Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Неделен коментар

    Share
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Чет 30 Jул 2009, 13:21

    Вчерашен весник на жива ограда

    и 40 степени под сенка, 39 на сонце


    Кај што живеам јас нема чешма шарена, ниту пак вода студена. Ама во дворот си имам жива ограда (читај: ни тоа немам, ама ако се лажит нек се лажит). Е, да. До кај бев ? А да, до живата ограда. Си ја вадам секој ден. Требало нетребало, ја поливам со вода. Црево купив од напазар за 80 денари метро. Пет метра си купив, таман до патон излегвит. А кога не ја вадам живата ограда - ја стрижам. Си купив ножици за кратење и ја стрижам и шишам секој ден. Иако е рамна ко Битолско поле, јас ипак си ја потстрижувам. Оти време имам за трошење, а згора на се, од другата страна на дворот сум, и можам да чујам по некој муабет одоколу. На улицава кај што живеам не дека врват многу луѓе (зш да врват, санкир Шпанија сне) ама ипак, ќе се згодит некој патник (не)намерник, па ако имам среќа ќе се сретнит со некој друг што ојт нагоре и ќе си врзат по некој муабет. Еее, ду слушам муабети нит полевам, ни стрижам. Само слушам. Паметна работа....да, и читам весник, кога можам. Пустинскиот на средина се отворат нон стоп. Вчерашен е...зато!

    Ама деновиве мноогу слабо луѓе по улициве. Ниеден муабет саглам да се чует. Ни новост, ни чаршиски лаф, ни вистина ни лага. Ни на улица, ни на радио. Слабо.... Затоа и моево муабетење овде ќе бидит многу лежерно. Летно, летаргично, пивски. Да не се замараме, да не се неврозираме. Убо ни тргна работава, да не се преоптоваруваме со многу битни работи за секој однас. Работи битни за сонот, за нашата иднина, како и за нашите поколенија. За нашите предци и потомци. За нашите папагали и риби во аквариумите. За кравите од swedmilk, за евроинтеграциите, за автопатите во Шри Ланка, за името, за презимињата и надимаците. За знамињата на пола и цело копје. За двокатни или трокатни автобуси. За „ноќта на вештерките“ и инаугурациајта на главната тиква, за зелената салата и вчерашниот грав тетовски. За мноогу работи кои не оставаат место за оние што воопшто не требит да не засегаат. Како на пример - лебот, работничката класа, безпарицата и невработеноста, .... Кој се замара со тоа денес ? Еј, 21 век сме. Има многу побитни работи од тоа. А јас, уште ја стрижам живата ограда, и ако продолжам вака, да чекам некој муабет за да можам малку да си каснам бурек мрсен - ништо не прам. До корен ќе ја оштрапам, а бурекот неизеен ќе останит. Чаре ?
    Не морат ни да имат....ќе пораснит пак, мислел не мислел на неа. Морат да пораснит. Оти ќе ја субвенционирам. Со вода и ѓубриво.
    Чув дека и комшијава мој сакал да ја вадит и стрижит, а згора на се и тој ветил и вода и ѓубре. Ама сега финтава е кој ќе ставит појќе дур растит, негова ќе е. Предрастечка кампања - почнува.
    Ех, колку приказни се кријат зад живава ограда моја, само кога би знаеле...кога би знаеле - би ми кажале. Оти и јас не знам....

    А знам само една....

    Еми......Си беше една држава, округла ко топка со џумки. Во неа мед и млеко течеше по улиците. 20 000 денари беше плата просечна. Невработени скоро и да немаше (?!) сите беа задоволни, среќни, весели, ко од на матура да се вратиле. Е да - исто такви. Учеа луѓето, девет од десет младичи се запишвеа на факултет. Сите одеа средно - сите на факултет. Имаше една маана. На дрво не се качуваа луѓето. И уште една. Треба да си главана фаца во маало за да најдеш работа како обичен работник, што би наши побратими Хрвати рекле - шљакер. За да си шљакер, треба малку коси да покубиш. Ако имаш факултет завршено, не ти врши улога.
    Интересно е тоа што во наинтересното во приказнава влетува Црвенкапа која во манирот на Ахил го влечка волкот ( ко Хектор) одпозади, а јас тука ќе прекинам. Во најинтересното е најубо да си прекиниш.

    Еј, еве идет еден....чек да си ја навадам оградава.......


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 30 Jул 2009, 18:46

    па нема потреба да ја косиш, ја газиме... хихи.... ама ваљда е од другата страна во друг двор... и немаш време за трошење... на нас го трошиш.... 
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Чет 30 Jул 2009, 18:50

    Дека сум во  Охрид со форумџиите и дека почнав да мавам Охридски.Сега сум кај Пејџ кој се покаѓа како одличен домакин. Сречна сум и конечно овие денови почнува да ми се остварува сонот. Сега немам инспијација, не друго, во соба сум со една несакана „мушка“ личност и ме ремети.Кога ќе сум со појќе инспирација, тогаш од мене ќе ја добиете мојата вистинска страна.... Дотогаш, све најубо... 

