Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Share

    Poll

    Дали е Русија светски фактор број 1?

    Општо гласови: x
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 14 Jул 2010, 22:58

    Toecutter напиша:Русија поседува 60 милијарди барели нафта према проценетите резерви.Ирак поседува 95 милијарди.
    Русија не поседува ни 2% проценти од светските резерви.
    Не зборувам само за Русија колку има нафта туку заедно сосе Арктикот.
    А Русија во летото 2007-ма, постави свое знаме под морето на Северниот пол, кое би го обележала својот суверенитет и делот што таа ќе го има на Арктикот. А Арктикот исто така има бааги резерво на нафта и гас.
    Според рускиот академик Јуриј Фортов, тоа се најголемите или барем вторите по обем залихи на нафта и на гас во светот, проценети на "стотици трилиони долари"
    А еве ќе ти хостирам две слики иако се бааги стари да видиш колку нафта произведува и колку СССР кон крајот на 80-тите има од светските резерви на нафта.



    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Toecutter on Сре 14 Jул 2010, 23:18

    Priest напиша:
    Toecutter напиша:Русија поседува 60 милијарди барели нафта према проценетите резерви.Ирак поседува 95 милијарди.
    Русија не поседува ни 2% проценти од светските резерви.
    Тоа, најверојатно се официјални бројки. Можеби треба да им се верува, можеби не смее. На Русија не и оди во прилог да дава бројки кои ќе служат во домашна употреба, колку нафта има во Сибирија. Можеби и сами не знаат што имаат во Сибирското плато.
    Но, доколку тие податоци се точни, тогаш Русија не ни може да условува на нафтен план.
    Од друга страна пак, земниот гас и нафтата кореспондираат. Ако има земен гас, има нафта.
    Русија има гас во големи количини. Нафта, би требало во уште поголеми (10:1)

    Патем, добредојде!

    Добро ве најдов :)
    Официјалните бројки почесто се прикажуваат поголеми отколку обратно.Пример е ОПЕК и нејзините членки кои ги пумпаат редовно податоците.

    zaptija stojkovski напиша:
    Toecutter напиша:Русија поседува 60 милијарди барели нафта према проценетите резерви.Ирак поседува 95 милијарди.
    Русија не поседува ни 2% проценти од светските резерви.
    Не зборувам само за Русија колку има нафта туку заедно сосе Арктикот.
    А Русија во летото 2007-ма, постави свое знаме под морето на Северниот пол, кое би го обележала својот суверенитет и делот што таа ќе го има на Арктикот. А Арктикот исто така има бааги резерво на нафта и гас.
    Според рускиот академик Јуриј Фортов, тоа се најголемите или барем вторите по обем залихи на нафта и на гас во светот, проценети на "стотици трилиони долари"
    А еве ќе ти хостирам две слики иако се бааги стари да видиш колку нафта произведува и колку СССР кон крајот на 80-тите има од светските резерви на нафта.





    На целокупниот Арктик има уште околу 90 милијарди барели нафта која теоретски би можела да се експлоатира.На цел Арктик има помалку нафта отколку во Ирак.Плус е на 25 различни локации од стотиците кои се испитувани.
    Без разлика дали ставиле знаме, Арктикот се уште нема ни редовни пловни рути за некаква експлоатација би требало цената на барел да е четирицифрена за да се исплати.

    Тоа „проценети на стотици трилиони“ е малку несериозно бидејќи во тој случај би требало да имаат нафта каде и да бушат по цела Русија.
    Годишниот БДП на цел свет е околу 65 трилиони па сега сметај...

    И тоа со суверенитетот е политичка игра - популизам.
    Има меѓународни договори по кои 12 наутички миљи се територијални води а уште 200 миљи би можеле да се прогласат како ексклузивна економска зона во вонреден случај.
    Со тоа што русите ставиле некакво знаме под вода си дале право дека севениот пол е нивни или...sto
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 09 Aвг 2010, 16:00

    Русија сака поморски бази во Турција или во Грција

    Русија ја разгледува можноста за отворање своја поморска воена база во Грција или во Турција, изјави командантот на руската поморска флота, адмиралот Владимир Висоцки


    Според Висоцки, Русија е заинтересирана да го прошири присуството на своите поморски сили во странство без да брза, при што кога станува збор за Црно Море и за источниот Медитеран, најадекватни локации се Грција или Турција.

