Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Кратка биографија

    Share

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Morholt on Вто 11 Ное 2008, 16:12

    околу 80 % од се шо знам за музика е благодарение на Пејџ, ко го запознав бев запрепастен од неговите познавања во таа област
    а со Николовски првиот муабет ни беше поврзан со историја, иако имаме различни ставој, за се ама баш за се, кејф ми е со него да муабетам околу историјата

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Шмугле on Вто 11 Ное 2008, 22:06

    Туѓа болка. Солзи. Плач. Солзи. Туѓа радост. Солзи. Збор. Солзи. Чекор. Солзи. Игра. Солзи. Желби. Солзи. Буква. Солзи. Училиште. Солзи. Заборавено минато. Солзи. Црнокрак. Солзи. Сон. Солзи. Прва ревија. Солзи. Исполнување. Солзи. Мак Моделс. Солзи. Корчагин. Солзи. Remain Silence...
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Кратка биографија

    Пишување by PantomimoS on Вто 11 Ное 2008, 22:28

    шмугле, мислам дека ти најубаво сфати што сакав да кажам во мојот претходен пост на темава.браво, убава идеја!

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Шмугле on Вто 11 Ное 2008, 22:38

    Мене не ми се свиѓаа одредени поими но се брзав и ајт добро е ега за сега. :*():

    Nikolovski

    Male Мислења : 1092
    Зачленет на : 2008-10-02

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Nikolovski on Вто 11 Ное 2008, 23:11

    Karan напиша:околу 80 % од се шо знам за музика е благодарение на Пејџ, ко го запознав бев запрепастен од неговите познавања во таа област
    а со Николовски првиот муабет ни беше поврзан со историја, иако имаме различни ставој, за се ама баш за се, кејф ми е со него да муабетам околу историјата
    Такоѓе rock and roll

    Nikolovski

    Male Мислења : 1092
    Зачленет на : 2008-10-02

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Nikolovski on Вто 11 Ное 2008, 23:12

    Шмугле напиша:Туѓа болка. Солзи. Плач. Солзи. Туѓа радост. Солзи. Збор. Солзи. Чекор. Солзи. Игра. Солзи. Желби. Солзи. Буква. Солзи. Училиште. Солзи. Заборавено минато. Солзи. Црнокрак. Солзи. Сон. Солзи. Прва ревија. Солзи. Исполнување. Солзи. Мак Моделс. Солзи. Корчагин. Солзи. Remain Silence...
    Бравос за креативноста :YesSir:
    avatar
    AHA-g-nocii

    Male Мислења : 202
    Местолокација : Cite du Piramides
    Зачленет на : 2008-11-09

    Re: Кратка биографија

    Пишување by AHA-g-nocii on Чет 13 Ное 2008, 14:46

    Кога Дедо Боже даваше Рокенрол по Земјата, јас му паднав од торбата овдека....
    avatar
    Angus

    Male Мислења : 1298
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-03-12

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Angus on Вто 07 Апр 2009, 18:05

    Ај ак не вака: роден сум 14.04.'94 во Охрид. Негде пред да напрам 1год. за прв пат сум зазборвал, таткоми дошол од наработа а јас сум скокнал од дубакот и сумрекол и то чисто ТАТЕ!!! На година и три месеци сум заодел :hmmm: (мрза невидена и денес исто со ниеден спорт не се занимавам сем со биљард и пикадо) дома по цел ден ме чувала мама, не сум биден во градинака, на две години негде ги добив моите први цвикери и за прв пат сум седнал на тапани да тропам(иако можит од тогаш немам тропано) еве




    велет дека сум се смеел ко зелен , то го осеќам некако одвнатре и го гледам по албумиве со слики



    на три години го добив првот компјутер windows 186, црно бел екран, единствено шо памтам е тетрис и една игра со мотори, јас само му редев дискета и почвев со играње, :dada:



    на 5 години се тркав со еден другар (со точаци) незнам како успеав да го удрам со колцето, се удрив со глава во асфалт и сум паднал во кома 4-5 сати