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Вто 04 Aвг 2009, 01:54

    Илинден

    На втори август или поточно на Илинден годинава Македонија празнуваше 65 години АСНОМ и 106 години од Илинденското востание. Делегациите кој формално (повеќето), кој од желба оддадоа почит кон паднатите херои за каузата, за слобода и независност на Македонскиот народ и држава. Одбележувањето на Првото заседание на Антифашистичкото собрание беше одржано во Меморијалниот центар во Пелнице. Од доволно јасни причини честувањето не се одржа таму во Св. Прохор Пчински каде што и настанот навистина се случил.

    Церемонии исто така имаше и на Мечкин Камен таму се одбележуваа 106 г. од почетокот на Илинденското востание. Имаше организиран превоз од цела Македонија и како по обичај автобусите беа полни со пензионери. Тргнавме од пред охридската гимназија „Св. Климент Охридски“ во 8 часот сабајлето. Одевме преку Кичево, oд село Сопотница и до Мечкин Камен. Арно ама не беше се во најдобар ред, на момент помислив дека патуваме за Скопје бидејќи се возевме 3 часа и 20 мин. сепак не беше шоферот крив ни го пуштија „врбјанскион“. Арно ама стигнавме таму како така. Го слушавме говорот на претседателот г. Ѓорѓе Иванов кој на крајот мораше да биде упропастен со зборовите за интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО. Исто така дел од програмата беа двете ора на КУД „Танец“, морам да кажам дека иако млади луѓе тешкото го изведија феноменално. Прославата на Мечкин Камен за нас заврши, а на сцената излезе Гоце Арнаудов... Не дека имаме нешто против човекот туку се надевавме дека ќе го посетиме и Крушево.

    Бевме во тешка дилема дали да одиме или не сатот беше 2, а „врбјанскиот“ кинисвеше во 4 слеговме до бензиската пумпа пред Крушево, се одлучивме да одиме кон градот... Му рековме на шоферот - „Мајсторе не не’ чекај“. Го развејавме знамето ја запеавме Оган го гори Брезово и тргнавме кон Крушево, се чустувавме како да сме го ослободиле градот. Одевме со палците кренати надевајќи се дека некој ќе застани да не префрли ама тоа не се случи, го заминавме и Крушево, патот под нозе - правец Прилеп. Одејќи по патот доборнамерници застанаа иако колата им беше скорс полна не префрлија до Прилеп, кај железничката. И пеш кинисавме кон куќата од Балалајка, таму јадевме и сите како покосени заспавме гледајќи телевизија.

    Утрото тргнавме му мафнавме за пријатно на градот херој и се упативме кон градот на конзулите, по пат начекавме само две сенки а сонцето не убиваше. Пешачевме можеби 7 или 8 км. патот беше полн со возила кои беа упатени кон Битола, арно ама никој не ни застана. Така почнавме да губиме надеж дека некој ќе застане да не префрли, по пат паднаа и по неколку нормално намерно грди зборови како возврад на гестикулациите на некои од шоферите што и беше баш најнормално. Го оддипливме знамето го развеавме ама овојпат „ја рековме“ Земјо Македонска и продолживме со патот, некаде после Витолиште и Лагово наеднаш видовме шлепер како ги уклучува четирите трепкачи и бевме пресреќни. Се качивме во камионот и продолживме накај Битола. Стигнавме и таму(и конечно се почусвував дека сум во цивилизација), се напивме по едно кафе, ја најдовме новата автобуска и продолживме за Ресен со како што самиот рече дека е - медицински феномен, човек кој живее 30 години без мозок, и ни се чудеше на умојте што ги носиме па сме тргнале од Крушево со автостоп или пеш за Охрид. И со добар муабет и по некоја шала стигнавме во Ресен таму ручавме, и од знаменитости кои се типични за градот моравме да се сликаме со зградата на Општина Ресен... За да се знае каде сме биле.
    Се упативме кон крајната дестинација - Охрид, на превојот меѓу Ресен и Јанковец ми заѕвона телефонот и кога кажав дека сме пеш и со автостоп го чув Пејџ како ми вели дека не сме биле токму... И за среќа на влезот во Јанковец одма застана камионџија кој не префрли до Охрид, и секако се исполна желбата на Балалајка да се повози со Сканија шлепер. Стигнавме во Охрид и така заврши нашиот „Илинденски Марш“

    За многу години да е празникот Македонци
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 04 Aвг 2009, 02:00

    алал да ми ти е за документирањето на нашето Илинденско патешествие!

    ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ Е ПРАЗНИКОТ


    П.С. си ја наредил најдобрата фотографија
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Патување и патешествија преку неделава...

