Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Студенти

    Share
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Нед 18 Окт 2009, 17:01

    Сосема го поддржувам протестов!
    се согласувам со Падре дека ќе се види дали има слога, братство и единство во студентаријава, дали ќе се заложат за себе или само ќе бидат алат за нечии туѓи интереси. Се надевам дека ќе земат пример од француските и грчките студенти и нема да попуштат.
    Од мене имаат поддршка во секоја форма во која сум во можност да ја понудам, не сум повеќе студент, ама ваквите настани имаат многу пошироко значење понатаму во животот.
    КРЕНЕТЕ ГЛАС!
    avatar
    Luna

    Female Мислења : 158
    Местолокација : the fifth largest satellite in the Solar System
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Студенти

    Пишување by Luna on Нед 18 Окт 2009, 23:43

    Штета што спаѓам у групата на Јас, со полагање, ама ваков протест е стварно неопходен, зш веќе со години и години студентите само ќутејќи си прифаќаат се што им сервираат (а воглавно се гомна) ко да е тоа најнормална работа....Мислам на мојот факултет има општо познат ценовник за да си купиш 6ка, секој професор има своја книга која ја бара, партиципација и трошоци речиси исти како на приватен факултет...и конечно апсолвент стигам за ни компјутер да не добијам...
    Редно е да се крене глас и моја подршка за тоа!
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Пон 19 Окт 2009, 11:13

    најнов апдејт, од групата СТУДЕНТСКИ ИНДЕКС на Фејсбук, го цитирам авторот Андреј Анчевски

    19 октомври, 1:27am

    (Бидејќи очигледно тактиката на злите јазици е да се манипулира, спамира и етикетира, оваа објава е нашата порака до сите, за да стојат работите чисти)

    СИТЕ студенти се добредојдени да се појават на протестот, без разлика на политичка, партиска, етничка, верска, музичка и било каква друга определба, бидејќи протестот е за доброто на СИТЕ студенти.

    Нашите барања и цели се сосема непартиски и се оградуваме од било каков партиски обид да се влијае, преземе или дискредитира нашиот протест. Како неформално, хоризонтално и сеопфатно движење ние се обраќаме на сите и ги вклучуваме сите студенти кои ги прифаќаат нашите ставови и цели.

    Што се однесува до студентите со партиски книшки (а да бидеме реални - според последните истражувања такви се околу 40% од сите студенти во Македонија) .... тие се повикани и пожелни само ако нивното присуство и поддршка се резултат на нивното самостојно размислување - не на партиски наредби!
    Ако некој не е способен да размислува со сопствена глава не ни можам да го наречам студент.

    Исто така, се ова значи дека секој кој себеси се смета за дел од движењето Слободен Индекс треба да ја прифати лично одговорноста за своите постапки. Ако мисли дека не е способен да го направи тоа и сака некој да мисли наместо него... нека се зачлени во студентски сојуз :)

    Бидете силни, бидете солидарни, бидете независни!
    Бидете СТУДЕНТИ!


    ***********************************************

    За сите оние кои би сакале нешто повеќе да дознаат за нас, нашите барања и текот на самиот протест - утре (понеделник) побарајте ги студентите од Слободен Индекс кои ќе се наоѓаат на штандови по факултетските кампуси (пмф, општествени, технички, педагошка)

    ***********************************************

    Кога сме веќе кај манипулациите и подлоста на силите на злото :)
    Очекуваме последно оружје да им биде дезинформацијата дека протестот е откажан, протестот апсолутно стои и НЕМА НИКОГАШ студент од Слободен Индекс да го откаже, ако добивате такви пораки/информации не им обрнувајте внимание. Протестот е и најуредно закажан и одобрен во МВР, а известени се и сите професори и деканите на факултетите. За повеќе унформации побарајте не на вашите факултети.

    Нема отстапување кога се бара правда!
    Се гледаме во вторник!

