидер на Балканот. Ама како...

    Кога мене, студент во изградба, ми е многу јасно каква е аграрната политика на актуелната Влада. Субвенции, субвенции и само субвенции. Ќе речам добро. Ама не е одлично. Ако премиерот има намера да го поттикне аграрот во Македонија а преку тоа да го врати обичниот работник назад во руралната средина, тоа не е прав начин. Ако не ви било јасно, субвенциите што Владата ги дели се наменети за земјоделците кои се актуелни аграрци. Значи ако имаш крава – ево ти пари. Ама што е со тие што сакаат да се вратат в село, а не можат? Зарем е тешко на човек кој би се вратил на својот имот в село да му се додели трактор или друг вид на механизација, или пак добиток или финансиска поткрепа? Според мене, тоа е поттик за земјоделието, а не веќе „обогатените“ аграрни работници дополнително да се стимулираат. Се по ред, барем според мене....

    Друга работа. Мора да се работи и на модернизирање на селата. Мора да се преземат мерки за создавање на модерна селска средина во ова ново време. В селата итно е потребно развивање на функционалните карактеристики. Мора да се работи на поврзување на селата со другите населби. Неповрзаноста на селските средини меѓусебе или со градот до сега нека остане само лошо искуство. Мора да се поработи и на инфраструктурата на селата. И се по ред, како што наликува. Оти фактот дека населението во селата е преполовено во последните две-три децении, јасно кажува дека крајот е близу. А забрзаната индустријализација ( на хартија) го забрзува доаѓањето на крајот.

    Стимулации за наталитетот:

    Во последно време, сите вести ми бегаат, а весник не купувам често. Затоа не знам што се случи најточно со законот кој доби упатница со назнака “Уставен Суд“. Морам да признаам, на мое големо задоволство, очекував тоа и да се случи. Законот беше издржан како и многу други закончиња кои беа донесени во рок од пет минути, а имаа за задача да ги направат будали некои официјални лица од ЕУ. Дали успеаа, пресудете сами, според некои изјави на наши официјални лица, и признавање на некои грешки во врска со донесените закони. Да се вратам јас на овој. Идеата не велам дека беше добра, дури и ја поддржував. Ама мораше, мораше подобро да се осмисли. Како да немаа кадарен човек за тоа. Така изгледа. На крај испадна дека Владата на Македонија ќе го финансира секое семејство кое ќе се реши за принова. Финансиската поткрепа, морам да признаам, беше доволна, и повеќе од тоа. Фер! Ама многу слабо изиграа и згрешија токму овде: Законот важеше само за територијалните единици со негативен или низок природен прираст. Такви региони во Македонија се тие каде што живее најголем процент на чисто етничко Македонско население. И дете од 4то оделение го знае тоа. А така не смееше. Законот од далеку се познаваше дека е националистички, односно да се стимулира зголемувањето на наталитетот на македонската страна и умножување на населението, а преку тоа во иднина да се сеуште бројно доминантен народ на овие простори. Прозирност – изворска вода. Во модерно општество, во една демократска држава како Македонија, закони кои носат етнички поделби и некои видови апартхејд, нормално не се дозволени. Членовите на останатите етнички заедници во државава, оправдано или не, се чувствуваат обесправено, а тоа е доволно за жалби и поплаки. Владата можеше, многу суптилно, преку Македонската православна црква да ги стимулира верниците (Македонци) да се решат за трето дете. Изговорот ќе беше дека црквата се грижи за своите верници и за ширење на религијата преку умножувањето на населението. Финансиите одат преку црквата и крај. Такво нешто, слично применуваат арапите, а колку муслиманската религија се намножи во последните децении – дознајте си сами. Законот мора, и ќе биде паднат. Или ќе биде усвоен, ама за целосната територија на Македонија. За националистите – ево што значи меч со две острици, brought to you by your dear Government.

    [Edit] Во овие моменти ги слушам најновите вести дека законот важи за сите региони на Македонија. Македонци – на здравје!!

