Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Случувања!

    Share
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Случувања!

    Пишување by PantomimoS on Пет 12 Дек 2008, 21:01

    епа иако има тема во пдф настани и ноќен живот, кај која се ставаат некои известувања за изложби, издавања на книги и сл. овде можеме да направиме една тема кај што многу поопширно би го направиле тоа.
    значи известувајте за се што е во областа на литературата, уметноста, фотографијата итн итн.
    и нема да биде лошо да се дискутира за овие случувања!
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Случувања!

    Пишување by PantomimoS on Чет 18 Дек 2008, 01:01

    во театарот мнт центар во вторникот ја посетив драмата дундо марое, фантастична комедија и добар состав на глумци. rock and roll мислам дека се прикажува секој вторник од 8.гледајте ја!
    avatar
    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења : 5910
    Местолокација : Прилеп ебаго
    Зачленет на : 2008-10-13

    Re: Случувања!

    Пишување by Meri on Пон 05 Јан 2009, 15:42


    Промоција на проектот „130 тома македонска книжевност“


    Промовиран грандиозниот проект 130 тома македонска книжевност, капитален проект, инициран од Друштвото на писателите, а поддржан од Владата со 24 милиони денари.

    Првите изданија од овој издавачки зафат доделени на претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов.

    Богатата традиција, корени и културни вредности на делата од Свети Климент па се до новите литературни тенденции, од сите жанрови и генерации се собрани во овие непроценливи 130 тома, истакна премиерот Никола Груевски.

    „Целта на овој проект, прв од ваков вид и обем, беше да се прикаже богатата и слоевита слика на нашите високи и неоспорни книжевни вредности“, изјави Груевски.

    130-те тома се легитимација на македонскиот културен идентитет, дел од светската цивилизација и битен сегмент на европската култура.

    „Со овој проект од капитално значење, се реализира крупен зафат кој значи потврда и афирмација на високите литературни вредности создавани во Македонија“, изјави Елизабета Канческа Милевска, министер за култура.

    „По високите уметнички дострели во Европа и во светот веќе не препознаваат како народ со длабоки духовни и национални корени и да бидеме реални ние со творештвото му припаѓаме на развиениот свет“, изјави Раде Силјан, претседател на ДПМ.

    Иако можеби некој е свесно или несвесно заборавен или испуштен, сепак овој проект не е довршен, туку отворен за пропуштеното и за новите дела кои доаѓаат, истакна претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов.

    „Оваа голема македонска книга има не 130, туку 131 том. При сета завршеност, оваа книга сепак не е довршена, таа останува отворена за пропуштеното и за новите дела што ќе доаѓаат“, изјави Старделов.

    130-те тома македонска книжевност ќе бидат подарени во библиотеки, институции, семинари и катедри по македонистика низ светските центри, а дел ќе се најдат и низ македонските книжарници.

    извор А1 телевизија
    avatar
    Ивањушка
    passive aggressive bullshit
    passive aggressive bullshit

    Female Мислења : 7666
    Местолокација : ниви со младо кромидче
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Случувања!

    Пишување by Ивањушка on Вто 26 Мај 2009, 22:11

    Отварање на изложба на студенти од Факултетот за Ликовни Уметности

    петок 29.05 на педагошки факултет 20:00 ч.
    сабота 30.05 во Сули Ан (стара скопска чаршија) 20:00 ч.
    ПОВЕЛЕТЕЕ!!!


    пс.ако има некои измени ќе бидете благовремено известени
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Нед 21 Јун 2009, 14:07

    ОГРОМЕН ПОПУСТ ВО МАГОР!


    ЗАПОЧНУВААТ ГОЛЕМИ ПОПУСТИ НА ИЗДАНИЈАТА НА МАГОР

    ПО ПОВОД 3 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ НА МАГОР КАФЕ (ПОРТА БУЊАКОВЕЦ)

    ДЕНЕС 15.06.09, А ЌЕ ТРААТ ЦЕЛ МЕСЕЦ - ДО 15.07.09

    (КЕ ВАЖАТ ИСТИТЕ ЦЕНИ КАКО НА САЕМОТ НА КНИГА 2009)


    извор и повеќе информации ТУКА
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Случувања!

