Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Чет 07 Мај 2009, 16:08

    Приказна од најефтините


    Од приказни глава (не) боли. Епа, штом е таква работата, дозволете ми да ве подзаспијам малку со една малку полетаргична приказна со која немам за цел да ги размрдам мозочните виуги на луѓето. Нема никаква цел, не претставува опасност или закана за ничиј интегритет, суверенитет и благосостојба. Приказната денски напишана едноставно склопена е само колку да се потроши моето, а и вашето време. Оти никој од нас што нема попаметна работа нека чита. А тие што имаат....епа тие се главните актери во приказната.
    Enjoy…



    Си беа шест браќа. Сите си живееа во една куќа на село. Ќуќата можеби не беше најубава во светот, ама во поширокиот селски атар беше. И голема, ама и ја подновуваа. Таткото на сите им даваше пари. И како што бидува, некој од нив ќе ги потрошеше умно, некој неразумно. Еден ќе си купеше се што му треба за дома, и за на нива. Другиот, ќе ги дадеше парите и ќе си ја потспремеше собата. Третиот си купи пет нови овци. Иако таткото на сите им подели подеднакво овци, овај си докупи уште. Еден од браќата ги искоцка парите, а тие што му останаа ги испи за да ја заблажи маката за тоа што ги загубил парите. На крај не му остана ништо. Другиот ден се жалеше насекаде по селото дека татко му им дава на браќата повеќе пари отколку него и дека сега само тој нема ништо. Само неговата соба е празна, само неговиот трактор е расипан, неговата крава е стара, само неговите овци се црни. Селаните имаа слух за него, оти така им одговараше. Оти полни со завист беа, и едвај чекаа да се растури фамилијата. Оти голема беше.

    За нивна среќа, умре стариот. Немаше сега кој да ги држи браќата на едно.
    Па се собраа селаните, па се договорија што како. И како постари и мудри почнаа да ги лажат браќата. На секој посебно го буцкаа. Оти тебе овците ти се поцрни од другиве, оти ти да делиш исто со другиот, оти ти да јадеш исто со третиот кога си поголем. Оти ти вака, оти ти така. Ги лажеа и ги излажаа. Браќа ко браќа, влегол ѓаволот во нив и се раскараа. Сакаа делба, на кој што и како му припаѓа. “Нема веќе секој исто да јаде и да пие“ – рече најмалиот, ама најспремен брат. Одсега секој со својата среќа. Така рече и вториот, и третиот....

    Не помина многу време, се растурија. Зеде секој што мислеше дека му треба и што е негово. И караници и тепачки. И сето тоа помина. Куќата си ја поделија меѓу себе, секој своја соба. Нивите, овците, цела имовина. И си почнаа сами да си работат.

    Братот Трпе зеде најмалку од дедовината. Му оставија соба, ама празна. Ништо внатре немаше, само ѕидови. Ама со правина. Пред тоа, се што имаше внатре, не си го спечали тој. Другите браќа му редеа, оти тој работеше најмногу, ама и трошеше најмногу. По коцка и алкохол му леташе трудот. Сега кога начека празна соба му падна криво. И пак почна да се жали по средсело. Ама сега никој не го слушаше. Се правеа дека не го познаваат. “Кој си рече момче? – го прашуваа луѓето што до вчера ги честеше ракија по кафаните. Не го препознаваа. Си остана сам Трпе. Празна соба, нивите со трња распослани. Немаше со што да ги работи. А со браќата иако не се караше и тепаше, само тој остана муабет да си нема. Другите си се помирја, нивите си ги вадеа од иста вода. Само Трпе остана покусо. Ама така и му требаше.
    Сепак, Трпе не се предаде. На сред село не го познаваа, муабет не му чинеа, на нива никој ручек не му носеше, а сам со срп си жнееше. Ама си траеше Трпе, си работеше.