    Патриотски фискални:

    Овде ќе сум краток и јасен. За апаратите кои требаше да напишат (без потреба) што сте пазариле, а беше произведено во Македонија се зборуваше многу. Демек ќе биле ефективни. Хммм... Прво, ги принудија трговците да ги купат фискалните, под закана. А потоа, брзо и ефектно – законот беше избришан како да не постоел, а фискалните повеќе не беа потребни. Браво!

    Бруто плата:

    Не знам точно што донесува овај закон, не сум доволно запознаен. Можеби кога ќе се вработам, па ќе треба да ја подигнам платата, ќе ми стане појасно. Ама барем знам дека и овај закон е тотална утка. Барем така зборуваат многумина. Сепак, оти не знам, не ни смеам да коментирам повеќе од тоа, ама можам да кажам дека, во секоја нормална држава, после резилот кој се случи кога за прв пат се примени на дело ова законче, министерот требаше да преземе (барем) дел од одговорноста. Сепак, како и секогаш, некој и нешто друго се криви, а овој пат, тоа беше софтверот.

    *********


    Последната промена е направена од Priest на Пет 03 Апр 2009, 21:55. Мислењето е променето 1 пати


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 03 Апр 2009, 21:54

    ****

    Финални тестови:

    Уште тоа фалеше во нашиот систем на образование. Од стара Југославија, до пред некое време, стариот проверен добар систем мислам дека функционираше. Ама владата сака да ја искорени корупцијата од образованието, па не можеше да најде попаметен начин. Еден од полесните начини беше да се воведат тн. Финални тестови. Тоа за учениците значи голгота. Едно детенце од 4то оделение да го принудиш да ги полага сите предмети во јуни како некој студент е стварно страшно. А и за професорите тоа не е добра вест. Професорот мора да ја погоди правата оценка за ученикот, и таа мора да се совпадне со оценката која ученикот ќе ја добие на завршниот тест. Колку е тоа можно, ни јас не знам. Ама едно знам – владата најде начин да ги избрка од работа барем половина од професорските кадри!

    P.S. Не знам што се стори со законот, дали ќе успее или не, ќе видиме!

    Swedmilk:

    За ова, признавам дека кривицата не е само на Владата, па затоа нема да коментирам премногу. Само еден апел до владеачката гарнитура.
    Прво, немојте да се фалите многу и премногу со инвестиции на милениумот, каква што ја нарековте млекарницата од земјата на Викинштвото.
    Второ, ако веќе се фалите, барем преземете ја одговорноста кога инвестицијата на милениумот навистина ќе стане таква, ама промашена!

    Ден на дрвото:

    Колку добро, толку лошо остварување на идејата. Како прво, секоја чест за креативноста и уште поголемо браво за тоа што се мислеше на иднината на биогеографијата на нашата татковина. Но, секогаш мора да има едно Но! Колку што знам, проектот „засади ја својата иднина“ имаше неколку циклуси. Како што слушам, деновите кога се засадуваше иднината беа залудни. Од засадената иднина ни трага. Едноставно минорен ефект. Од последниот ден, пред некоја недела што беше одржан, очекувам ист резултат. Едноставно нема да успее. А зашто? Епа, како мали деца што откорнале некое цвеќе па го садат кај што ќе стигнат, така и организаторите на проектот беа слични. Во Македонија, постојат повеќе ареали на шумски заедници, повеќе висински простори кои се погодни за различни дрвенести видови. Садниците беа садени кај што ќе се стигнеше, а за законитоста на вегетативниот процес на дрвата на кого му е гајле. Ќе садиме подгорски буки на 400 метри надморска висина - „одличен“ избор. Како второ, секакви дрва на лединки и пасишта, или на присојни страни на падините НЕ се садат. Едно парче стакло кога дрвата ќе израснат според планот, ќе ве убеди во она што ви зборувам. Трето, пошумувањето, во овој период е големо финансиско оптоварување, без кое можеме!