    забаваче ме запишаја О.У. "Христо Узунов" до 5-то/6-то учев многу и бев еден од најаките во класот по скоро сите предмети, во 6-то негде по голема иницијатива од таткоми и мала од брачедми Каран почнав да ги слишам ACDC(мојата прва и омилена група до ден денес, закон се) па Led Zeppelin, The Doors, Queen, Motorhead, Eric Clapton, Judas Priest, Deep Purple и многу други, долго време мислев дека јас Каран и таткоми сме единствените љуѓе на светов шо слушаме таква музика, набрзо видов дека и многу другари од Каран слушет таква музика, а за жал во основно во мојот клас никој не слушаше Hard Rock, сите турбо фолк и техно (мразам :mad: ), 7-мо и 8-мо почвет рогчиња и кај мене (стандарно за секое дете) батаљам учење две години сум на стара слава и во тој период го поминвам најдоброт дел од мојот живот. По одреден период се запишвам гимназија, не ми е криво шо се запишав, но не сум и многу горд на мојата одлука, таму брзо се вклопив со ново друштво и нови професори, за прв пат мои другари слушет rock и за прв пат неколку деца кои ги осеќав на исто ниво со мене (пошо буквално сем спорт друго све ме интересират)... Иначе јас како личност не можам да живеаам без компјутер и апарат(преголема љубов и спрема компјутерот и спрема фотографијата), многу слушам музика, нашкола одам чисто од шо морат, иначе да се видам со другариве и т.н. од предмети најмногу сакам информатика и математика, барем по тие два имам петки само то си гледам пошо ќе ми требит во животов, за другиве предмети к.. не ме болит, но колку да поминиме на редот. Искрено ќе речам дека сум задоволен од животов, сега и пак да се родам истите постапки би ги напраил повторно, досега со ништо не се каам. Не се плашам од смртта нажалост сите еден ден ќе умриме само шо не сакам денес да умрам пошо имам многу работи да ги напрам во животов, работи за кои живеам
    avatar
    Alive
    GrungE nO MueRE!!!
    GrungE nO MueRE!!!

    Male Мислења : 2113
    Местолокација : Охрид
    Зачленет на : 2009-04-06

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Alive on Вто 07 Апр 2009, 20:06

    Роден сум во Охрид на 13 јануари 1991 година. Ме крстиле Блаже, а сите ме викаат Блажо. Ко мало беф палаво дете и будалетинка, праеф глупости кршеф џамој, се тепафме со децана низ малана... и да од ко знам за мене сум заљубен во некоја... доста е... love
    avatar
    cernodrimski

    Male Мислења : 135
    Местолокација : skopje
    Зачленет на : 2009-07-11

    Re: Кратка биографија

    Пишување by cernodrimski on Пет 17 Jул 2009, 11:14

    сум се родил зошто сум морал,а сум морал зошто пак не се издржуваше девет месеци во темница,и кога ете еден ден зачекав отворена врата мене да ме нема штрафта,ама имаше една беља работа,од постојаното клечење и молење да ми се укаже шанса за бегство нозете некако ме издадоа и двајца чичковци,ама сега знам дека биле чичковци,тогаш мислеш дека се џинови ме фатија и пак ме врзаја во некои партали,бев така под буден надзор едно 2 годинки,видоја дека од мене нешто ќе биде,и ај ми ја дадоа мојата контролирана слободичка,беше убаво некаде до кај 7-8 години,кога почнав да се освестувам и да осознавам кој сум што сум,и така љубопитен сакав да знам кој се моите предци,имаше еден дедо во фамилија кој ми кажа дека сум внук на крали марко,а како не би бил кога сум роден во прилепа града,ми кажа дедово но за кратко време беше пишман што ми кажа,јас така не детински ако мислите туку сериозно си го сватив тоа,и зедов да ги оживувам неговите јунаштва,сега навистина немав коња шарца,ама магариња колку сакаш,е сега имаше и некој од нив кој личеа на шарца,и тие бајаги ме фрлаја на земја,ама внук на марко се дава ли,не,не беше само јавањето интересно туку и кршење на носеви и дупење на глави,а дупев и кршев оти се некако црна арапина го гледав во нив,сега навистина до пола во земја да ги втерав немошев ама да одеа деве недели со чалма на главата одеа,тогаш во тие јунаштва немав,боздоган ,но имаше слични орудија на боздогани,дедоми заедно со пола фамилија беа пишман што ми кажале така,ама бидна,помина периодот на јунаштва ама дојде периодот на кревање на врчви,сега немаше толку вино,но пиво машала течеше,море некогаш ми се чини и дека го надмашивме марка во таа дициплина,пиевме што пиевме,па кога се отрезнивме свативме дека сме се заљубиле,бреј што пијанство тоа беше,поарно да не ви кажувам,ете некои од другарите така пијани и се ожениа па додека се отрезнија се родија еден куп дробни дечиња,пројде и тоа пијанство и фати период на печалба,мораше да се оди некаде,прво време бивша југославија некако не собираше,а после малку пошироко,и така еден ден кога се враќав накај прилепа града,чунки ми запилка срцето за мајка за татка,за маркукуле,тргнав да се враќам од гурбет,еее од писание се бегали ли бе нее, се расипа возот тука во метрополата(и тогаш се расипуваа возовите)додека го напраиа,јас окапав едно две недели ,кога веќе бев си реков ај да прославам некоја битка на марко и малку повеќе сум ти се занесол во битката,кога се отрезнив гледам пак сум се заљубил,ама сега некако машки што ме држи до ден денес,
    а за тука во метрополава,на некоја друга тема
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Сатан Панонски on Чет 13 Aвг 2009, 03:19

