Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Омилена книга

    Share
    avatar
    Сатан Панонски

    Male Мислења : 3551
    Местолокација : Kumanovo =]
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Омилена книга

    Пишување by Сатан Панонски on Нед 02 Aвг 2009, 23:59

    Зоки Поки ми е омилена книга ...... хаха
    avatar
    Ragdoll

    Female Мислења : 32
    Зачленет на : 2009-08-19

    Re: Омилена книга

    Пишување by Ragdoll on Нед 23 Aвг 2009, 00:28

    Sarah-Marek Halter
    avatar
    Sunshine
    Brutal but effective
    Brutal but effective

    Female Мислења : 3502
    Местолокација : Skopje
    Зачленет на : 2009-08-03

    Re: Омилена книга

    Пишување by Sunshine on Саб 29 Aвг 2009, 23:29

    emotional`!! напиша:*Хамлет- Шекспир (иако мала изобилува со чувства )
    *Злосторство и казна- Достоевски
    *Кодот на Да Винчи
    *Ангели и Демони

    И мене многу ми се допаѓаат истите но би ја додала Оркански висови-Емили Бронте
    avatar
    Иринаа

    Мислења : 8
    Зачленет на : 2009-09-20

    Re: Омилена книга

    Пишување by Иринаа on Нед 20 Сеп 2009, 19:54

    Последна опомена
    Знаеш дека ме сакаш
    Ангели и демон
    :)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилена книга

    Пишување by balAlajkA on Сре 23 Сеп 2009, 17:39

    Иринаа напиша:Последна опомена

    чија е и шо жанр е? живо ме интересира.

    Патем, една од омилените книги ми е „Крпен живот“ и „Калеш Анѓа“ од Стале Попов. Кога бев мала просто ме фасцинираше приказната за непокорноста во втората, а и ден денес ме запрепастува мајсторијата на доловеното време и атмосфера и во двете.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилена книга

    Пишување by Рокси on Сре 23 Сеп 2009, 20:50

    Ја обожавам Калеш Анѓа, ја читав во шесто одделение ама уште во главата ми останаа „сцени“.
    Убо шо се сетив, ќе си ја земам денојве од библиотека =)
    avatar
    Isak

    Male Мислења : 100
    Местолокација : forum
    Зачленет на : 2009-06-16

    Re: Омилена книга

    Пишување by Isak on Сре 23 Сеп 2009, 20:59

    Алхемичарот love

    Шмугле

    Female Мислења : 4307
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилена книга

    Пишување by Шмугле on Чет 24 Сеп 2009, 08:37

    Isak напиша:Алхемичарот love
    Зарем ти си прочитал книга :?

    emotional`!! напиша:
    *Најголемиот трговец во светот ( Преполна со поуки и работи кои многу можат да значат во животот )

    Бљак. Иако одамна ја имам прочитано ми остави впечаток како една од најужасните книги што ги имам прочитано. И двата дела ги имам, но после читањето на првиот не сакав да продолжам со вториот! Значи што се случува, во тие 10 свитоци буквално те отапува со тоа што треба да правиш! Мразам такви книги од типот ’’бла бла до успех, бла бла до подобар живот’’.
    Е само за приказната неможам да речам дека не е добра. Интересен преплет и крај на првиот дел.
    _______________
    Назад во темата, нешто ново што ми стана омилено е ’’Последната кашмирска роза’’ од Клеверли. Преубав детективски роман!
    avatar
    Владимир

    Male Мислења : 1280
    Местолокација : довезенце
    Зачленет на : 2009-01-26

    Re: Омилена книга

    Пишување by Владимир on Чет 24 Сеп 2009, 16:49

    "Метаморфоза" од Кафка и "Сликата на Доријан Греј" од Оскар Вајлд
    avatar
    Peanut

    Female Мислења : 757
    Местолокација : In The Middle Of Nowhere
    Зачленет на : 2009-04-20

    Re: Омилена книга

    Пишување by Peanut on Чет 24 Сеп 2009, 20:49

    „Мит за Сизиф“-А.Ками

    „Село Степанчиково“ и „Коцкар“ од Достоевски
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Омилена книга

    Пишување by Jas on Нед 04 Окт 2009, 22:09

    7 дена за вечност-Марк Леви
    цвеќињата на злото (како и секогаш)-Шарл Бодлер
    и нај нај Папокот на светот на Венко Андоновски, книга која ја прочитав откако ја гледав истоимената претстава, и за писателов можам само да кажам дека е...единствен.