    Хартиени ќеси:


    На оваа тема имам расправано во многу прилики и неприлика. А самиот закон кој ги забранува најлонските ќеси како производ е неприлика сам по себе. Еден од поголемите бисери на Владата на Република Македонија. А сигурен сум дека, ни тие не знаат која е поентата на закончето. Го најавија и го остварија. Камо сите работи така ефикасно да ги спроведуваа. Ама се запнаа за најлон ќесата, големиот загадувач на околината, и еден од поефикасните начини за умилкување на претставниците на ЕУ. Видете не, се грижиме за животната средина. Ги укинавме најлон ќесите, воведовме хартиени – We are America! – сигурно во сон извикал некој претставник од владателите, но не се разбудил. Сонот за интеграциите трае. Ќе потрае и апатијата на работниците и работничките семејства кои директно зависеа од производството на ваквите пластични облици.

    На премиерот и на секој претставник од Владата, им посакувам уште многу успех, уште многу вакви закони, и да ми се здрави и живи, па во некоја прилика ќе ги честам бурек кој нормално, ќе им го спаковам во хартиена ќеса! Благодарам!

    Компјутер за секој ученик:

    Оваа тема ќе ја започнам со прашање за кое не чекам одговор! Што му фалеше на образовниот процес во кој компјутер пред секој ученик немаше? Или образовниот процес требаше да биде рефреширан, а најлесно беше преку трула модернизација, односно инсталирање на компјутери кои во најмала рака изгледаат грозно и непотребно. Па и со тоа се каснеше. Компјутерите беа купени две години пред да бидат поставени. А колкава е разликата во цена и моќност меѓу компјутер купен во 2006 и 2008, можете да замислите. Тоа е грешка и на финансиски , и на естетски, и на образовен план. Прво цурак, па поточе, па река, тек на крај се ѕида мосте. А кај нас испадна обратно. Кога врне – од плафонот по школите капе вода. До сега тоа не беше проблем, оти учениците се навикнаа и отрпнаа, ами сега е голем и нерешлив проблем. Водата што капе од плафонот може да го расипи компјутерот. Не е мала работа :)

    На оваа тема би ги надоврзал и ваучерите кои му овозможуваат на секој студент – апсолвент да може да си купи компјутер. За овај проект, Владата од мене добива и плус и минус. Ќе ги оправдам и двата.
    Плус, оти е добар проект, добра идеа, убава можност за студент да може бесплатно да си набави компјутер, оти во денешно време, компјутерот е повеќе од потреба! Минус, оти проектот е најмногу политички поен и замачкување на очи. Зошто Владата не обезбеди компјутери за студентите бруцоши? Нив, реално гледано, компјутер најмногу им треба. И јас бев студент прва година и знам колку ми беше потребен. Многу повеќе од моите колеги тогаш, апсолвентите. Друга работа е тоа што сите знаеме дека има многу повеќе студенти кои за прв пат запишааа прва година, отколку што има студенти кои ќе дипломираат. А тоа го знаеше и власта.

    ****


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 03 Апр 2009, 21:55

    ****

    Македонија го призна Косово:


    Една од најболните теми за луѓето со здрав памет и разум во државава. Македонија ја призна независноста на поранешната српска покраина Косово. Но, која беше причината за овој чекор? Зошто да се признае Косово, потенцијалниот прв непријател на Македонија, и најверојатно, во иднина главна закана за суверенитетот и интегритетот на нашата држава? Зошто? И зошто мораше вака и зошто сега? А мислам дека нема многу опции при давањето на одговорот на ова прашање. САД, главните протагонисти за независно Косово, се урнек за Македонија и македонците. Што и да направи или нарача „големиот брат“ Америка – е сосема исправно! Нашата и нивната (трула) политика без разлика на околностите и интересите, мора да се совпаднат. Резултатот не е битен, битен е аплаузот на истрошениот материјал во вид на политичар кој редовно од САД или Еу доаѓа во Македонија. Се што бара Америка, мора да се исполни, инаку нема евроатлантски интеграции ( се виде). И тука сам се прашувам, на што се не е подготвен македонскиот народ, само да се интегрира во големото друштво? Кога го признаа Косово, другото се е лесно. Интересни ми беа луѓево нашите големи патриоти, кога македонската дипломатија држеше status-quo по косовското прашање, беа против признавањето. Никој не сакаше ни да помисли ни да чуе дека Македониај би го признала сега веќе новиот северен сосед. Но, како по дифолт, мислењето се менува од минута во минута, во зависност од расположението на Владата. Одлуката да се признае Косово падна, а тогаш сите оние кои остро против признавањето, го прифатија со восхит. Летаа изјави дека тоа е добар потег, добро решение кое ќе допринесе за стабилност на границата и општа безбедност на регионот. А зашто да не се признае Косово, кога Србија не ни ја признава цркавата?! – со горчина изјавија македонските интелектуалци насекаде низ државата (многу од нив со два вторници школо). Косово ни е пријател, а не Србија!!!
    (О, Божеееее)