    И кога си застана на здрави нозе, колку толку се поткрена, одма почнаа селаните да го задеваат. Некој пак му правеа лице, го бранеа од другите. А сите после зад грб му се смееја. И од ден на ден, одеа луѓе кај Трпета дома, му зборуваа. Демек, ако сакал да не го зафркаваат повеќе и да го примат да седи со нив на сред село, морало да се прекрсти, да си ја вароса собата, да го премести креветот. Се’ како што сакаа тие. Трпе нејќеше да си го мени името, оти една нива што беше до куќата беше на негово име пишана, од дедо му. Ако го менеше името, комшијата ќе си ја земеше, оти тој велеше дека нему му ја пишал нивата дедо му, а не на Трпета. Собата ја избои како што му рекоа. Јадеше и пиеше кога ќе му речеа, спиеше кога сакаа тие. И сето то за џабе. До името беше проблемот, ама тие на сред село не му кажуваа. Проблемот воопшто не беше што јаде тој, оти нив не им беше гајле. Сите се грижеа комшијата да му ја земе нивата. А Трпе ко Трпе, глуп селанец им веруваше.
    Кутар Трпе, се разболе. Имал рак, му рекле на доктор така. Ама само во прстот бил. Среќа во несреќа за Трпета, одма може да се излечи. Ама пак, ќе требад а ну го пресечат прстот, за да не се рашири на раката ракот. Така го советуваше докторот, што му беше близок роднина. Селаните му рекоја да не го слуша што му вели докторот. Дека тој не знае ништо. Како ќе живееш без прст? – го прашаа селаните. Дааа беее – рече Трпе. Како ќе работам без прстот после? Не може, не давам да ми се сече! – брзоплето реши неписмениот брат без да размисли. И докторот зачуден, направен будала, си се повлече. Со глупи луѓе јас не работам! – рече тој и си замина во друго село да си работи.
    А на Трпе му беше се полошо. Ракот му се рашири на двата прсти. Покасно му ја зафати целата рака. Сеуште имаше спас. Докторот знаеше, ама не доаѓаше да му помогне. А приказната со селаните и Трпе, не мислете дека заврши. Сеуште тие го уче и му даваа ум. Направи она, направи ова. Секој ден му идеа на гости. Јадеа, пиеjа, а кога си одеа – си се потсмеваа. Шутиот Трпе е готов – со смеење си кажуваа. Ќе умре – велеа тие! И навистина се познаваше дека не е арен. И ослабен беше и блед на лице. А кога на чардак ќе се појавеше, му повикуваа – “Здраво чорбаџи Трпе! Си се подмладел, здрав ко дрен си! А тој пак им веруваше, иако се осеќаше дека не е токму. Ама сам не знаеше да се слуша никогаш. И татко му кога беше жив, и тогаш беше таков.
    Болната дланка цела му беше помодрена. Слаба и без сила. Не можеше тупаница да стегне. И за чудо, сеуште не беше свесен до кое дереџе е дојден. И сите пари што ги печалеше си ги трошеше. Купуваше прстени, си ги редеше на раце. Златни прстени, ланци, скулптури, слики....за све си трошеше пари, го потсеќале на дедо му – велеше Трпе. Ама со тоа најмногу му правеше инает на комшијата што тврдеше дека Трпе е од друга фамилија, а не од тука. Трпе беше во право, ова беше дедовина негова, ама беше прост. За што ќе му беа прстените и ланците, кога беше болен и кај да е ќе умре. За што ќе бидат прстените, на кого ќе му ги даде? И кој ќе ги земе откако ќе умре? Сите пари ги потроши, наместо да се лечи. И сега имаше лек. Ама кога се појави ракот, требаше само малото прсте да се отсечи, а сега цела рака. Е, наместо да се спаси од смртта, Трпе си ги потроши сите пари. А плус суша беше, оваа година ни можеше да работи, ниту некој можеше да му позајми троа пари. Никој не даваше, сите си ги чуваа парите. Само Трпе остана без пари. Кога дојде време леб да јаде, а пари немаше, реши да го продаде цело злато што го потсеќаше на дедо му. Ама никој нејќеше да му го купи, оти знаеа. Трпе кај да е ќе умре, а нема кој да го наследи, па златото и онака ќе си го поделеа селаните меѓусебе. Истите тие кои едно време не го познаваа, истите тие кои во друго време го советуваа. Истите тие кои го излажаа и го умреа пред време.

    Трпе си умре и никој на погреб не му дојде. Ни браќата, ни селаните, ни докторот.
    А што се случи со делот од куќата негова, со нивата до куќата? Епа проценете сами што се случи. Ако ви кажам – тоа веќе не е приказна........
    .


    (главниот лик Tрпе и браќата, екимот, куќата и селаните се измислено-[под]замислени ликови. Во никој случај (не)мојте да ги поврзете со Македонија и другите држави од СФРЈ, со човекот кој го поддржа предлогот на Кисинџер, или со Европската Унија и НАТО. Секоја споредба е [без]смислена).


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Чет 07 Мај 2009, 16:20

    секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест

    да можам до земја да ти се поклонам и 2943967684 миљарди пљусој да ти наредам

    секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест секоја чест

    немам зборој! мајсторски
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Чет 07 Мај 2009, 16:21

    секоја чест!!
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 12 Мај 2009, 01:30

    МАКЕДОНИЈА ЈА ОСТАВИ ГРУЗИЈА НА МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ

    Изминаа осум месеци од војната во Абхазија и Јужна Осетија кога нашите ги оставија Грузијците на милост и на немилост. Нашите наместо да одат таму да се борат заедно со нив и тоа не само со платената војска туку со општа мобилизација против Русите (нашите најголеми душмани), и да се приклучат кон нашите најголеми сојузници САД којшто имаат најповеќе допринесено за Македонија како на пример во војната 2001 тие ни ги дадоа авионите Сухои, хеликоптерите Ми-4, Ми-8 повеќецевните ракетни фрлачи и други оружја ние нив им го свртуваме грбот. А факт е дека Русија нам ни ја донесе војната во 2001 таа ги вооружа Албанците и не спречи да ги победиме ние упорно се свртуваме на кај нив. За срамота.
    А истото тоа требаше Македонија да го стори и во конфликтите со Чеченија 1994 и 2000 година и тоа не само со нашата редовна војска да војуваме против Русија туку со општа мобилизација. А и во секоја војна што е против Русија ние треба да војуваме против нив, бидејќи Русија е држава што и има нанесено најголема штета на Македонија. А во сите војни што ги води САД треба да војуваме заедно со нив. Тоа требаше да го сториме кога беа војните во Сомалија 1992, СР Југославија 1999, Ирак 2003 итн. Инаку НАТО како ќе влезиме.
    Се сеќавате ли пред 3 години во квалификациите за Европско првенство во Фудбал кога нашата полиција им изврши тортура на Руските навивачи. Нормално малку им беше тоа. Требаше сите до еден да ги убијат. А после завршувањето на натпреварот кога сакаа да се пресметаа со Албанците во Чаир и кога нашата полиција ги спречи да отидат таму. Па нормално требаше ние со Албанците да се здружиме против Русите.
    А освен САД заборавам да го наведам и Израел којшто и е втор сојузник на Македонија и исто така има многу допринесено. Е сега единствено е ние што треба да направиме доколку дојде во конфликт со Иран сите со еден да војуваме против Персиската држава заедно со нашиот пријател Израел.
    Друга работа мајци што се продаваат по тезгите СССР сите тие продавачи треба кривично да одговараат. Нормално треба да се донесат најци со 50 бели петокраки, со шесткрака ѕвезда, со Грузија, со Чеченија и други наши сојузници.
    Штета ќе биде доколку Македонија не учествува на воената вежба во Грузија па да загубиме драги пријатели како САД, а и не смееме да ја пропуштиме животната шанса за членство во НАТО.

