Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.

    Другарство

    Share

    mile_panikaaa

    Мислења: 11
    Зачленет на: 2008-11-09

    Другарство

    Пишување by mile_panikaaa on Пон 10 Ное 2008, 11:00

    Дали се дружите само со некој шо е во ваш стил шо слуша ваша музика.Значи дали мислите дека доколку е некој кремац,рокер.металец без разлика шо е дали сметате дека не треба со него да се дружите поради тоа шоо не слуша ваша музика.Се разликува од вас има други мислења на све тоа и дали тоа ви смета?

    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења: 19228
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Другарство

    Пишување by Bender on Пон 10 Ное 2008, 14:23

    Добро малце си и го утнал местово на темата ама Ок,па мене воопшто не ми смета што се моите другари не судам по изглед, битно е да се ок ,ко што се вели "Битно е да се дружиме".


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?

    Ивањушка
    passive aggressive bullshit
    passive aggressive bullshit

    Female Мислења: 7666
    Местолокација: ниви со младо кромидче
    Зачленет на: 2008-09-15

    Re: Другарство

    Пишување by Ивањушка on Пон 10 Ное 2008, 14:36

    God Of Thunder напиша:Добро малце си и го утнал местово на темата ама Ок,па мене воопшто не ми смета што се моите другари не судам по изглед, битно е да се ок ,ко што се вели "Битно е да се дружиме".
    исто :dada:
    и не ке беше лошо да се премести темава

    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења: 5828
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Другарство

    Пишување by Dirge on Пон 10 Ное 2008, 14:49

    Глеам да се дружам со паметни луѓе со мислењата блиски до мојот вид иначе што се како се секогаш испаѓа дека тие што се паметни не слушаат турбофолк и слични гнасоти.Случајност е не дека ги одбирам по музиката ама тоа се докажало како точно.Кремци ама баш оние од кремот не ги мирисам многу оти се растени во стил тато носи мама меси

    Сашо комшијана

    Male Мислења: 11104
    Местолокација: Корча
    Зачленет на: 2008-09-13

    Re: Другарство

    Пишување by Сашо комшијана on Пон 10 Ное 2008, 14:51

    интересно :dada:

    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења: 5910
    Местолокација: Прилеп ебаго
    Зачленет на: 2008-10-13

    Re: Другарство

    Пишување by Meri on Пон 10 Ное 2008, 15:26

    Другарите не се бираат по стилот, туку по душата. Прав другар е тој што ќе биди со тебе секогаш кога ќе ти треба, и во добро и во лошо, а ти ќе бидеш доволно разумен да му вратиш со иста мера. Другар не е онај истомисленикот со кого ќе седиш на маса и ќе дискутирате за одредени заеднички мислења со саати.Другар за на маса многу е лесно да најдиш, ама дали тој што си ја делел масата и чашката до вчера ќе ти се најди утре кога ќе ти е тешко? Дали ќе го подели гевречето со тебе и дали ќе ти дај да му ја извалкаш блузата на рамено со солзите помешани со маскараsto??
    И ме интересира колку Морбид работела во животот па да знае како е кога мама не меси и тато не носиsto?
    и каква врска има тоа со стилот на музика?

    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења: 5828
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Другарство

    Пишување by Dirge on Пон 10 Ное 2008, 15:35

    Meri напиша:
    И ме интересира колку Морбид работела во животот па да знае како е кога мама не меси и тато не носиsto?
    и каква врска има тоа со стилот на музика?
    Тоа со музиката е мое мислење и филозофија.Ако сакаш прифати ја ако нејќеш немораш.Јас имам доволно аргументи да си го одбранам мислењето.
    А за тоа колку Морбид работела она си знае и животот така ми наложи да лесно успевам да ги проценам луѓето.Можеби неам доволно години ама искуството е она што ме направи таква да знам кои луѓе се ок кои не.И дај молим ти се не барај од мене да раскажувам подетално.
    Јас си знам со кои се дружам и со какви...

