Fuckhead Форум

Не знам што мајка барате на Форуми уште...
Fuckhead Форум

On the Run

Nothing the God of biomechanics wouldn't let you into heaven for.


    Студенти

    Share
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Студенти

    Пишување by Новинарка on Чет 19 Ное 2009, 12:23

    prozaque напиша:Јас се прашувам дали сепак студентот од видеото има партиска книшка..Толку млад, а предава на Правен..
    Јас не знам дали има партиска книшка, знам дека е квалитетен и самосвесен, образован... Доволно е за да биде асистент. Или што, овие со книшки не се луѓе? Па 40 проценти од македонските студенти имаат партиски книшки.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Студенти

    Пишување by Batty on Нед 22 Ное 2009, 15:30

    Новинарка напиша:
    prozaque напиша:Јас се прашувам дали сепак студентот од видеото има партиска книшка..Толку млад, а предава на Правен..
    Јас не знам дали има партиска книшка, знам дека е квалитетен и самосвесен, образован... Доволно е за да биде асистент. Или што, овие со книшки не се луѓе? Па 40 проценти од македонските студенти имаат партиски книшки.
    Многу лошо, многу лошо. Нека направат еден покерашки reraise. Малку е 40%
    И после сме имале студенти. Реков дека е лошо?
    Студентот има право да студира. НЕ да учи - да студира! Тоа му е неколку години трајна ориентација. Земањето партиска книшка која треба да ти положи испит додека лепиш плакати на некој ѕид е перфекција, нели? И тоа се нарекува студентарија?
    40%? Па малку е. Треба да се дораспределат усвитените студентски мозоци па замешаноста во политиката да биде барем 80%. Вака имаме малцинство на амбициозни студенти кои знаат нешто, дознале нешто пред другите. Чуствуваат нешто пред други, трети, ...и имаат партиски книшки.


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Студенти

    Пишување by prozaque on Нед 22 Ное 2009, 23:50

    Во случај младичот во видеото кој предава моментално на Правен, има партиска книшка од било која партија, па макар и на земјоделската, тогаш се што огнено говореше не му држи вода.Останува само на добар говор ораторски артикулиран (на моменти преартикулиран) на натпревар во Правен.Мелење на воденица напразно. .Ништо страшно да се има партиска книшка деновиве.Речиси и како личен документ е, рамо до рамо со личната карта и пасошот.Ама промовирање и пропагирање на револуционерни идеи во јавност, со партиска книшка во задниот џеб на фармерките - тоа не штима.

    За која авантгарда, ставови, идеали, единство на студенти ќе ми зборува некој партиски подмладок?Тоа е уште поголем отров за студентаријата во Македонија, отколку пасивните и апатични студенти кои живеат за журките во Колосеум или воопшто не ги боли за нивната обесправеност и трулоста на системот во кој живееме.Стварно смачено ми е од "револуционери по нарачка" или "сезонски револуционери".
    Затоа е лошо да се има партиска книшка, а да се одржи ваков говор.

    Тука има едно огромно АКО студентот од видеото имал и/или има партиска книшка..

    А после тоа ако следи уште поголемо АКО студентот немал и/или нема партиска книшка, која е шансата тој како квалитетен студент да започне да предава непосредно после завршувањето на студиите кога местата за асистенти се печени за оние кои се партиски обоени.Не го оспорувам квалитетот на студентот (или асистентот сеа), туку сакам да посочам дека во државните факултети поготово во Правниот факултет во кој има солиден дел од тековната политичка елита, местата за асистенти се предодрени за транспарентни студенти(пожелно од партијата на катедрата).Тоа важи и за сите координативни тела на студентите кои ги водат студенти.Ги водат партиските кучиња, а не способните студенти.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Новинарка

    Female Мислења : 182
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-11-15

    Re: Студенти

    Пишување by Новинарка on Пон 23 Ное 2009, 22:46

    prozaque напиша:Во случај младичот во видеото кој предава моментално на Правен, има партиска книшка од било која партија, па макар и на земјоделската, тогаш се што огнено говореше не му држи вода.Останува само на добар говор ораторски артикулиран (на моменти преартикулиран) на натпревар во Правен.Мелење на воденица напразно. .Ништо страшно да се има партиска книшка деновиве.Речиси и како личен документ е, рамо до рамо со личната карта и пасошот.Ама промовирање и пропагирање на револуционерни идеи во јавност, со партиска книшка во задниот џеб на фармерките - тоа не штима.