    Ова нека послужи како мала пропаганда за мало освежување на свеста на граѓаните. Бидете свесни дека сте поданици на чумата на 21 век Русија.
    Да му ставиме крај на тоа. Туку треба да се здружуваме со нашите браќа САД и Израел.
    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Татко му на Стен on Вто 12 Мај 2009, 02:12

    заптија браво за постот,алал да ти е :dada:
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пон 25 Мај 2009, 13:10

    Не кради, не лажи, не биди земјоделец....


    (три од 10те Владините заповеди)



    И покрај многуте интересни и загадочни теми за кои можев да напишам по некој ред или неред, сепак со тешко срце се решив да подразмислам малку за земјоделците во Македонија, за кои стварно би бил едниствениот кој ќе каже нешто, па макар и без ефект.


    Во блиско минато чув и разбрав за откупната цена на пченицата во Македонија. Ни повеќе, ни помалку, туку цели осум денари за килограм. Можеби најважната земјоделска култура во Македонија па и светот ќе се одгледува за да се продаде за осум денари. Толку внимание, труд, работа и време да се потроши залудно, за да не се извадат вложените пари, дали вреди се прашувам самиот јас. Оти, ако ги прашам земјоделците ќе добијам очекуван одговор. А што ако ја прашам Владата? Каков ќе биде одговорот тогаш и во каков манир ќе одговорат оние што се избрани од земјоделците. Добро, можеби ќе сменат тема па ќе почнат да зборуваат за визната либерализација, за позитивните сигнали од Брисел или за негативните од Техеран, за калифорниската пастрмка или за фјордовите во Норвешка. Се’ само не земјоделие. „Иш“ синдром...

    Оти многу го помогнаа македонскиот земјоделец во предизборните кампањи и на владините извештаи на МРТ на тема „Остваруваме“. Само на таков начин леб на маса не се носи, ни на земјоделецот, а ни тој нам нема да ги го посее. Многу се ветуваше. Субвенции, субвенции, субвенции беа зборовите најчести во владиниот предизборен речник. Толку многу се зборуваше за субвенциите што многу новороденчиња наместо тато или мама да им е првиот збор, нив им беше Субвенции. И многу народ поверува. Посебно верба се здоби кога се споредуваше земјоделието и придонесот земјоделски во периодот на владеење на други гарнитури во Македонија, и споредбите на субвенции кои ќе ги добијат земјоделците во Хрватска и Словенија со овдешните. Абе мераци, на исто ниво дојдовме со Хрватските земјопоседници. Ама само на хартија. Или и таму не?

    И низ годините што поминаа од осамостојувањето на сите ни е јасно, па дури и мене дека не се исплати да се занимаваш со земјоделие. Не дека нема други опции за работа, ама сигурно е подобро да земаш социјална помош, слична на оние кои се под биро за вработување, па секој месец си го носат картончето да се пријават возејќи се со своето ново BMW. Ама да си земјоделец стварно не се исплаќа и нема позитивна математика. Можеби вината постои и во самите аграрци а можеби е само во владеачката структура. И за тоа постојат многу примери низ кратката историја на Република Македонија.

    Како на пример кредитите од неколку европски асоцијации за обнова и развој кои и биле доделени на Македонија пред 15 години. Парите кои биле пределени за развој на земјоделието и поттик за аграрната струја биле поделени меѓу тогашните високо образовани бирократи во македонската власт, а како доказ дека парите стигнале на правото место и дека Македонија е на правиот аграрен пат, биле купени 2 крави, три овци и четири кози, па биле пуштени да пасат во различни региони во државата. Од парите се виде ефектот. Сега не знам дали Европа дала толку пари или толку протекле низ владиниот вентил тогашен (проценете сами).
    И тогаш а и сега, 15 години подоцна, не се презема ништо за поттик и развој на нешто што треба да ја направи Македонија лидер. Никаквата аграрна политика ја направи Македонија увозник на она што може да го произведе и да го снабди пола Балкан. Па и непланското работење со посевите. Се садат пиперки на целата територија, а други култури воопшто не се одгледуваат. Увозот повторно е неизбежен. Кога на тоа ќе се додаде и брзото замирање на селата се добива денешната слика за македонското земјоделие. Но, што се случува токму денес?

    А денес, ветените субвенции ги нема никаде. Или не беа пратени, а беа ветени, или беа испратени, а стигнаа таму каде што не беа ветени. Имаше и една приказна за оваа ситуација а се викаше „Не за кого е печено туку за кого е речено“.
    За кого беа речени субвенциите (ако прифатиме дека воопшто беа распределени пари) и каде се? И дали некој во било кој случај треба да ја понесе одговорноста за тоа? Дали повторно ќе слушаме на вести, ќе читаме во весници за светската криза и поскапувањето на лебот поради тоа. Ех, колку е интересно тоа. Демек нема пченица половина свет, па сега се откупува за поголема цена. Што е интересно во тоа нема да ве оставам да процените сами како и секогаш, туку ќе направам едно блиц објаснување.