    Епа ај еве и нешто за мене роден сум на 9 Јануари 1995 у градску болница у куманово т.е на СВ.Стефан и затој ме крстиле Стефан......2-3 години сум имал многу малку коса, на 9 или 10 месеци сум почнал да одам....првиот збор сум го кажал пред да наполнам 2 години....подоцна во 2001 коа ратувавме со љочките појдов в школа демек една година порано т.е 9 дена ми фалеа ...и одев со 94` генерација....од тоа што се десило тогаш памтам само кога ме тераа да пишувам со десна рака но за жал не им се исполни желбата на моите родители.Левак сум...потоа ко бев прваче почнав за прв пат да слушам музика....претежно ју рок ......рибља чорба атомско склониште..генерација 5... бијело дугме...азра...плави оркестар...тие највеќе се до трето оделение слушав то...во четврто одделение ко бев памтам дека почнав да глеам фудбал највеќе бундес лигата и омилен тим ми беше бајерн.....и почнав да слушам хард рок ..дип парпл највеќее.........коа бев пето одделение се враќав од школа и слушав единствено џудас прист....потоа во шесто почнав ван хален кисс аеросмит...полека почнав и ајрон мејден и металика....е сеа седмо одделение коа бев се изменив многу почнав почесто да пијам т.е пиво и да пушам редовно цигари како до ден денес....слушав треш тогаш си правев филмови она ова ке бидам ко фил анселмо не го испуштав од уста тогаш бев опседнат со него.почнав да не учам да бегам од часови али не толку како шо во осмо.......осмо одделение никогаш нема да го заборавам т.е ке биде врежано во моето срце додека сум жив почнав да правам многу забегани работи проблеми во школо неоправдани едно 98 ги имав имав укор пред истерување ми претеа дека па ке бидам осмо но не се замарав со тоа моите видеа дека неможат да излезат со мене на крај и си молчеа ме толерираа......скоро секој петок се враќав дома некогаш пијан некогаш делимично..хаха  малку пушев трава но не се кајам бидејќи и тоа мора да се проба и ке биде дел од моето лудо детство....иначе пушам строго родео љајт го држам во левата рака помеѓу показалецот и средниот прс така ми е најзае*ано..и се работам со лева рака.......десната ми е во пензија(под стечај е) и ајде толку од мојата биографија ...сеа ке бидам средно запишав економско па за натаму ке видиме шо ке биде
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Sunshine on Саб 15 Aвг 2009, 00:58

    Родена сум 24.04.1993..во Скопје..Уште од раното детство се интересирав за уметноста,можеби тоа ми е од мајками коа исто така е дипломиран уметник но зажалост сега и е само хоби..Првите цртежи и скици ги имам нацртано со нејзина помош а некогаш сакав да експериментирам и да цртам фаци на балони и да ги закачувам насекаде...Иначе имам 2 сестри кои многу имаат и сеуште влијаат на некои одлуки кои ги имам направено во животот...а имаат и влијаено и на некои физички повреди што сум ги здобила...На пример-еднаш се искарав со мојата сестра Хана...по некоја случајност правеше загорен шеќер и ме праша дали сакам да имам лижавче на прстот...Јас како 3-то глупаво одделенче прифатив.Го брцнав прстот у тавчето...и претпоставувате што се деси...Во секој случај основното школување не ми беше посебно интересно..во тој период слушав нешо ко кредел оф филт и бев ептен забегана..послем се запишав у уметничко и првпат се осетив така како шо посакаував..прифатено!Се запознав со лугето кои ми се сега најдобрите пријатели и со кои ги доживеав најлудите,најсмешните нај нај дешавки а и ке ги доживувам богами и понатаму..За понатаму не знам што ке биде,ваљда ке идам на ликовна академија и ке си продавам накит ко хоби,но знам дека животот ми е баш супер сега..и мило ми е за лошите моменти кои ми се имаат десено зошто благодарение на нив,убавите случки ни се толку убави..
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Гостин on Вто 08 Сеп 2009, 01:53