    Пишување by Ane Rockerka on Саб 08 Aвг 2009, 04:31

    Патување и патешествија во неделава која полека изминува






    Денот кога
    конечно успеав да не се успијам за последниот и единствен автобус за релацијата
    од Охрид кон Кочани беше доволно занимлив за да ме одржи во будна состојба.
    Започнувајки со будењето кое беше навистина тешко и после четвртото пренавивање
    на алармот од мојот телефон и со оглед на лошо отспаната ноќ вклучувајки го и
    глобалното затоплување кое како последица ја носеше топлината во собата каде
    што спиев. Следно на списокот беа катастрофално лошите шест часа минати во еден
    од најлошите автобуси на локалната транспортна компанија. Немаше да бидам толку
    разочарана и незадоволна доколку автобусот не станеше „проточен“ и ние
    патниците не почневме да асоцираме на патници во арката на Ное која ја погодила
    ураган. Конечното „задоволство“ беше и
    ужасниот провев кој го чувствував за време на целото патување, а резултатот од
    него беше неподвижниот врат кој не можев да го завртам повеќе од 20 степени.


    Сеуште немав
    стигнато до последната третина од патот од обиколката низ Македонија, а веќе го
    чувствував грчењето на стомакот од незадоволството кое ќе го почувствувам кога
    ќе стигнам во мојот град во кој нема ништо занимливо и влијателно за лекување
    на досадата и негативното расположение кое стои како облак врз него и ги
    разлева своите капки негативна енергија.


    Конечно Велес
    каде што ќе потрошиме добри 10 минути за пушачит екои не можат да се воздржат
    до конечната дестинација и за шмизлит екои мислат дека е „кул“ да се пуши, па
    макар тоа било и цигара.


    Сепак, оваа „цена“ која ја платив не е ништо во
    споредба со тоа дека поминав прекрасни авантуристичко – настроени денови во
    Охрида града кои ако не го претрпев ова, немаше да ги запознаам и и видам сите
    оние прекрасни луѓе – silence.heavenforum
    форумџиите, како и сите
    други останати вон форумот.






    Прилично катастрофалното
    патување го дадополни и возачот на автобусот кој не успеа да промаши ниту една
    дупка па дури и за момент излета и од коловозната линија. Но велат:
    always look on the bride side of life па така постапив и јас овојпат. По пат видов виножито што многу го измени
    поправи моето расположение. Самиот спој на боите ми внесе топлина во срцето и
    ме направи да се чувствувам среќна.





    Сега, откако
    конечно пристигнав доме, после сите поминати патешествија, се што можам да
    почувствувам е топлината на моето родно огниште. Зборовите кои тежнеат да бидат
    изговорени се: HOME SWEET HOME!


    Денешниот настап
    помина со мали технички проблеми но се надевам дека наредниот кој ќе биде во
    недела, ќе ги задоволи очекувањата на сите.


    П. С. Кулминација
    на сите мои фрустрации беше закопаната желба за да го видам мојот братучед, за
    веќе наредниот ден тој да ме разочара со неговото однесување, резултат на
    неговите родители и на неговото живеење во држава со многу различен менталитет
    од нашиот за овде да се чувствува како да е на некоја ливада на која може да
    прави се што ќе посака без за тоа подоцна да се чувствува одговорен.

    П. П. С. Длабоко во себе знам дека малкумина од
    форумџиите би прочитале ваков долг пост.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Саб 08 Aвг 2009, 23:34

    прочитале и велат браво на активирањето во темава
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Нед 09 Aвг 2009, 01:23

    благодарам
    avatar
    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења : 5910
    Местолокација : Прилеп ебаго
    Зачленет на : 2008-10-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Meri on Нед 09 Aвг 2009, 11:56

    име некои од форумџиите шо немаат желба да напишат вака долг текст, ама читаат се живо по форумов, па и твојот неделен коментар
    некој ужива во читањето, некој во пишувањето
    јас спаѓам во првите :dada:
    добро е шо реши да разбијаш монотонија на темава, за ваквите како мене (читачите) да имаат што да читаат, не дека досегашните коментари на колегите форумџии не биле добри, далеку од тоа, ама никогаш не е доволно и се е вредно да се прочита
    продолжи Андреа, има верни читачи тука

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Рокси on Нед 09 Aвг 2009, 12:50

    Чуден е животот, нели?
    Секогаш нешто се случува, но никогаш не живееме во сегашноста... секогаш живееме во минатото и иднината.
    Кога ќе дојде сегашниот момент, ќе помислиме на минатото, спомените ќе навираат како непресушен извор кој чекал многу долго време да протече, да избие во полна сила и никогаш да не пресуши. Но, заедно со изворот на убави спомени, доаѓа и помислата на тоа дека поминале, доаѓа помислата дека не се реални, О не! На крајот откриваш дека разочарувањето достигнува кулминација кога гледаш дека не си бил присутен целосно во тие моменти, само си барал повеќе и повеќе, само си чекал, но возот си заминал бидејќи на машиновозачот му се смачило да те чека?! Напаѓаат проблемите на сегашноста, бараат дејствување. И плановите за иднината со себеси носат проблеми и непријатности...! Кога ќе се сврти човек околу себе, гледа дека е под заседа на носталгијата кон минатото, на проблемите на сегашноста, и на неизвесноста за иднината (која секогаш пробуваме да ја предвидиме и испланираме, иако никогаш не испаѓа така како што сме ја замислиле).
    Што да се прави сега? Како човек да се бори?
    Сомнеж, носталгија, неизвесност, вина, досада...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Нед 09 Aвг 2009, 20:38

