Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Share

    Poll

    Дали е Русија светски фактор број 1?

    Општо гласови: x
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 30 Jул 2009, 19:14

    Администрацијата на претседателот на САД Барак Обама не ја исклучува можноста Русија еден ден да стане членка на НАТО, изјави помошникот-државен секретар за Европа и Евроазија Филип Гордон пред пратеници од Долниот дом на американскиот Конгрес.

    Според Гордон, вратите на НАТО треба да бидат отворени за сите демократии во Европа.

    „Ако Русија ги исполни критериумите и ако може да придонесе за заедничката безбедност, и ако во Алијансата има согласност по прашањето, тогаш Русија не треба да биде исклучена од неа“, рече Гордон.

    Помошникот-државен секретар додаде дека Вашингтон го поддржува влезот на Русија во Светската трговска организација.

    „САД сакаат да ја видат Русија во СТО, но темпото, со кое Русија ќе се придвижи кон таа цел зависи од самата неа“, рече Гордон.

    Извор А1.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 30 Jул 2009, 19:14

    Русија во НАТО , што е ова априлска шега или некој добар виц ?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Пон 03 Aвг 2009, 00:50

    zaptija stojkovski напиша:Русија во НАТО , што е ова априлска шега или некој добар виц ?

    И јас го слушнав тоа. Нема врска. Нема смисла. Русија во НАТО кога САД ќе излезе надвор. Не дека се толкави непријатели (денес) ама ипак нема врска тоа.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 03 Aвг 2009, 00:54

    НАТО беше формиран само за да другите се заштитат од Русија. Сега ќе бараат во НАТО. Што е наредно ќе сакаат Осама Бин Ладен да го направат католик?
    Ако цел свет влезе во НАТО тогаш која е смислата на неговото постоење?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Пет 25 Сеп 2009, 23:55

    Инаку, Русија во моментов изби на прво место на производители на нафта. Значи, кога во светот владее рецесија и безпарица, од нигде - никаде Русите „загосподарија“ со црното злато.
    Секоја чест на планската игра, на тактиката и трпеливоста. Во право време си ја заграбија водечката улога. Нема веќе сомнеж дека Русија е фактор во политичкиот свет.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 26 Сеп 2009, 00:11

    Сега Русија произведува скоро половина милион барели нафта дневно повеќе од Саудиска Арабија.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 14 Ное 2009, 16:32

    Во последно време Руската армија добива на големина, Иако светот полека се движи кон глобалното село границите се уриваат а пазарите унифицираат и слични излитени фрази и глупости, армиите на најголемите светски сили наголемо се надмудруваат тактизираат и ...

    Во одсуство на финансии еве како одговорија Русите на модерните мултибилионски Амерички сателитски програми...покажувајки како и најскапите машини стануваат бескорисни соочени со трошка човечка инвентивност....


    Русија буквално ги напумпаа воените потенцијали....





    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 04 Мар 2010, 00:49

    Путин бара нов Стратегиски Бомбардер!

    Путин бара модерна Авијација за модерни времиња. Ловецот веќе го имаат сега на ред е Стратегиски Бомбардер. Сега форсираат стелт технологија.

    Текстов е на Англиски се надевам дека нема да пречи тоа.

    http://www.breitbart.com/article.php...show_article=1

    Putin: Russia to build new strategic bomber

    Mar 1 02:53 PM US/Eastern
    By VLADIMIR ISACHENKOV

    Associated Press Writer

    MOSCOW (AP) - Prime Minister Vladimir Putin said Monday that Russia will build a new strategic bomber, a move that comes as the nation tries to upgrade its aging military arsenal.

    Putin said in televised remarks that work on the bomber must follow the development of a prospective stealth fighter, which made its maiden flight in January and was hailed by the government as a big step in military modernization efforts.

    "We won't limit ourselves to just one new model," Putin said at a government meeting that focused on military aviation. "We must start work on a prospective long-range aircraft, our new strategic bomber."

    Putin didn't mention any details in his public remarks, but said that the development of new aircraft engines, materials for aircraft construction and electronics will be the top priorities.

    The chief of the Russian long-range aviation, Maj. Gen. Anatoly Zhikharev, said earlier this year that a prospective new bomber must join the air force in 2025-2030. Zhikharev said the new aircraft should replace the Soviet-built Tu-95 and Tu-160 strategic bombers.

    While the first flight of the new stealth fighter, the T-50, was cheered by the government, observers noted that it came nearly two decades after the first prototype of the U.S. F-22 Raptor took to the air.

    No images of the prospective new Russian strategic bomber have been published, but some commentators said it might follow the design of the U.S. B-2 bomber, which also made its first flight more than 20 years ago.