    Се родив на 24 мај 1990 година на св.Кирил и Методиј и ме крстија Кристијана........имам 19 луди години т.е. 20 години ако ги сметам и оние 9месеци додека сум била во мајчиниот стомак.уште не ми доага памет,сеуште сум луда и откачена.Не дискриминирам никого,си живеам за себе,не за другите и мојот живот е моја работа.Талентирана сум за многу работи,но најпојке за танцување,тоа е мојата страст,тоа што ме исполнува.Сакам да творам и да филозофирам.Исто така почнав да пишувам книга,темата е мошне актуелна во нашево време и тоа.Сакам да разменувам искуства со други луѓе,да се забавувам до крај,знам сама да си создадам атмосфера,без употреба на некои средства,ѓи сакам премногу животните и затоа студирам ветеринарана медицина.Тоа етоа.Мислам дека е доста..... :hahasto:
    avatar
    Mario

    Male Мислења : 97
    Местолокација : Germanija
    Зачленет на : 2009-09-07

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Mario on Вто 08 Сеп 2009, 02:05

    Роден сум на 12 февруари 92 година. Живеев во топанско поле во Скопје доста интересна населба за тие која ја знаат. Порано бев едно интересно типче со си цепаше школо како што треба но надвор од него бев прав манијак. Сега сум преселен во Германија но никогаш нема да ја заборавам мојата родна земја и луѓето со кои си го поминував времето таму. Моментален статус седам и буљам у мониторов. Ако сака човек повеќе да ме запознае нема проблем и така неам со друго да правам
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Phoenix on Вто 08 Сеп 2009, 02:20

    ви благодарам .. сепак ова е подфорум за литература и целта беше малку да создадеме една биогравска слика која ке не претстави целосно но целата замисла беше тоа да го направиме малку поетично и убаво склопено .Сепак убаво што го пишавте ова тука и драго ни е што форумов ни се збогатува од ден на ден со луге кои се распостранети во светот.Иако си далеку сепак со нас тука ке се осетиш убаво и се надевам ке ти станеме како семејство . имајте убав престој на форумов за подобро запознавање разгледајте ги темите во подфорум Царство на Форумџиите. уживајте !
    avatar
    Mario

    Male Мислења : 97
    Местолокација : Germanija
    Зачленет на : 2009-09-07

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Mario on Вто 08 Сеп 2009, 02:25

    Аха епа во тој случај ќе додадам уште нешто. Ја сум тип што сака да искористи што повеќе од времето во усовршување на некои мои способности и сакам да се запознавам секојдневно со нови работи и искуства. Кога ке се фатам со една работа тогаш ќе ја терам до крај се додека крајната цел не ја постигнам колку и да е тешко. Сеа имам едно нова цел, дојдов во Германија оставив се позади себе епа има да се потрудам да станам човекот кој сите ми кажуваа дека можам да бидам.
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Kelso on Чет 07 Јан 2010, 04:37

    Јас сум Елена.Родена сум на 17.09.1992

    Од мала сум била многу немирна(дома нервози само од мене имало), не можев во едно место да седам и порано многу се дружев со машки и така се облакав.Поинтересно ми беше сервис од играње со кукли.

    Уште сум немирна, не ме фаќа место, уште се 'дружам' со машки само што имам 17 години(хаха).Повеќе почнав да се менувам во средно.Орце рулз.Почнав да слушам поинаква музика(рок ен рол, метал, панк, реге..) од порано и почнав да запознавам нови луѓе, нови пријателства.Околината, пријателите се дел од причината за мојата промена.Сеуште се менувам.Пробувам да станам подобар човек секој ден.

    Сакам да поминам низ многу убави ствари, авантури, возбуда.!
    Уживам во тоа чувство кога не знам што правам а изгледа толку правилно.Испробувам нови работи низ животот и не сакам секој ден да ми стане рутина.Вечно сум вљубена.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Jas on Сре 13 Јан 2010, 19:51

