Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Share

    Poll

    Дали е Русија светски фактор број 1?

    Општо гласови: x
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Вто 30 Ное 2010, 23:04

    Ова нема да биди голем удар за доларот.Голем удар за доларот ако Кина му речи Fuck OFF на Ју-Ес-Еј за работна рака.То го крепи доларот.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 01 Дек 2010, 00:31

    Па затоа Америте испечатиле 600 милијарди долари. Причината што ги испечатиле парите и ефектот кој тие би сакале да го имаат врз американската економија е дека вонредното печатење пари е прв сигнал за немоќ и за изнуден потег на една држава.Нивната економија мислам дека произведува годишно 9 или 10 илјади милијарди долари и тие печатат пари во зависност од зголемување на бруто домашниот производ или околу два проценти годишно.

    А од друга страна пак Кина почна да удара по доларот, купува евра.

    China favours euros over greenback as Bernanke shifts course

    China, whose $US2.45 trillion in foreign-exchange reserves are the world's largest, is turning bullish on Europe and Japan at the expense of the US.

    The nation has been buying "quite a lot" of Europe's bonds, said Yu Yongding, a former adviser to the People's Bank of China who was part of a foreign-policy advisory committee that visited France, Spain and Germany from June 20 to July 2. Japan's Ministry of Finance said Aug. 9 that China bought 1.73 trillion yen ($US20 billion) more Japanese debt than it sold in the first half of 2010, the fastest pace of purchases in at least five years.

    "Diversification should be a basic principle," Yu said in an interview, adding that a "top-level Chinese central banker" told him to convey to European policy makers China's confidence in the region's economy and currency. "We didn't sell any European bonds or assets, instead we bought quite a lot."

    China's position may make it harder for the greenback to rebound after falling as much as 10 per cent from this year's peak in June as measured by the trade-weighted US Dollar Index. The Asian nation cut its holdings of US government debt by $US72.2 billion, or 7.7 per cent, through May from last year's record of $US939.9 billion in July 2009, according to the Treasury Department, which releases fresh data today.

    http://www.smh.com.au/business/marke...816-125id.html
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 22 Дек 2010, 14:40

    Русија и Индија ги продлабочуваат односите.
    Односно имаа и претходно добри односи, ама сега уште подобри.
    Russia eyes Indian defence deals

    During a quick visit to Delhi and Mumbai, President Medvedev anticipates signing large military and energy contracts.


    http://english.aljazeera.net/news/as...956854212.html




    Збогум НАТО збогум ЕУ,
    Добредојде Русија, Индија, Кина.

    За едно десетина години овие земји ќе основаат сојуз којшто ќе му создава противтежа на НАТО.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Сре 22 Дек 2010, 14:59

    ЗНачи, ќе пробаат и Индија да ја зауздаат.
    Не смеам да речам не, Русија води голема и силна нео-империјалистичка политика. Секоја чест.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 22 Дек 2010, 17:17

    A што има лошо да се оформи сојуз Русија-Индија-Кина кога тоа го намалува глобалното влијание на САД?
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Сре 22 Дек 2010, 17:21

    Нема ништо лошо. Само така можат да покажат дека, доколку би биле на местото на САД, значи лидери во се што постои, а, е раководено од кеш, тогаш и Русите, и Индијците, и Кинезите, и некои змејови на Борнео би биле исто, односно негативната улога ќе биде кај нив.
    Нека прават сојузчиња, ако ништо друго, барем нема да има светски полицаец.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 22 Дек 2010, 19:30

    Најголем шок за Јенките е тоа што Русија и Кина го баталија доларчето во меѓусебната трговија.

    Ако Кина земе нафта во јуани од Русија а Русија земе благорони метали во рубљи и таа размена достигне ниво од 200 до 300 милијарди долари, се поставува прашањето.
    Каде САД ќе ја пласира таа парична маса ?