    Morholt

    Male Мислења : 6617
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by Morholt on Чет 22 Окт 2009, 02:04

    А околу гласањево како помина за претседателот или шо и да беше?
    Имаше луѓе гласаа или не?
    avatar
    Ивањушка
    passive aggressive bullshit
    passive aggressive bullshit

    Female Мислења : 7666
    Местолокација : ниви со младо кромидче
    Зачленет на : 2008-09-15

    Re: Студенти

    Пишување by Ивањушка on Чет 22 Окт 2009, 14:43

    Јас видов дека има гласање вчера на вести.
    Кај нас тешко знаеше некој дека има гласање воопшто, а и да знаев немаше да гласам нормално, видов само две забегани фацки кои се пријавиле и си кажуваат некои глупости ко у стил секој нели ќе направи се да го подобри студентскиот живот, да се чуе неговиот глас, и ко да слушаш уствари некој политичар да не речам а ќе речам идиот на избори како ветува...бла бла.
    Како да гласам јас, кога не знам за кого гласам.
    И како и да е немаше ни вака ни така да гласам, сеедно ми е кој ќе биде претседател на СПУКИМ, и онака ништо не е направено и нема да се направи.
    и тоа.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Пет 23 Окт 2009, 10:25

    Судентски избори my ass! Поразочарана од студентиве не можев да бидам. Кај пред изборите имаше исполитизирани протести „За правата на студентитеЌ дел од нив беа изманипулирани дека поддржуваат организација кое е „независна“, а всушност Борис и компанија срдечно се ракуваат на 80 % од нивните фотографии објавени на Фејсбук со Бранко и Рада.
    На изборите имаше двајца кандидати од ИСТИОТ табор, така што резултатите се повеќе од извесни, а Самоил може мирно да спие, наследникот е избран. The King is dead. Long live the King!
    УПС, ќе заборавев. Имаше „мал“ инцидент на изборите. Само и Боки се потскараа за тоа кој е највечи фраер у маало (читај: филолошки факултет) си разменија закани за тужби, се препукаа како и секои други лидери и политичари од ВМРО т.е СДСМ „на времето“ и сега се чека некој да речи БРАВО на фер и демократските избори во ОБРАЗОВАНИЕТО (најверојатно Грујо ќе каже блавоооо) за кои се пишува во рубрика ПОЛИТИКА!


    Радио Слободна Европа вака го пренесе инцидентот, да повториме, во рубрика Политика :)
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Нед 25 Окт 2009, 16:47

    Акција и Реакција

    Добриот ајвар студентски нозе раширува, или новинарите прават кариера на студентските дереџиња?

    само да додадам дека не сум единствената што изреагира вака и дека група студентки пробале да испратат протестно писмо до редакцијата на Шпиц, ама `мејлот не им функционира`.
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Студенти

    Пишување by Jas on Нед 25 Окт 2009, 16:53

    многу ми е гајле кој со кого и како...секој за себе...на народот е да зборува, а новинарските приказни прекинаа одамна да бидат мерило за реалните случувања во земјава

    иначе не гласав на изборите, и воопшто не гласам на ниедни избори и тешко дека некој некогаш ќе ме убеди да го дадам својот глас некому
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Нед 25 Окт 2009, 17:04

    едно е да млатиме празна слама на кафе-муабет, друго е некој врз основа на „рекла-казала“ муабет да генерализира и од тоа да прави пари. сепак, некој чита весници.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Пон 26 Окт 2009, 11:55

    чувствувам потреба да го постирам, со нејзина дозвола, коментарот на моја пријателка и соученичка во гимназија, на погорната тема, што ми го остави на линкот за текстот на Фејсбук.

    Ј.Р: „Бидејќи не сум член на форумот ќе одговорам овде.....

    почитуваната колешка нека излези со статистика за одностот на студентки ПРОВИНЦИЈАЛКИ и студентки ГРАЃАНКИ...кој ќе илустрира на кои работни позиции се првите а на кои вторите... колку од провинцијалките работат од своја 18 година а што е со останатите...чисто за да и добие текстот на академска тежина...па и малку референци во фуснота нема да биде лошо....ооооооооо заборавив...ги купуваа семинарските од провинцијалките па не знаат што се фусноти...nevermind

    A во следниот број на дневниот весник нека ги анализира платежните средства на Градските Шмизли, (2, 3, 5 коктели, BMW X5, и сл)...и да верувам дека ќе ја долови поентата...Скопските се поскапи од останатите....... Read More

    И во никој случај не е точно дека сега секој може да студира а порано не можеле...сега се плаќа..порано не....прашајте си ги родителите...и ако се малку искрени ќе ви кажат кој има потежок студентски живот...студентите денес или тие некогаш?

