Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.

    Моја библиотека

    Share

    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења: 5828
    Зачленет на: 2008-09-14

    Моја библиотека

    Пишување by Dirge on Пон 05 Јан 2009, 02:29

    Дали имате ваша мини библиотека?
    Какви книги преовладуваат?
    Кои наслови?

    danna*shoe

    Female Мислења: 6846
    Местолокација: секаде, тука, тамо..
    Зачленет на: 2008-10-24

    Re: Моја библиотека

    Пишување by danna*shoe on Пон 05 Јан 2009, 02:48

    имам библиотека. ама ептен е мини.
    можам у детали да пишувам sto ако не бришете
    неколку мјузик стор каталози, оксворд речник-енциклопедија, орлите рано летаат, девојката со бисерната обетка, кодот на да винчи, библија на македонски и библија на бугарски јазик, чекајки го годо , странец , процес. неколку лексикони и уште ама не ми текнува.
    Инаку не купувам често книги. си зимам од библиотека. Имам желба да купам книга само кога неможам да ја најдам у библиотека. Последна ја купив процес. А обожавам да си листам низ речници лексикони енциклопедии...

    Stella

    Female Мислења: 153
    Зачленет на: 2008-11-07

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Stella on Пон 05 Јан 2009, 02:50

    :dada: :dada: :dada: Сите книги на Достоевски кој знае од пред колку време ги имаме, Сидни Шелдон се можно негово ми се чини... Оноре Де Балзак... Петре М. Андреевски... овие и уште мноооогу други се од мајка ми и татко ми „обезбедени“ а јас кај и да одам си купувам некоја книга... од Трејси Шелдон повеќето дела, Хесе... Фројд... Јустејн Гордер... ма нема крај

    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења: 14200
    Зачленет на: 2008-09-13

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Batty on Пон 05 Јан 2009, 05:57

    Освен крупна стручна литература, никаква книга не се наоѓа во мојата мини библиотека. Што на еден начин претставува катастрофа. Морам некако да го решам тој проблем, и да си набавам некоја добра книга, за добри денови. :hmmm:


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Morholt

    Male Мислења: 6617
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Morholt on Пон 05 Јан 2009, 06:16

    Во домашна библиотека имам 2 атласи од СФРЈ еден на српски еден на хрватски мислам не обични туку со секакви податоци и еден понов од 2001 исто ко нив, имам книги од типот „Библиски леденди“, „Човекот и библијата“, „Свето писмо“, „Религијата и Знаците“ од наши и од странски автори. Имам 2 или 3 енциклопедии општи. И имам книги за Гоце Делчев за Сандански за Груев, Имам 4 книги за Александар Македонси од Квинт Руф, од Плухарт, за етоногенезата наша имам од Донски и од м-р Драган Ташкоси, односно од Донски имам 5 книги да не ги набројвам, па од Јуџин Борза и Љубомир Домазетовиќ две книги за Македонија античка, „За Македонцките работи“
    трите тома Македонска историја и некој помали за Ванчо Михајлови и Ченто. Предавства и атентати имам една некои книги „Малесија во Илинденско востание“ и еден куп за селата во Малесија и нивната историја и уште многу мака ми е да пишам

    Шмугле

    Female Мислења: 4307
    Зачленет на: 2008-09-15

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Шмугле on Пон 05 Јан 2009, 15:36

    Почнувајки од најгорната полица, каде што стојат најстарите книгичиња односно лектирите и сликовниците од типот, ’Марта’, ’Шекерна Приказна’, ’Сребрени Снегови’, ’Зоки Поки’, ’Бојан’, ’Двојната Лота’, ’Ѕвездени Желби’, ’Ѕвездени Перничиња’ бла бла, значо сето она од основно, секогаш сме преферирале да ги поседуваме книгите отколку да ги само земаме од библиотека и да ги вракаме.
    Тука се складирани и сите оние сликовници на кои сме им се радувале со Морб како мали - ’Големи и Мали’, ’Снежана’, ’Кралот на Џунглата’, ’Бамби’[Who killed Bambi ], ’Трите прасиња’, ’Кукичка од Чоколадо’, две книги ’Приказни од Браката Грим’ бла бала и не ни памтам што друго има таму покриено со доста прашина :hmmm:.
    Е, остануваат уште две полици, за кои ако напишам што има Морб ке ме сели, затоа оставам на неа. :naokolu:

    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења: 5828
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Dirge on Пон 05 Јан 2009, 17:50

    е како си знаеш.Паметно прасенце на дада

    Во мојата мала(и не баш) библиотека преовладуваат енциклопедии, психолошко-фолософски книги и чат-пат се наоѓаат книги со необични крими приказни(како книгиве од Пол Остер).
    Ме мрзи да набројувам наслови многу ги има.