    Meri напиша:име некои од форумџиите шо немаат желба да напишат вака долг текст, ама читаат се живо по форумов, па и твојот неделен коментар
    некој ужива во читањето, некој во пишувањето
    јас спаѓам во првите :dada:
    добро е шо реши да разбијаш монотонија на темава, за ваквите како мене (читачите) да имаат што да читаат, не дека досегашните коментари на колегите форумџии не биле добри, далеку од тоа, ама никогаш не е доволно и се е вредно да се прочита
    продолжи Андреа, има верни читачи тука

    благодарам Мери
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Пон 10 Aвг 2009, 18:09

    Новото време и 40те забрани


    Ајде да ставиме ограда, и со таа ограда да заградиме едно место кое и пред тоа имаше ограда. Само немаше смисла, ни во тоа, ни во ова. Ниту во овој коментар, кој со право може да се нарече неделен, лунарен...Но, дали може да се нарече конструктивен

    И од ден во ден, иста приказна со различен почеток, а почетокот е сфатен како крај на анимирана приказна со главни глумци кои се статисти во некоја друга, ама нормална приказна. Во ова се е некако испревртено, празно, внатре е надвор, а 6 е 9. Која е?

    Сите ја знаете, сите си ја слушате, сите не ја сфаќаме. Некој да, некој не, некој ја памети несфатена, некој ја сфати без за да ја запамти. Пак имаме интересна работа. Одлично, нека продолжи

    Се надевам дека man In black или во што било кои печат пиперки во зградата блиску до Соборен Храм во Скопје нема да ми замерат. Не ја почнаа тие приказната. Ама, јас не би бил јас ако не ги поврзам и заврзам за сето тоа што го носи едно време.
    Новото време. Како што словенечката група „Булдожер“ пред едно триесет години запеаа :

    Времето денес - Подрачје со низок притисок кое се шири од Запад према Урал ќе ги зафати нашите краишта

    Новото време сега го бара старото....а како, и преку што, ќе видите....

    Во Охрид има едно место на литоралниот дел, блиску стариот дел од градот. Се вика, го викаат, ќе го викаат Сараиште. Убаво местенце, едно од најубавите и пошироко. Со историска поткрепа. Се на се, атракција. Со години наназад е местенце што симболизира (барем до три сабајле) слобода. За секој, за млад и стар, за сиромашен и богат, без разлика на вера, нација (ако се лажит нека се лажит). Се собираат луѓе таму. Оти е слободно, оти е убаво, оти секој таму се осеќа...како што му е најубаво.
    А сега....
    Новото време бара ограда. Старото не форсираше, новото да. И кога дојде време да се стави ограда, доаѓаме до барутот во приказната.
    И кога имаш...забрана за пиење на јавно место, забрана за пушење на јавно место, забрана за ова, забрана за она...(забрана за забранување) и слични работи кои и баш не се одлика само на „новото време“ пак се доаѓа до барутот, ама не на приказната. НА нешто друго. Кој како сака...
    Видете вака.
    Смрдливиот град затвора подруми, смрдливиот град затвора улици, смрдливиот град е задоволен со себе. Структурите го фураат одлично.
    Мал превод на една волшебна песна од пред многу години (претерав со цитати од песни, ама се од огромно значење). Што се работи во ова? Епа тоа.
    Единствено место кое ќе биде слободно, каде што ќе имаш слобода да правиш што сакаш, а да не е сон, ќе биде некое затворено кафанче, не многу ефтино, и нема да биде за работници што локаат како кучиња. Зашто? Не знам. Прашајте се што и како носи „новото време“.
    Хинт: Никој не зема пари доколку постојат површини кои не се заградени. Како Сараиште на пример. Ни државата (читај Влада) Ниту некој локален шериф, ниту имамот во Техеран. Никој. Ако никој нема корист од местенце како Сараиште, зошто би било слободно за луѓе како нас. Тие би рекле:
    Од убавината, од тишината, од историјата на место како тоа не се молзат пари. Проклето се во право. Проклето!

    Колку да ни е криво, колку да ни е жал, фрустрација и фрустрација како мелем за фрустрациите, нема што да се прави. Ова можеби звучи многу опортунистички, можеби целиот коментар оди на тенката линија на отпорот и ги туркам трошките под маса (правата работа) за да биде извалкан тепихот (капитализмот) но одсекогаш тоа сум го милувал, како нај(не)ефективен начин за отворање на нечиви, не сечии очи. И преку оваа прича, за концесијата на место како „Сараиште“ која не треба да се дозволи, одам до крајности во кои секогаш крив е некој друг. Така пасира најубаво. Чисто како роза. Ефект на стаклена градина. Стаклена градина ? Хаха, ај да не им давам идеи на Владините четници, да не направат токму такво нешто од Сараиште. Иако имаат многу идеи. Една од нив е - да се направи било што, само да не биде она што е. Колку креативно. Уууууу и сето тоа на квадрат.