    со должна почит кон ајварчето...и во 30 различни нијанси...никогаш не е доста.“
    avatar
    KuroiKenshin

    Male Мислења : 443
    Местолокација : A galaxy far far away
    Зачленет на : 2009-10-06

    Re: Студенти

    Пишување by KuroiKenshin on Пон 26 Окт 2009, 16:25

    Мрзам генерализации , али фактот дека луѓето (не само женските) што се дојдени од друг град , во Скопје , подлежат на поголем стрес (одржавање домаќинсктво , перење , пеглање , менаџмент со пари ...) , логично е дека им треба појше stress-release шо ќе рече секс :)))).
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Пон 26 Окт 2009, 16:59

    држи се до темата, и забележи дека правиме паралели

    а тоа на кого му е потешко не дискутираме, не се правиме жртви на ниту едно поле, едноставно нема да дозволиме да бидеме деградирани.
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: Студенти

    Пишување by NIghtmare_f on Чет 29 Окт 2009, 22:27

    а шо е темава
    avatar
    Phoenix

    Male Мислења : 8242
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2008-10-08

    Re: Студенти

    Пишување by Phoenix on Чет 29 Окт 2009, 22:29

    темава е за студенти и нивниот студентски живот.. делење искуства убави и горки моменти и се што мислиш дека е интересно да се напише ..

    доколку не си студентка .. шефот кога ја отварал темава пишал слободно и за матуранти ..

    повели пишиси ..

    Еден убав студентски ден ти ја облече твојата омилена облека ..иии :)

    исто така како што можеш да забележиш една страна поназат се пишува и за протестот кој беше пред извесно време.. па ако сакаш и за тоа можеш да си пишеш нормално
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Студенти

    Пишување by PantomimoS on Пет 30 Окт 2009, 02:02

    balAlajkA напиша:почитуваната колешка нека излези со статистика за одностот на студентки ПРОВИНЦИЈАЛКИ и студентки ГРАЃАНКИ...кој ќе илустрира на кои работни позиции се првите а на кои вторите... колку од провинцијалките работат од своја 18 година а што е со останатите...чисто за да и добие текстот на академска тежина...па и малку референци во фуснота нема да биде лошо....ооооооооо заборавив...ги купуваа семинарските од провинцијалките па не знаат што се фусноти...nevermind

    A во следниот број на дневниот весник нека ги анализира платежните средства на Градските Шмизли, (2, 3, 5 коктели, BMW X5, и сл)...и да верувам дека ќе ја долови поентата...Скопските се поскапи од останатите....... Read More

    И во никој случај не е точно дека сега секој може да студира а порано не можеле...сега се плаќа..порано не....прашајте си ги родителите...и ако се малку искрени ќе ви кажат кој има потежок студентски живот...студентите денес или тие некогаш?

    со должна почит кон ајварчето...и во 30 различни нијанси...никогаш не е доста.“
    И ова е генерализирање.И ова навредува одредена маса на луѓе, конкретно студентки од Скопје...Или сеедно, скопски девојки.
    Пр.Сестра ми е студентка од Скопје.Ама не се продава за 2,3 коктели и BMW.
    Доста со паралелите меѓу скопските студентки и студентките од другите градови.Самото правење на тие паралели поведува со себе и еден куп генерализации и навреди.
    Знаеме и самите дека секој се труди да си го продаде производот, знаеме и самите дека народов македонски се трачари до јаја, знаеме и дека многумина оваа вест ги навреди.Ама со напаѓање на скопските студентки нема да се реши проблемот.Дури и во некоја наредна колумна да напише дека скопските девојки се продаваат за 3 коктела и BMW, сметките нема да бидат чисти и навредата ќе си остане....така?!Единствен што има логика да биде „нападнат“ од студентките од другите градови е новинарката...Затоа престанете со споредби, генерализирање, вреѓање итн итн.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Студенти

    Пишување by Batty on Пет 30 Окт 2009, 20:29

    Во манир на студент, дур го ставам индексот во задниот џеб...
    Браво за коментарот Пантомимос, се е кажано!