    Military analysts said that new Russian weapons programs have suffered from post-Soviet industrial degradation that badly affected the production quality and slowed down new developments.

    Putin acknowledged that the new fighter program is still in its early stage, adding that the aircraft will have to conduct about 2,000 test flights before it goes into production. He said earlier that the fighter's serial production is set to begin in 2015.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 16 Мај 2010, 18:45

    Русија не е помрдната од статусот светска сила повеќе од половина милениум.
    Ги победувала најголемите империи што биле империи за своето време како (Монголските орди? Тевтонските витези? Отоманската империја? Полско - Литванскиот комонвелт? Шведска на Чарлс велики? Прусија на Вилхелм Втори?
    Наполеоновата Француска и Третиот Рајх?
    И дали повторно се обновиле тие империи?
    Кога Русија нешто ќе уништи уништено е еднаш засекогаш.
    И тоа плус победувала при тоа што била исцрпена од претходните војни. Како на пример пред втората светска војна душана им била излезена од:
    15 милиони жртви во Октомвриската Револуција и
    20 милиони жртви од режимот на Сталин (до крајот на владеењето од Сталин таа бројка достигна 30 милиони жртви).

    А какви „Империи“ има победено САДsto
    Филипини, Ел Салвадор, Хондурас, Костарика, Панама, Гватемала, Гренада, Куба, Хаити, Доминика, Доминиканска Република, Перу, Лаос, Кампучија, ДР Конго, Ангола... Многу јаки империи има победено САД.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Пон 28 Јун 2010, 03:33

    zaptija stojkovski напиша:Русија не е помрдната од статусот светска сила повеќе од половина милениум.
    Ги победувала најголемите империи што биле империи за своето време како (Монголските орди? Тевтонските витези? Отоманската империја? Полско - Литванскиот комонвелт? Шведска на Чарлс велики? Прусија на Вилхелм Втори?
    Наполеоновата Француска и Третиот Рајх?
    И дали повторно се обновиле тие империи?
    Кога Русија нешто ќе уништи уништено е еднаш засекогаш.
    И тоа плус победувала при тоа што била исцрпена од претходните војни. Како на пример пред втората светска војна душана им била излезена од:
    15 милиони жртви во Октомвриската Револуција и
    20 милиони жртви од режимот на Сталин (до крајот на владеењето од Сталин таа бројка достигна 30 милиони жртви).

    А какви „Империи“ има победено САДsto
    Филипини, Ел Салвадор, Хондурас, Костарика, Панама, Гватемала, Гренада, Куба, Хаити, Доминика, Доминиканска Република, Перу, Лаос, Кампучија, ДР Конго, Ангола... Многу јаки империи има победено САД.

    Британија,Шпанија,Франција,Немачка,Јапонија.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 28 Јун 2010, 19:52

    prozaque напиша:Британија
    Велика Британија во 1812 година,што дека ја победи кога и после тоа уште долго време го колонизираше светот.
    prozaque напиша:Шпанија
    Во 1898 година Шпанија не беше до тој степен силна како што била пред некој век
    prozaque напиша:Франција
    А тоа што Француска влезе во американската војна за независност (1775-1783) во 1778 , и помогна во победата на Американци кои бараат независност од Велика Британија (остварен во 1783 Договорот од Париз ).
    prozaque напиша:Немачка
    80% од загубите на војската Третиот рајх се од СССР, а Американците беа јаки тука само на цивили - Масакрот во Дрезден.
    prozaque напиша:Јапонија.
    Со 2 атомски бомби тоа е победа на педерски начин.

    И дали САД во секоја од овие војни биле исцрпени од некоја претходна војнаsto
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Вто 29 Јун 2010, 19:41

    Америка ги победи Британија кога беа во зенитот.И тоа со инфериорна армија, ама супериорен начин на војување.Всушност борбата за незавнисност од Британија ги положи основите на герилското војување..не е важно дали после кралицата садела домати во Шкотска или го колонизирале Јужниот Пол.

    Приказната е иста со Шпанија.Успеа да му ги одземи Тексас и Калифорнија во кои беа најстратешки колонии на Шпанија во Северна Америка.И тоа рачунај доста млада земја беше тогаш Америка.

    За Франција важи дека ја победоа кога беше во лабилна состојба..

    А за Други Светски Рат..точно е дека Русија ги даде најголемите жртви..оти имаше најмногу популација.Бројноста ги спаси..Да му дадеа по една вила и камен на секој војник пак ќе ја победеа Немачка.Тотално нерационално војување на сметка на човечките животи.А ако Америка не го отвореше вториот фронт на запад ситуацијата ќе беше поинаква.90% од германската индустрија беше сконцетрирана на Запад.Да не прајме муабет за по-стратешкиот терен(фројдовите во Нормандија, ридовите во Франција, мостовите во Холандија,Ардените во Германија, за разлика од русите кои напредуваа на низина.Можеше да има уште еден пресверт во војната или со сигурност војната ќе траеше најмалце уште 3 години повеќе.