    И за ограда зборував? Да. И трендот да се ставаат секаде. Нека им биде. Само вие отворете очи. Бирајте, паате, бирајте, пазете. Кој ви ветува ограда. Кој?
    Дајте луѓе, преземете нешто. А што значи тоа? Да се бориш со тигар ( по нарачка, може Бенгалски, може Сибирски) со голи раце.
    А...ви кажав за новото време?
    Не, а?
    Ај, има прилики....прво да изгледам вести каде што се протестира против законот за забрана за возење скутери во крајбрежниот дел на сите три езера во Македонија. Затоа немам време да ви зборувам повеќе. Ова е поинтересно од 4 епизоди на некоја шпанска серија со синхронизиран превод. Стварно е интересно.
    Се бунтуват луѓе, против закон кој, за разлика од некои други има најголема смисла и е човечен. Додуша, требаше да биде донесен одма после Дедо Ное ( за да не го фати и него законот за пловидба, оти бродот негов не бил помалку опасен од обичен денешен воден скутер). Но добро, барем го донесоа законот. Има, има такви што сакаат да го оспорат. Се збираат, се збираат.
    За такви работи се збираат, за друго не. Мајнд дефект(ен)?!?!?

    Интересно, аууууууу - ама ова нека се коренува!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 11 Aвг 2009, 12:13

    ти бе скроз си се мрднал, а?
    е ај коментирај на ова по глаа по тил, шубоо ни го кажа.
    уште да читаше тој шо треба...
    поддршка за кажаното, all the way
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Batty on Вто 11 Aвг 2009, 13:10

    Oва ќе го прифатам како комплимент. Благодарам.

    Ти си една од моите ретки, но верни читатели воопшто. Затоа твојот коментар на мојот е секогаш повеќе од добредојден.
    Мојот последен коментар, јас го сметам како еден од најнервозните мои коментари воопшто. Се надевам дека тоа не му го намали квалитетот на пишаното и пораката која треба да се пренесе. За жал, се пренесува само на оние кои тоа веќе го знаат. Но добро, почеток си е почеток. Благодарам многу на сите!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Beholder
    Ало бре, није ти ово Техеран!
    Ало бре, није ти ово Техеран!

    Male Мислења : 643
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Beholder on Вто 11 Aвг 2009, 13:14

    Со нетрпение го чекаме продолжението....
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Вто 11 Aвг 2009, 13:21

    ме бендиса оти налет сета твоја нервоза е суптилен.
    оној кој е запознаен со проблемот и има предзнаења за гнасната идеја за ставање на Сараиште под концесија (пу пу скраја и далеку да е ) ќе сфати кои се твоите револти.
    идејата да го напишиш баш вака, и дигресиите со песните просто ме плени. баш како прав консумент на сараишките слободни ноќи
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Неделен коментар

    Пишување by PantomimoS on Вто 11 Aвг 2009, 13:31

    Пејџ, секоја чест, и за овој и за претходните коментари.
    Не сметам дека можам да дадам достоен коментар на нив, само сакам да ти кажам едно БРАВО за напишаните неделни коментари, за секој дел од кој што се изградени (содржина, начин на пишување и сл.)....
    Оставаш без зборови, човеку!

    prometej

    Male Мислења : 3004
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prometej on Пет 14 Aвг 2009, 01:13

    Незнаев кај да го напишам ова ама си реков овде можам да го напишам
    Вечна Љубов
    Ден како ден, замене пеколен оти требит да одам на зубар. И така со триста убедвење некако се решив да одам. Си ги стадов слушалките намене и цапам ли цапам по патон и си слушам Мизар и Анастасија. Ама нешо ко да ми фалеше... Храброст можда. Инаместо ротација за 180 и правец назад дома пуштив PanterA малце адреналин да ми кренит... Очигледно ми годеше малце PanterA. Иаконозеве ми се врајќаа дур влегвев в ординација ама влегов некако. И внатре ништо посебно, не е изменато многу од претходниот пат кога последно бев тука. Инструментите се на свои места, тука е столицата, тука е и докторот, ама имаше и две особи плус. Пар, двајцата имаа можеби(да не претерам) по 60 години. И додека стариот седеше на столицата, бабата беше цело време тука покрај него. Го тешеше. И така си се запрајвеме нешо бош муабет и старава ми велит го гледаш дедово на стол шо сејт, е и тој ко беше колку тебе страв од заболекари ама енего сега вајѓат забине. И така почна докторов да му рејт анестезија на дедово а бабава цела се тресит, се секират за дедово и само прашвит на докторов 'ќе му поминит' и докторов да да ќе му поминит после почна да вајѓат забов бабава пак од секирации со лелекање 'абе докторе не го болит' и докторов не не немат гајле од инекцииве не осејќат нишо а кутар дедо сејт настол од пусти страв дека вајѓат заб се препоти го гледам се потит се тресит цео време и бабава си го прашвит ' дедо добро ти е ' и дедово добро ми е не се секирај ти. И после некое време уште една анестезија рејт докторов кутрава бабичка и таја се преплаши се стреси ко дух да видела и пак бабава си се засекира ептен за дедово па го прашвеше нон стоп ' абе дедо дан те болит, убо ти е ' . Искрено онолку загрижена баба не сум видела да се грижит за дедото нејзин мене ак ме прашаш бабава ја болеше појќе ко го гледаше дедово нејзин кај шо му вајѓет заби. Дур траеа тие бош муабети старава му велит на зубаров ' еееее докторе 44 години брак еднаш се немаме скарано со дедово '. Од се најинтересно ми беше како си се викаја многу убо како и секој пар си имат надимаци некој сонце некој душо и така натака ама овие дедо и баба си се викаа многу убо.Си ги изваде дедото забите си заминаја со бабичката и дојде време јас да седнам(кошмари)...
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Bright on Пет 14 Aвг 2009, 01:27