    Грчкиот весник „Катимерини“ оценува дека модернизацијата на руската база во сириското пристаниште Тартус, како и пројавениот интерес за база во Грција или во Турција, го потврдува интересот на Москва за засилено руско воено присуство во источниот Медитеран. Според весникот, таквиот чекор на Русија е одговор на информациите дека САД се подготвуваат за распоредување радарски систем во Турција или во Бугарија, како дел од противракетниот штит во Јужна Европа.

    Извор www.novamakedonija.com.mk

    Со ова може да се каже дека продолжува забрзано ширењето на влијанието и интересите.
    И уште бааги бази имат да изградат Русите.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сашо комшијана on Пон 09 Aвг 2010, 16:05

    Абе, така а ! А русиве нека градат бази во европа (отпоќе материјал имале, цемент,усје и сл) Шо ти копаше очи градењето Амерички бази во Полска, Чешка??

    И за инат твој !!! Русите нема да градат во Македонија... лалалалал ::PP
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пон 09 Aвг 2010, 16:21

    Па кога можат Јенките да градат база на Бондстил Косово тогаш зошто Русите да не изградат во Ниш што ќе се отвори до крајот на годинава.
    Или пак кога Јенките можат во Киргиска тогаш зошто да не изградат и Русите?

    Сето тоа е што Русија гради бази во истите држави каде што има САД да и создава противтежа.
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сатан Панонски on Сре 25 Aвг 2010, 17:39

    Македонија и Русија наскоро ќе потпишат Договор за пријателство

    Македонија и Русија се очекува наскоро да потпишат Договор за пријателство и соработка, а постои и голема можност рускиот претседател Дмитриј Медведев да ја посета Македонија.

    Ова денеска во интервју за руската агенција ИТАР ТАСС го изјави Дарко Костадиновски, Државен советник за надворешна политика на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.

    „Оценка и определба на раководствата на двете земји е дека односите на нашите две држави се стигнати на ниво кога треба да се официјализираат со Договор за пријателство и соработка, односно дека веќе подолго време се созреани условите за еден таков чекор“, изјави Костадиновски.

    Тој истакна дека оваа иницијатива, за која што е неопходна политичка волја, е стара и дека претседателот Иванов веќе и дал поддршка.

    „Таква волја кај нас е присутна бидејќи веруваме дека таквиот договор ќе биде поттик за континуиран политички дијалог и секако за уште поинтензивна соработка во повеќе области, пред се во економијата, енергетиката, културата, образованието, туризмот, и друго“, вели Костадиновски.

    Тој изрази надеж дека потпишувањето на тој Договор ќе се случи наскоро и тоа од страна на двајцата претседатели при средба во Македонија.

    „На средбите кои Претседателите Иванов и Медведев ги имаа во Русија, можеше да се забележи дека Претседателот Медведев е запознат за големото духовно, културно, христијанско наследство со кое изобилува нашата земја, и искажа желба доколку неговата агенда дозволува одблиску да се запознае со Македонија, што за Република Македонија и нејзините граѓани ќе биде особена чест и задоволство“, рече Костадиновски.

    Тој укажа дека Македонија особено го цени тоа што Руската Федерација како еден од најзначајните фактори на светската геополитичка сцена, е земја која безрезервно го поддржува уставното име на Република Македонија.

    извор - http://tocka.com.mk/
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 25 Aвг 2010, 20:31

    Ова е добро. Тоа значи постепено оддалечување од НАТО.
    Конечно нешто паметно од наша страна.
    Промените во Русија ако се во позитивна насока ќе влијаат позитивно кај Македонија и другите Словенски народи.
    Да се надеваме дека овој пат нема да паднат повторно под туѓи влијанија.

    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 25 Aвг 2010, 20:48

    oддалечување од нато... ах бре заптијо, ах...
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 25 Aвг 2010, 20:55

    Уште едно УЛТРАСТЕРЕОТИПНО и УЛТРАПЕСИМИСТИЧКО размислување.

    Стереотипите во Македонија знаат дека Русија од нас немала корист ниту ние сме имале од нејзе, џабе е било каков муабет со овие луѓе, џабе се аргументи, џабе се факти, џабе е логика, стереотипот си е врежан во нивните глави и нема спас.