    Наташа, борн 16.11.1987 во точно 13 часот напладне...у болницата у Чаир


    Од секад сум била и сеуште сум мирно детенце:) Како малечка до кај 4
    годинки сум била дебелко детенце кое ужасно се плаши од сликари и затоа иам неколку слики на кои вриштам тивко дете што за мерак би го имале на гости..ништо не сум чепкала, само до мамичка :).основно школо си го поминав весело и со многу прекрасни другарки:) со многу петки, во сенка на мојот ми проблематичен брат кој и денес ги има лузните од своето детство (а ја неам ниедна :( ). Средно се запишав во Борис и таму си ја сретнав мојата најдобра другарка и сродна душа со која бевме заљубени во истото металче :) и тоа уште повеќе не зближи :)ноќите ги поминував залепена за звучник во љубов со музиката :) Пишував депресивни раскази и состави кои денес радо би ги запалила, за потоа да се префрлам на поезија. Тие 4 години ми поминаа стварно брзо затоа што имав одлични професори (со некој исклучок) и одлични пријатели и ми беше супер :) Киснев нон стоп во градскиот ни парк и ја открив убавината на пивото :) Кога се запишав на факултет(економски) раскинав со тогашниот ми небитен и решив да си напраам промени како физички така и психички. Втора година направив уште една промена и си се префрлив на маркетинг смерот на
    економски каде мислев дека ќе ми биде поинтересно (се излажав).Истата година и се преселив, на место каде што не познавам никого и не ни
    сакам да запознаам :)))) Се заљубив, аген, глупава љубов, и поезијата ми стана очајно среќна и љубовна (не личеше на мене :)) Последните години ги поминав дремејќи по рок клубови, така да последнава година сум на домашен терен и уживам во топлиот кревет гледајќи филмови со друштво. Се заинтересирав за аниме, ја открив убавината на иронијата во шегите и си ја најдов љубовтта во Кататониа. До пред една година бев активен член на еден наш форум, каде што си запознав прекрасни луѓе и од каде што излегоа многу убави дружби. Времето го направи своето па така форумот стана познат, а скопските шмизличиња се намножија, па еден по еден, старите членови го напуштивме форумот (сеуште ми фали:( ) Мојата најдобра другарка си ја најде својата љубов, а јас си најдов супер пријател во него :) На фб ми стигна фен пејџ инвитејшн и стигнав овде:)
    сега сум мирно девојче (освен со одредени особи ) уживам во домашната атмосфера, си ги сакам пријателите, не пишувам ништо, се откажувам од алкохолот и сум као баба
    avatar
    Зелена

    Female Мислења : 58
    Местолокација : Дома, пред чергата.
    Зачленет на : 2010-01-27

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Зелена on Саб 30 Јан 2010, 14:43

    Се мислам од кај да почнам...
    Вака значи...Родена сум една лаадна јануарска ноќ. Точно на полноќ...

    Сите се радуваа, онака, среќни беа, прво дете бев.
    Е сега, да бидеш прво дете е нож со две острици. Добрата страна е што ми угодувале. А лошата...Што ми преодредуваа идни професии сите тие баби, тетки, вујни и стрини...
    Женскиот дел, сакаа да бидам балерина или гимнастичарка...
    Можете да им замислите реакција, кога ковав шајки со дедо ми!
    Машкиот дел пак, економист или политичар...

    И така јас сите ги зезнав и се одлучив за нешто сосема поразлично!
    Во школо секогаш весела и насмеана, така-така ученичка. Четворки и петки, ама важно на крај се е изврсно.
    И немирна сум малце, ме запишуваат во забелешка некад, кога ќе претерам.

    Како и да е, ок сум чоек, мале многу делам правда, ама ме навикнаа како таква. Лоша страна како што кажуваат е дека некад сум ладна и површна. Е, тоа не го сваќам ама ајт..
    Кога почнав да ги слушам Секс Пистолс, можете само да претпоставите која реакција ја имаше татко ми! Ма какво е тоа име, ти “наркоманска“ музика ќе ми слушаш...бла блаа...

    Имаа сосем различна претстава како ќе се развивам како личност, сакаа ќеркичка нон-стоп насмеана, со осмех до шестка, во лелеаво фустанче и прибрана коса...
    Наместо тоа добија нешто сосем различно...

    И како што веќе кажав...Сите се радуваа кога се родив, а сега...сега, ретко кој може да излезе на крај со мене!
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Гостин on Саб 30 Јан 2010, 15:07