    Пишување by Phoenix on Нед 21 Јун 2009, 16:29

    магор беше онаа кафе книжарница до соборна односно на љубов?
    avatar
    Ивањушка
    passive aggressive bullshit
    passive aggressive bullshit

    Female Мислења : 7666
    Местолокација : ниви со младо кромидче
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Случувања!

    Пишување by Ивањушка on Нед 21 Јун 2009, 16:33

    TheDoorS напиша:магор беше онаа кафе книжарница до соборна односно на љубов?
    дап :dada:

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Случувања!

    Пишување by UrizenIX on Нед 21 Јун 2009, 18:44

    Хм... не можев да не искоментирам... ако сега книгите се 350, а пишува големо намаление(значи намалени се книгите за 30% минимум), порано биле 500?
    Со нашиот стандард... колку..3 книги ќе си купиш и ќе се убедуваш дека си напраил нешто паметно....

    До кога ќе биде толку скапо да се купи книга? Посебно ако е превод? 20 долари е книгата оригинал, 1000 денари за да ја купиш во некоја македонска книжара...

    Дај да се буниме...

    Ова е оф топик ама морав... sorry...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Пон 22 Јун 2009, 10:18

    не е офтопик... зборуваме за култура на живеење...до кога квалитетно издание и превод ќе бидат луксуз за читателот?

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Случувања!

    Пишување by UrizenIX on Пон 22 Јун 2009, 12:43

    Квалитетно издание и добар превод во Македонија поретко... да не почнам да набројувам јас што знам се луѓе што рабтат како преведувачи што би требало да се програмери, или економисти(демек тоа им е факултетот) но имале тие курсеви завршено и затоа е ок да преведуваат...

    Колку и да е ок преводот, пак е бесцелно и глупо цената на книгата да е повеќе од цената на оригиналот(на другиот јазик)...

    Се додека е така, и нискиот ни стандард, ќе се чита само од интернет... Грчки митови во табернакул 850 ден... а па замисли превод на Фрејзер... 1400 ден е на српски и тоа на пазарот за стари книги... значи во некоја книжара 2000... 1/6 од добра плата(добра сметано во Македонија)...

    Треба да се направи бојкот.. 6 месеца никој да не купува книги... да нема веќе "големо намаление" туку тоа да биде тоа реална цена... не ми требаат намаленија кога тие ќе набилдаат цените...
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Чет 19 Ное 2009, 13:38

    Второ издание на „Јади, моли се, уживај“ во „Матица“

    Клубот „Матица“ во соработка со американската агенција „Wylie“ повторно на македонскиот литературен пазар од 19 декември, повторно ќе ја понуди книгата “Јади, моли се, уживај“ од американската писателка Елизабет Гилберт Како што информираат од „Матица“, до сега на македонски јазик книгата била продадена во неверојатен тираж од 10.000 примероци.

    Книгата на Гилберт изобилува со духовност, тага, емоции, но и хумор и забава. Станува збор за чудесно патешествие на авторката која по разводот кој тешко ќе го препброди, оди во Италија, па во Индија и на крај во Индонезија. Елизабет Гилберт од читателите беше прогласена за најдобар туристички водич кој би го посакале доколку би се решиле за едно вакво патување. Книгата претставува совршен танц на зборови со прекрасно чувство на пријателска блискост.

    „Јади, моли се, уживај“ остана најдолго врежана во срцата на читателите ширум светот, а за 2010 година од книгата се очекува да го достигне својот зенит, како сценарио за високобуџетниот филм со исто име, во кој главната улога ќе ја толкува Џулија Робертс.

    Од „Матица“ ја препорачуваат книгата и како идеален подарок за деновите што следат. Имено од 10 до 31 декември, Клубот „Матица“ ќе ја спроведе акцијата „Подари книга-подари љубов“.