    Компилација на вредни закони и легислативи:

    Ова го почував за крај на моето литературно патешествие низ улиците на социо-економијата и политиката на нашата татковина. Оти многу ми се интересни, најискрено! Толку многу одредници кои морат да се почитуваат. Ќе искоментирам за неколку од нив.
    А меѓу нив најинтересен ми е законот за градска чистота и хигиена. Не дека сум против законот, до некаде (99%) и јас сметам дека е добар. Ама сигурно не сметам дека е издржан доволно. Казна за тие што ќе фрлат отпадок на улица, отпушок од цигара и слични работи кои ја загадуваат животната средина. Fair enough. И јас сум за. И јас сакам нашите улици и тротоари да заличат на нешто, да не се депонирани мозаици. Но, пристапот кон решавање на овој (не мал) проблем беше многу погрешен. Законот предодредува казна од 3000 денари за прекршителите на овој член од законот за екологија. Како прво, казните се преголеми, можеби владата се носеше по тоа дека кој ќе се изгори еднаш, втор пат нема да чепка во огнот. И тоа е така. Ама многу сурово изгледа во нашето општество. Како второ, лично јас, имам носено отпадок околу 1 километар затоа што немаше соодветна корпа каде што можам да се ослободам од отпадокот. Многу ми е нејасно тоа, се бориме за чиста средина, а нема корпи. А уште полошо, се споредуваме со земјите од ЕУ. Сигурно и таму има 2 -3 скапани контеинери на поголема далечина. Или пак, исто како и кај нас, нема јавни тоалети. Не дај боже да ти потреба кај нас, зафркнат ќе си бидеш скроз. Многу сакам да плукнам на сето ова, ама без да платам 50 евра :)

    За одлуките кои одредуваат казни ако се помине на црвено, или ако не се помине на пешачки премин имам тотално разбирање и ги подржувам во целост. Ама мојата подршка стапува во сила кога ќе се поправат скапаните семафори, или уште полошо, ќе се постават таму каде што воопшто ги нема. Зарем се мода да биде обратно спроведено во државава? Па мора преку трупа да биде се’, мора што побрзо да ги задоволиме Европските стандарди.
    И одма штом го помислам тоа, фрустрациите ми ги размрдуваат мозочните виуги. И веднаш ми текнува на законот за забрана за купување/продавање на алкохол после 19 часот. Да не може да се изначуди човек. На кој начин сакаат да го „спречат“ пијанчењето на малолетниците во парковите низ Македонија? Зарем вака? Или така прават и во Европа? Изгледа...
    Законот за оданочување на ергените и момите некако се надоврзува за импресивно дебилниот закон за стимулирање на наталитетот во Македонија. Според ова начело, неженетите од 28 години и немажените од 26 години треба да плаќаат одредена сума како данок поради тоа што сеуште не стапиле во брак. Не знам дали е усвоен, и не знам колкава сума треба да се плати, ама неверојатно глупаво изгледа. Премиерот нека се запраша дали сите ергени имаат услови да се женат на денешницава. Дали воопшто некој може, иако сака да основа семејство!
    Тоа е тоа.