    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Сре 25 Aвг 2010, 21:22

    Историјата така пожала Заптија.Браќата Руси ни го турија и за време на Инфобирото и за време на договорот во Букурешт.Се шо сакала Русија е само уште едно послушно сателитче за да можи да си ги остварува интересите.Прашај некој обичен граѓанин од бившите сателити на СССР да видиш колку пријатни зборови имаат за нивните словенски браќа Руси.А и веќе "словенски браќа" e излитен штос за перење мозок на народот.Сега е актуелно анти-НАТО, анти-Америка.Као Америка и нејзиниот инструмент НАТО е единствениот империјалистички фактор во светот, па сега Русија во името на доброто и просперитетот на светскиот граѓанин, застанува во сестрана и алтруистичка одбрана.Ми се гади и од НАТО и од Америка, ама и од лицемерната пуштена рака на Русија.Ни ветуваат гасоводи и други социо-економски придобивки за да бидиме послушни песови.За да свиткаме кичма и да скандираме против западните влијанија.Македонија останува само една курва од држава, неспособна за оформување (барем) на една локална надворешна политика.Затоа другари и другарки, господа и госпоѓи, про-руси или про-еу, нато, плакатите в раце...и напред!За перење на мозок и лажење на самите себеси.Дрвете го на Со-лајна или Путин.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 25 Aвг 2010, 22:31

    Русија во 1913 година,а и пред тоа беше владеена од НЕРУСКИ ЕЛЕМЕНТИ. Низ историјата владеена е од Западни Кралски фамилии, Евреи итн...Али Русија е правата Русија кога е во рацете на Славјанинот. Друга работа како можела Русија нам да ни помогне кога не сме сакале сами ние да си помогнеме? Ја оцрнуваш Русија со Инфобирото и Букурешт, а забораваш да го наведеш тестирањето на НАПАЛМ - ФОСФОРНИТЕ бомби од Англосаксоните на Royal Air Force и Јенките кои исто така имаа удел со финансирање при којшто од тоа загинаа 22000 наши во Беломорска Македонија.
    А јас во ниту еден случај не сакам да ја амнестиран Русија за војните против Славјанските држави Полска 1939, ЧССР 1968. Каде сретна мој пост јас да ги величам тие агресии од Русија? Не сум слеп поддржувач на нечиј империјализам.
    Али имало на времето една поговорка само не знам од кој мислител беше ама гласеше „Боље Русот да те пороби отколку Амерот да те ослободи“.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Саб 28 Aвг 2010, 22:57

    Русија знае дека Македонија ако треба ќе стави коњски заби за да влезе во НАТО и сеуште ни е пријател? Се ни е простено?

    Оти, како што знам, земји како Украина и Грузија, кои сакаа НАТО, исто како нашата држава, го попушија ногу добро од нивниот сакан руски брат.

    Затоа ми е чудно. Во Македонија влезе Американса чизма, а Русија сака да ни биде френд.
    Нешто има тука, нешто е .... чууууудно!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сашо комшијана on Нед 29 Aвг 2010, 00:07

    Не бе, шо е то чудно.. Медведев и Путин пред неколку дена ослепеа и оглувеа.. Греои... Сеа не знаат шо праат, ама пусто, многу не сакаат крвта вода не е, да се разбериме
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 29 Aвг 2010, 00:37

    Немојте бе луѓе со вакви коментари ќе ме направите од утре да станам АНТИРУС.
    Русија е свесна дека Македонија ќе влезе во НАТО на 30 Февруари.
    А и Украина беше за во НАТО но им дојде умот видоа дека од големите (лажни) ветувања на ЕУ, НАТО и САД ништо не бидуват. Ветувања ЗЛАТА, ДИЈАМАНТИ, А ДАВАЊЕ ВЕТАР И МАГЛА.
    Така да и во Србија кога ќе дојде на власт Војо Шешељ и таа исто ќе се сврти кон Русија.