    О, прекрасен текст Прометеј.
    Секој човек - своја приказна.
    Бабата и дедото се навистина херои.
    А и ти исто, сепак не си се завртил 180 степени па назад дома. :)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by balAlajkA on Пон 17 Aвг 2009, 15:19

    прво алал да ти е шо се проба во темава
    и големо АЛАЛ за невидената перцепција. ретко кој во таква ситуација би го фатил тој аспект на приказната
    ме бендиса многу. стилот и композицијата на текстот...со време
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by prozaque on Пон 17 Aвг 2009, 15:35

    Браво Прометеј..Нешто и од тебе да прочитаме на оваа тема...одлична приказна...преполна со емпатија и љубов....болката и анестезијата настрана...

    Патем, совет за нареден пат кога ќе вадиш заб....пуштај си нешто за кревање на адреналин...како анестезија делува адреналинот..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Cinnamon* on Пон 17 Aвг 2009, 22:02

    Акто 4

    Није било нешто посебно, али ми ја исполни цела недела.
    Акто е фестивал на современи уметности кој се одржва во Битола и нешто пробват да бидат опуштени(современа уметност) али се ипак стегнати и устручени цело време.
    Нема везе.
    Јас учествував ова година на Акто со т.н. Нем перформанс, односно Ноу нејм Тијтр.
    Се десија многу ствари, не знам од кај да почнам и не знам кај да завршам, ако има крај воопшто. Се сменаја многу мислења, се запознаја многу луѓе, се пробаја многу работи.
    1. Го запознав еден од најинтересните старци(со право). Режисерот со прекар Феџа, од Хрватска.
    2. Ги запознав Флориан, Ока, Феликс и Николас (германски куклен театар! хард кор до коски).
    3. Ја имав најдобрата хаус парти досеа и 5 дена со ред (можи и појке бев пијана).
    4. На влезот на отворањето, односно на премиерата на претставата на гореспомнатиот режисер "паднав" и сите беа загри=ени за моето здравје, а оние од мојата група се смееја поради совршеноста на падот, од таму стигна и прашањето, колку еден пад мо=и да биди совршен.
    5. Се здружив со Кристијан(лила пер) и ја запознав прекрасната Марија.
    Сепак мојот осврт - Хаус парти ет Здравко'с со Шнапс, Пиво, Водка, Мјузик и цигаретс.
    Бугари, Германци, Хрвати, Македонци. Немам зборој. Научив Берлински акцент до негде и стварно ќе ми недостига несредениот Флориан кој беше премногу младолик и успеваше да привлечи се диво и живо.
    Ја глеав најаката куклена претстава која беше праена според Леон, Професионалец и многу се смеев. Сите се чудеја, сигурно го немаја глеано филмот.
    Се извлеков со кашлица и малце стомакејк, али нема везе, после синоќешната журка в золошка (гиспулаја=ивотните =С) и после количеството на алкохол во мојата крв, супер сум.
    ух, дет уас а хел оф а уик.
    avatar
    Peanut

    Female Мислења : 757
    Местолокација : In The Middle Of Nowhere
    Зачленет на : 2009-04-20

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Peanut on Пет 21 Aвг 2009, 13:27

    Првин да кажам бараос за Циметчето!

    Па,решив и јас,еве,некако да се приклучам во оваа темичка која има изврсни коментари од вас-драги мои форумџии и форумџики а на која секогаш планирам да напишам нешто и никако да одвојам време.Демит јас сум психопат,навистина.

    Штотуку го прочитав расказчето на Прометеј и стварно ме трогна.Човече тоа е вистинска реткост за денешно време-да видиш двајца кои толку многу се љубат и почитуваат пред се...
    Како контраст на тоа сакав да ви раскажам нешто шо ми се деси синоќа коа си идев накај дома,пешки,малце поднапиена,корнев на одвратниот мирис од цигари а шо е најважно секаде си го влечев ранецот полн со шрафови,клешти,книги поезија,разни тракатанци и неколку лименки Хајнекен и верувајте ме болеше грбот од тој проклет ранец...за сите пари.
    Само што почнав да ја искачувам угорнината којашто водеше право накај моето маало забележав еден млад пар дечко и девојка кои беа некаде околу 22-23 години.
    Почна да ме стега главата,малце се изморив од одење а и бев љубопитна да видам кои се тие хибриди и седнав на една клупичка.Оф боже колку ме болеше главата!
    Двајцата се приближуваа се повеќе и повеќе до мене и до мојата спасителна клупа...почнав да ги слушам што зборуваат.Не беа ни малце пијани,штотуку излегуваа во град и женскава му солеше памет на дечкото како таа го сакала,како не било убаво шо и напраил така,сакаше да дознае од него која била ТАА (некоја Аулулааасова со која имал секс и такви ствари и веќе неколку време го изневерувал девојчето)...Исусе каков морон...
    За неколку секунди таа почна да плаче.Човече,колку му филозофираше за неа,за животот,за љубовта,и се и тогаш............тогаш батката се сврте и и влепи еден шамар.Оооо и каков шамар беше тоа.
    Женскава не писна...
    Продолжи да му зборува...