    Ако со јуанот со кој Кина ја купила руската нафта, во Кина можеш да купиш бакар,олово,цинк, тогаш имаш покритие.
    avatar
    Сашо комшијана

    Male Мислења : 11104
    Местолокација : Корча
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Сашо комшијана on Сре 09 Фед 2011, 12:42

    Да, Русија е светски Вактор број еден, а им се дешаваат театри, аеродроми, лизгалишта енд стаф.. И сеуште не прават ништо.. Туку да, Чеченија (пример) не им е од интерес да ја срамнат, згмечат, уништат.. Се додека има невини луѓе да гинат, нарочито на руската страна
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 20 Апр 2011, 15:14

    За Лавров, дилемата Европа или Русија е лажна




    Инсистирањето на некои европски земји државите да се определуваат дали се со Европа или со Русија е застарена логика што не функционира во современиот свет, изјави денеска во Охрид шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по средбата со македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

    Прашан дали по заобиколувањето на Хилари Клинтон на Македонија, оваа неговата посета е манифестација на ширење моќ, Лавров рече:

    - Разбирам дека сме родени во ера на поинакво размилсување и дека различно сме образовани во училиште, така што се уште се живи инстинктите што не тераат во се да бараме скриена ситуација. За жал и одредени европски политичари покажуваат такво размислување кога ги тераат земјите да кажат: или сте со Русија или сте со Европа.
    Тоа е застарена логика што не функционира во современиот свет.

    Милошоски рече дека Македонија ја гледа Русија како европска земја, членка на Советот за безбедност на ОН, на Советот на Европа и држава која има плодна соработка со сите европски држави.

    - Ова пријателство и посетата се влог за унапредување на заедничките цели за безбедност на регионот на Југоисточна Европа. Поделбата на Исток и Запад е застарен софтвер од времето на Студената војна. Денес земјите се делат на активни и помалку активни - одговори Милошоски на прашањето дали Македонија се врти кон Исток.

    Новинарите се интересираа и дали по денешниот престој Лавров ќе го препорачува Охрид на своите пријатели.

    - Секако, ќе им речам да го имаат предвид ова рајско место. Факторот на православната блискост претставува дополнителна привлечност - рече рускиот министер.

    http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=CBDBF8DFAD3B0E4580EC182AC936DF8B

    Лажна е демократијата на Европа, а Русија е дел од нешто големо на кое и ние припаѓаме.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Чет 21 Апр 2011, 15:26

    Ама супер е сето тоа. Уште да не не' правеа будали. уствари, кого како.

    Кај припаѓаме ние? Со Русија?

    Оти не ни помогне Русија. оти ете, ЕУ и НАТО не ни помагале, ете Русија нека ни поможи.
    Нека ни донесе..ај да речиме... 100 милиони барели нафта беспари да ни ја дат. Оти, шом припаѓаме таму, и сме браќа, нема да им е проблем да ни поможат. Нели?

    Или си се ебаваат со држави ко нашата, а?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Чет 21 Апр 2011, 17:07

    А што сакаше да ти помогне Русија. Да не требаше во конфликтот 2001 да пратат Батаљјони? А нашите да си одат на сунчање кој Охрид, кој во Грчка.

    Ако Русија реши кон Македонија да ја бојкотира испораката на нафта и гас, ајде тогаш нека те снабди Западот со нафта и гас. (Од количините што ги има далеку поголеми од Русија).

    Ама одговорот би ти бил ајде Русија како ЕУ нека ти ги укине Визите!

    На Русите им се нудеше од Хазарите да го примат Јудеизмот, од Персија исламот, но тие го одбраа православното христијанство зошто нивните веќе го проповедаа и го разбираа јазикот на кој говорат.

    Русија ја даруваше Охридската архепископија со злато и почит.
    Неколку руски великодостојници се крунисаа во Св Софија во Охрид.
    Московската црква преку Охридската архепископија стана патријаршија.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Чет 21 Апр 2011, 17:53

    Русија своевремено го прифати православието од Византија која пред 1000 години беше Светски Фактор бр 1, да не прајме муабет за трговските патишта via Црно Море со Медитеранот.Шо интерес ќе имаше да прифати ислам или јудаизам кога во тоа време хазарите и исламските земји биле Кур Фактор бр 1?Песок ќе добиеше?Интерес Благоја, интерес!

    Патем каде беа браќата Руси кога се укинуваше Охридската Архепископија?Петар I пиеше чај во Петебург и го имаше заболено влакнато од левото маде за неа.Бркаа Козаци во Урал тогаш.Во еден од своите воени, политички и економски врвови Русија не мрда со прст да лобира кај Турците да ја поштедат.

    И кои се тие руски великодојници кои се крунисале во Св.Софија?Само цареви и кралеви се крунисуваат.Цар/крал во Св.Софија се нема крунисано.Паско Кузман ќе го имаше истетовирано на градите ако беше така.

    Во 2001ва, ако беа толкава сила ќе си земеа за право како НАТО шо си зема и ќе интевенираа со цели дивизии.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Вто 09 Aвг 2011, 23:50

    Русија светски фактор бр.1 со браќата Срби ориентирани кон Запад.