    Извор


    Последната промена е направена од balAlajkA на Чет 19 Ное 2009, 14:06. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Чет 19 Ное 2009, 13:49



    Од 19 октомври во книжарниците на „Култура“ (на ПлоШтад), „Табернакул“, и „Матица“ во продажба се најде епското дело „Беовулф“ во превод на професорот Драги Михајловски.
    Ова е првиот македонски превод на најпознатиот староанглиски еп. Сите 3182 стиха се препеани во алитеративен стих, со запазување на цензурата, кенингзите, тонската версификација, алитерациите и асонанците, односна комплетната литерарност, што ја прават поемата единствена не само во англиската туку и во светската книжевност. Издавач е „Kaprikornus“, а бидејќи изданието (тврд повез, квалитетна жолта хартија) е финансирано само од издавачот, тиражот е ограничен само на 201 примерок.

    преземено од профилот на Михајловски на Фејсбук


    Епот „Беовулф“ објавен на македонски

    Борбите на јунакот Беовулф како олицетворение на доброто против Грендел, неговата мајка и змејот како олицетворение на злото се главен дел од содржината на делото. „Беовулф“ е еп со паганска, претхристијанска содржина. Структурно, епот е поделен на два дела. Првиот говори за младоста на Беовулф (1-2199), а вториот за неговата старост (2200-3182).

    преземено од Дневник



    _____________________________________

    Конечно нешто квалитетно за читање во превод... насушна потреба имаше за вакво нешто!
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Случувања!

    Пишување by Phoenix on Пон 23 Ное 2009, 15:18

    Попусти на книги и до 80 отсто




    Во книготеката и клуб на книгата Феникс до 20 декември ќе има попусти на изданијата од 30 до 80 отсто, промоции, средби со писатели, трибини.
    Во рамките на манифестацијата Месец на книгата, која започна вчера освен изданијата на издавачката куќа Феникс, ќе бидат застапени и изданијата на Дијалог, Ми-Ан, Про Литера и Камелеон. Љубителите на пишаниот збор ќе можат да ги набават Злосторство и казна од Достоевски, Процес
    од Кафка, Раскази од Гогољ, Цвеќе на злото од Шарл Бодлер, лектири и обработки за средно образованиее од група автори, Љубовница од Аманда Квик, Страв од летање од Ерика Јонг и многу други изданија на Феникс".
    За учениците и студентите ќе има дополнителен попуст од 10 отсто, а за останатите посетители ќе има членски легитимации, подароци, влезници за театар, за кино и за концерти. Ќе се одржи и промоција на списанието Тренд, средба со добитникот на Ниновата награда, Владан Матиевиќ,
    промоција на книгата Културолошки студии.
    Феникс и фондацијата Македонија презент распишаа конкурс за необјавена книга за деца и млади од македонски автори, што ќе трае до крајот на годинава, а книгата ќе биде промовирана следната година на Меѓународниот саем на книгата во Скопје. На истиот Саем ќе биде доделена и нововостановената меѓународна награда Ана Франкк, која ќе се доделува за најдобра книга за деца и млади од домашни и странски автори. Конкурсот за оваа награда ќе трае до 15 јануари 2010 година.

    П.С. Книжарница Феникс има продажни места во центар, кај Универзална и во Тафталиџе


    Последната промена е направена од balAlajkA на Пон 23 Ное 2009, 16:03. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : измени и дополнувања на информацијата)
    avatar
    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења : 5828
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by Dirge on Пон 23 Ное 2009, 17:01

    Може поточно да ни кажеш каде во центар?
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Пон 23 Ное 2009, 17:08

    тоа и јас барав, и кога ќе најдам точна информација ќе пишам задолжително :)
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Случувања!

    Пишување by Phoenix on Сре 02 Дек 2009, 21:58

    ПРОМОЦИЈА НА РОМАНОТ НА ТОМИСЛАВ ОСМАНЛИ, „ДВАЕСЕТ И ПРВИОТ“

    Музеј на град Скопје • понеделник, 7 декември 2009 • 20:00 часот

    Книгата ќе ја претстават Глигор Стојковски и Венко Андоновски

    Извадоци ќе чита актерката Билјана Беличанец Алексиќ

    Промоцијата ќе биде збогатена со музичка изведба на инструментот неј, од страна на Абаз Јахјаи

    На оваа посебна вечер, книгата ќе биде достапна по промотивна цена


    http://blesok.com.mk/promo.asp?lang=mac
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Случувања!