    За која авантгарда, ставови, идеали, единство на студенти ќе ми зборува некој партиски подмладок?Тоа е уште поголем отров за студентаријата во Македонија, отколку пасивните и апатични студенти кои живеат за журките во Колосеум или воопшто не ги боли за нивната обесправеност и трулоста на системот во кој живееме.Стварно смачено ми е од "револуционери по нарачка" или "сезонски револуционери".
    Затоа е лошо да се има партиска книшка, а да се одржи ваков говор.
    Вака: Во првиот болдиран дел си крајно контрадикторен. Сепак, нема да се осврнам на тоа, туку на мојот став. Се додека некоја личност, било да е партиец, непартиец, со бела со црна или со зелена кожа, куц, сакат, со златен заб, со сечени нокти или без, небитно, ГИ ПРЕТСТАВУВА МОИТЕ СТАВОВИ, јас ќе го поддржам. Доколку се испостави дека тие ставови се во моментот коинцидентно и на некоја партија, пеки, нека се! Уште поубаво што некоја владина или опозициска гарнитура ќе ги претставува. Само што, според гореприложениот говор, не верувам дека зборовите на младичов се инструирани од партија туку од мука и живот безрбетнички.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Студенти

    Пишување by prozaque on Вто 24 Ное 2009, 01:06

    Како што се сеќавам типот погоре спомнува дека студентите не треба да бидат инструменти на секој квази-демократски систем со кој тој ќе си ги остварува своите интереси преку нив.Исто така студентите тои кои ги спомнува во Вашингтон, Токио и Белград etc безразлика на политичкиот систем во државата биле единствени и непокорни дури и кога против нив биле превземани и екстремни мерки.Според таквиот приложен модел студентот треба да биде независна категорија кои ги застапува лично своите интереси и се бори за своите права, а не крева врева за да ја оцрни работата на владата за да може опозицијата да има материјал за плукање кога ќе бидат на седница..

    Кога некој агитира со цел да постигни нешто и кога истата таа агитација ќе мотивира студентите да излезат и да се борат за своите права пред влада, не треба иницијаторот да си ја свитка опашката кога ќе му се јават од партија да превземи нешто што се коси со неговиот став како и со ставот на толпата која била задоена со неговите идеи.Бродот тони, капетанот вика "Без Паника", а тој прв го напушта бродот.А сето ова се случува, оти партиска книшка во Македонија не се зема поради идентификација со идеологијата на партијата, туку поради "виза за у будучност".Koга надежите за иднината ги полагаш врз некаква партија, очекувај дека тоа иди со цена и со послушност.Поради ваквиот проблем се појавуваат партиски знамиња на протести или од целокупната студентарија излегуваат одвај 2% на протест од кои 1% ќе замини негде на кафе или дома.Пасивноста и зачмаеноста не произлегуваат од недоволната свест кај студентите за својот статус туку од идеолошкото предавство кои тие го трпат.Прогресот започнува кога зборот преминува на дело или барем кога се останува доследен на него.

    Секоја чест ако студентот односно асистентот не демонстрирал само ораторски вештини на натпревар, туку тие зборови ги мислел и останал доследен на нив.


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    NIghtmare_f
    мистериозна
    мистериозна

    Female Мислења : 849
    Местолокација : Скопје
    Зачленет на : 2009-10-29

    Re: Студенти

    Пишување by NIghtmare_f on Саб 28 Ное 2009, 11:26

    некст тема плс
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Студенти

    Пишување by prozaque on Саб 28 Ное 2009, 16:08

    NIghtmare_f напиша:некст тема плс

    .....Рече Груевски и го зеде извештајот од ЕУ за работата на неговата влада..