    Панк се роди на 17ти мај во еден часот по полноќ и ја просветли ноќта со перверзија и швалеризам. Како и Зелена така и јас бев прво дете во цела фамилија и бев најразгалена. На четири години сонот на постарите во фамилијава се уништи, со заминувањето со вујко ми Љубаништа. Таму почнав да ги слушам Паркети и Рамонс и така започна приказната.. Емилија сеа не беше разгаленото дете, почна да излегува на улица и да покажува бунтовност. Мојата мила мамичка ме вовлече во класична музика и ме запозна со клавирот за кој не бев премногу заинтересирана. Од нејзина страна, сите се пијанисти па мораше и јас да научам да играм со клавирот. Во забавиште ја имав најзлобната учителка на светов, која ме научи на издржливост и трпење злоба. Уште го паметам удирањето со тенко стапче по нашите малечки прстиња.Можеби затоа и ми се дебели. Од прво до четврто ми се појавија рокчињата на Луцифер и бев позната по моето хистерично смеење. Од петто до осмо поминаа најубавите години во животчето мое кратко. Со најдобриот класен, екскурзии, дружење и многу љубов, се смири и бунтовничкото детуле. Во петто почнав да свирам гитара, а со тоа предизвикав големо разочарување на сите. Во шесто се запознав со мојот најдобар пријател - алкохолот, и животот ми беше се поубав и поубав. Во седмо почнав да пијам тутун,а за то не зажалив досега. Се беше совршено до крајот на осмо. Тогаш татината ќерка требеше да е економист, а мамината режисер. Инаетот во мене се избори и сега сум медицинар (And I'm proud of it). Емуки денес музицира на клавир,гитара и бас гитара, инаетот и иронијата се најзастапени, тука има малку и посесивност и љубомора, а најмногу љубов. Не стана тоа што сите посакуваа, не е ни дел. Не е примерна, нема убави оценки, не бега од чад и алкохол. Емуки е среќна.
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Alhemius on Саб 30 Јан 2010, 17:39

    Алхемиус се родил пред дваесет и три години,девет месеци по “биг бенгот“ во Чернобил,во болницата во Тетово,СР Македонија.

    Во градинка не го пратиле да оди,така да пред да тргне прваче времето го поминувал на улица во тепачки со другите деца,во играње жмурка,во крадење овошки од комшиите и други шејтанлуци.Благодарение на тоа што имал постара сестра која го подучувала,од прво одделение знаел да пишува читко кирилица и латиница и да брои.
    Основното училиште го поминувал претежно со многу добар успех,не многу интересирајќи се за тоа што се учи во учебниците.Во трето одделение добива атлас од татко му при што географијата му станува опсесија со што ги изучува сите главни градови,додека во петто одделение добива голем интерес за историја.

    Средно училиште изучува сообраќајна струка.Од предметите најмногу му оди хемија и физика за разлика од стручните предмети,при што и ден денес се чуди зошто се запишал на тој смер.

    По средното училиште се запишува на филозофскиот факултет во Скопје отсек Археологија.Студира не цела година како вонреден студент,а потоа почнува да го запоставува и престанува со студии (долга и широка).

    Од 2007ма почнува да го изучува копаничарството.Денес истото му е примарна професија,од пред една година има и сопствено атеље каде што изработува икони,скулптури и др. дрвени ракотворби.

    На 16 годишна возраст,преку неговата сестра ги запознава Нирвана и Металика со што влегува во метал-рок водите.Од втора средно до 4та слуша мкд рап каде што и сам твори.Потоа се префрла на панк,потоа на ју рок,па на ретро и електронска музика.Од пред година дена одмара мозок претежно со готик/симфоник метал,сајкоделик транс,дарк псај,фул он и гоа.


    Охрид,1990 г.
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Bright on Чет 18 Мар 2010, 18:45

    Се викам Ангела, ќерка на Љупчо и Сузана, сестра на Марија и Василиј.
    Родена сум на 19.01.1992 година, Queanbeyan, Австралија.
    Се вративме Охрид, кога имав две и пол години.

    На 5 и пол години започнав да одам на училиште. Многу сакав да глумам во претстави и да рецитирам. Секогаш ја имав главната улога. Тоа што образите секогаш ми биле црвени не значеше дека сум срамежлива. Како дете секогаш бев гласна, дружељубива, понекогаш знаев и да избегам од дома чисто од љубопитнот каква ми е населбата, но сепак бев послушна и скромна. Се‘ на се‘ - јас паметам дека бев среќно безгрижно дете, израстено со љубов и детски игри.

    Убава промена во мојот живот беше запишувањето во средно - гимназија. Ми се отворија многу врати, ги проширив хоризонтите. Нова средина, нови навики, нови лица, нови пријатели, нови љубови...
    Сега сум на јазичниот смер бидејќи понатака во животот сакам да се бавам со таква професија. Можеби ќе ме бидне професорка, а можеби и преведувач. Како и да е, меѓу учењето и оценките, меѓу веселите викенди и новите случки, јас останав гласна... а дружељубива со одредени луѓе (во тие одредени луѓе не спаѓаат Роткве и Блонди - тие ми се како сестри!).