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Другарство

    Пишување by Phoenix on Пон 10 Ное 2008, 15:36

    A friend is someone who gives you total freedom to be yourself.
    Jim Morrison

    се согласувам со него . навистина преку глава ми е од пријатели кои ми зборат леле ама си се облекол . абе немој да пиеш многу . немој вака немој така.
    и се согласувам со морб. луге кои слушаат турбо фолк. рап . и електро нова музика. .. не може да ми се ништо повеке од познаници со кои би кажал само здраво . сигурно нема да можам да водам диалог со нив на теми на кои сакам да зборам . ке бидам приморан да слушам . чалам . или пак турнеи на некој дј . не фала .

    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења: 5910
    Местолокација: Прилеп ебаго
    Зачленет на: 2008-10-13

    Re: Другарство

    Пишување by Meri on Пон 10 Ное 2008, 15:53

    Морбид, никој не побара од тебе детали за твоите дружења. Муабетот ми беше кои ти се аргументите за мама меси.... и поврзаноста со "кремците", еве јас ќе се ставам во тие кремците, а сум самостојна од полнолетството, се дружам со најразлични луѓе и никогаш не се ограничувам.
    Точно е дека со човек сличен на тебе ќе имаш повеќе теми за разговор и подобро ќе се разбирате, ама на крај краева не е само музиката тема за разговор, и незначи дека тие што не ја слушаат твојата музика се необразовани и прости и не знаат да разговараат.

    Сашо комшијана

    Male Мислења: 11104
    Местолокација: Корча
    Зачленет на: 2008-09-13

    Re: Другарство

    Пишување by Сашо комшијана on Пон 10 Ное 2008, 15:55

    се согласувам потполно со мери :dada:

    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења: 5828
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Другарство

    Пишување by Dirge on Пон 10 Ное 2008, 16:06

    Meri напиша:Морбид, никој не побара од тебе детали за твоите дружења. Муабетот ми беше кои ти се аргументите за мама меси.... и поврзаноста со "кремците", еве јас ќе се ставам во тие кремците, а сум самостојна од полнолетството, се дружам со најразлични луѓе и никогаш не се ограничувам.
    Точно е дека со човек сличен на тебе ќе имаш повеќе теми за разговор и подобро ќе се разбирате, ама на крај краева не е само музиката тема за разговор, и незначи дека тие што не ја слушаат твојата музика се необразовани и прости и не знаат да разговараат.
    Види неможеш тукутака да се стаиш во кремците.Очигледно овој поим е различен кај тебе и мене.Одкако ке расчистиме што е ова тогаш ке дискутираме за рработиве.
    Патем стварно ме интересира што подразбираш под кремец(според мене ти си дааааааалеку од овие луѓе)

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Другарство

    Пишување by Phoenix on Пон 10 Ное 2008, 16:07

    јас сум запознал многу луге . сум прошетал доволно . сум зборел со секакви . имам способност да препознаам од одма човек да му напраам психо анализа и со сигурност кажувам дека оние кои слушаат друг вид на музика значи. Рап . хип хоп . фолк. турбо фолк . техно . хаус. и др слични работи ми се некако нискоинтелегентни да не речам глупи . луге кои те префрлаат од тема во тема. не се достојни еден асален мубат да направат. значи не сите ама 90 % се . можеби ние сме глупи за нив незнам . сепак моите ставови се јасни . никогаш нема да бидам другар со некој шабан. или типк кој јаде таблети и секој ден е на транс журки и има испран мозок . или со некој рапер кој обесил на себе златен ланец и некоја си плочка и ми размрдува со рацете ко забеган . збори во стил на раб и кога разговара. да да така сум отценил јас и со сигурност тврдам дека е така

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Другарство

    Пишување by Phoenix on Пон 10 Ное 2008, 16:09

    мери ти да беше кремка ке седеше во картел на кеј . и ке пиеше кафе со некој парајлија . немаше да седиш на форумов