    Ако војната е најсуровиот начин на спроведувањето на надворешната политика тогаш Русите имаат сосема мало поле за манипулација.Ако Русија беше толку голем фактор кои се резултатите од таа политика?Mу се курчи на Грузија, Полска, Украина..за разлика од Америка која има поставено про-американски влади на секој ќош на светот.Во дворот на Русија им се.Почнувајќи од ракетниот штит кој е поставен во североисточна Туција, до Маршалските Острови во Пацификот.Кај е тука Русија?Фрла со банани од Хавана до Мајами? :)



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 30 Јун 2010, 14:37

    Русија ако сака може било која држава да ја спречи да се припои кон НАТО.
    Кога интервенираа во Грузија во август 2008 заради тоа што сакаше да влези во НАТО на ЛОБОСОТ Михаил Саакашвили еднаш засекогаш му го рушија тој NATO DREAM. Грузија користеше оружје по НАТО стандарди, а Русите оружје од 80-тите години. И каде е сега Саакашвили со неговите амбиции за влез во НАТО??

    А што дека НАТО има поставено антиракетни чадори кога Русија има „УБИЕЦ“ на антиракетни чадори, а тоа е ракетниот систем ТОПОЛ-М, којшто го заобиколува или пак го „надмудрува“ антиракетниот чадор.

    Друго соседите на Русија ако и се курчат ќе ги реши на многу „фин“ начин (Како што го направи тоа со Полска на 18 август 2008 година кога врнеше град со големина на тениско топче и уништи бааги голем дел од овошките и расадите.
    Тоа „климатско оружје“ Русија го имала уште во 70-тите години.

    Русија и нејзината моќ нагло паднаа после распадот на СССР предизвикан од ЛОБОСИТЕ Горбачов и Елцин, но сегашната Русија не е тоа што беше пред 15-20 години. Денешна Русија е една од 4 земји со најбрз економски развој, земја што снабдува други земји со ресурси, правејќи ги зависни. Земја на која влијанието нагло расте...

    Русија годинава ќе има 4-5 пати поголем буџет од оној во 2000-та година. Оваа земја годинава планира да издвои преку 25 милијарди долари само за модернизација на армијата, а во наредните неколку години Русија планира да потроши преку 180 милијарди долари само на модернизација на својата армија. Целта на Русија е до 2017 година да ја достигне воената моќ и борбената готовност на нивото на бившиот СССР и да постане конкурент во улогата на светски полицаец, која што во моментов монополски ја држат Американците. Сепак, Русија има десетина пати помал воен буџет од оној на СССР во 1990 година
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Сре 30 Јун 2010, 19:52

    Аха, значи темава е за навивање на Русија да стани светски фактор бр.1?Или можеби претпоставка..некогаш во иднина..јас си мислев дека денес веќе е.Оти за сега ја има наклонетоста на истите потрчковци од Варшавскиот Пакт.Само шо му киднаја Бугарија и Романија.А Унгарците нејќат да ја смислат, дури и по цена нивната влада да ја застапува политиката на Танзанија или Того..само да не биди руска.Кинезите си терат друга политика, Јапонците такоџе а односите со исламскиот свет не се баш најдобри, откако на големата Русија, чувар на православието започнаа да му се котат муслимани.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 01 Jул 2010, 18:30

    Абе воопшто Русија не им е крива на Бугарија, Унгарија и Романија за тоа што се на дното од ЕУ.
    А со Кина се разбира дека се вечни сојузници и тешко може меѓу тие две држави да има сериозен конфликт.

    А дополнително Русија ќе го јакне влијанието со најновиот стратешки партнер Немачка.
    Таа оска е удар врз англосаксонските погледи на светот.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 03 Jул 2010, 21:59

    prozaque напиша:јас си мислев дека денес веќе е.
    Па се лажеш со тоа дека Русија е СВЕТСКИ фактор број 1. Не се светски фактор број 1 туку - ВСЕЛЕНСКИ ФАКТОР БРОЈ 1.
    avatar
    Bender
    Bender Bending Rodrigez
    Bender Bending Rodrigez

    Male Мислења : 19228
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Bender on Саб 03 Jул 2010, 22:10

    zaptija stojkovski напиша:
    prozaque напиша:јас си мислев дека денес веќе е.
    Па се лажеш со тоа дека Русија е СВЕТСКИ фактор број 1. Не се светски фактор број 1 туку - ВСЕЛЕНСКИ ФАКТОР БРОЈ 1.