    А ако не сте знаеле пилотите на Сухоите во војната 2001 беа Руси. Ако не сте прочитале Има и друг нешто да се прочита на светов алоооо…
    А од каде ние со Русите заедничко (иста вера, јазик, писмо, култура, традиции, презимиња којшто завршуваат на ски) оти немаме ништо заедничко нели, така ни се сонило аsto
    Или пак на Енглеска од каде им текнало за односите со САД, Канада и Австралија, оти немаат ништо заедничко, онака им текнало на дечките ај ќе се дружиме. Или пак на Норвешка и Шведска или пак Босна случајно е блиска со Турција оти немаат ништо заедничко.


    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сашо комшијана on Нед 29 Aвг 2010, 00:45

    Влегла македонија или не влегла, си избра таа страна, а добро ја знаеш која страна ја одбра, така да немам што друго да ти кажам во врска со тоа. 30 февруари е битен датум и за србите... тогаш шешељ ќе дојде на власт во србија Друго не знам што да додадам на твојава пропаганда
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 29 Aвг 2010, 00:59

    Хахаха, дефинитивно не знам како да ти помогнам за да сватиш.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сашо комшијана on Нед 29 Aвг 2010, 01:01

    Не си ти тука дојден да помагаш да сфатат луѓето, него да дадеш свое мислење.. Значи сите твои неистомисленици се несалам а ?
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 24 Сеп 2010, 18:44