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: Студенти

    Пишување by NIghtmare_f on Саб 31 Окт 2009, 23:46

    ќе се надоврзам на муабетот на PantomimoS...абе народот е таков и утре да се отвори факултет у берово и таму да иде цел народ т.е сите да појдат таму да студираат и за беровчанки ќе се збори дека се продавале за 2,3 коктелчиња за дедовци со идат по биртии со пуштени стомаци до земја и слични глупости.
    Додека студирав во Скопје седев у студенскиот дом Стив Наумов и тој студенски дом го викаа "долината на сексот" , и не за џабе И така додека ја киснев у интернет кафето секоја божја вечер , останатите цури која кривела која немала заби и слично излегуваа со дедовци и се продаваа за 2,3 ефтини коктелчиња за да си го платат школувањето или шо ти знам таму
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Нед 01 Ное 2009, 11:28

    жал ми е што не ја сфаќате тежината на текстот и што го доживувате ова како трач муабет (зборувам за девојките).
    никој не негира дека има девојки кои го прават тоа, ама новинарката не става сите во ист кош. посочени сме.
    таа пишува „ова е ценовникот на студентките од домовите“. не си ставена во ист кош?
    не ми се верува колку има недостиг на солидарност по вакви суштествени прашања. секој си гледа за себе, никој не ја гледа големата слика и колку тоа ќе му направи на некого факинг разлика во иднина.
    студенти, yeah right... ако сега не се развие чувството за солидарност, аналитичност, борбеност, непристрасност... кога?
    наместо да се дискутира за проблемот, се навртивте на провинцијалки, скопјанки, евтини, скапи.... еее....

    солидарност, не сеграгација
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: Студенти

    Пишување by NIghtmare_f on Нед 01 Ное 2009, 18:13

    абе неам шо да се замарам...кој си ја има мувата на капата нека си ја ишка
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Студенти

    Пишување by Jas on Нед 01 Ное 2009, 18:28

    си гледам за себе, затоа што и тие гледаат за себе, да не ќе речат цуриве што се рентаат, еј ај бе не, ги срамиме другиве, јок...него муабетов иде у друга насока. Незнам зошто дозволуваш да те вадат од такт, секој со својата работа, ако некој мене нешто ми рече лично, нека застане пред мене и нека го докаже тоа, во спротивност се само измислени муабети на неизживеани луѓе. Денес ретко се наоѓа всушност некој кој им верува на своите пријатели, па тек на пошироката маса, а тоа дека ќе ти прави разлика во иднина навистина незнам како може да ти се одрази...може само да се случи некој да ти пријде и да се обиде да те поткупи, а ти да му го докажеш она за што се залагаш овде
    индивидуалец сум пред се и тоа и ќе си останам, се додека некој не ми покаже дека навистина си ги потиснува личните мотиви за доброто на групата
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Студенти

    Пишување by Новинарка on Нед 15 Ное 2009, 13:20

    http://www.youtube.com/watch?v=HtOJNaoNHps

    Послушајте го 5 минути. Потоа насочете го вашиот чекор кон бањата бидејќи ќе ви се приповраќа од реалноста што
    ќе ни ја плесне во фаца.
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Пон 16 Ное 2009, 11:33

    Како и се друго, го ислушав дечково со доза одмереност, скептицизам и резерва.
    Алал да му е ќе го биди за говорник. Зборува со факти, не тупи со сентименталност. Муабето, bottom line, му е на место.
    И баш ко шо вели Новинаркава, иако за време на седумминутниот говор те крева, те храбри, на крај се осеќаш ко лузер оти сфаќаш дека тебе ти зборува, и дека највистинити се неговите зборови дека непособните успеваат кога способните не преземаат ништо.
    Има јајца детево, уште да ги има подолго време. КАј нас е дојдена италијанска мафија, дан спија со рибите
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Студенти

    Пишување by Новинарка on Пон 16 Ное 2009, 12:04

    Предава на Правен факултет во Скопје. Ова е од времето, кога беше помлад:).
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Студенти

    Пишување by prozaque on Сре 18 Ное 2009, 20:38

    Јас се прашувам дали сепак студентот од видеото има партиска книшка..Толку млад, а предава на Правен..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Студенти

    Пишување by Jas on Сре 18 Ное 2009, 21:07

    ^ ако го бива, зошто да не...зарем се мора да биде политички покриено?

    Sponsored content

    Re: Студенти

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:42