    Море заптијо дали вселената е бесконечна како и твоите луди идеи ... до кога ќе се мамиш себеси дека Русија има некакви конци во светот се знае дека Израел е фактор број 1 тије ја водат и Русија и све околу неја зад себе ги имаат сите христијански земји... од секогаш Израел бил управувач на светот во кој што живееш...


    ---------------------------------------------------------------------------
    Hey sexy mama, wanna kill all the humans?
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 03 Jул 2010, 22:17

    God of Thunder напиша:Море заптијо дали вселената е бесконечна како и твоите луди идеи ... до кога ќе се мамиш себеси дека Русија има некакви конци во светот се знае дека Израел е фактор број 1 тије ја водат и Русија и све околу неја зад себе ги имаат сите христијански земји... од секогаш Израел бил управувач на светот во кој што живееш...
    Хахаха. За време на владеењето на Сталин кастрирал 30 милиони Руси. Информирај се за тоа колку милиони од тие Руси биле со Еврејско потекло.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 08 Jул 2010, 15:34

    Русија станува клучен нафтен снабдувач за САД
    САД се позависни од руската нафта. Нафтоводот Источен Сибир - Тихи Океан, дизајниран за извозот на црниот злато на Азиско-Пацифичкиот пазар е клучен за зголемувањето на извозот на руската нафта во САД, пишува во денешниот број весникот Вол Стрит Журнал.
    Увозот е пораснат од нула на 100.000 барели дневно, само неколку месеци по пуштање во употреба на нафтоводот "Источен Сибир", се вели во американското издание.
    Аналитичарите од Британија тврдат дека САД ја зголемуваат разновидноста на своите нафтени извори, бидејќи земјите-членки од ОПЕК кои историски се клучни снабдувачи на САД, поголемиот дел од нафтата го испраќаат во Азија.
    Експертите со став, руската сурова нафта ќе има големо значење за иднината на САД.
    Истовремено увозот од другите американски снабдувачи како Мексико, константно опаѓа.
    Инаку, Русија е прв светски производител на сурова нафта и втор увозник по Саудиска Арабија.
    Руската нафтена индустрија со децении се поврзуваше со скандали кои го покренаа прашањето за способноста Русија да биде долгорочен снабдувач од доверба.

    Извор A1

    Она што се предвидуваше, полека почнува да се исполнува. Зависноста од нафтата на големите сили ќе ја направи Русија најмоќен играч на светската сцена (а и пошироко).
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Пет 09 Jул 2010, 23:27

    На влезот и излезот од Детроит (!!!)има бензински пумпи - ЛукОил!
    Нешто кажува тоа.
    Ако не воен, фактор кој ги контролира енергенсите, сигурно е Русија! А и допрва ќе биде!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 10 Jул 2010, 13:03

    Eкономиите на САД и на ЕУ ќе имаат потреба од нафта која тешко дека ќе можат да ја заменат со друг ресурс, а како што продолжува да се топи Арктичкиот мраз, Русите ќе добијат пристап до огромните резерви на нафта во Северното море.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 12 Jул 2010, 20:36

    Русија поседува 20% од светските резерви на црното злато.
    Ако не е црното злато тогаш тука е житото и правењето гориво од него. Русија има најголем потенцијал за производство на житни култури.
    Ако не е житото тогаш тука е гасот....и така натака.
    А светот е пред голема енергетска криза...
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Toecutter on Вто 13 Jул 2010, 23:13

    Русија поседува 60 милијарди барели нафта према проценетите резерви.Ирак поседува 95 милијарди.
    Русија не поседува ни 2% проценти од светските резерви.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 14 Jул 2010, 01:44

    ^ Сега очекувај жестоко негирање од Заптијава вакака. Могуќе је да е нелогично ама ипак очекувај
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Сре 14 Jул 2010, 02:21

    Toecutter напиша:Русија поседува 60 милијарди барели нафта према проценетите резерви.Ирак поседува 95 милијарди.
    Русија не поседува ни 2% проценти од светските резерви.
    Тоа, најверојатно се официјални бројки. Можеби треба да им се верува, можеби не смее. На Русија не и оди во прилог да дава бројки кои ќе служат во домашна употреба, колку нафта има во Сибирија. Можеби и сами не знаат што имаат во Сибирското плато.
    Но, доколку тие податоци се точни, тогаш Русија не ни може да условува на нафтен план.
    Од друга страна пак, земниот гас и нафтата кореспондираат. Ако има земен гас, има нафта.
    Русија има гас во големи количини. Нафта, би требало во уште поголеми (10:1)

    Патем, добредојде!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.

    Sponsored content

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:43