    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења: 5910
    Местолокација: Прилеп ебаго
    Зачленет на: 2008-10-13

    Re: Другарство

    Пишување by Meri on Пон 10 Ное 2008, 16:17

    Назнам шо сум, човек сум, со срце големо и полно со разбирање :hahasto: :hahasto: :hahasto:
    и ги сакам луѓето такви какви што се и можам да бидам пријател секому, ако тој некој го сака моето пријателство
    И не се сметам за глупав човек оти не слушам рок, а и не ги сметам за глупави тие што слушаат рок.
    Мислам дека на оваа тема се изјаснивме во дискриминации во музиката
    и одам понекогаш во Картел со штикла повисока од мене
    :њењењењ: :њењењењ: :њењењењ:

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Другарство

    Пишување by Phoenix on Пон 10 Ное 2008, 16:21

    сериозно?

    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења: 5910
    Местолокација: Прилеп ебаго
    Зачленет на: 2008-10-13

    Re: Другарство

    Пишување by Meri on Пон 10 Ное 2008, 16:22

    да, најсериозно
    ама никогаш не ми било важно кај сум, најважно е со кого си

    PantomimoS

    Female Мислења: 7718
    Зачленет на: 2008-09-24

    Re: Другарство

    Пишување by PantomimoS on Пон 10 Ное 2008, 16:24

    во мое друштво на пример сите слушаме различен вид на музика, а пак се разбираме, и имаме теми за муабет, тераме и философски муабети, ама сепак, секогаш сме тука едни за други.музиката не игра никаква улога, јас слушам на пример повеќе олд скул рок и 300 чуда, друга другарка слуша ска, трета хард кор, четврта блек метал, петта готик метал, шеста рок (понов) и седма слуша поп...и ние сепак си се дружиме, и никогаш не дошло до дискриминирање и карање поради тоа.
    не барам другарот да има незнам какви познавања, и да знае да прави само некои сериозни и философски муабети, на крај краишта јас не сум таква, и не би можела да се дружам со такви луѓе.другарките што ги имам си ги сметам за доволно паметни, зошто знаат да си живеат живот, и да си кулираат, а знаат и кога треба да направат сериозен муабет.
    а што ги спомнувате турбо фолкерите или кремците...немам ништо против нив, тие си го одбрале тоа, ама немам многу другари и другарки такви, од проста причина што додека јас си седам по парк, плочник и сл. они се во кафана или во некој кафич, така да, неам допир со такви луѓе...сум упознала такви луѓе на извидници, ама таму сите не обединува екс ју рокот, гитарата, оганот и пиењето...
    :hmmm: јас се изнапишував глупости...но да...битно е да се дружиме.
    инаку за она на џим морисон, многу добра мисла, и потполно се согласувам!
    ипак мислам дека за карактерот на човекот влијае и музиката што ја слуша тој, зошто во музиката се крие една цела философија и начин на живот и размислување!

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Другарство

    Пишување by Phoenix on Пон 10 Ное 2008, 16:27

    убаво за тебе .твој е животот и нормално ке го живееш како сакаш . јас искрено не можам да се замислам во картел и да платам за еден хајнекен 150 ден и да гледам околу мене надувани фаци пиштолџии мафиози спонзоруши . и кренати фуфици со носот до небо .
    сепак сме различни сепак музиката зазема удел во начинот на живеење.
    искрено не би можел да бидам другар со девојка која оди на кеј во шемата носи штикли . иде на на електро свирки .

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Другарство

    Пишување by Phoenix on Пон 10 Ное 2008, 16:28

    геро твоите другарки слушаат сите музика која произлегла од рок школото . така да . не се кафански девојки

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-08

    Re: Другарство

    Пишување by Phoenix on Пон 10 Ное 2008, 16:30

    тарана на кој му се обракаш ?

      Сега е точно Нед 21 Дек 2014, 08:18