    Еден шамар...еден грозен миг-како да не му беше доволен...
    Продолжуваше со песници...
    Боже колку немав сила да станам а ми беше криво за девојчето
    Му викнав „Батка,остај ја на раат бе“.Ми врати да шад ап и да не им се мешам у врската...
    Најпосле престана да ја тепа...
    Делуваа многу мачно,исфрустрирано,гнасно.Таа: се тресеше целата,претварајќи го плачот и лелекот у липање до немајкаде а типот и велеше дека морал да го направи тоа оти бил осамен и дрн дрн јадеше такви трици...

    Не сакам да правам ТВ новела (иако испадна хел од расказов у шпански стил ).
    На крајот само да кажам како испадна,таа онака,тепана,понижена згазена почна да го ТЕШИ велејќи да го заборават ова и да продолжат пак.....Човеку,зарем има мозок или кикиритка и плива у ликворотsto
    Зарем толку е љубовта слепа?Не се најде ли во оној батка барем малце љубов и почит кон една жена...а најгрозно е кога мажот ја тепа жената-ондак тоа е знак дека тој е кукавица,подлизурко и е*ан хибрид од мајка и татко кои очигледно не му дале елементарна култура и знаење дека жена не се тепа и се...

    На крај,заборавете!Ова не е ни прв ни последен случај.Таквите ги има насекаде,не е тешко да ги пронајдеш,тешко е да ги промениш...Само...навистина,навистина е жално што се повеќе и повеќе љубовта ја губи својата суштина,бледее и се плашам дека ќе престане да постои.Дека сите ќе станеме такви глупави морони кои ќе тежнееме само кон телесното задоволување а она-духовното ќе исчезне...Дали?Незнам...А камоли да заев,да знаевме сите...

    И таќе.Шо ќе се праве.Си дојдов дома.Првпат мајка ми да спие и да не ме пречека.Каква среќа човече!
    Се бапнав на креветот,слушалките,Deep Purple, и пробав да заспијам.Неможев.......................................мислев на оние двајцата.Останаа ли живи до трговскиотsto

    Демн,мада фака...
    avatar
    Ane Rockerka

    Female Мислења : 3900
    Местолокација : in the darkness of the night
    Зачленет на : 2008-12-30

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Ane Rockerka on Нед 23 Aвг 2009, 20:42

    Со полуотворени очи, се осмелувам да напишам уште еден коментар за неделава на која и се ближи крајот.
    Позитивната енергија ме држеше две недели се додека не дојде време родителите повторно да го имаат проблемот со имотот и наследството. Секој бара повеќе иако знае дека тоа не го заслужува, како што беа случаите на моите со сестрите. Но сегогаш оние кои се далеку од дома го добиваат поголемиот дел, што овојпат навистина ме исфрустрира и ме наведе на реакции кои некојпат се навистина влијателни. Колку и да се бунев против неслогата во семејството, сепак човечкото око се поkажа потешко и од најголемото богатство. Тоа е прикажано и во народните приказни со кои верувам дека израснавме повеќето. Се додека е така, на планетава нема да има место за добрината која сите луѓе ја кријат длабоко во нив.
    Интересно нешто што ми се случи за ова време кое се обидувам да го искористам рационално, но и да го исполнам на најправилен начин беше и полседното дружење со Пинат. Со оглед на тоа што едно од нашите места за излегување е Споменикот на слободата кој меѓу нас си го викавме „Ластовичка“, а причините за тоа не беа познати,појдовме повторно таму за да си ја истрошиме нашата енергија. Се наоѓа повисоко од центарот на градот и во темница. За да се стигне до него, треба да се поминат стотината скали. Забревтаноста вреди. Одозгора се гледа целиот град, но не е сосема осветлен заради економичноста на нашиот пренесувач на електрична енергија. Преку ден ги гледаш целните места кои си ги планираш како наредна дестинација, а преку ноќ го претвора градот во место кое наликува на роденденска торта со свеќи со различна боја на восокот. Заради сигурноста на нашите животи, се одлучивме на Крале Марко кој се покажа доста добро за разлика од пивото кое го пиев на роденденот на кој бев претходната недела. Со исполнување на ноќта со нашите гласови од кои ечеа дел од нашите омилени рефрени, си направивме атмосфера за која повеќето од оние кои се досадуваат пред компјутерите посакуваат да ја имаат. Најдобриот момент беа вежбите за раздвижување на телото. Се додека не дојдоа луѓе кои единствено место за задоволување и претерување со алкохолот го сметаат споменикот, траеја моментите на опуштање. Кикиритките ни беа главната закуска која за кратко време исчезна со ветерот кој уште го чувствувам како ми се движи низ коските. Откако завршивме со нашето дневно празнење на глупостите кои само таму бевме доволно инспирирани да ги направиме, си ги собравме нашите мозоци кои беа пуштени на пасење и појдовме каде што не носеа нозете. По патот сретнавме двајца момци кои се ослободуваа на вишокот течности во своето тело. Тоа го правеа „стерео“. И уште еднаш се покажа културата на „граѓаните“ и жителите во урбаните места, ако воопшто можам да ги наречам така.
    Наредно место за посетување беше сендвичарата од која Анастасија си нарача голем хамбургер кој беше доста минијатурен и и служеше како покривка врз добро дојденото пиво.
    Недостатокот на течности во нашите организми не повикуваше на пешачење до мојата куќа каде што претходата недела се случи електричен спој и бевме принудени повторно да се движиме во темница, на која не и се радував премногу заради гравитацијата која ме влече секојпат кога ќе се наоѓам во темницата со повеќе нерамни површини на кои не бев навикната.