    Русија главна на Арктикот
    МОСКВА СО СПЕЦИЈАЛНА СТРАТЕГИЈА ДО РЕЗЕРВИТЕ НА НАФТА И НА ГАС
    Русија главна на Арктикот
    Русија сака да биде главната сила во регионот на Арктикот, на кој свои права полагаат и САД, Канада, Данска и Норвешка, пишува лондонски „Тајмс“. Решението на руската Влада да организира специјална конференција во Москва за иднината на овој дел од Земјината топка, значи испраќање порака до сите претенденти дека станува збор за зона од примарен стратегиски интерес за Русија. Арктикот располага со една четвртина од светските резерви на нафта и на гас, како и со благородни метали. За политичарите овој регион е важен и затоа што со постепеното топење на арктичкиот мраз се отвора можност овој североисточен премин да се претвори во нов и многу пократок поморски пат од Азија до Европа. На Самитот во Москва главните играчи ќе се обидат да постигнат компромис, но сигурно нема да изостане обидот секоја земја одделно да го протурка својот интерес. Дополнителна жештина на битката за енергенти долева и тоа што пристапот до ова богатство станува се полесен поради драматичното топење на мразот на Арктикот. Во 2001 година Русија во ОН поднесе документ во кој тврди дека има дел од овој регион, но нејзиното барање беше одбиено поради недостог од докази. Москва тврди дека има еден милион квадратни километри повеќе од тоа што го пишува на картите, односно дека на нејзина територија влегува подводниот планински масив, Гребенот Ломонсов, во кој лежат 75 милиони барели нафта.Ова е повеќе отколку сегашните резерви на нафта на Русија. Московските амбиции излегоа на виделина пред три години, кога руска експедиција постави титаниумско знаме на дното на океанот под Северниот Пол за да ја означи својата територија. А, освен симболичниот чекор со знамето, Москва вложува огромни средства за инфраструктурата што треба да ги исполни нејзините амбиции. Во бродградилиштето во Санкт Петербург денес може да се види огромна метална чудна конструкција - половина брод, половина платформа.Нејзината изградба треба да заврши во 2012 година и таа ќе биде првата од осумте пловечки нуклеарни станици, кои Кремљ планира да ги постави покрај северниот брег, во близина на Арктичкиот круг. Нуклеарните реактори на овие станици треба да произведуваат енергија за руските платформи за нафта и на гас на Северниот Пол.
    - Овие пловечки станици имаат добар потенцијал и создаваат услови за истражување, експлоатација во Арктичкиот круг и за инсталирање платформи за дупчење за нафта и за гас - вели Сергеј Завјаланов, заменик-директорот на „Росенергоатом“. Тој нагласи дека работата на Арктикот е многу компликувана и опасна, па затоа мора да се обезбеди сигурно снабдување со енергија. Според Завјалов, изградбата на ваква станица чини 400 милиони долари, а таа може да обезбеди греење и електрична енергија за 45.000 луѓе. Нуклеарните пловечки станици може да останат на едно место 12 години пред да бидат однесени на сервис во Санкт Петербург. И додека првично е планирано да бидат распоредени до Арктичките бази низ северниот руски брег, Москва потоа планира да ги прераспореди на море во близина на големите платформи за гас. Додека се градат пловечките станици, руски поларни истражувачи неделава објавија дека ги зголемуваат напорите да обезбедат научен доказ што ќе ги убеди ОН дека гребенот Ломонсов и припаѓа на Русија. Истражувачите треба да земат примероци од почва од подводниот масив за да докажат дека гребенот е дел од руската почва. Москва сака ова истражување да биде комплетирано колку што е можно побрзо бидејќи планира Арктикот да стане главен руски извор на нафта и на гас до 2020 година. Но, проблем е тоа што и Канада смета дека оваа територија е нејзина. Додека руските научници сметаат дека ќе бидат потребни уште десет години за да се соберат доволно докази, тензиите со Канада и натаму растат.
    - Русија не сака конфликт со другите земји што го опколуваат Арктикот. Но, во практика никој не сака да се откаже од својата територија - вели Владимир Котлјаков, почесен претседател на Руското географско друштво. Стручњакот за Арктикот вели дека Русија ќе вложи огромни напори за да го задржи тоа што мисли дека е нејзина територија.
    - Секако можноста за конфликт постои, но нагласувам дека руските политичари сакаат компромис - вели Котлјаков. Аналитичарите велат дека и покрај ваквите изјави, Москва води двојна политика туркајќи напред кон сите фронтови со цел да стане доминантна сила во регионот, пред ОН да се изјасни за спорните територии. Иако Москва негира дека инсталира специјални воени сили и бази за да ги заштити своите интереси на Арктикот, таа веќе воведе нова крајбрежна стража, која е под контрола на разузнавачката агенција ФСБ. А, ова лето руски танкер со нафта направи рекордно патување низ Североисточниот Премин, кој ги поврзува рускиот северен брег со Атлантикот и со Пацификот. Државниот танкер со 70.000 тони нафта наменети за Кина е најголемо пловило што поминало низ преминот од Мурманск до Беринговиот Теснец. Оваа испорака се заврши за само две недели поради топење на арктичкиот мраз во летните месеци. Интересно е што патот низ Североисточниот премин од Русија до Азија, кој сега се отвора, е многу побрз од традиционалните патишта низ Европа, Суецкиот канал или Индија. Иако бродовите се уште мора да бидат во придружба на кршачи на мраз, ова е добра можност за Русија, која сака да продаде што е можно повеќе нафта и гас во азиските земји гладни за енергенти. Поттикнати од тврдењето на научниците дека Арктикот може да остане без мраз до 2030 година, руските власти се уверени дека Североисточниот Премин ќе стане главен пат за транспорт на енергентите во Азија.
    - Сега низ овој премин може да се плови пет или шест месеци во годината. А доколку изградиме поцврсти и подобри бродови, со наоѓање подобри патишта, може да го прошириме временскиот прозорец - вели Серегеј Франк, директорот на државната бродска компанија „Совкомфлот“. А, што е однесува до прашањето кому му припаѓа Арктикот, тој нема сомнеж дека Русија е правиот сопственик.
    - Поранешниот британски премиер Виснтон Черчил има позната изјава: Правилно или погрешно, се работи за мојата земја. Првата руска експедиција во овој регион е лансирана во 16 век. Ова е нашиот дом - вели Франк.
    Аналитичарите велат дека Русија технолошки прилично заостанува во однос на Европа, а ја нема ниту економската моќ со која сега располага Кина за да може да влезе во каква било трка со овој џин на својата источна граница, па затоа настојува по секоја цена да доминира во арктичкиот регион за да може да остане како енергетска, така и суровинска суперсила.
    Властите во Москва, исто така, сакаат да го задржат НАТО подалеку од својот северен брег, посебно во условите кога се засилува трката по природните богатства на Арктикот.
    - Во вакви услови Русија не може да си дозволи трка во вооружувањето, но нејзините политички лидери не кријат дека ако тоа биде потребно, овој регион ќе се брани и со силата на оружјето - забележува „Тајмс“.


    Сто милијарди тони нафта


    Руските територии на Арктикот содржат до 100 милијарди тони нафта и гас, изјави министерот за природни извори Јури Трутњев.
    Изјавата доаѓа како поддршка на напорите на Москва да ги одбрани своите претензии на делови на Арктикот за кој се верува дека содржи повеќе од една четвртина од неоткриените светски резерви на нафта и на гас.