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Студенти

    Пишување by Jas on Пон 14 Дек 2009, 15:14

    Да не знае некој кога почнува јануарска испитна сесија, од која дата?
    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Студенти

    Пишување by Татко му на Стен on Пон 14 Дек 2009, 15:29

    Кај нас на ФЕИТ(Елетро) почнува од 8 јануари мислам.Полош термин,здравје mislam
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Студенти

    Пишување by Jas on Пон 14 Дек 2009, 15:31

    nervozen nervozen ја се си мислев од 15ти
    avatar
    Татко му на Стен
    Б Р К О
    Б Р К О

    Male Мислења : 6543
    Местолокација : New York City Hall
    Зачленет на : 2008-11-11

    Re: Студенти

    Пишување by Татко му на Стен on Пон 14 Дек 2009, 15:38

    Тоа е.Колоквиумска била од 23,а завршува на 30-ти. Мене ми е сеедно,секако со семинарска треба да го полагам последниов
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Студенти

    Пишување by Bright on Сре 14 Апр 2010, 18:39

    Me интересира.. Кај некои факултети се смена она 4+1 во 3+2 (години за учење).. Е сега, на кој факултети се направи таа промена? Конкретно ме интересира за Филолошкиот факултет.
    avatar
    Batty
    New Primitives
    New Primitives

    Male Мислења : 14203
    Зачленет на : 2008-09-13

    Re: Студенти

    Пишување by Batty on Пон 23 Aвг 2010, 13:45

    Bright напиша:Me интересира.. Кај некои факултети се смена она 4+1 во 3+2 (години за учење).. Е сега, на кој факултети се направи таа промена? Конкретно ме интересира за Филолошкиот факултет.

    На многу се изврши таа промена. Неколку останаа по старо, 4+2. Сигурно има на официјалнте страни, пишува по кој принцип, како и што.
    _______________________________________

    Студенти Џомби, се спремате полека за старт?

    Бруцоши, гуштери и како и да се нарекуваат, како се чувствувате?

    Малку помош за да ве воведам во она што ве чека


    Имате вакви?


    ---------------------------------------------------------------------------
    Quite an experience to live in fear, isn't it? That's what it is to be a slave.
    avatar
    Meri
    Кафекуварица
    Кафекуварица

    Female Мислења : 5910
    Местолокација : Прилеп ебаго
    Зачленет на : 2008-10-13

    Re: Студенти

    Пишување by Meri on Пон 23 Aвг 2010, 14:15

    http://www.flf.ukim.edu.mk/

    официјалната страна на филолошки факултет
    avatar
    Bright

    Female Мислења : 7857
    Зачленет на : 2009-01-27

    Re: Студенти

    Пишување by Bright on Пон 23 Aвг 2010, 23:52

    Priest, мојот факс е 4+1, класика :)

    Инаку се‘ уште не можам да се наречам студентка, бидејќи уште немам индекс в рака. Како и да е, се видов на листата Англиски јазик и книжевност - бр. 69. :) Тоа би значело државна квота :) И така. Збунки и случки - допрва!
    avatar
    Jas
    -кравче-
    -кравче-

    Female Мислења : 1368
    Зачленет на : 2009-10-03

    Re: Студенти

    Пишување by Jas on Вто 24 Aвг 2010, 00:06

    Честитки брајт, со лесно нека ти е :) и животот студентски лесен да ти е :)))
    avatar
    balAlajkA
    radio retractor
    radio retractor

    Female Мислења : 20070
    Местолокација : вселена
    Зачленет на : 2008-09-14

    Re: Студенти

    Пишување by balAlajkA on Вто 24 Aвг 2010, 10:27

    Честитки и од мене за примените студенти. Колешке Светле, добредојде :)

    и јас како Прист сум љубопитна како ви се гледа за сега факултетскава голгота?
    сигурно најпрво се запознавте со омилениот дел-бирократија и уплатници
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Студенти

    Пишување by prozaque on Вто 24 Aвг 2010, 14:48

    Академски граѓани, добредојдовте.

    Don't let the bastards grind you down..A the "bastards" завземаат поќе форми.Од професор до колега.Како и да е, многу среќа во студиите, учете ама и уживајте во Големото Село.There is fun for everyone :).