    поприкажување


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Сре 10 Aвг 2011, 00:38

    Без гајле, во НАТО повеќе нема да влегуваат земји, туку само ќе излегуваат.

    Уште во Февруар месец Путин побара од Србија да не влезе во НАТО..

    Главната работа што рускиот премиер Владимир Путин треба да ја направи за време на неговата посета на Србија, најавена за 23 март, е да побара од Србија да не влезе во НАТО, изјави за "Блиц" проф. д-р Радослав Стојановиќ, поранешен дипломат. Симболиката на барањето се гледа и во терминот на доаѓањето на Путин, само ден пред 12-годишнината од почетокот на НАТО-бомбардирањето на Србија.

    Според аналитичарите, посетата на рускиот премиер доаѓа во време кога довребата на граѓаните на Србија во политичката елита и европската иднина на земјата е разнишана, што е одлична почва за проширување и разбудување на руското влијание на овие простори. Посетата ќе биде искористена и за конкретизирање на соработката на повеќе полиња, со што се согласува и Константин Никифоров, директор на Институтот за словенски студии на Руската академија на науки. Тој смета дека пред се ќе се говори за економска соработка, каде се очекува потпишување повеќе договори од енергетиката, трговијата, културата и друго.

    http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=F74409EFD5F110468377E5BCD751BB24

    Путин за само 12 години ја врати Русија на Балканот и денеска има понуда.
    Од Србија и од српскиот народ зависи дали ќе ја прифатат таа понуда и дали сака да си го зачува Косово или ќе го жртвува истото за некои западни европски “вредности“.



    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Batty on Пет 12 Aвг 2011, 10:59

    Да си го зачува Косово? Србија? тоа и го гарантира Русија? Ако не влезе во НАТО?

    Па овие станале 2,14 пати полоши од американците. Се заебаваат со браќата нивни, за да пумпаат територии кај нагорно Карабах и другите комшии, како “освета3 против Косово, односно користење ко плавуша во Стокхолм во 11 часот на вечер.

    Убава политика имаат Русите, иако ќе им држи привремено.
    Убава е, ама за нив.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Пет 12 Aвг 2011, 16:03

    Па исто така и САД за Грузија гарантираат мир, стабилност, безбедност, доколку Грузија влезела во НАТО.
    И тоа по онаа парола „Напад врз една членка врз НАТО е напад врз сите членки на НАТО“.
    Ама тоа САД го викаат оти знаат дека Грузија нема никогаш да влезе во НАТО.

    Е сега некој ќе рече каде беа Русите да скокнат за Србите март 1999 година?

    Но...

    Прашањето гласи каде беа САД да скокнат за Грузија август 2008 годинаsto
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Пет 12 Aвг 2011, 17:04

    А шо мислиш ти, таа вооружената борба во Грузија..со вили и лопати да не му се спротиставувеле крепосни селани на Русија?.Туку исто како 2001ва кај нас ги обучуваа Амери и Енглези и добиваа америчко оружје.Директна интервенција на НАТО немаше да, ама дека ги оставија сами да се снаоѓаат не е можно.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 30 Окт 2011, 17:02

    Русија гради хуманитарен центар во Ниш

    Србија и Русија ќе соработуваат во ситуации на вонредна состојба

    Административниот сектор на српско-рускиот Хуманитарен центар за вонредни состојби беше отворен на нишкиот аеродром Константин Велики на 17-ти октомври. Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и рускиот министер за вонредни состојби, Сергеј Шојгу, претседаваа со церемонијата за центарот, кој ќе биде отворен во пролет 2012 година и ќе може да прими околу 2.000 луѓе за време на вонредни ситуации.

    Во центарот ќе се наоѓа руски авион, кој ќе учествува во олеснувањето на вонредните ситуации, првенствено во Србија и во остатокот од Балканот, но исто така и во земјите на ЕУ на кои им треба помош.

    http://www.setimes.com/cocoon/setimes/xhtml/mk/features/setimes/features/2011/10/27/feature-01

    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Пон 31 Окт 2011, 18:07

    Соработка за вондредна ситуација пред вонредна ситуација да настане?
    Ова е сигурно е за оние Срби кои се проруски ориентирани во случај ако Србија влези во НАТО или ЕУ под итна постапка да се евакуираат.