    За другите успеси и неуспеси на оние кои го држат тенкиот прстен околу нашиот мозок ќе пишам пак, само да дрмнам една лозова :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Саб 04 Апр 2009, 04:56

    Дедо Пејџ морам да речам дека ова пишаново е закон, мислам секоја чест едноставно е изненадувачки...!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Нед 05 Апр 2009, 18:43

    Поентата на темава е да се дајТ личен осврт на нештата. Респект за реалното видување и немањето влакна на јазикот, без разлика колку се согласувам или не со содржината на напишаното.


    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Вто 21 Апр 2009, 11:05

    Иран се пишува со К или со Н ?




    Многу работи го загрижуваат обичниот човек. Дали Ленс Армстронг користи допинг, дали Олимписките игри во Лондон ќе бидат како во Пекинг, дали производството на портокали ќе се зголеми за 3 проценти и слични многу битни несекојдневни работи. Од толку грижи, од толку мисли човек никако не може да одвои време, па да размисли за нешто поконструктивно и покорисно. Ево на пример, да го земеме ( пак и пак че го земам) образовниот процес во Македонија, барем во училиштата. Впрочем, како може тоа да биде важно кога не го пишува во разни списанија или некои емисии на нашите и странските телевизии. Како?!

    Факт е дека она што го учевме или го учиме, или некој допрва ќе го учи е приготвено од некој којгоде и штогоде. Infact, секаде е подготвено, сигурно на Мојсеј не му се изрежал на каменот и наставниот план за училиштата. Секаде е однапред испланиран, ама кај нас е каков? Е каков е? Сега ќе помуабетам малку за тоа, не за друго. За разликата меѓу образовниот училишен систем меѓу Македонија и Буркина Фасо.

    Одсекогаш нашите се чукаа вгради за тоа колку учат, како учат и што учат, дека тоа ги прави поинакви, подобри од другите, сепак образованието носи иднина. И како тоа Американците учеле многу малку предмети, со малку содржина, со учебници како сликовница македонска. Се е тоа точно. Никој не вели дека учиме малку. Ама што?

    Јас, и не само јас, сигурно милион генерации пред мене ги разлистуваа скоро истите книги, учеа по истиот план, памтеа и забораваа исто. Секој со различен интерес учеше исто. И јас можам да се пофалам со тоа дека учев математика од раѓање, па имавме 100 алгебри и исто толку геометрии. Факт е дека на математиката, од сенка јак предмет, а на видело тотално непотребен во животот на обичниот граѓанин, од прв или втор или од задните редови. Математиката е утка предмет на кој се обрнуваше внимание премногу и премногу. Но, тој е само еден. Еден куп предмети треба да се редуцираат или исфрлат. Магарето треба да се растовари. Ако не, ајде да ја разгледаме оваа ситуација..

    Некоја бубалица, која ги знае сите патишта и кратенки на релација школо-дома, дома-школо (без навреда) ќе знае се', ќе го викаат маалскиот Питагора, маалскиот Њутн ( уште ако е од Ресен, уште подобро). Се ќе си знае. Си учело детето, ами како! Учел алгебра, геометрија, тригонометрија и различни математики, учел за желудникот на калиматанскиот стаорец, за резервните делови на Хонда, за битката кај Минеаполис. Ама има една маана. На дрво не се качува. Овај, не, ова беше за друго, за еден коњ....маната му е...не знае кај е Женева, кај е Калиматан, кај е Минеаполис. Иако знае се' за гуштерите, не знае кај опстојуваат тие. Работава испадна вака: Вежбам секој ден, кревам тегови, ама само со десната рака. Лева не ми треба. Ако добро сфативте, ако доволно бев јасен, зборувам за недостаток на географско знаење на младината во Македонија. Зборувам за тоа како Властите успеаа да ја „избркаат“ мајката на знаењето од училишниот ранец. Зборувам за тоа што значи тоа за младите. Колку се свесни колку се осакатени тие?