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Студенти

    Пишување by PantomimoS on Нед 12 Јун 2011, 14:30

    Има некој информации кога ќе бидат уписите оваа година? И уште некои дополнителни ствари...На пример, кои документи треба да се носат и сл.

    И уште едно прашање...Има некој на форумов што е (или има пријател што е) на психологија?
    Задоволни? Не? Зошто?

    Уствари, ај уште едно прашање...Студенти, задоволни сте од знаењата што ги стекнавте/стекнувате на факултетиве во Македонија? Задоволни сте од условите, од методите, од литературата, од професорите?
    avatar
    Robby

    Male Мислења : 7418
    Местолокација : Гевгелија
    Зачленет на : 2009-07-24

    Re: Студенти

    Пишување by Robby on Нед 12 Јун 2011, 14:36

    Можеш конкурсите да ги видиш на http://www.ukim.edu.mk/

    Од документи.. Мислам дека требаше оригинал диплома за завршено средно, сите оригинал свидетелства од 1 до 4 год. државјанство, извод на родените не постар од 6 месеци, уплатница со 300 ден на сметка на факсот на којшто аплицираш.. и толку мислам..

    Имам јас едно пријателче што за врши психологија во Скопје, сега мислам работи ама освен фејцбук не е активен на форуми..
    avatar
    Kelso

    Female Мислења : 4807
    Местолокација : Down and out
    Зачленет на : 2009-06-15

    Re: Студенти

    Пишување by Kelso on Пон 12 Дек 2011, 20:33

    Anti-snob snob напиша:Навистина е смешно, ваљда нивната влада сака да прикрие некоја статистика околу срцевите заболувања и нивното потекло исто како што нашата влада на пример створи закон за да можат да се запишуваат на факултет невработени лица од 40-50 годинини.На тој начин стапката на невработеност вештачки се намалува.

    Сакав да се надополнам.
    Пред некој ден прочитав во весник дека пензионерите можат да слушаат предавања од професори еднаш неделно за 50 ебани денари со сопствена слободна просторија на факултет.
    Што значи дека во групата на студенти спаѓаат и пензионерите само со поинакви привилегии :) Бидејќи нели ние се грижиме зашто немаат што да прават по дома.Да ти е мерак да си пензионер во нашата држава.Не плаќаш да се школуваш ниту за јавен превоз.Привилегија по која копнеат сите студенти.


    ---------------------------------------------------------------------------
    I am free, today I perished.
    avatar
    prozaque
    TRY the wine!!

    Male Мислења : 8137
    Зачленет на : 2008-11-20

    Re: Студенти

    Пишување by prozaque on Пон 12 Дек 2011, 20:36

    Maкедонија е пензионерска земја!Бидејќи најголем дел од населението ќе ја сочинуваат пензионери-даночни обврзници и во свое време и лесно-манипулирачки, лесно-поткупливи гласачи.

    Тоа е примарна политика на нашата држава, безразлика на партијата која ја држи.

    Тоа и намалените инвестиции во Западна Македонија како подготовка за федерализација. :)


    ---------------------------------------------------------------------------
    .those who have suffered, understand suffering,
    and thereby extend their hand
    the storm that brings harm
    also makes fertile
    blessed is the grass
    and herb and the true thorn and light..
    avatar
    PantomimoS

    Female Мислења : 7718
    Зачленет на : 2008-09-24

    Re: Студенти

    Пишување by PantomimoS on Пон 12 Дек 2011, 21:14

    Не ми текнува ни една квалитетна работа во врска со студирањето во Македонија.
    Освен неколку јаки професори/асистенти, во последниве 3-4 месеци не видов ништо асално.

    Патем, што се случи со Слободен индекс? Имаше состанок пред некое време, ама бев на предавање и не можев да отидам, а ме интересираше нешто повеќе во врска со целите, идеите, начините на работа... Има некој повеќе информации?

    Sponsored content

    Re: Студенти

    Пишување by Sponsored content


      Сега е точно Пон 20 Ное 2017, 14:41