    Рокси
    Индиско оревче
    Индиско оревче

    Female Мислења : 4755
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Омилена книга

    Пишување by Рокси on Пон 05 Окт 2009, 15:44

    ^ Денојве ја читам Цвеќињата на злото, интересни и воедно доста тешки песни.
    avatar
    Luna

    Female Мислења : 158
    Местолокација : the fifth largest satellite in the Solar System
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Омилена книга

    Пишување by Luna on Вто 06 Окт 2009, 17:05

    Поправка (дозволено е нели ;)
    "Прекрасен ден за умирање"-Бобан Богатиновски ми е најомилена, би било мошне субјективно да кажам што е толку добро кај неа, всушност е збир на песни (поезија) од најразлични теми, најдоброто кај него е едноставноста, нема некое барокно натрупување на метафори, рими и слично, со неколку стихови ја доловува поентата, поточно не поентата, туку чувството....ааааа се осеќам ко да му ја усерувам поезијата со моето нестручно мислење, затоа само неколку стиха во знак на препорака:

    Премногу размислував за овој прекраток живот.
    Таму кај што беше Сонцето сега е Месечината.

    Страшно е да не си го знаеш своето место во светот.
    Страшно е кога времето се собира во една точка.

    Успеав ли да останам таму кај што никој
    не знаеше колку е доволно да се остане.

    Од неодамна луѓето можат да ги слушнат моите мисли.
    „Но признај си барем на себе, не си веќе она што беше“.


    Последната промена е направена од Luna на Сре 07 Окт 2009, 00:09. Мислењето е променето 1 пати
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилена книга

    Пишување by balAlajkA on Вто 06 Окт 2009, 17:30

    ве замолувам да се ограничите на темата и да давате поиздржани одговори ЗОШТО ви е омилена книгата, како влијаела на вас, што ви сменила во поглед на сфаќањата за литературата, животот, луѓето...

    за што читате и препорачувате, има други теми
    avatar
    KuroiKenshin

    Male Мислења : 443
    Местолокација : A galaxy far far away
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Омилена книга

    Пишување by KuroiKenshin on Сре 07 Окт 2009, 15:57

    Ние - Евгениј Земјатин (Визијата за иднината , балансирањето помеѓу емоциите/логиката...)
    Автостоперски водич низ галаксијата - Даглас Адамс (Хуморот , Научна фантастика , Одлично изградени стереотипи на ликови , Бизарност...)
    Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд (мада и басните му се врв) (Куп на мисли кои „ме допреа“ , посебно со 1во и второкласните уметници и уметноста)
    Демијан од Хесе. (Секогаш кога ќе ја прочитам наоѓам аспект што сум „го пропуштил“ претходното читање


    Последната промена е направена од KuroiKenshin на Сре 07 Окт 2009, 17:00. Мислењето е променето 1 пати (Reason for editing : Причини додадени.)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Омилена книга

    Пишување by balAlajkA on Сре 07 Окт 2009, 16:57

    balAlajkA напиша:ве замолувам да се ограничите на темата и да давате поиздржани одговори ЗОШТО ви е омилена книгата, како влијаела на вас, што ви сменила во поглед на сфаќањата за литературата, животот, луѓето...

    за што читате и препорачувате, има други теми
    avatar
    Morticia Addams

    Female Мислења : 2170
    Зачленет на : 2009-10-08

    Re: Омилена книга

    Пишување by Morticia Addams on Пет 06 Ное 2009, 16:38

    paranoid android напиша:"Метаморфоза" од Кафка и "Сликата на Доријан Греј" од Оскар Вајлд

    Одличен избор!

    А имам јас полно, али НАЈголем впечаток ми има оставено “Бескрајна приказна“ од Михаил Енде... Какви моменти, описи и фантазии ми има пробудено таа книга...
    А исто ја обожавам “Случаи“ од Данил Хармс зашто има неверојатен стил!
    Имам уште многу, но да не должам :)
    avatar
    Alhemius

    Male Мислења : 1549
    Местолокација : Краснојарск
    Зачленет на : 2010-01-07

    Re: Омилена книга

    Пишување by Alhemius on Пон 11 Јан 2010, 18:55

    Будење и Патот на Љубовта од Антони де Мело.
    кога ги прочитав уште пред три години извршија силно влијание врз мене и ме изменија од корен (на позитивно секако) што се однесува на сфаќањето на животот и гледањето на реалноста околу мене.Спаѓаат во психолошко - морални книги.
    avatar
    the gossip girl

    Female Мислења : 294
    Местолокација : дома
    Зачленет на : 2009-07-09

    Re: Омилена книга

    Пишување by the gossip girl on Саб 23 Јан 2010, 00:42

    Вештица- Венко Андоновски

    целосно ми го смени мислењето за љубовта,свештеништвото и животот. Преубава книга која вреди да се изживее.