    Пишување by Phoenix on Вто 22 Дек 2009, 16:05

    Македонската промоција на „Ноќта е најтемна пред разденување“ на Игор
    Исаковски ја закажуваме за 23 декември (среда), во Арт кафе Мала
    станица, во 8 ½ (навечер, секако!).

    На промоцијата ќе нема
    промотори со говори / фалби / анализи. Авторот ќе чита поезија и ќе ги
    потпишува книгите кои ќе ги купите по промотивна цена.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Пон 28 Дек 2009, 10:49

    Од петокот, 25 декември до среда, 31 јануари има попусти во книжарницата ИЛИ-ИЛИ од 20 до 50 %

    СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА- ИЛИ-ИЛИ ПАКЕТ од 3 книги, по Ваш избор, со дополнителен попуст од 10%!
    ПОВЕЛЕТЕ!

    ИЛИ-ИЛИ, ваше право на добра КНИГА!

    книжарницата се наоѓа до Дом на градежници и работи од 9 до 9 :)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Пон 25 Јан 2010, 17:27

    НАТПРЕВАР ЗА БЛОГЕРКИ

    Ако вие сте жена-блогер или пак знаете некоја жена-блогер чии дела ви оставиле впечаток може да се номинирате односно да ја номинирате за натпреварот Female Activist Bloggers. Пријавените треба да пишуваат постови кои имаат за цел да ја подигнат свесноста, совеста или финансирањето во некоја заедница, регион, земја и во светот. Се доделуваат 4 стипендии. Краен рок за аплицирање е 31 јануари.


    Повеќе на http://www.blogher.com/announcing-blogher-09-international-activist-blogher-scholarship-0
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Случувања!

    Пишување by Phoenix on Нед 21 Мар 2010, 23:16



    Издавачките куќи годинава љубителите на пишаниот збор ќе ги привлекуваат со наслови од странски автори и со попусти до 80 проценти.

    На годинешниот Саем на книгата, кој ќе се одржува од 13 до 18 април, издавачите најавуваат големи попусти, понуда на дела главно од странски автори, а гости од надвор ќе имаат само издавачките куќи „Феникс“ и „Три“.

    Па, ова се деталите:

    1. Во понудата на Матица ќе доминираат дела од македонски писатели како: „Токму така“ од Гане Тодоровски, „Свеченост“ од Цане Андреевски и „Слоеви“ од Јован Стрезовски.

    2. Икона ќе понуди многу нови наслови на светски познати автори како на пример: „50. закон“ од Роберт Грин и Фифти Цент, „Чоколадо“ од Џоана Харис, „Мак Мафиа“ од Миша Глени, „Левијатан“ од Пол Остер и „Вторниците со Мори“ во Мич Елбом.

    3. Култура ќе понуди 11 нови изданија од странски автори и четири од македонски. Дел од понудата се „Приказни за Скопје“ од Томислав Османли, „Монотонија“ од Бобан Богатинов, „Избраниот“ од Александар Блажевски, „Заробени сништа“ од Марина Немаат, „Писмата за Џенифер“ од Џејмс Патерсон и други.

    4. Издавачката куќа „Три“ меѓу другото ќе го презентира првиот дел од трилогијата „Милениум“ големиот светски хит „Девојката со тетоважа на змеј“ од Стиг Ларсон, третиот и четвртиот дел од „Самрак“ од Стефани Маер.

    5. Или - или на понуда ги има следните дела: „Викенд“ од Берхард Шлинк, „Стравот на голманот од пенал“ од Питер Хандке, „Ќе ви плукам на гробовите“ од Борис Вијан, „Гол живот“ од Луиџи Пирандело и други.

    6. Феникс ќе промовираат над 100 нови изданија, меѓу кои е „Животни во срцето“ од Херта Милер и „Смелоста на надежта“ од Барак Обама, а ќе презентираат и шест нови книги за деца.

    izvor..http://sakamknigi.mk

    UrizenIX
    V.I.T.R.I.O.L.
    V.I.T.R.I.O.L.

    Male Мислења : 1457
    Местолокација : Секаде по малку :)
    Зачленет на : 2009-03-02

    Re: Случувања!