    Како прво, пред година две, лебот поскапе ненормално. Владата се оправда со светската криза и сушата, па поради тоа пченицата не никна и мораше да се купи по скоро двојно поскапо. А јас се чудам и се мислам. Како може да никне нешто што воопшто не е посеано. Ако премиерот очекуваше угарните (необработените) површини да родат сигурно останал разочаран и депримиран. Оти ништо не беше посадено во Македонија. Поготово не пченица. Само во мојот регион секојдневно гледам хектари и хектари необработени површини кои порано, и покрај лошата и тогаш аграрна политика беа сеени и жнеени. А сега, сушата е крива?

    Како второ, зошто една Украина, пченичната мајка на Европа не се соочи со проблемот, кој, можеби беше со мака измислен, а се викаше светска пченична криза? Зошто Украина не увезе ни грам пченица, зошто Украина си го нахрани населението без да го поскапи лебот? Дали и таму пченицата се откупува како и ваму? И да, Украина ја зедов за пример во случај да се бара оправдување во тоа дека Македонија беше со социјалистички систем до скоро, па затоа не се сее, не се жнее, се увезува. Па и Украина, колку што знам, беше во комунистичкиот СССР до 1990 година, па ево, се здрави и живи, имаат пченица и ја хранат пола Русија и Казахстан. Само уште да ни го кажат рецептот како успеаа да ја надминат пченичната рецесија!

    Под три, оти се е кажано, ќе набројам неколку земји кои ја избегнаа кризата за леб и беа извозници : Аргентина, Кина, САД, Уругвај, Индија, една Норвешка, Бразил,.....меѓу нив, една држава со грст народ беше длабоко погодена од сушата и глупоста. Дали на Аргентина сонцето поинаку ја грее или по дифолт, нема соседи како нашите што лошо и мислат?

    И полека доаѓаме до сончев ден денешен. Убаво би било да се запамети денов, оти по блиска иднина, кога пченица ќе нема, оти нема да се посее, пак одговорот ќе се бара во сушата. (ако годинава немаше дождови тогаш не знам кога имало). Останува да видиме дали ќе е така.

    А што правиме со земјоделците? Па ништо, секој си иде по својот пат. Имаа верба и надеж, есента посеаа, сега ќе жнеат. Ќе им биде откупено се’, барем така велат. Ама по цена што е незгодно да се спомене. Но добро, и тоа ќе се преживее некако, барем до наесен, кога ќе подразмислат повторно дали вреди да се засади пченицата, и не само пченицата, било што. Дали на Македонија и се потребни земјоделци и дали треба да бидат третирани како првут во коса? И тоа ќе се сознае и познае. А дотогаш......
    Јас го предлагам ова :

    Драги аграрци, издржете го и ова. Многу од вас се необразовани и во тоа можеби лежи проблемот најголем и затоа ве манипулираат толку. Но, дека образованието не вреди кога манипулацијата е во прашање можам да ви посочам пример дека, ако имаше врска кој е писмен а кој не, и дека писмениот не може да се манипулира, Владата ќе немаше пратеничка група од 63 лица. Значи нема врска.
    Затоа, најдете си лидер, кој ќе ве види и чуе, ќе ви помогне и ќе ве избави, почекајте го аграрниот месија, оти мора да дојде, вака веќе не може. Голготата ваша мора да запре. А дотогаш само трајте си, врзувајте крај со крај како комбајнот што ви ги врзува балите.
    И крај краева, обединете се, и се што имате а треба да ви биде откупено за мизерни осум денари за килограм не давајте го на државава наша. Па дури и да ви се загуби. Лекот е можеби повеќе од пет пари, можеби звучи арогантно и неблагодарно, крвнички и предавнички, но се’ што имате, продајте го, извезете го за 7 денари од килограм ( инает) и тоа на никој друг, туку на Грција. Тоа можеби ќе помогне, иако се сомневам, но нека се проба, можеби некој ќе се свести што се случува во земјата наша трула и угарна.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    mazzola

    Male Мислења : 31
    Местолокација : severen pol
    Зачленет на : 2009-05-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by mazzola on Чет 28 Мај 2009, 23:36

    Човеку секоја чест! Се ова е точно само има еден проблем. Овие земјоделци се проколнати и страдаат од неизлечива болест.Болеста се вика Macedonikus Idiotikus (латински). Дали се сеќаваш дека овие исти земјоделци во 2006 пред изборите (која случајност!?) протестираа во Прилепско? И кој ги поткупи со по еден мизерен сендвич? Кој им ветуваше по 28 ден. за кг? ДА,оваа власт!Ама знаеш како е:прост народ силна држава, само што во овој случај е:прости земјоделци сигурна власт!И сега овие исти партиски војници преправени како земјоделци,чекаат погоден момент за повторно да внесат раскол меѓу земјоделците,а со тоа да ги уништат и најмалите шанси за наплаќање на деновите поминати под пеколното сонце,додека лешинарите во зградата позади соборниот храм седат во климатизираните канцеларии и добиваат главоболка бидејќи не можат да одлучат што да ужинаат: дали бурек со месо или со сирење! Уште еднаш браво за темава и дај нешто уште по скокотливо! :adminpower:
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Нед 21 Јун 2009, 13:20