    Следната животна промена очекувам да се случи септември со самото запишување на факултет. Па така мојата биографија ќе биде уредно дополнета за неколку години :)
    avatar
    bloody

    Male Мислења : 8589
    Местолокација : Покрај казан ракија...
    Зачленет на : 2009-02-01

    Re: Кратка биографија

    Пишување by bloody on Чет 18 Мар 2010, 23:15

    Се викам Кире Велков.Роден на 18.08.1986 година во 16:25 саат во гинеколошкото одделение во болницата во Струмица.Ме родила мама Марија,а ме направил тато Блажо.

    Уште како мал сум бил расеан,лош,сум се закачувал со секој и така.По кажувањата на баба ми и мајка ми,уште како мал сум сакал да кршам чаши и чинии.На мои 5 години ќе сум се удавил у Дојранско Езеро,и оттогаш мразам езера,реки и слични неистечни и истечни води.

    Школото го почнав таман на време,1993 година.
    Ко ученик во основното школо сум бил мирен и послушен,но не ме занимало многу учењето.Сум минал со одлични оцени,иако не сум заслужувал за тоа.

    Средно школо завршив некако во државното средно техничко-технолошко училиште "Никола Карeв",во Струмица.
    Учев 4 години електро-електроничар,и за среќа некако дојдов до диплома од средното.
    Тука во овие тинејџерски години животот ми се преобрати.Почнав да пушам цигари,да пијам алкохол,да одам по кафани и жени...
    Периодот од моите 15 до 20 години го живеев баш онака лежарно и ден за ден.Јадев,пиев..одев понекад на школо и така.

    Откога завршив средно,решив да си ја пробам среќата на факултет.Се запишав во Скопје на факултетот за Историја,отсек историја со архивистика.Таму ја зедов 1 година,и 1 семестар од 2 година,се откажав поради здравствени причини.Правев тешка сообраќајка(не ја возев јас колата ) и скоро годона време неможев да се средам после сообраќајката.Сообраќајката ми смени многу работи у животот,но то бидна и сеа сум здрав и жив.

    Така после овие работи одлучив да си пробам среќата наоѓајки некоја пристојна работа.Поминав 2-3 години од мојов живот барајки по таква работа.ВО овој период сум работел се и сешто,обичен работник у фабрика,молер,келнер по кафани,ѕидар...за на крај да најдам работа во нет-кафе и таа работа да си ја задржам година време,се додека газдата на нет кафето да ми понуди поубава работа.
    Веќе 7 месеци работам како сервисер на компјутери и така.

    Сеа за сеа доста е ако ми текне уште нешто...би требало пак да напишам.
    avatar
    Тротоарска Мома
    Уметник
    Уметник

    Female Мислења : 1562
    Местолокација : Тротоар
    Зачленет на : 2010-03-16

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Тротоарска Мома on Чет 18 Мар 2010, 23:50

    Па вака... родена на 07.09.20010 во мало скромно грат4е про4итав дека има и други со сли4на судбина... од типот коа го прашале брат ми што сакаш братче или сестричка рекол КАМИОН и коа сум се родила му купиле камион али он пак не ме секал :D но сеа се е океј како растеме свакаме дека од брат или сестра никој подобро не ти мисли малце филозфирам али тоо :D .Имам зацртано некој филмови у живорт за кој моите велеа имаш добра фантазија но коа почнав да ги реализирам се крстеа но и ми ја дадоа најголемата подршка ... иначе желба ми е да создадам нешо у стилот на шобизнисот како да бидам новинар .. водител ... актер и сл. Не сум самобендисана али верувам у себе и за крај и покрај тоа што ке умрам сакам да оставам траѓи... отприлика имам специфична судбина али задовлна сум и со тоа што го имам пошо освен тоа што може да биде подобро може и полошо
    avatar
    Printers and faxes
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.
    Е така, што мислиш ти, нема лабаво.

    Male Мислења : 8264
    Местолокација : Башчаршија
    Зачленет на : 2009-06-27

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Printers and faxes on Сре 12 Мај 2010, 23:48