    Иначе јас мислам дека сега е најразумно да почниме да се кладиме уште колку пати Путин и Медведев ќе си ги сменат местата Премиер/Претседател.
    За земја која не покажува никаков демократски капацитет за сопствениот народ, кизнеј шо останува за грешниците како нас, залутаните православни браќа кон ЕУ-НАТО.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Вто 01 Ное 2011, 12:20

    Србија и да влезе во НАТО и ЕУ џабе е кога на тие две организации им се ближи крајот...

    А да немаше демократија воопшто во Русија ќе немаше избори и сите други партии ќе беа забранети.

    А пак каква ли е демократијата во САД, кога кој и да победи, дали републиканец или демократ, се менуваат само фирмите кои имаат концесии за нафтените полиња во светот.
    Не гледам јас таму никаква опозиција на ништо.
    Тоа ти е класична диктатура скриена позади превезот на некакви си демократски избори.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Вто 01 Ное 2011, 18:04

    На ЕУ бирократијата им е во прилог ширењето на унијата со членки со стабилна економија, за да растеретат долгови на земји како Грција, Шпанија, Ирска итн.Плус добро проширување на сферата на влијание.
    Језда евроскептицизмот е во подем во Европа, посебно во Британија, но сепак унијата ќе се одржи оти то оди во прилог на големите банки.

    НАТО е последното нешто шо би се распаднало во светот.Попрво САД официјално ќе прогласат дека повеќе не живеат во демократија, отколку да го расформираат НАТО, глобалниот полицаец.Или пак ако го расформираат, ќе го направат тоа на хартија и ќе измислат некој негов пандан.Како ЕУЛЕКС шо е на Косово на пример.

    И да, САД не се повеќе во демократија, уште еден неколку години ќе слават 100 годишнина од кога не се.Во САД има корпотократија.Тоа веќе станува се појасно и поотворено.

    Ама кога веќе се мачкаат очи..во САД има и други политички странки покрај Републиканците и Демократите.Имаат левица, централисти, либерали, зелени па дури и ултра десница (Нацистичка Партија).За време на Студената Војна и најголемата фобија од комунизмот во САД имало..Комунистичка Партија.

    Браќата Руси пак имаат бивши агенти на КГБ за претседател и премиер.Имаат 4 партии од кои партијата на Путин е најдоминантна и самата може да формира влада без да коалицира со други.Путин ги цензурира медиумите и уметниците."Обиденета Русија" се конзервативци(националисти) и центристи.Всушност шо е најјако дури и бившата социјалистичка/комунистичка партија која е ВТОРА по големина се залага за национализам.Ем социјалисти ем националисти.Либерал-Демократите пак се пан-слависти ама исто така и националисти.Лакрдија до лакрдија.Идими-дојдими си прат Путин и Медведев.Изборите се само формалност.Илузија на избор и промена.Техничка Демократија.



    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Растурикуќа Стојковски
    It's a miracle!
    It's a miracle!

    Male Мислења : 4021
    Местолокација : Септичка јама
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Растурикуќа Стојковски on Нед 06 Ное 2011, 22:11

    Должниците во државите на ЕУ ги спасува Кина. А не самата ЕУ.
    Првиот човек на Европскиот фонд, Клаус Герглинг, ја молеше Кина да го спаси еврото.
    Кина сигурно ќе бара големи концесии. Не се толку лесни Кинезите колку што мисли ЕУ, ај ќе ги зезниме нека ни дадат пари, па после за враќање тие нека му ја мислат.

    А и да си постои НАТО иднината не е во него.
    Светот станува мултиполарен, а земјите низ светот стануваат мултиполарни во своите релации. Бразил, Русија, Индија и Кина претставуваат повеќе од половина од копното на планетата Земја, и скоро половина од популацијата на планетата Земја, а „СИТНАТА БОРАНИЈА“ наречена „НОВА ЕВРОПА“, слугуваат и полтронисуваат.

    21-от век ќе го обележат членките на БРИК.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by prozaque on Пон 07 Ное 2011, 00:12

    21 век ќе го обележи Обединетиот Свет кој ќе се крсти во Кока Кола и Најк.Државите и народите се фиктивни творби за поделба на моќ и профит меѓу големците.А големците имаат заеднички интереси и безразлика дали се работи за сопственик на плантажа за кафе во Бразил или сопственик на фабрика за компјутерски делови во Кина нивниот интерес е взаемен.Повеќе за нив, помалце за нас.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..

    Sponsored content

    Re: Русија - светски фактор број 1 ?!?!

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:45