    На кафе со Скопје

    За сите оние кои дојдоа да прочитаат кратка сатира на блуткавото градско општество, ќе ве разочарам. Нема да зборувам за проблемите на управната власт, семафорите на Партизанска, дупките во Кисела вода, ни водоводната мрежа во Маџари. А оние кои ве залажа насловот, не, ова не е Неделен водич за кавешмркање на празната улица Македонија, изгор-коктелите во кубанскиот на кеј, `елитата` на Илинденска или маалското кафе-муабет во `Бисер`. Ова не е таков Неделен коментар. Со по малку авантуристички и боемски дух, слепа и глува на ограничувачките димензии простор и време, сакам да ви раскажам една поинаква, романтична приказна. Како јас бев на кафе СО Скопје.
    После бурната ноќ помината во квалитетно зрачење пред компјутер, се` до раните (и не толку раните) утрински часови, и изненадната ударна доза уште поквалитетен културолошки раствор, се решив да го поканам Скопје на едно утринско кафенце. Прво да се навратам на културолошкиот момент.
    Уште да ти имало асален народ буден во 3 сабајле и желен за разговор додека ја `чувате ноќта од будните`. И каква `случајност`, тој некој претставник на будниот народ да ти бил еден од ковачите на новата идеолошко-креативна енергија на македонската музичка фела, барем онаа чиишто дела моите уши милуваат да ги слушаат. Имено, како што веднаш се согласи мојот соговорник, не се работи само за музика. Зад делото кое и` го ветуваш на жедната и желна публика, треба да стои цела приказна, а дали има подобра приказна од онаа што ја знаеш и онаа за која мечтаеш? Со музичко-идеолошки времеплов заминавме на крстосување низ делото на култните творци не само на современата македонска музика, туку наедно и одржувачи и реставратори на македонскиот дух, историја и препознатлив етнолошки ентитет кој оваа музика се обидува да го вгради во структурата на восприемачот. Нејсе, муабетчијата го пратив на спиење.
    Со првите веќе горештни сончеви зраци, тргнав по скопските улици. Кафето беше само изговор за разговор со мојата старо-нова љубов. И веќе немавме тајни. Саботните утра над големиот град се нешто посебно. Уште неизвалкани од новиот метеж, штотуку миросани со првата утринска роса, улиците танцуваа под моите среќни стапала, кои живнаа од кофеинскиот еликсир. И не, градот не беше `нем на моите прашања`, или пак, јас конечно имав храброст да го слушнам како `извира со сета сила`. Да, тоа беше `мојот дом`, почивалиште на `моите похотни мисли`. Зад себе ги оставивме заспаните дрвореди на Дебар Маало, низ кои срамежливо си ги разменивме првите `погледи`и `првата средба дланка в дланка` со вечно младиот заводник.Спокој лебдеше над плоштадот кој се капеше во сонце, вознемирен само од кикотот на моите мисли. Кафе одамна веќе немавме, ама Скопје `ми шепотеше тајни` меѓу `лица и улици, насмеани`. Ме испрати до дома и со првата јунска жега, заврши моето прво кафе-рандеву со Скопје.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Нед 21 Јун 2009, 13:25

    Заборај да дополниш....Извадок од "Дневникот на Боемката" :D


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Нед 21 Јун 2009, 14:32

    Дали сакаш да кажиш дека не лажеше во друга тема

    Браво!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Нед 21 Јун 2009, 14:42

    веќе кажав дека не :naokolu: и сполај ви на сите...
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Нед 21 Јун 2009, 17:20

    секоја чест секоја чест секоја чест
    ноу комент.
    avatar
    Peanut

    Female Мислења : 757
    Местолокација : In The Middle Of Nowhere
    Зачленет на : 2009-04-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Peanut on Вто 23 Јун 2009, 00:41

    Неделен коментар.........неам шо да кажам,освен дека многу залади
    али тоа е за времево инаку овде.....на форум....читајте кај Геро
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Вто 23 Јун 2009, 16:57

    Болниците во Скопје чуваат Заложници!



    Секојдневие , навидум здодевно банално пропратено со по неколку капки на свеж адитив кој се меша со ова сивило за да добиеме среден умерен живот во кој сакале или не трчаме секој ден. Или сепак треба да се искочи со микрофон од А1 тв на камени и да се анкетираат скопјани Дали Трчате? нормално да ме прашаа мене до денес ке кажев не !! јас газам полека но сигурно . За другите незнам , но знам дека еден ден на секој ке му се случи нешто што ке добие полет на нозете и ке се растрча приморан , зауздан , конфузен со една цел да направи добро дело.

    Мамурен граганин кој го испил утринското кафе и ита да стигне навреме на работа , работа која е секој ден се понапорна и понапорна но кога се мора се мора , ке одиш и оро ке играш . Ете ме мене на работа заглавен помегу полиците со тетрапак сокови , со мисли далеку а Физички изморен но сепак задоволително ги извршувам обврските . Одеднаш моите мисли ги помати мелодијата на мојот телефон ,непознат број , си викам кој ли е сега ?

    Добар ден се јавува др.в.м ... од Градска болница ке ве молиме да дојдете вашата мајка е тука , молааааам? да не се шегува некој вознемирено прашав. НЕ дечко вашата мајка е тука мегутоа не може да си оди мора да дојдете.

    Е сега дали трчам? Да како мува безглава што попрво дали да ја оставам работатат дали ке ме пуштат,, А пари о неее немам пари . леле не што да правам ?

    И како прваче кое ја прашува срамежливо својата учителка дали може да отиде до вц.. така јас како детенце со насолзени очи прашав .. шефице мајками е во болница сега ми се јави докторката морам да одам да ја земам .Добив потврден одговор - оди зар за тоа се прашува. Да ама доага побилниот момент. ШЕфице ама јас немам пари .Добив аванс 500 скромни денари и трчанка во Градска.

    И тука морам да кажам дека ни цвета Здравството . Пациенти со лопата да ги ринеш , редици , редици , лоша миризба , плач и морничави извици наоколу а јас загледан во секој агол во секој ред на секое столче си ја барам сопствената мајка!

    Ја нема? човек ако не помисли на најлошото не е човек , трчам на информации и љубезно прашувам . Добар ден јас се извинувам ми се јави докторка пред 10тина минути и ми кажа дека мајками е тука и и се слошило .И добив одговор како што очекував , Дечко не знам! дрско и понижувачки.