    Пишување by UrizenIX on Пон 22 Мар 2010, 11:05

    Од денес па до 27 Март (Сабота) во Кочани, во Домот на Културата „Бели Мугри“ има САЕМ на Книгата.
    Да се надеваме ќе има добри книги за купување, и поефтини нормално!!!
    Бујрум, нагостете си го умот!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Вто 23 Мар 2010, 10:33


    Културно Информативен Центар-Скопје,има особена чест и задоволство да ве покани на промоција на книгата ”Предвесница” од Михаил Ренџов, добитник на наградата ”Григор Прличев” за најдобра поема во 2009 год.
    на 25.03.2010 г., во Салон 19,19,почеток во 19,19 часот.

    Михаил Ренџов,поет,преведувач. Дипломирал на Правен Факултет во Скопје.Работел во Националната библиотека ”Св. Кирил и Методиј” во Скопје.Член е на Македонскиот ПЕН- центар и на ДПМ.
    Автор е на многубројни книги поезија и добитник на многубројни награди.
    ”Предвесница”, поема на Ренџов го осознава сопственото творечко битие зошто во себе ја преживува својата болка како светска борба и победа над егоизмот за сопственото спасение.Поемата има 912 стихови,колку што има и поемата ”Сердарот” на Прличев. Тоа е композиција структурирана со музика,простор, светло и темно и над се,со мошне драматична слика за изопачениот свет и за паднатиот Човек во него...

    Книгата ке ја промовираат проф.д-р Владимир Мартиновски и м-р Сузана В. Спасовска,а извадоци од книгата ќе интерпретира Томе Витанов,артист.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Вто 25 Мај 2010, 16:28

    in memoriam



    Завчера во Скопје на 81-годишна возраст почина академик Гане Тодоровски - еден од великаните на македонската литература во 20-тиот и 21-от век. Постигнатите научни резултати во областа на македонистиката, него го вбројуваат помеѓу најистакнатите дејци во славистичките кругови, како во Европа така и во светот.

    Импозантното литературно творештво на Тодоровски, критичарите го делат во две главни насоки - во поезијата и во областа на историјата на книжевност, критиката и есеистиката.

    Тој е автор на 12 книги поезија, кои секогаш значеле настан во мигот на појавувањето и, истовремено, оставиле длабока трага во современата македонска литература.

    Меѓу попознатите се Спокоен чекор, Божилак, Снеубавен ден, Скопјани.

    Академик Гане Тодоровски е истакнат преведувач на модерната светска поезија на македонски јазик, а еден дел од неговите активности е сврзан и со историјата. Беше пасиониран истражувач на македонскиот 19 век.

    „Своевидна разделба или збогување со оние многу години што останале зад нас, а им припаѓале подеднакво и на литературната уметност и на литературната наука“, рече Гане Тодоровски.

    Академик Тодоровски е роден во Скопје, на 11 мај 1929 година. Дипломирал и докторирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на кој потоа беше и долгогодишен професор.

    Дел од работниот век помина и како новинар во Танјуг, „Млад борец" и „Студентски збор". Тој беше првиот амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација.

    За член на Македонската академија на науките и уметностите е избран во 1997 година и беше член на ДПМ од 1951-ва. Академик Тодоровски е добитник на скоро сите државни награди од областа на литературата и науката. Комеморативна седница е закажана за во среда во МАНУ.

    Извор
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Случувања!

    Пишување by prozaque on Вто 25 Мај 2010, 18:40

    Лесна му земја на Гане...остави големо творештво зад себе кое обележа еден период во нашата литература, а неговите критики резимираат голем број на дела кои им помогнаа на читателската публика подобро да ги доживее.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Случувања!

    Пишување by balAlajkA on Пон 18 Окт 2010, 16:22


    Во Kафе-книжарница Магор нa 19 oктомври (вторник), 2010 година од 20 до 22 часот ќе се одржи

    Поетско читање на млади неафирмирани автори:

    Анета Попова
    Драгана Евтимова
    Иван Шопов
    Славица Урумова
    Мане Манушев
    Марина Мијаковска
    Александра Спасеска

    Сите се добредојдени и може да учествуваат.


    Sponsored content

    Re: Случувања!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:56