    Кога конечно стигнавме дома, ме пречека мачорчето кое е вистинска сирена за бродови и еднинственото кое може да ме разбуди. И за да му се одмаздам, денес станав порано и го разбудив и расонив па сега ме гледа матно мислејки ме за најголемото чудовиште на соништата. Сега ми се мотка околу нозете надевајќи се дека ќе добие од сендвичот кој си го припремав за после завршувањето на текстов. И кога сум кај тоа, подобро да започнам со стратегијата зе исчезнување на сендвичот пред да се огласи оркестарот од мојот стомак.
    После бурните настани неделава, ми остана да ја гледам висечката ламба која се движи лево – десно заради фудбалот кој го играат соседите од горниот спрат кои мислат дека со тоа ќе го сопрат брат ми од довршување на неговата руска оперска песна. Се надевам дека ќе ја заврши пред да останеме без направата која Никола Тесла ја создал за сега да ни биде нешто без кое не можеме да го замислиме нашето секојдневие.

    to be continued...

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Morholt on Пет 04 Сеп 2009, 21:57

    ...

    Ова не е неделен коментар нит пак некаква колумна или некој коментар/пост издржан со факти. Ова се само реченици на исфрустриран човек, до некаде на државата до некаде и самиот незнае на кого, можеби на општеството можеби на околината или на самиот себе си.
    Ама пак за човекот да е исфрустриран придонесува тука катализаторот наречен извршна власт, знаете оние кои секогаш ги пишува во весници кога ќе уловат енормни количини на марихуана, замислете тие количини вараираат од 8 па се до 10 грама. Како не им е срам само не ми е јасно, да се фалат со глупости и да ги мачкаат очите на народот.

    Текстот што селдува долу во продолжение е пишуван според вистинска приказна.
    Младичот некаде на 15 години доби прилика да осознае како функционира еден фотоапарат, со тек на време како што го користеше помисли дека може да направи, да проба да фотографира уметничка фотографија. И не само што порба туку и го правеше тоа, тој фотографираше, можеби сликите не беа врвни ама за негова душа тоа беше и повеќе од доволно. Како што фотографираше помисли дека истото може да се прави и со професионален апарат, сметајќи дека има стекнато искуство. Со пари собрани некако тој купи професионален апарат и продолжи со неговата дејност односно фотографијата. Пак ќе речам сликите негови беа повеќе од доволно за него, за да се набилда неговото его и да се гордее а бога ми и да се критикува со нив.

    Арно ама неговата приказна не завши со среќен крај во убав дворец или незнам што. Еден миг забележа дека е ограбен и дека неговиот апарат едноставно исчезнал, кој знае можеби бил произведен лично од рацете на Фатуш па го снемало. Случајот беше пријавен кај горенаведените, да не речам в полиција (од страна на еден негов пријател). И тој тогаш сфати дека за такви случаеви, за кражби и изчезнувања треба да се побара итна помош а не полиција. Да да, не се чудите треба да се побара итна помош откако биркоратите ќе ви речат дека тие не се должни за претрес и за истрага на украдени предмети. Додуша којзнае што ќе ви речат тие од итна... Ама тоа е друга приказна

    И така човекот изнервиран кој се уште не е свесен дека бродот негов не е полн како што беше, да не речам е покус за околу 1500 евра, неможејќи да си го објасни феноменот дека полицијата не е надлежна за истраги и претресувања одлучи да се откаже од фотографијата. Се’ е можно со вакви власти кои законите ги спроведуваат како што треба, а можеби и неговата приказна е неважна можеби тој е само револуционер без концепт за револуција, можеби е проблемот во него... Како и да е, доби незаборавна проштека низ лавиринтот.

    Sponsored content

    Re: Неделен коментар

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пет 15 Дек 2017, 10:54