    Почнав да тропам од врата на врата . да прашувам од болничар на болничар и никој незнае. Си помислив зар навистина некој си поигра мајтап со мене на телефон? не никој не си играл мајтап со нешто такво и си продолжив.. Случајно една медицинска сестра се заинтересира и мипомогна.

    Арно ама кога дознав зошто сум повикан ми дојде нагон сите да ги убијам. Поради освестувањето со ладна вода и едно шише инфузија бев приморан да платам 340 денари , кои во тој момет ги немала мајками во неа и не ја пуштале да си отиде. Во ред е си реков.. не не не е во реееед! што ако немав и јас пари зар и мене за заложник ке ме земеа?
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 23 Јун 2009, 17:04

    прво, алал да ти е за храброста да проговориш за ова јавно и да ја споделиш интимата.

    второ, проклето добра симболика со заложништвото! секоја чест
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Вто 23 Јун 2009, 17:05

    фала ти балалјке.. ве рачунам како семејство па затоа споделувам се
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Вто 23 Јун 2009, 17:15

    секоја чест Гајда, браво. секоја чест
    скроз си во право!
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Чет 25 Јун 2009, 15:57

    Биртуле (Концептот на Нео-биртијата) (1)

    Глава I : Генеза

    Со отварењето на Новиот Пазар во Битола карши Веро се направи раскол во ноќниот живот и денската кафе шема на битолчани.Најпрвин, основната замисла за Новиот пазар беше да биди место каде што ќе се пласираат земјоделски производи и ќе им се заштеди време и бензин на жителите од Нова Битола да не слегуваат во центарот на градот за да купат една обична светилка, која по некоја случајност им прегорела во WC-то, а тоа значително им ги отежнува активностите во него, посебно ноќе.
    Е сега, по принципите на секој пазар, покрај неговиот економски карактер на нудење производи и услуги, за време на паузите од репетитивно најавување на цените на доматите и пиперките или монотоното чекање некој да купи кило шајки, кај понудителите на тие производи и услуги се јави потребата да сркнат некое кафенце или да се оладат со ладна бира под сенка.Таквата потреба беше стимулативна за макро-економијата на Новиот Пазар и пред да речиш “клише” започнаја да никнуваат угостителски објекти како муџахедини во Босна.

    Карактерот на ваквите угостителски објекти по инерција го добија називот кафулиња, иако позади маската на софистицираност се криеше бруталната едноставност на биртијата.Иако навидум индиферентен феномен во нашето општество, биртијата сепак добила одредени модификации, евоулирала за потребите за нејзините најчести гости, поточно за нивните ритуали во неа.Замислете си ги само првите христијани кои својата вера ја практикувале во катакомбите поради стравот од Римската Империја која ги гонела и казнувала најсурово...епа нешто слично е со ваквите мутации на локали, кои морат да ставаат парфем на испотени мишки за да не паднат под забот на малоѓраѓанштината на битолчани.

    Поради тоа што сопствениците на ваквите објекти се битолчани, кои добро се запознати со деформитетите на сопствениот менталитет, неможи да се речи дека ова е спонтана синтеза на биртијата и кафулето која јас милувам терминолошки да ја наречам БИРТУЛЕ(БИРТ од Биртија и УЛЕ од Кафуле).Има призвук на деминутатив од Биртија, а вистината не е многу подалеку од тоа.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Чет 25 Јун 2009, 16:10

    темАне бе никоwче! те-ма-не!

    неверојатно е како декаденцијата на културата и општеството на битолчани натерала еден млад ум да ги катализира со своите искуства од животот и да ги сублимира во еден текст на кој би му позавидел и мајсторот на колумните, Братислав Димитров-Бато.


    highlights!

    `...започнаја да никнуваат угостителски објекти како муџахедини во Босна.`

    `...иако позади маската на софистицираност се криеше бруталната едноставност на биртијата`


    `... милувам терминолошки да ја наречам БИРТУЛЕ(БИРТ од Биртија и УЛЕ од Кафуле).Има призвук на деминутатив од Биртија, а вистината не е многу подалеку од тоа.`
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Чет 25 Јун 2009, 16:20

    Damn, за Братислав Димитров, didn't see that coming..Стварно звучам како него...


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Phoenix on Чет 25 Јун 2009, 16:30

    мене повеке ми звучеше како чуму
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 26 Јун 2009, 20:00

    Top Jimmy



    Многу би сакал да знам и дознаам како нашиот премиер стои со македонската и светската историја. Каква му била оцената во основно, во средно. Добро, можеби тоа и зависи во голема мера кој му предавал, по кој систем се учело и на што учел. Доколку не бил баш надарен за историја, тогаш сигурно не е по негова вина, туку тоа е поради тоа што во негово време не постоеја компјутери за секој ученик како што е сега, па потешко се учеше, наставниот план потешко се обработуваше, условите беа многу лоши за разлика од денес кога учениците живеат во една „школска утопија“. Истото прашање би го поставил и за останатите (не)стручни лица од нашата Влада, стари, млади, средовечни. Како стојат со историјата, колку ја знаат. А изгледа не многу. Зошто?

    Нашата ценета и преценета Влада го лансираше (повторно) проектот „Купувајте македонски производи“. Добар проект кој би требало да и даде свеж здив на нашата економија во нокдаун. Кога сето тоа би се остварило, а би можело, би било прекрасно, секој купува македонски производи, фабриките работат рентабилно, вработените земаат плата редовно, се бараат нови и нови работници. Јас ќе купам македонски кечап, а работникот кој го направил кечапот ќе си добие навремена плата, ќе купи македонски мајонез што го направил друг работник кој исто ќе земе плата на први, а тој ќе купи исто така некој производ кој го направил некој работник во друга фабрика....и така се во круг. Македонија си живееше среќно и весело се до крајот на светот. Ех, што ти значи еден Владин проект. Но, морам да речам дека и овде има едно Но!