    Во 1994 година на седми април, во Скопје - Македонија се родив јас, лично и персонално, и од тогаш светот почна да пропаѓа, а јас заедно со него. тука до мене биле Пејџ, Варг и компанија (што сум бил толку интересен, та сите се собрале, незнам).
    Роден сум ваљда во болница, ништо чудо ако не сум и во штала, сепак се сметам за шталско момче , е добро де! во болница сум се родил, ваљда висока температура сум имал па.....
    Не се сеќавам многу на моето детство, па и неќам на многу работи да се сетам пошто сум си имал проблеми. Во забавиште сум бил саде пола полугодие....Еееееее, уште тогаш почнале да ме бркаат од школиве, цццц, не, шала на страна, да малу полево...е така.
    Е, сеа кај бевне? а, кај забавиштето. Па сум одел само пола полугодие поради тоа што сум си имал стомачни проблеми, па сум морал на операции, и мачења додека не открија што не е во ред со мене.
    Сум доживеал вкупно две операции!
    Во болница си бев славен и кај доктори па и кај пациенти, миленик им бев на докторите, највише ме сакаа, пофал, пофал...Си имав многу пријателчиња, и ми било убо, се додека не дојде една која демек се заљуби во мене....цело време сум бегал од неа ама никако да избегам...
    Се сеќавам дека имав тројца многу добри другарчиња таму, машко и две чупиња. На машкио се сеќавам дека имаше виткана коса, подолга, јас љубопитен ко не го знаев го гледав, и еднаш отидов дирекно го прашав дали е машко или женско пошо незнаев што е, но битно се спријателивме, за едното чупе со кое многу си се имавме , се сеќавам како вчера да беше, и жал ми е што не сум во контакт со неа... а за третото не се сеќавам убо баш...
    Излегов од болница оздравев и ојдов прваче, најстар сум бил таму, осум години сум имал, та сите ми ќутеле, на школа сум бил тро проблематичен, многу сум трчал, а не смеев.
    Надвор од школо се дружев со еден постар пријател со кој се знам цел живот, туку и комшија ми е, големи бељаџии сме биле, од дома илези чист, врати се за никаде, до степен да не те пуштаат внатре, дома да си влезеш. Имав и уште еден пријател кој и ми е помал брачед кој многу ме нервирал кога ќе сум го прашал колку години има, ми одговарал со прстите, ми покажувал поточно, на тоа сум се изнервирал и сум го лажел дека ако покажува со раце ќе го земела баба рога, и сум го одвикнал.
    Дома, дома си сум бил мирен, сум имал едно количе- фиќо и цело време сум си играл, по некое време од Ѓорче се доселија едни пријатели со кои не се двоевме од една нива да ја наречам, се' праевме таму, дење фудбал, ноќе жмурка, камај...
    И така една година ојдов јас со мојте во охрид и го здогледав Пејџ со долга коса, и после во трето или четврто ја пуштив и јас косата. секогаш кога одев Охрид ги слушав цепелин, и скорпионс и други. но јас мал не се разбирав од музика, се до еден ден кога пејџ ми ја објасни винд оф чејнч од скорпионс, таа песна многу ја засакав но поради тоа што немава кај да слушам во скопје, ги слушав само охрид ито онака, не ги разбирав баш...битно уште од 10-11 години сум ги знаел Immigrand song, friends, stairway to heaven, и мојата најомилена Celebration Day која уште си ја сакам. Сум обожавал да играм фудбал на сонито нивно и да ги слушам цепелин, посебно на селебрити деј сум играл најубо.
    Но во скопје ништо од тоа, се додека кога завршив петто, при почеток на шесто на врата не се појави еден со неверојатно долга коса, да тоа беше Пејџ, кој дојде да студира во скопје. И така низ годиниве што поминуваа си ги запознав Азра, џудас прист, кис и компанија.
    И така од шесто до осмо не сум излегувал многу, си седевме со прици и си кулиравме, се натпреварувавме кој ќе остане подолго дома, да не излезе воопшто, и секогаш губев, причини беа дека ко најмал ме тераа да одам јас во продавница, и во школо плус одев, и тука ја користеше својата шанса прист. Завршив осмо, лани, ојдовме за охрид со Пејџ. и една вечер му текна да ме земе и мене за сараиште, ојдов таму јас целиот засрамен, никој незнаев осем пејџ и каран тро од тро го знаев, пошо идеше дома, исто така се знаев и со ниче малу, и со баракуда, но летоска официонално се запознавме, потоа следеа сите скопјани и скопјанки. ( замислете, скопјанец да се запознае со скопјани во охрид ) но ете, баш тоа се деси , и некаде на 2009-06-27 за прв пат во мојот живот се зачленив во форум, ито во овој форум, и мило ми е за тоа. Летото бргу помина и време беше за во школо, и опет прваче во школото кое ми беше најголема животна грешка, но тоа ко немаш во умот... жал ми е
    Како и да е еве сега пред еден месец наполнив 16 години, крај на мојата прва учебна година во средно е и си седам тука, на форум....



    колку е кратка биографијава незнам, битно знам дека го имам најзае*аниот живот...

    Sponsored content

    Re: Кратка биографија

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:44