    Cinnamon*

    Female Мислења : 2194
    Зачленет на : 2009-03-09

    Re: Омилена книга

    Пишување by Cinnamon* on Сре 27 Јан 2010, 14:06

    Не знам како ја немам спомнато, Лолита од Владимир Набоков. Една од најконтраверзните приказни на 20 век. Во тргикомичната нарација на Хамберт Хамберт, се среќаваме со неговиот живот како писател и неговата болна љубов кон дванаесет годиншната Долорес Хејз, односно Доли или Лолита. Подоцна, Лолита станува синоним за нимфета односно, девојка која има неверојатна привлечност, која најчесто е забележана од постари мажи.
    avatar
    RoTkViCa

    Female Мислења : 1460
    Зачленет на : 2009-07-01

    Re: Омилена книга

    Пишување by RoTkViCa on Чет 11 Фед 2010, 22:23

    Дневникот на Сузана за Николас

    Денес ја прочитав, и веднаш стана моја омилена. Премногу трагични моменти, но и премногу преубави и незаборавни моменти, моменти на бескрајна љубов, преубави реченици, поучни приказни, и вербата дека после секоја изгубена љубов, секој може да се заљуби повторно.....Единствената книга до сега со која толку сум се соживеала и единствената за која срцето ми чукало забрзано, кога на главните јунаци им се случувало истото....love it!!!!!
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Омилена книга

    Пишување by Bright on Пет 19 Мар 2010, 00:10

    Angelic напиша:Илјада неверојатни сонца - Калед Хосеини

    Претставен е животот на една авганистанска девојка, која всушност е harimi т.е. копиле. Со смртта на нејзината мајка таа сфаќа дека е сосема сама - нејзиниот татко не би дозволил неговиот срам да живее заедно со неговите 3 жени и 9 деца, па затоа ја мажи на 15 години за 45 годишен човек... Започнува револуцијата..

    Омилена од сите книги што сум ги прочитала бидејќи се опишува животот на жените од Истокот, сите оние правила кои како јарем се врзуваат околу вратот на жената. Книгата не ме поучува што да правам од утре ниту пак ми нуди ефтина приказна. Напротив, приказ на такво општество кое за жал сеуште постои.
    avatar
    Silent Ace

    Male Мислења : 11
    Зачленет на : 2010-04-22

    Re: Омилена книга

    Пишување by Silent Ace on Чет 22 Апр 2010, 18:49

    Волшебниот Рид - Томас Ман


    Дејствие сместено на врвот од швајцарските алпи, во една болница, каде пациенти од различни националности се дојдени на лекување. Ханс Касторп оди на посета кај својот братучед каде ќе остане подолго од него. Период пред Првата Светска Војна каде сеуште опшествата се опфатенени со благородништо, принципи и морал. Малата љубовна приказна која ќе го зафати главниот карактер и една русинка не се одвива лесно. Проткаена со луѓе кои водат филозофски расправии помеѓу старото и новото и кои одеднаш еден ден ќе исчезнат „заедно со маглата“ исто како и главниот лик.


    Останатите само ќе ги набројам,

    Дон Кихот - Мигел де Сервантес
    Сликата на Доријан Греј - Оскар Вајлд
    Музика и тишина - Роуз Тремејн


    Сај Фај
    Господар на прстените - Толкин
    Автостоперски водич низ галаксијата - Даглас Адамс
    avatar
    Ивана

    Мислења : 2
    Зачленет на : 2010-08-08

    Re: Омилена книга

    Пишување by Ивана on Сре 11 Aвг 2010, 19:42

    My Sister's Keeper дефинитивно. Навистина е тажна, но ви покажува како човек да си најде утеха во малите нешта кои го опкружуваат а најважно во семејството. Зборува за животот на девојче болно од леукемија кое се бори со сопствените стравови од утрежниот ден и како семејството ја доживува оваа трагедија, а посебно нејзината мала сестричка која треба да и биде донор! Обавезно да ја прочитате!
    avatar
    Гостин
    Гостин

    Re: Омилена книга

    Пишување by Гостин on Пет 27 Aвг 2010, 12:32

    Понижени и навредени - Достоевски
    Вредноста на страдањето е опишана феноменално. Трагичната приказна на ликовите и самиот почеток на книгава не ве оставет рамнодушен. Достоевски ве наведвит да се пронајте во секој момент и во сите ликој.

    Sponsored content

    Re: Омилена книга

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Саб 21 Окт 2017, 06:46