    Договор со Норвешка


    По 40-годишен спор Русија и Норвешка пред една недела го потпишаа договорот за границата на Арктикот што ќе овозможи копање извори на природен гас и на нафта на крајбрежјето. Рускиот претседател Дмитриј Медведев и норвешкиот премиер Јенс Столтенберг го потпишаа договорот во пристанишниот град Мурманск на Баренцово Море во близина на границата со Норвешка, северно од Арктичкиот круг.
    Спорната територија покрива околу 175.00 квадратни километри, што е околу една половина од територијата на Германија, претежно во Баренцово Море среде местото каде што е докажано дека има резерви на нафта и од руската и од норвешката страна.

    Извор http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=8&tabid=1&EditionID=2127&ArticleID=148890

    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Toecutter on Саб 25 Сеп 2010, 13:38

    Резервите на нафта и гас на арктикот ќе се комерцијално исплатливи кога нафтата ќе забега над 1000 долари за барел.Што нема никогаш да се случи.

    Смешно е што Русите ќе барале докази 10 години !? дека арктикот бил нивен.
    Меѓународните договори се јасни и прецизни.
    Евентуално прекршување би значело војна со Канада и Норвешка во најмала мера, а ако се знае како русија помина со чеченија која уште не може целосно да ја контролира или војната во 1991 против Литванија каде беа понижени и испратени дома...нема простор за оптимизам од руска страна.

    Би требало да имаат други приоритети во моментов...секоја година губат околу 1 милион жители...
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Саб 25 Сеп 2010, 23:04

    Тоecutter поминаа тие времиња кога Русија имаше драстичен пад на населението.Падот на населението е сопрен во август 2009та по 17 години.
    Дали Канада и Норвешка би се нафатиле да војуваат против Русија?
    А Чеченија ако беше толкуа силна досега ќе се отцепеше од Русија.
    Ама Русите не даваат ниту педа од својата територија.
    avatar
    Toecutter

    Male Мислења : 1061
    Зачленет на : 2010-07-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Toecutter on Нед 26 Сеп 2010, 00:32

    Не е запрен,морталитетот е далеку над наталитетот, разликата е во имиграцијата на кинези и казаци,азери,туркемни,узбеци...
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 26 Сеп 2010, 13:31

    Toecutter знаеш ли која беше причината до сега што Русија немаше наталитетsto

    Милиони мажи што ги имаат изгубено животите во Болшевичката Револуција,Режимот на Сталин, Другиот светски рат.

    Педесет милиони мажи ги имаат изгубено животите од овие три работи...

    И затоа на жените нема кој да им прави деца.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Нед 26 Сеп 2010, 13:43

    Или пак, млади мажи, жени деца умираат секојдневно, додека милиони се трошат на наоружување.

    За да има наталитет, доволно е во соба да има 10 жени и 1 маж. Обратно, стап!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 26 Сеп 2010, 14:06

    Priest напиша:За да има наталитет, доволно е во соба да има 10 жени и 1 маж. Обратно, стап!
    E сега и ти како кажуваш еден маж да се ожени со 10 жени. Да прави Харем?
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 30 Ное 2010, 22:40

    Русија и Кина го откачија доларот во меѓусебната трговија
    China and Russia have decided to renounce the US dollar and resort to using their own currencies for bilateral trade, Premier Wen Jiabao and his Russian counterpart Vladimir Putin announced late on Tuesday in St. Petersburg.

    Chinese experts said the move reflected closer relations between Beijing and Moscow and is not aimed at challenging the dollar, but to protect their domestic economies.

    "About trade settlement, we have decided to use our own currencies," Putin said at a joint news conference with Wen in St. Petersburg.

    The two countries were accustomed to using other currencies, especially the dollar, for bilateral trade. Since the financial crisis, however, high-ranking officials on both sides began to explore other possibilities.

    The yuan has now started trading against the Russian rouble in the Chinese interbank market, while the renminbi will soon be allowed to trade against the rouble in Russia, Putin said.

    целата вест:
    http://english.peopledaily.com.cn/90...9/7208907.html

    Sponsored content

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:46