    А тоа значи дека пак се навраќаме на дамнешната историја. Македонската и светската. Премиерот сигурно слушнал за Александар Македонски. Сигурно слушнал, оти ако не знаеше немаше да го преименува аеродромот во негова чест. Значи знае нешто околу овој војсководец. Но дали знае нешто за неговите освојувања? До каде стигнал Александар? Дали премиерот знае дека Александар стигнал (за жал) само до Индија и не понатаму? Дали премиерот знае дека Александар не ја освоил Кина? Сигурно не знае. А од каде знам дека не знае? Епа...
    Тој нај добро(не)намерно го спроведе проектот „купувајте македонски производи“ и сега, кога требаше да се набават автобуси за јавниот сообраќаен превоз во Скопје. И како што проектот налага, премиерот го следеше. Нарача автобуси од Кина. Оти и Кина се смета како дел од Македонија нели? Една држава античка, сеуште постои. Барам така се фура политиката во последно време, а преку тоа е таа логика на Владата. Кина е дел од Македонија, а ние купуваме македонски производи. Друго објаснување или не гледам, или не можам да видам, ама најверојатно нема. Премиерот побркал нешто со историјата. И дај, ве молам, кажете му, Кина не е македонска земја.

    Толку со несериозноста преточена во сериозни грижи и незаборавени сметки. Добро, колку се незаборавени ќе видиме следниот пат кога ќе треба да заокружите некоја бројка зад параван. Ве молам, немојте да ме сфатите погрешно, ама мислам тоа што мислам. Значи, да продолжам во име на работниците и на класата која можеби не постои во Македонија. Мислам во денешни граници, не до Кина (во случај ова да го чита премиерот, да нема забуни).

    Во време кога Македонија и економијата македонска е на колена, кога ¼ од населението е без работа, а кога сето тоа се турка под тепих и се фура национализам, либерализација гранична, интеграции,… наместо леб на маса, премиерот требаше да знае. Требаше....
    Македонија има фирма која произведува автобуси. Се вика „Санос“. Велат добро работеле, ги фалат на Балканско ниво. Но, ниту еден збор на фалење не потекнува од тука, оти нашето не си го сакаме, туѓото си го прибираме. Повторно македонски менталитет. Повторно.
    А оваа компанија за која зборувам, не знам колку вработени има. Колку и да се, сигурно малку не се. Каква е ситуацијата економска таму, и тоа не знам. Ама не би требало добра да е. Каква е – таква е. Можеше да биде одлична, ама како.
    На тендерот на кој се “избираше“ компанија која ќе ги направи автобусите за ЈСП, победи кинеска компанија. Да, кинеска! Секоја чест за нив, сигурно имале понудено најдобри, најповолни услови, затоа си го зеле конкурсот. Дали не е така и дали водата е матна мене ич не ме интересира. Мене ме интересира, зошто воопшто имаше тендер. Дали Владата не можеше да се договори со единствената македонска компанија која се занимава со оваа проблематика, па „Санос“ да ги преземеше тие обврски. Па и поскапо да поминеше Владата, нема гајле. Битно парите се тука, капиталот (баравте капитализам – добивте таков) е тука, останува во Македонија. И започнува обртот економски. Само мал чекор, ама почеток си е почеток. И повторно ќе се навратам на проектот со купувањето на наши производи. Заборавивте на него? Дали? Дали тој проект треба да важи само на хартија или само на глупите реклами за кои потрошивте вреќа пари и ни ги загадивте домовите? И каде сега правда? И што сега? Епа ништо, Македонија стана еден голем светски инвеститор, почна да фура инвестиции во странство, вложува пари во странски корпорации, а инвестицијата во една Кина, сигурно ќе ја афирмира земјата на светскиот економски пазар. Ехеј, давате пари во кинеска компанија! Не е мал зафат.
    „Така се расте“ - му велат на детето кога ќе падне. А што и велат на економијата кога ќе падне?

    И за крај, немам веќе зборови. А зошто би ми биле. Зарем вреди да се каже нешто повеќе?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Нед 05 Jул 2009, 01:46

    Биртуле (Концептот на Нео-биртијата) Глава II : Екстериерот

    Името претставува првиот чекор во нашето визуализирање на екстериерот на некој објект.Старт мисла која кога е во прашањето биртулето задава мигренска главоболка.Името на биртулето е воглавно плагијаторство на култен локал кој постои или постоел во минатото во држатата или надвор од неа.Во ретки случаеви добива назив од американската поп-култура, со цел да им го долови на идните потенцијални муштерии веќе познат амбиент и да ги ослободи критичкото размислување, кое најверојатно не го поседуваат воопшто па дури и кога и најмногу им треба.Ваквата имитација од натпис, најчесто е скроена во вид неонска реклама каква шо се гледа на супермаркетите со боја која одговара единствено на бојата на тангата на шанкерката.

    Останатиот дел на екстериерот на типичното биртуле потсетува на екстериерот на фризерски салон кој по некоја случајност никнал во вашето маало помеѓу автомеханичарската гаража и шупата на комшијата.Обично тоа е објект чиј надворешен изглед е составен од најновата алуминиумска дограма на Salamander, обоена со сива металик или било каква бледа боја со метален сјај.