    Па да, географијата е занемарена и потценета кај нас. Како што спомнав на стартот на ова ремек дело, не е занемарена само кај нас. Мислам дека слабо се изучува и во Малави, Во Буркина Фасо, во Руанда, и од најново, редуцирана е и во Зимбабве. Важно е дека не сме сами. И само една мала напомена. Овој дел нека не го читаат ученици, оти во коментарите не сакам да читам - Кај се и кои се тие држави? ( само мала доза на провокација на географско ниво, не ми замерувајте). Географијата, за жал, на нашите простори се изучува во основните училишта, од петто до осмо одделение. Учебникот е ко новина, ама колку е - толку е. Во средните училишта ( овде боли) се изучува само во гимназиите, само во две години. Во стручните училишта воопшто ја нема. Епа да, што ќе му е на некој (покасно) електро инжењер да знае каде е Хелсинки. Зарем е битно тоа. Ма нееее....Географијата не ни треба нас. Ни требаат предметите кои ги напоменав погоре. Ни треба се' само да не знаеме кои сме и каде сме. Тоа само не.

    И нема да раздолжувам со споредби меѓу други предмети и географијата, оти сметам дека веќе се е кажано. Мислам дека и на вас Ви е јасно колку егзактна наука, колку компактна и применлива школа значи географијата, колку му треба секој, колку е општа и применлива. Колку е само поврзана со другите науки. И да, додека сум овде, можам да кажам во врска со поврзувањето, оти само Историјата која исто е наука за време и место (настан) треба да се синхронизира со науката за место и време (појава) како географијата. Другите не, другите се тие кои треба да се редуцираат. Сепак, дури и историјата е префорсирана кај нас, како што кажав, нашите засега учат историски многу непотребни податоци, а во иднина ќе учат лажирани и новокомпонирани случки (демек досега овие не се), а нема да учат за, на пример Охридското езеро, со доволно внимание колку што заслужува. Образование - мераци!

    И сега, на крајот, како по обичај, кого да обвинам? Кој е крив за моменталната состојба во образованието? Кој е крив за географското незнаење и неумеење на нашите ученици (море и професори ќе има). Владата нормално. Ама власта од 1991 навака, не само денешната. Секоја, секоја влада која во својата кампања имаше ставка Ignorance is bliss......мора да е така, инаку како иначе, кое е оправданието за неписменоста на нашето (младо) население?

    И после, сте учеле повеќе од Американците, а тие не знаеле кај е Македонија...а Вие знаете кај е Хекла?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 21 Апр 2009, 11:53

    Priest напиша:Иран се пишува со К или со Н ?

    И нема да раздолжувам со споредби меѓу други предмети и географијата, оти сметам дека веќе се е кажано. Мислам дека и на вас Ви е јасно колку егзактна наука, колку компактна и применлива школа значи географијата, колку му треба секој, колку е општа и применлива. Колку е само поврзана со другите науки. И да, додека сум овде, можам да кажам во врска со поврзувањето, оти само Историјата која исто е наука за време и место (настан) треба да се синхронизира со науката за место и време (појава) како географијата. Другите не, другите се тие кои треба да се редуцираат. Сепак, дури и историјата е префорсирана кај нас, како што кажав, нашите засега учат историски многу непотребни податоци, а во иднина ќе учат лажирани и новокомпонирани случки (демек досега овие не се), а нема да учат за, на пример Охридското езеро, со доволно внимание колку што заслужува. Образование - мераци!


    аферим, како и секогаш!
    Прво воведот ти е ударен, саркастичен и одвратно прекрасен како и до сега. Споредбите и симболиките-НЕПОВТОРЛИВИ! Со кажаното, не да се согласувам, се изнервирав дури. Ова шо ти го извадов, особено ме погоди, чунки многу убоо и објективно си ја разглобил проблематикава на кохерентност на наставните предмети.

    не издржа срце јуначко да не замеша и конкретна политичка гарнитура на крај, ама нејсе, занемарувам заради се` погоренапишано.

    за крај, че ја биди работава белки, со идни просветни работници како тебе, Падре rock and roll

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 11:02