    И неможам да прекинам да купувам изданија на Ѓурѓа.Книгите се по 100 денари а авторите се магнет за мене(Јунг,Фројд,Фром...) love

    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења: 20070
    Местолокација: вселена
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Моја библиотека

    Пишување by balAlajkA on Пон 05 Јан 2009, 20:49

    Домашната библиотека ми е мое мало богатство со кое се гордеам кое грижливо си го чувам. Моите ми дадоа скромна основа за неа, а желбата еден ден да имам ѕидови од книги се надевам дека ќе ја реализирам низ годините.
    од наследството се неколку романи на српско-хрватски, во преубав тврд повез, специјално издание на библиотека Мона Лиза, меѓу кои 2 тома `Ана Каренина` на Толстој, `Роднината Бет`, македонски изданија на Џон Голсврди, `Сага за Форсајтови`, и моите омилени: `Мостот на Дрина` од Селимович, `Пантелејмон и посетителките`, 3 тома `Селидби` од Милош Црњански, `Избор песни` од Шопов и Јаневски...

    моите книги се главно собирани како награди од поетски читања, конкурси, подароци и се разбира, оние кои сама си ги купувам од мераци.
    Најмногу имам поезија, посебно ми е драга детската, од Славко Јаневски, Катица Ќулавкова, Петар Башески, Ненад Џамбазов, и едно 50 изданија за најразлични поетски вкусови Шекспир, Шопов, Џепароски, Зимски, Превер, Конески, Рацин, Јоциќ...

    Драмите се некаде 20 на број, претежно од Василе Димески и други прилепски драматурзи, и се разбира, неизбежниот Шекспир.

    Романите се исто 20 тина, претежно македонски, а особено ги сакам и чувам петте различни изданија од омилената книга `Робинзон Крусо` на Даниел Дефо, еден ден се надевам дека ќе го имам и англиското издание.

    Стручна и англиска литература, во изобилство... еден куп речници, лексикони, прирачници, граматики...

    се најдува по некоја книга со историска тематика, политичко-идеолошки (под влијание на цимерката се збогати значително и тој фонд), книги за готвење, медицина, народна медицина и тро психологија.

    има некаде над 150 книгички...
    последно библиотеката се збогати со два подароци, "Dragonfly Bones", David Cole и "The Queen's Man", Sharon Kay Penman.

    Бегемонт

    Мислења: 230
    Местолокација: Грибоедов
    Зачленет на: 2008-11-16

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Бегемонт on Сре 28 Јан 2009, 00:04

    Алистер Кроули - Магика без солзи
    Алистер Кроули- 777
    Алистер кроули-Атлантида
    Алистер Кроули-Магика
    Алистер Кроули-Мали есеи за вистината
    Алистер кроули-Тао те кинг
    Алистер Кроули-Законот за сите
    Алистер Кроули-Астролигија
    Алистер Кроули-Осум лекции за јога
    Алистер Кроули-Рамнодневница на Боговите
    Елифас Леви-Трансцедентална Магика
    Олдус Хаксли-Врати на Перцепцијата
    Олдус Хаксли-Прекрасен нов свет
    сигмуд Фројд- Тотем и Табу
    Сигмуд Фројд-Толкување на соновите
    Фридрих Ниче-Така зборуваше заратустра
    Фридрих Ниче-Како постанав тоа што сум
    Буглаков-Мајсторот и Маргарита
    Полиците се докрај исполнети ... но ова е битното.

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-09

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Phoenix on Сре 28 Јан 2009, 00:05

    од аха нокри . пакетите а?