    Рамките кои ги формира дограмата се исполнети со обично стакло, кое не обездува доволна звучна изолација се со цел да се изрекламираат најновите хитови на MTV и Vh1 и да се осигура рајата со опериран музички вкус дека местото ја пука градската шема.Што се однесува до физичките спецификации на стаклото на биртулето, тоа завзема димензии обратнопропорционални на интелегенцијата на гостите кои седат позади него, односно стаклениот кафез мора да биди доволно голем со цел, малограѓанските животни кои го населуваат истиот, привремено во текот на денот, да бидат забележени од припадниците на свој вид,но од другата страна.Тоа го претставува природниот закон под чии принципи работи трач-машината на битолчани.Види и биди виден!

    Меѓутоа, како во секој вид на планетата така и кај видот homo sapiens birtulius се јавува конкуренцијата, односно природната селекција која ја детерминира забележаноста на индивудалецот во толпата.Најдобрите во ваквата селекција ја имаат честа да бидат живото ткиво на екстериерот на биртулето.Звучи романтично и до некаде како концептуална уметност, но мозочната активност на оние кои се сместени непосредно зад или пред излогот на биртулето, не е нешто поголема од експресо машината.Ваквата конкуренција со цел да се насочи фокусот и да ја добијат честа бидат декорација на екстериерот се остварува преку следните механизми:

    • Пренагласена артикулација со рацете и повишување на тонот на гласот.Некогаш потребно е да се напнат гласните жици со цел да се добие специфична фрекфенција која овозможува полесна пенатрибилност во џагорот.(овој механизам е редок и тешко се совладува па затоа само најискусните го владеат)
    • Примена на ритуали на маса од типот вртење на кутија со цигари со показалец, грицкање на лажичето за кафе кое наликува на цедење на последните молекули на кафе заробени во пластиката или најобично бесцелно гибање во скапиот мобилен телефон.
    • Поздравување со некој рандом минувач, кој сте го запознале дур сте чекале за пломбирање на заб пред 4 месеци.
    • Умерено и рамнодушно климање со главата како потврда дека ви се допаѓа песната која свири кое останува исто и за оние песни кои не ви се допаѓаат, па целото денсање од седење, наликува на некој благ тик.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пет 10 Jул 2009, 14:07

    Офсајд во одбрана



    Фудбалски клуб основан во 1991 година, настапува во регионална лига. Квалитетот на лигата не е премногу важен, важно е што побрзо да се избори пласман во една од погорните лиги. Друга работа е што во регионалната лига има неколку тимови само. И меѓусебе си играат, де пријателски, де од натпреварувачки карактер утакмици. А овие од погорната лига во манир на големи тимови праќаат скаути во потрага по млади таленти. И само даваат добри, преодни оцени. Ама ни тимот, ниту играчите не се промовираа. Дали тоа е што сите го мразат тимот, еден од по елоквентните изговори, или пак на лисицата и е кисело грозјето.

    И нешто за натпреварите.

    Иако тимот реално игра многу слабо 63 (илјадната) публика никогаш не ги изневерува. Губат и дома и гости, немаат победа долго време, ама навиавчите се тврдокорни. Капетанот на тимот ужива најголем рејтинг, и меѓу играчите кои му ги чистат копачките, а и меѓу публиката, која го избра за капетан на тимот, иако тој после секој натпревар им покажува среден прст. Тие никогаш не го видоа тој потег. Оние кои го видоа, паа....тие ти се еден вид на предавници, и на „кочници“ на напредокот на тимот. Во 100 чекори, 100 дриблинзи, 100 центаршути. Три пати ура за тимот, два пати за капетанот, еднаш за публиката.

    И заборавив да ви кажам, а ако заборавев немаше да дознаете, оти го нема на youtube, а на телевизија не го даваат, оти сеуште не е пронајдена Анџелина Џоли. Затоа, ќе ви кажам овде!

    Шаманот на фудбалскиот тим, кој има проблеми со името, затоа не споменувам, пред некој ден (читај: изминативе три години) имаше доверена шанса да му ја донесе првата победа на својот колектив. Судијата досуди (не)постоечки пенал, капетанот беше прерадосен, се сликаше со сите соиграчи заради пенало, даваше изјави, држеше говори (додека судијата и официјалните лица чекаа и чекаа и чекаа). Кога медиумски се истакна, каептанот на тимот, многу самоуверено ја зеде топката во свои раце, ја анмести на белата точка и со силен, најсиле удар биеше кон голот. Додека топката лета во воздухот, само да ви напоменам дека од еден фудбалски стручњак кој беше присутен на натпреварот се чу силен извик:

    - „Не шутирај ептен силно, има силен, неповолен ветер, со правец запад - исток, тргна од САД кон Европа и светот!

    Капетанот со потсмев одговори дека ветрот нас не одминал, се е безбедно и успехот е само реалност и иднина.

    само што го кажа тоа, се слушна звук силен и страшен. Топката ја погоди пречката. Резултатот остана неповолен, ама за нашиот тим.

    Капетанот беше лут, бесен како рис на своите соиграчи, на тренерот, на публиката, на странските скаути, на гепардите во Африка, на монсунскиот циклус во Индија и тн.

    На своите соиграчи полека им го покажуваше патот кон соблекувалните, и ги ставаше на трансфер листа. Кој неподобен, кој непрактичен, кој неписмен, кој со две леви нозе. Ама сите од нив чинеа, додека не се промаши пеналот.

    А кој е крив за пеналот? Тие можеби?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Пет 10 Jул 2009, 14:18

    Прозак, одлично продолжение на сагата, навистина проникливо и детално разработено секоја чест


    Пaдре, твоите вечни симболики ме оставаат speechless секоја чест

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:56