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-09

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Phoenix on Сре 28 Јан 2009, 00:06

    Олдус Хаксли-Врати на Перцепцијата ејјјјј луд на кој јазик ја имаш ?

    Бегемонт

    Мислења: 230
    Местолокација: Грибоедов
    Зачленет на: 2008-11-16

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Бегемонт on Сре 28 Јан 2009, 00:07

    Да од него и , мој труд малку..
    Вратите на на српски се . Шо мака тупив за нив.

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-09

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Phoenix on Сре 28 Јан 2009, 00:08

    ах никаде бе нема македонска верзија сите библиотеки во ск ги пребарав,, ми ја врати надешта за момент ахх

    Бегемонт

    Мислења: 230
    Местолокација: Грибоедов
    Зачленет на: 2008-11-16

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Бегемонт on Сре 28 Јан 2009, 00:10

    Абе ја имаше една куќа , знам кога ја купуев прекрасен нов свет позди пишеш дека и вратите се издадени на македонски .. но по книжарите ја нема .. тоест ја нема во три ..

    Бегемонт

    Мислења: 230
    Местолокација: Грибоедов
    Зачленет на: 2008-11-16

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Бегемонт on Сре 28 Јан 2009, 00:11

    Па читни а на српски.

    Phoenix

    Male Мислења: 8242
    Местолокација: Скопје
    Зачленет на: 2008-10-09

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Phoenix on Сре 28 Јан 2009, 01:16

    не ги разбирам убаво книгите ако не се на македонски приглуп сум

    Dirge
    Грофица.
    Грофица.

    Female Мислења: 5828
    Зачленет на: 2008-09-14

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Dirge on Сре 28 Јан 2009, 02:10

    Бегемонт напиша:Алистер Кроули - Магика без солзи
    Алистер Кроули- 777
    Алистер кроули-Атлантида
    Алистер Кроули-Магика
    Алистер Кроули-Мали есеи за вистината
    Алистер кроули-Тао те кинг
    Алистер Кроули-Законот за сите
    Алистер Кроули-Астролигија
    Алистер Кроули-Осум лекции за јога
    Алистер Кроули-Рамнодневница на Боговите
    Елифас Леви-Трансцедентална Магика
    Олдус Хаксли-Врати на Перцепцијата
    Олдус Хаксли-Прекрасен нов свет
    сигмуд Фројд- Тотем и Табу
    Сигмуд Фројд-Толкување на соновите
    Фридрих Ниче-Така зборуваше заратустра
    Фридрих Ниче-Како постанав тоа што сум
    Буглаков-Мајсторот и Маргарита
    Полиците се докрај исполнети ... но ова е битното.
    шо убаа библиотека си имаш rock and roll

    јас ги имам овие книги но за жал во електронска верзија

    danna*shoe

    Female Мислења: 6846
    Местолокација: секаде, тука, тамо..
    Зачленет на: 2008-10-24

    Re: Моја библиотека

    Пишување by danna*shoe on Пон 09 Фед 2009, 02:12

    имам нови книги со детски песнички од една кочанска писателка и еден ден ке им ги читам на децата мои хххахха

    Beholder
    Ало бре, није ти ово Техеран!
    Ало бре, није ти ово Техеран!

    Male Мислења: 643
    Зачленет на: 2008-09-15

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Beholder on Пон 09 Фед 2009, 03:07

    имам скромна бибилиотека исполнета со атласи, разни романи, енциклопедии и моите омилени изданија на Ленин и Маркс

    Ѕвезда
    Круг
    Круг

    Мислења: 144
    Местолокација: Универзум
    Зачленет на: 2009-03-30

    Re: Моја библиотека

    Пишување by Ѕвезда on Саб 04 Апр 2009, 00:21

    Претежно книги за Јога...и вежби за Јога
    Карл Густав Јунг-Психологија и Алхемија
    Карл Густав Јунг-Човек и његови симболи.
    Моќ Ума-тајне менталне магије-Vilijem Voker Etkinson
    Психонаути унутрашњух светова-Живорад Михајловиќ Славински и др книги од истиот автор
    Биоенергија-Драго Плеќко.
    Книга за Чакри

    Има таму уште нешто...нио овие највеќе ми се допаднаа од прочитаното.

      Сега е точно Пон 20 Окт 2014, 13:11